Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Бојадисување на косата

Дискусија во 'Коса' започната од magic, 23 декември 2009.

  1. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Може ли да ми препорачате некоја квалитетна фарба, медова боја.
    Косата не ми е фарбана до сега, па веројатно ќе ми фати, ама која според вас е квалитетна? :?:
     
  2. tinkerbelll

    tinkerbelll Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2010
    Пораки:
    2.096
    Допаѓања:
    5.018
    Пол:
    Женски
    Јас би ти препорачала Лореал или Ревлон поскапи се од другите околу 450-500 ден.се ама многу се квалитетни според мене најдобри фарби
     
    На starfish му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.604
    Конкретно за плавуши, јас досега фарба на моја рака не сум погодила :(
    А и тие што ми се виделе добри, излегло дека се вистински отров за косата и бев приморана да ишишам добри 7-8 см последниот пат.
    Набројувам што сум пробала и што не се покажало добро за мене:
    Палете - и обични и Делукс едиција
    Гарние - бојата ми паѓа многу брзо
    Субрина - убави нијанси, но многу силни и ја оштетуваат косата
    Аура - многу жолти и лимонови нијанси, лоша палета на бои
    Кене - добри нијанси, долго траат, но ја оштетуваат косата. Плус не оди хидроген со нив :^)
    кога со овие немало аир, нема потреба да кажувам дека со бугарски, Танеа и МБјути би имало некое фајде, нели?
    Е сега, можеби Лореал и Ревлон имаат добри фарби, не велам не.
    Ама цената им е 400-600 денари. :^)
    Па за сите пари, плус уште некои 100-200 можете на фризер и боја каква што сакате, со квалитетна фарба, а утка ќе нема.
    Ниту малтретирање, а ризик минимален.
    Тоа е. За жал.
    За плавуши па посебно не препорачувам фарбање на своја рака.
     
    На melani4 и tinkerbelll им се допаѓа ова.
  4. tinkerbelll

    tinkerbelll Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2010
    Пораки:
    2.096
    Допаѓања:
    5.018
    Пол:
    Женски
    Јас сум плавуша и мака си има со фарбиве користам еволушн 1111 ама мн е јака бе мн ја гори косата а и не ми фаќа секогаш иста,еве предпоследниот пат сива сива ужас а сега па после неколку миења на жолто ми е во коренот,има многу убава нијанса од лореал ама ја нема кај нас :^).Во право си подобро на фризер барем таму ќе измешаат неколку нијаси и асална боја ке се добие.
     
    На melani4 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.282
    Сега не е само и на фризер да се оди, важен е и фризерот :lol: има некои се учат на клиентите :lol: :lol:

    А инаку Еволушн се многу јаки фарби, другарка ми се фарбаше плава со нив, и почна да и се лупи скалпот.
    Јас порано кога се фарбав со нив ептен ми ја гореа косата и многу ми беше сува.

    А Кене има прекрасни плави нијанси, не се оштетува косата, ама еве пред 2 недели се имаше фарбано другарка ми и цела боја и е веќе падната :^)


    А инаку Ревлон не се скапи фарбите, колку Кене се, може и поефтини околу 300 ден а многу се квалитетни.
    Многу фризерки работат баш со Ревлон.

    А за Лореал немам зборови околу 470 се фарбите ама не ја оштетуваат косата и нијансите се феноменални.
    Плус со фарбата оди прекрасен регенератор кој ќе си го користите цел месец (ако ставате со мера ;) ) и на крај пак цената им доаѓа како на другите фарби, а квалитетот е 10 скали над другите, па сега видете вие.

    Ова е едно искуство на паталец :D
     
  6. meruska

    meruska Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2010
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    103
    лореал
     
  7. AhThatFemaleProblems

    AhThatFemaleProblems Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    428
    Допаѓања:
    200
    А може некој да ми објасни како се нанесува кна, конкретно сакам да пробам со црвена боја, пошто се фарбам веќе долго време во темно лјилјакова/бордо, ама многу ми паѓа брзо, без разлика од која марка на фарби ќе ставам, сум ставала различни, ама црвените тонови многу брзо паѓаат, па приморана сум на 3 недели максимум да ја фарбам косата и ми се оштетува, ми станува безживотна и покрај толку многу регенератори, маски, капки и што не..
    затоа сакам да пробам со кна, викаат дека е хранлива, па ме интересира дали некој знае како се нанесува, колку време трае бојата и дали има штета ако ја фарбам со кна почесто (се разбира доколку брзо паѓа).
    Поздрав девојки ;)
     
  8. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.006
    Мене со Палете делукс ми дадоа регенератор во кесичка внатре и јас цел го шлапнав наеднаш :D А инаку немаше упатство со фарбата и ракавици |( Не ми се верува дека и тие работи почнаа да ги крадат |(
     
