како сте задоволни од палете деликс јас земав блу блек па сакам да се исфарбам а сеа ми е светло кафеава немој да испаднам како недоносена
не, супер ќе испаднеш убави се тие фарби од светло на темно нема од што да се плашиш секогаш испаѓа посакуваната нијанса а невозможно е да се направи од темна кон светла немај гајле ти гарантирам дека супер ќе испаднеш
Јас имам користено кна Тоа е нешто слично на фарба и ти дава сјај на косата. Мајка ми сакаше да ми зема безбојна но немаше па земавме темно кафеава како мојата природна коса.
Да ве прашам нешто,ја бев темно кафеава и сеа стигнав до светло кафеава, а сакам и до плава,но веѓите ми се темна боја,дали да ги фарбам?
Се шатирав па се фарбав и косата доби некоја чудна златна боја со бели прамени и едноставно не ми се допаѓа, а природна ми е не многу темна кафеава, дали ако ставам кна ќе ми паѓа или ќе ми се изедначи со мојата боја? Очајно барам совет
Одамна размислувам дали да ја фарбам или не Ме фаќа некој страв дека нема да ми стои дека ќе ми се уништи ама од друга страна па многу сакам dark blonde смеѓо со прамени нешто како на сликите . Имам кафена коса т.е знаете каква ми е на видета сте виделе и се мислам дали да се фарбам вака ... Што мислите вие?? Any advice
хаха и јас сакам да се фарбам ваква боја.Се исфарбав со палете но не ми се допадна , скоро и не ми се познава дека сум ставила фарба.Сега планирам да се фарбам одново со лореал парис.Според мене пробај.Можеби многу поубава ке бидеш.Ризикувај!Или ке добиеш или изгубиш!
Ej pa si trebala da napravis kombinacija od poveke farbi , mislam da ja isfarbas so edna pa da vadis prameni zasto ova ne e samo edna boja kako sto mi izgleda mene Aj koga ke se isgarbas so loreal pisi kako ispadnala
Јас мислам дека бојадисувањето е зараза! А, кај мене стана и потреба. Кога ми нема спас од монотонијата ставам нова фарба, кога сакам промена, ставам нова фарба. Четири години редовно ја фарбам косата, сум била шатирана, кафеава, црвена ( најголема глупост во мојов живот ) и руса ( моја омилена ). Но, дали препорачувам фарбање, па искрено не, иако за мене е една од поомилените активности . Чувајте си ги природни бои. Потоа тешко се враќаат.
Така викаш дека се фарбаш постојано ама за некој како мене што не сака некои необични фризури промена голема е фарбањето Ќе почекам малку и во август ќе се офарбам па ако не ми испадне ќе се префарбам со некоја кафеава слична на мојата
Девојки помош Косата ми имаше некоја златна нијанса со посветли прамени.. веќе ми имаше израснато коренот и така требаше да се фарбам, па земав послетла нијанса на кафеава, средно кафеава негде.. е сега ефектот испадна мноооогу поинтензивен незнам зашто негде ми е темно кафеава негде дури црна.. незнам што да и правам.. слушнав имало средство за отстранување на фарба, ама не сум доволно информирана.. има ли некој некакво искуство со вакво средство? а вака темна коса воопшто не ми стои, бел тен дека имам, ептен ме прави бледа, воопшто не се бендисам
Па си направила грешка.Јас имам исто таква нијанса како златна и само таква ми стои.Кога ќе ми порасне коренот се фарбам со златно-плава фарба НИКАКО со кафеава,оти веднаш ќе ти фати потемен. Средството за отстранување боја се вика деколоратор,меѓутоа јас мислам да земиш уште еднаш да се исфарбаш со златно-плава нијанса и веднаш ќе ти осветли,па потоа со текот на миењето и од сонцето ќе ја добиеш посакуваната нијанса. Инаку и јас се имам вака зезнато неколку пати затоа мој совет тие доколку сакаш златна нијасна не ја фарбај со КАФЕАВА фарба затоа што логички нема да ти излези на златно. Поздрав и се надевам дека ти помогнав. П.С. за да ти осветли земи хидроген 6 или 9 . Поздрав.
знам дека беше грешка ама оваа кафеава што ја земав беше многу светла, ко смеѓа.. незнам како вака претемна ми излезе.. ако земам сега пак некоја посветла нијанса незнам па дали ќе ми фати.. дека ми е темна косата.. мислиш ќе фати фарбата и ќе ми ја осветли косата?
Ве читам и се чудам на оние кои никогаш не се офарбале и толку се мислат да или не Што толку се плашите да се офарбате? Се плашите дека ќе ја изгорите? - Косата не се уништува со едно фарбање! Јас се фарбам 15 години секој месец, сум ги пробала сите бои и сум се бланширала повеќе пати. И пак имам поздрава коса од мои другарки кои што никогаш не се офарбале. Ако ја негувате како што треба косата нема да ви се уништи. Се плашите дека нема да ви искочи како на сликата? - Помирете се дека ретко бојата испаѓа 100% како на сликата од пакувањето. Ако мислите дека ќе ја утнете бојата-ништо страшно, понекогаш тоа може пријатно да ве изненади Боите не стојат вечно, паѓаат со секое миење или може да се префарбате. Познато дека жените кога сакаат да промени во својот живот прво почнуваат од бојата на косата Не се плашете да направите промена на својот изглед. Неможам да го опишам чувството кога ќе смените боја на коса не се менува само бојата него и расположението тие кои правеле поголеми промени ќе ме разберат за што зборувам Поздрав
Девојки јас конечно решив да се фарбам! Сум се фарбала и порано, но некоја нијанса слична на мојата природна коса. Е сега, мојата боја на косата е ваква, баш иста дури и праменчиња посветли имам: А јас сакам ваква да се фарбам: Со која фарба можам да ја постигнам оваа боја и дали мислите дека би фатило пошто нели мојава коса е потемна?
а да си отидеш на фризер и да си им ја покажеш сликата и тие фино лепо да те средат да не се замараш многу ,за домашна употреба не верувам дека ќе ти испадне вака косата има мешано 2 фарби и плус бланш отиди во најефтината фризерница и нема шанси да те утнат, незнам твојата коса каква е зошто првата слика не се гледа, најубаво ти давам совет така да си направиш зошто јас ќе ти ставам некоја боја на фарба и ќе ми биде гајле а ти после ќе се жалиш помаранџеста ми испадна помош,најзадоволна ќе бидеш на фризер, ајде поздрав
И после толку размислување дали да продложам со шатирање на косава или да си ја вратам својата боја на коса ,решив дека неможам да чекам да ми падне шатираното и земав се офарбав со Гарниер колор сензејшн темно кафена демек најслична со мојата природна боја на коса ,меѓутоа крајниот резултат феминки беше хаос ми се плечеше кога се видов Наместо кафена мене бојата на косата ми излезе црна