Која е разликата помеѓу Garnier Color Sensations и Garnier Color Naturals? Еве гледам има од 111, само не знам која е разликата? Последниот пат се исфарбав со Garnier Color Naturals и сум прилично задоволна. Која е предноста со новите, Color Sensations? И тие се без портокалов отсјај или?
Јас да прашам нешто..Во овие фарбите шо ги купвам јас има плус хидроген и плус бланж.Сега брзо почнав да се фарбам и немам многу искуство .Последниот пат кога се фарбав го ставив целиот хидроген и целиот бланж. Мислам дека направив ооогромна грешка со бланжот,а за хидрогенот исто така не сум сигурна дали требаше цел. ај некој нека ме просветли нешто повеќе во врска со фарбањето..Секој совет е добредојден.
За Сајос збориш нели? Лелеее јас пред 1 месец направив ваква грешка и косата таман ја направив плава ко што треба ми излезе портокалова Освен ако косата не ти е доволно осветлена, не ставај бланш.
Дали некој правел на косата градација на бои?? - знаете од коренот до врвот постепено да осветлува до руса нијанса. Ако сте правеле колку пари земаат за тоа
Да,за сајос. Мене не ми излезе портокалова,ама не ни нијансата шо ја сакав јас . А сега пошто е осветлена колку толку,да ставам наредниот пат или...?
ај ве молам да ми помогните...значи имам долга права кафеава коса(природната)пред 1 и пол година се шатирав на ситни прамени на плаво,многу убаво испадна,ме освежи...после тоа кога испадна на доле повторно се шатирав..и сега веќе 9 месеци откако се шатирав ништо не сум ставила,тоа си слегува на доле,и не се осеќам убаво...сега закажав за фарбање..фризерката ми рече ќе ја анправиме кафена потемна за да го покрие бланшот..што ми препорачувате вие?ве моалм кажете од искуство или мислеље..дали да ја затемнам,,што ако после сакам да ја осветлам пак,измеѓу шатирано и кафено плаво...ве молам за совет,неопходен ми е
и уште нешто заборавив да прашам...дали со тек на време фарбата само си слегува на доле,од коренот(природната излегува0 или бледнее и паѓа од цела коса?....не сум искусна,прв пат ќе се фарбам,затоа ми треба ваша помош.
^ Ако ја направиш темно кафена, за време на неколку месеци ќе ти осветли и ќе биде поприродна, а бланшот сепак малку ќе излезе и ќе се познаваат посветли прамени но нема лошо да изгледа. Фарбата си слегува надолу од коренот како што ти расте косата, исто како и бланшот. Таа ќе си избледи, ама нема да падне и да ја снема целосно, туку сепак ќе биде поинаква нијанса од твојата природна. Веројатно затоа фризерката ти препорачала потемна боја, за да не пожолти многу и да не се познава голема разлика кога ќе ти порасне косата. Слободно можеш после пак да си ја осветлуваш косата кога ќе посакаш.
Јас дома сама. Природната ми е темно кафена, претходно бев фарбана карамел кафена и како што почна да ми расте мојата ја оставив. И после зедов ептен светла боја кафена, да не речам руса, и од прилика мерев... мојата природна 1/4 од косата, фарбаната претходно 1/4, и од половина до долу со русата. Ја измив, после 1 недела последната 1/4 само на врвовите повторно од русата боја. И Така ми беше се додека не се фарбав исто како мојата природна.
Првата слика, ладна темно плава е се добива со KEUNE 7.19 и хидроген 6 или 9% зависно од тоа колку ти е темна косата. Само имај на ум дека девојкава има прамени. Вторава не толку интензивна црвена нијанса, денеска ја фарбав мајка ми со новата GARNIER Color Sensation 6.35 Chic orche brown. Иако на кутивчето се гледа помаранџеста, испадна иста како на слликата што си ја поставила.
ок,фала,,,мене ми беше страв да не не можам да ја осветлам потоа,,бидејќи з аоколку 3 месеци сакам пак да се шатирам,ама на кафеава основа,не вака на веќе шатирано...ок,на прамените нека се познава псоветло,не е проблем,само да не сум вака ептен шарена хех....јас дури сакав нијанса кафена слична на мојата,,за да немам голема разлика со коренот,,ама таа вика потемна за да го покрие бланшот,,ми рече со фарба петка бројче ќе покрие...е сега јас не се разбирам многу од фарби,,прв пат ќе се фарбам...а пример дали може да ми вади прамени така со кафеава фарба?значи да не се фарбам цела туку прамени да ми вади?...бидејќи мене не ми е цела коса шатирана...вториот пат се шатирав само горен дел од косата,,значи долу скоро цела природна ми излезе
Може прамени да се вадат со фарба, само тешко дека ќе ти ги одвојува само бланшираните за да ги исфарба само нив, не може така (плус после кога ќе се шатираш ептен шарена ќе бидеш), затоа ти рекла цела коса дека треба да ја фарбаш. Можеш пак да си извадиш прамени после три месеци без проблем, само нека ја направи блиска до твојата природна боја, само нијанса до две потемна. Не се мисли толку, не е ништо страшно убава ќе ти биде косата.
веќе се исфарбав,преубава дојде...хеппи сум хехех....бланшот го покри,,,многу е слична на природната,,дури не се ни препознава дека сум фарбана...а и убаво ми стои...фала за мислењето..
Читнав многу убави коментари од вас за фарбата и ја купив. Деновиве ќе се исфарбам па ќе пишам и јас. Инаку,моментално ми е затемнета со 5ка еволушн,се надевам со оваа ќе ми се осветли.
Значи јас ја фарбам редовно на секој пола месец, со фарби од Garnier и скоро секој пат различна боја користам. Воопшто не е тешко и напорно и косата не се оштетува воопшто ако ја негуваш. Пред миење користам бадемово масло со кое стојам 1 час и потоа се мијам со најефтин шампон од коприва и ставам регенератор и косата ми е како од рекламите. И плус секој ден ја пеглам.
a од каде го купуваш бадемовото масло,и колку пари е?цела коса ли ја мачкаш..или само коренот?каков ефект има?
Леле некои прашање се стварно банални, па секоја коса си има различен пигмент.. не фаќа една иста фарба кај сите скроз исто. Коа веќе така сте започнале мене нешто ме занима А како да се исфарбам, некако да личам помаку на себе, повеќе на Alessandra Ambrosio на пример?