Сакам да се исфарбан со гарниер, немам досега пробано, па дали се убави овие фарби.. слушам немале портокалов одсјај.
вака првпат се офарбав со гарниер 8.1 пепепељасто плаваа и до сега само таа ја користев али сакам да јас осветлам усте малку мислите дека 9 е добар избор или дане оди мн накај жолто ?
И уште нешто да прашам ако ставам сперј во боја потоа после еден ден ставам лак за коса ке ми се расипе бојата?
prilicno kako na devojkata na slikata mi posto se farabam strikno samo so taa farba od pocetok.....a sakam da dobijam uste posvetla nijansa taka da nezz dali posvetlata od garnier e prav izbor ili da probam so nekoja dr ?
Луге мене ми треба совет. Значи нема месец одкога ја исфарбав косата со Сajос.Се чешлам денес и што да видам.Бојата повеке од доволно ми искарала а премногу ке ми биде брзо да се исфарбам.Сепак и онака премногу е оштетена. Побарав од таа пена во боја но ке стигне дур за две недели А мене не ми се чека толку бидејки ужасно изгледа Што да ставам на косата за да не се приметува толку?да ја покријам некако бојата.
Обично гарниер боите што завршуваат на .1 не удираат на жолто, сепак зависи од тоа како тебе ти фаќаат боите така да ако ти е слична како на девојката на сликата тогаш мислам дека нема да згрешиш ако пробаш нијанса посветла т.е. 9.1.
Земи колор шампон,има во козметичките продавници.Јас не сум го имала тој проблем,оти не ми расне брзо косата,таман на месец се фарбам.Можеби колор шампонот ќе послужи,а ако не стави некое пролетно капче или врзи ја некако да не ти се гледа коренот.
Дали некоја фарбана плавуша ја неутрализирала бојата на косата со ехотон? И како се користи? Ве моооолам за помош )
девојки сдп ,бојата на косата ми е светло плава,сакам да ја затемнам малце,пошто почна многу да ми се кини на врвовите,зедов од гарниер нешто слично на оваа ,но се двоумам дали да ја ставам,или предложете нешто што да ставам,некој што има искуство во затемнување на плава боја на коса
презадоволна од оваа фарба. и не ја земав скапо. исто како на сликата ми излезе + преубаво мириса на цвеќиња
^ Добри ли се овие бои? Прочитав некаде ми се чини, имаат помалку амонијак, а мојава глава е ептен осетлива, па незнам дали да ги пробам. И нека каже некој дали траат, мојов фризер ме заеба претходниот пат, ми шитна една фарба 200 ден, ја испофали, испофали, а еве втора недела и шарена сум во косата
Многу се добри,и ја се фарбав со нив само со кафена нијанса.И мене ми е главата осетлива,ама од нив не ме печеше.
Имам кафеава коса, но многу сакам да се фарбам плава. Но ми е страв да не ми се оштети многу косата. Некој совет? Што мислите вие?
Шатирај се прво, и тоа ти е доволна промена. Но ако толку сакаш цела плава, пробај но секако на фризер. Многу зависи и од тоа каква нијанса на кафеава коса имаш, ако ти е потемна кафеава ќе ти треба повеќе време за да ја добиеш нијансата што ја сакаш.
И јас сум задоволна од новите фарби на Гарниер. 154 ден. во Веро, ја дружев оваа теткица, и убаво испадна бојата. Не бев фарбана 2 месеци, рамномерно покри се', и убаво мириса. Многу природна нијанса и убав сјај. Би пробала и друга, малку поинтензивна боја.
Да, секако планирам да одам на фризер ако се одлучам да се фарбам плава. Косата не ми е ни многу темно кафеава а ни многу светла. Средно. Одеднаш нема да добијам плава коса, па ми е страв да ни ми излезе жолта. Не дај боже, несакам така.
мозе да ми казес ако веке имас предходно искуство ...дали ако се фабам сега со 9.1 а коренот малку ми е подраснат ке ми искоци сарено илии....подобро е пак да се исгармбам со 8.1 па после за кратоок период да ја ставам посветлата нијанса ??фала позз
Kaj мeне не се случило такво нешто да излезам шарена ако ми е подраснат коренот и се префарбам во друга нијанса целосно. Стално ми излегувало до сега барем рамномерно по цела коса, како што ќе ми излезе по првото фарбање таква ми е и по секое наредно. Не ми осветлува повеќе ако користам иста боја туку само се освежува без шаренила. И да јас имам користено 8.1, па после 9.1 ама резултатот не беше ни приближно боја како на сликите бидејќи имам темна основа и црвен пигмент, очекувано добив нешто што не можам да го категоризирам како плава боја на коса меѓутоа сепак изгледаше интересно, убаво и природно. Затоа и прашав како ти излегува тебе. Јас многу се плашам од жолтило затоа што мојата коса е склона заради пигментот и пазам доста да не добијам таква боја сто удира на жолто.