девојки имам светло кафеава фарбана коса а инаку природна ми е ко на сликава па ако знаете која фарба би одговарала ве молам да ми кажете
Ех, конечно си најдов решение за косата. Колку само си велев-не сакам црна, нема да ми стои убаво, и ете, се фарбав, ми се допаѓа. Конечно имам една единствена нијанса на косата! И вака ќе терам додека да ми расте косата на должината што ја сакам, после ќе ја осветлам со деколорант, ќе шишам колку треба и ќе ја имам должината и бојата што ја сакам.
Девојче не ми требаат мене светли тонови ми треба фарба ко на сликата ако сакав светли знам ама сакам да најдам ко на сликата што ја прикацив мене природната ми е таква прочитај подобро а фарбана ми е светло кафеава ама сеа дека сум бремена мора да ја префарбам ко мојата оти свадба ке праам да не бидам шарена
Па добро де девојче објасни поубаво ,како го постави прашањево, никој не те разбра што сакаш да кажеш а и фарбите што ти ги поставив погоре не се лоши и не се светли еве и др
Девојки дали некој ја има пробано новата боја на garnier таа бебеско плава и ако мозе да ја слика ...ја ја видов на рекламата еднас али немозев да ја најдам во маретите која тоцное ....и совет колку сте задоволни
Последен пат сум фарбана јуни 2011 темно кафеаво и немав голема разлика од мојата природна боја ама ме прифатија таквите Се фарбав денеска и презадоволна сум од бојата!!!! Фризерката работи со Keune и по каталог и кажав да ми смеша 80% 519 и 20% 619. Добив преубава темно кафеава боја со жолтеникаво-маслинест сјај, како што сакам, отприлика како на сликава.
А најубаво да си идеш ти на фризер па да ти каже фризерката со која фарба да се фарбаш и како би ти била најубава, она најубаво знае штом ти ја виде косата, а и башка велиш свадба ќе правиш па да не направиш беља сама ако се фарбаш, па да испаднеш шарена како што и самата кажа вака фризерите си ја знаат работата, штом ќе те виде ќе ти каже каква боја да ставаш Се надевам помогнав
Девојки ми треба помош. Косата порано ја фарбав ама ја немам фарбано веќе подолго време. Природната ми е костенлива, а фарбаната ми е светло кафена. Ја немам шишано дооолго време чекам да ми порасне мојата па после ќе се шишам. Сега ми е шарена, од корен до средината е темна а надолу светла кафена. Проблемот ми е што сум на свадби пролетва, не сакам да ја шишам, па да не одам така шарена мислев да го фарбам делот од половина надоле со боја слична на мојата природна. Дали после неколку миења ќе ми излезе оваа новава од половина надолу или? Да не ја зезнам повеќе па да бидам смешна? Што би ме посоветувале?
мој совет: никако немој да експериментираш така.. и да се фарбаш цела или пола, пак долниот дел ќе ти биде посветол бидејќи бојата секако ќе ти падне минимално и ќе ти се познава, а и да земеш боја како што ти е природната боја на коса нема да можеш 100% да ја погодиш иста.. ако не сакаш да се шишаш подобро за на свадбите направи си некое фризурче собрано, некоја пунџа кај што долниот дел ќе ти биде сокриен и нема да се приметува.. сепак ти си знаеш..
Обично се фарбам со Лореал,но денес ја купив оваа фарба на Гарниер.Нова била јас прв пат ја гледам. Додека не сум се исфарбала,ако се има фарбано некој да ми каже какви се?Убаво фаќаат? И да, има убави руси нијанси.
Мислев ако се фарбам нема да има голема разлика, како што е сега. За пунџа малку тешко, фризури не носам такви, јас или потфатена од страна, од позади и пуштена сакам да ја носам. Затоа и ја чувам долга, плус и собрани фризури не ме личат воопшто. Сепак ќе видам, но мислев ако има некоја феминка искуство да ми пише што би излегло од сето тоа и фала за советот
Јас веќе два месеци сум фарбана..Ми здосади веќе мојата боја..Бев бринета,но одсекогаш сакав да бидам црна..и конечно собрав храброст се исфарбав..и не згрешив.. премнооогу сум задоволна..баш ми се допаѓа вака..
Природната боја на коса ми е најтемна кафеава (darkest brown) Имам ли шанси со оваа фарба или дали постои некоја фарба за да добијам ваква боја на прво фарбање? Хелп побрзо па да не се премислам
Сакаш некој да те охрабри да се офарбаш нели? Не сум се нашла во ситуација како твојата ама еве како размислувам (што секако не мора да е правилно). Има 2 опции (едната знам дека не многу пожелна) Првата е да си одбереш боја како твојата природна. Издвој 1-2 прамени од косата, измешај малку боја и стави им од бојата така како што сакаш од пола надоле Чекај според упатството колку што треба и откако ќе ги измиеш види како ќе ти излезе, па ако ти се допаѓа офарбај ја цела половина од косата. За да не ти испадне бојата до свадбите можеби е подобро да ја офарбаш пократко време пред нив. Инаку по мое мислење ти секако си сега шарена, со боја слична на твојата сигурно повеќе ќе ја приближиш нијансата до твојата природна и нема да има голем контраст. Всушност и да има мислам дека ќе биде поблага разликата отколку што ти е сега. Другата опција е шиш... (не ја кажувам, знам дека знаеш )
Прв пат во животот решив да се исфарбам и тоа летото и огромна грешка направив. Никогаш повеќе ! Не знам што ми текна црна да се правам.
ЈАс мислам да пробаш вака...пошто и да се офарбаш само половина,или цела одеднаш ќе излезеш пак шарена,пробај на овој начин.Земи најслична боја што моќеш да најдеш до твојата природна и офарбај ја од половина надолу.После тоа земи нијанса потемна фарба и од неа направи прелив(ако не знаеш како ќе ти ја пишам постапката) и мислам дека најдобро ќе излезе иако мислам дека пак некоја нијанса ќе има разлика,ама со ова ќе биде најслично.
Шиш-NO WAY! Свадбиве ми се во мај и тоа 3 @sunfemina - потполно си во право. Се мислев дали ќе згрешам ако земам да ја исфарбам ама најверојатно ќе го направам тоа. Разлика знам дека ќе има и вака и така од мојата природна, зошто фарбана ако е се познава, кај мене најмногу по сјајот. @jarec6 - истиот предлог, само ова со преливот не сум правела такви експерименти така да пиши баш да видам што е тоа. Епа фала ви најмногу сепак кон крајот на месецов ќе пробам со 2-3 прамени па ќе видиме што ќе испадне.