^ Цената на оваа фарба е од 380-430 ден., зависи од маркетот кајшто ќе ја купиш. Јас сум вљубена во ваква бојадисана коса. Да ве прашам знае ли некој како се постигнува ваков ефект на нијансирана коса - со фолии, со преливи, со какви чуда? И скапичко ли е? Се заколнав дека нема да ставам бланш никогаш, ама бојава...
^ Со фолии Трендафилке, ама мрснички се цените дури тука кај нас, па можам да замислам што се случува со цените таму во Скопјето. Инаку никогаш не би се фарбала, ама ова... Оооо колку сакам ваква коса. Убаво би одела некоја боја, две-три нијанси посветла од мојата природна. До душа, убаво оди на секаква и со секаква боја, па дури и чудно - мене ми делува поприродно. Па и голем плус е тоа, ако ти здосади ја крцкаш и пак си ја имаш твојата боја. Ако е долга косата де, се разбравме.
Еве како се прави така косата со фолии..можда јас би била храбра и сама да си го офарбам долниот дел од косата и мислам дека убаво ќе излезе. А и некој ако има фарбана коса да ја остави да расте подолг период ќе испадне ваква самата За боењето скокни на 28 минута во видеото http://www.youtube.com/watch?v=FUahVSdIkas&feature=relmfu
Девојки, сакам да прашам кога за прв пат ја бојадисавте косата? Јас гледам насекаде девојчиња што уште на 13-14-15 години си ја имаат бојадисано косата. Јас многу сакам да ја бојадисам мојата иако сите ми велат да не си ја бојадисувам дека сум имала многу убава боја на коса ама пуст мерак, што да се прави
Cи ја обожавам каква што си е,темноруса/светло кафена. Aма многу,ептен многу би сакала да ја шатирам во некоја поупадлива и дречлива боја,но тоа да не биде кич. поздрави и бакнежи до сите вас PS: вака сакам:
^^И јас гледав пред мнооогу години кога бев основка девојчиња на таа возраст со фарбани коси - најчесто плави фарбани , а и самата одамна имав желба за фарбање зошто мене лично не ми се допаѓаше природната боја за која исто така сите ми викаа дека е убава. И точно природно си е природно ама мене ми беше монотоно. На 13 ставив колор шампон самоиницијативно и ме испокараа . За среќа испадна по 3-4 миења. После некако успеав на 14 год. да ги убедам да ми дозволат неколку праменчиња во боја да ми мине меракот И така и бидна и тоа ми се здосади, па едвај чекав да пораснат да ги скратам. После веќе не ми беше интересно. Вистински се офарбав на 19 и среќна сум што не сум го направила тоа порано затоа што немало потреба, туку пусти пубертет... таков си е периодот па сите ги прифаќаат бубачките. Нема потреба од брзање за фарбање.
Ах колку само се изнамачив со фарбиве. Неможев никаде да си најдам таква светло портокалова, на гарниер. Го превртев Скопје и на крај најдов, среќна задоволна си доаѓам дома, почна мајка ми да ме фарба, си викам готово отиде природната боја сега ginger сум.. Иии, како и секогаш - жив баксуз кога ја измив ма ни п од портокалова. Природната ми е темно кафена ама мислев дека фарбите колку - толку фаќаат... Сега бојата ми е нешто како темно махагони и едвај чекам после одмор пак да се фарбам,можда ќе имам повеќе среќа тогаш.
Ќе дојдиш тука у Неготино кај мене драга моја, и ќе те носам кај мојата фризерка, најдобра е, и ќе ја прашам што како, и ефтина е таман ко за нас средната класа, да речам слободно.
луѓе што мислите која марка на фарба да ја земам? гарниер 111 или АУРА ЕXSPLICID 11а мене косата ми е како златникава па сакам да ја осветлам а да ве прашам уште нешто од како ќе ставам чичково масло 1 час да стои после не ја миајам косата така? ја ставам фарбата врз чичковото масло или како?
Да чичковото масло не се измива туку се фарба врз него Косата е стварно супер после тоа. Инаку и јас прашував за Гарниер 111 истата од сликата, феминките рекоа дека брзо паѓа. Ја пробав на праменчиња и истото го потврдувам иако најмногу би можела да проценам ако ја нанесам на цела коса, но сега не сум расположена за префарбување А за другата од Аура и мене ме интересира мислење од некој што ја има пробано.
Трендафилка има сигурно туторијали за омбре по интернет. http://www.youtube.com/watch?v=RAB_Aadksp8 Еве ти еден, сега не знам колку е квалитетен. Него, мене итно ми треба помош. 18 години сум со иста коса. Планирам да почнам да се фенирам еден период, да сменам малце. Некој совет за боја на коса? Очајно ми треба помош. Слика за кој не ме знае, доле. Занемарете ја свежата и убава фаца која ја имам, ама само тука ми е ист тенот.
Сакам да ја осветлам малку мојата коса со хидроген ..каков да земам и ако сака некој да ми објасни како да го користам и колку време да го држам? дали треба на мокра на ладна? пошто баш ништ не знам благодарам унапред
искрено АУРА е толку ефтина а и прави чуда на косата мене од толку фарби стварно најубаво ми ја прифати косава