  9. kate-the-great

    kate-the-great Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2010
    Пораки:
    1.473
    Допаѓања:
    1.833
    Може еднаш на три недели или еднаш месечно да си ставаш кна
    кната не ја оштетува косата - ја зајакнува, ја потхранува, го забрзува растот и го спречува опаѓањето
    (кажувам од лично искуство)
    И јас кога ја купив немаше ни балсам ни упатсво ни ракавици .
    Ја растворив во топла вода ( 1 малечка шолја вода за 1 пакетче кна )
    и мешав додека да се згусне .
    и после се мачка како фарбата, си ставаш кеса на главата и не ја миј додека не ти се исуши косата
    (мене некаде 2-3 саати ми стоеше за подобар ефект :) )
    и нормално се мие косата со шампон некоку пати додека да се избистри водата .
    ако ти е кратка косата 1 пакетче
    ако ти е до градите 2
    а под градите или уште подолга 3-4 пакетчиња ама пак поефтино ти се фаќа отколку со фарба
    1 пакетче кна 30 денари е
    коку пакетчиња ќе ти требаат во зависност од тоа дали имаш бујна или ретка коса
    ако ти е многу ретка на пример може и да ти е до градите косата а 1 пакетче да ти стаса.
    мене ми е до под градите 2 ми стасаа ( не ми е ни многу бујна ни многу ретка- средно)

    се надевам дека ќе ти помогне одговоров кој можеби е малку збунувачки :tmi:
    пиши ми лп ако не ти е јасно нешто ;)
     
  10. AhThatFemaleProblems

    AhThatFemaleProblems Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    428
    Допаѓања:
    200
    Фала многу! :) :*
    Утре одма си купувам кна и ќе мачкам, ќе шлакам :):) па ќе пишам за резултатот :)
    Фала уште еднаш
     
  11. viki44e

    viki44e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    1.987
    Допаѓања:
    1.083
    Имам темно кафеава коса и сега сакам да сменам малку,некако со црвенкаст сјај да ми биде косата...Некоја фарба,предлог за ваква нијанса??Или пак потемна?? :wasntme:
     

    Прикачени фајлови:

    • dark auburn.jpg
      dark auburn.jpg
      Големина на фајлот:
      101,7 KB
      Прегледи:
      310
  12. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.853
    Пол:
    Женски
    Викиче, мајка ми ја има сега оваа нијанса, се исфарба прво со црвена кна, и после и стави колор шампон Руби, ваква некоја нијанса. И сега баш и е убава, вака некако, црвено лилава мава на сонце. :) Пробај со колор шампон, види дали ќе те бендиса :)
     
    На viki44e му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.847
    Јас со години се фарбам со Ревлон, ја порачувам кај фризерката и ептен е добра....иначе мојата е нешто лешник боја. За нијансата разгледај си во каталог и консултирај се со фризарката, а за фаќање, сигурно ќе ти фати ;)
     
  14. jarec6

    jarec6 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2010
    Пораки:
    2.779
    Допаѓања:
    18.353
    Пол:
    Женски
    Девојки се има ли некоја од вас фарбано со кафена кна?Јас се фарбам со кна меѓутоа со црна,па една моја другарка сака со кафена да се фарба,меѓутоа сака многу темно кафена скоро накај црна па ако се фарбала некоја нека ми каже,да не излегува некоја црвенкаста?И кажете ми која ви била бојата пред да ја ставите кната за да знам како ќе и фати
     
  15. My.self

    My.self Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 декември 2010
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    2
    Се фарбав од кога завршив осмо и тоа ПЛАВА...претерано голема обврска посебно за оваа боја на косата...освен тоа бојадисувањето многу ја оштетува косата... Јас сум ти жив доказ за тоа....Сега се офарбав кафена и си ја враќам природната боја...И од сега на таму планирам само Бланширање ....
     
  16. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.836
    Пол:
    Женски
    Бланширањето повеќе ја гори косата отколку фарбата :wasntme:
    Во право сум?
     
  17. Queen.S

    Queen.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2010
    Пораки:
    606
    Допаѓања:
    384
    ^^Во право си Бројче :rofl: ;)
     
    На 2468 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. 135-5

    135-5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 декември 2010
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    5
    леле женски помагајте......... се фарбав кафена боја и ми фати само на корените а другиот дел од косата не фати бојата а фарбана бев со црна палете, па на мојата коса излезе кафе а на другиот дел излезе црна како со беше.дали некој знај дали има нешто по фризерските салони за да се одстрани бојата од косата а да не се оштети или кажете некоја марка на боја шо ке фати на црниот дел.
     
  19. AhThatFemaleProblems

    AhThatFemaleProblems Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    428
    Допаѓања:
    200
    Е, да ви ја препорачам новава колекција на Palette, ми се бендиса многу. Новиве бои се без амонијак, додуша имаат само една темно виолетова, повеќе кафеави нијанси и плави.
    Јас ја пробав виолетовата со темно црвен/бордо/розовкаст сјај, косата ми е преееемека, преубава, ептен си ја бендисувам! :)
    пробајте, 100 денари се, баш се испозачудив :worried: ама се стварно добри, со некој мирис на малина, не смрди онака на фарба и чуда.. и така :)
     
  20. Blesavka

    Blesavka Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    1
    Здраво женски,јас сум нова на форумот, пред година дена се исфарбав со Палете, најтемна нијанса на кафеаво, а инаку сум природно со руса коса, последните 3 месеци се фарбам со плава,ама косата воопшто не сака да ми осветли, доби еден портокалов сјај од Палетето, како изгорена ми е, ДАЛИ ЗНАЕТЕ НЕКОЕ СРЕДСТВО ЗА ВАДЕЊЕ НА ФАРБА, ПОШТО СИ ЈА САКАМ ПРИРОДНАТА, ИЛИ ДА СИ ЈА ОСВЕТЛАМ? HELP ;( ;( ;(
     
    На lulu77 му/ѝ се допаѓа ова.