Моментално ми е некоја лешник боја или така нешто,ама размислувам дали да се фарбам темно кафена и полека да си ја вратам мојата природна боја.
ги немам пробано овие две боии но воопшто ги имам пробано фарбите на сајос и многу ми се убави еве веќе 9месеци се фарбам со нив
Јас имам претерано жолто искуство со 111-ката. Со Аура си добив платинесто руса коса, фарбата не е агресивно оштетувачка (како русите на Кене и Палете), а бојата е мерак.
девојки дали сте се фарбеле во периодот на мен циклус ?јас до петок мора да се исфарбам но проблемот е сто денеска добив ..па сега незз сто е најпаметно да се исфарбам денес на првиов ден или во петок на предпоследниот ден ...планирав да ја осветлувам бојата али незз боле е да не ризикувам да си останам и овој пат на истата фарба сто ја користев последниов пат
Јас сум во дилема. Сакам да се фарбам црвена, многу убаво ми стое. До сега се фарбав со колор шампон. Но, не ми испаѓала таква боја каква што сакам и каква што е на паковката. Сакам да ми биде темноцрвена, керамидеста. Што фарба и боја би ми препорачале? Природната ми е смеѓа. Или да продолжам со колор шампон да се фарбам?
Земи ја амор колор број 28 руби ред. Многу добра фарба јас се фарбав црвена ама сменив сега сум темно кафено. Ти ја препорачувам, не мора да е некоја скапа фарба но мене ми е убава, фарба како фарба си е иста но различна фирма ги пакува. Така да оваа и не е скапа 60-70 денари е ја има во сите поголеми маркети.
Нема врска тоа со менструацијата , јас имав кога се фарбав па што .Ми излезе бојата.Не верувај на се што ке чуеш!
се фарбам плава боја бидејки после бременоста ми се смени пигментот не ми излага веке плава туку златникава некоја си боја пробав со аура 11 а ми ја осветли ама не до толку како што сакам па ајде да не одам на фризер да ја сатирам сто мислите да ја купам ли од ревлон фарбите? какви се убаво ли испага осветлува ли многу?
Ќе сакаш да ми постираш слика од фарбата, не можам да најдам на гугл каква е. Од каде ја купи? Прв пат слушам за оваа.
Другарка ми се фарба црвена со оние на Гарниер без амонијак фарбите и убава боја добива, а за сјајот да не зборам. Мнооогу убав сјај има косата! Е сега мислам и дека побрзо паѓа бојата затоа што е без амонијак, ама стварно не ја оштетува. Еднаш и мајка ми си зема смеѓа таква исто и беше мека и сјајна косата после. Мислам дека се најмногу до 150 денари негде.
За да ја осветлиш, пробај со 11Ѕ. 11А е повеќе за да добиеш платинест сјај на веќе добиената руса боја. Држи ја 50-ина минути, затворена со ќеса.
Првин да ти се извинам не е амор колор туку арома колор Еве ти сликичка од фарбата и бојата која ја користев. Ептен добро излага.
Зависи кај кого Јас еднаш се „фарбав“ т.е. се oбидов да се фарбам за време на циклус, и тоа црна-значи каква и да е фарбата не може да не фати. Епа исто како да не сум ставила, како обичен шампон. Од тогаш наваму за памет, ни под разно не се фарбам за време на циклус. Инаку, имам примери и во најблиска фамилија на кои не им фатила фарбата за време на циклус-на 3 први братучетки им се случи исто како и мене. А на сестра ми и фаќа. Така да, нема правило, различно е кај секого.
^^ Исто и јас се приклучувам во клубот на тие што не им фаќа фарбата за време на циклус.Еднаш се зафркнав и доста е,ако е за фајде. Кој сака да пробува нека проба,јас завршив со тоа прашање.
Јас прв пат кога се исфарбав црвена, се фарбав баш со некоја ваква, бугарска, поефтина. И одма ми фати убава боја. Сега користам Гарниер без амонијак, демек ај косата да не ми се оштети со поефтиниве, ама за прва употреба и фаќање на боја, стварно ми заврши работа