а од овие фарби арома која е најсветла плава ако сака некој слика да ми покаже ? или цела палета од бои да ја видам?
Се фарбав. Не со Гарниер и не црвена. Видов една убава нијанса на плава од Subrina Creme Color, 08 беше бројчето. Не ми испадна иста, туку ми ја осветли за неколку нијанси природната боја. Убаво ми стои.
и јас се имам фарбано со Aура па еве месец дена ми стои бојата малку ми се избледе бојата па и ставив од силверот шампон за против жолтило и сеа ми е супер со тој силверот шампонот се мијам на секои 2 недели и све повеќе ми се осветлува бојата леле колку го сакам значи и сеа ќе земам од Aура 11с да ја усовршам бојата и нема фрлање пари по фризери IM HAPPYYYY
Може да ми кажеш која фирма е силвер шапонот против жолтило што го користиш и од кај го земаш. Ја имам купувано од Бугарија а овде немам видено. Фала ти
Си реков веќе нема да се фарбам и од мај онаму, си стоев на зборот. Ама, пуста импулсивност, си бев во Веро, бендисав од Syoss темно кафена нијанса, купив и се офарбав. Всушност, уште не ми е исплакната косава, еве за некоја минута. Па да си прашам, некое искуство со Syoss боиве, трајни ли се, има сјај косата? Се зезнав ли?
Mајка ми ја има пробано, не е задоволна. Многу брзо се одмива, по 2-3 миења како да не беше фарбана, а и не и покриваше баш. Ама тоа си зависи и од влакното. Плус, таа има и доста бели.
Дали некој има пробано Subrina Saten Intense 01/1 (индиго црна). Ја купив пред некој ден да ја пробам и оваа оти многу марки пробав и по 2 недели од фарбањето бојата ми паѓа и ми изгледа како темно кафеава со црвен тон Ако знае некој да ми препорача добра црна и трајна фарба (освен Palette оти ми го гори скалпот) ве молам пишете. Позз
Devojki bi sakala sovet od vas kako od crna da ja dobijam ovaa boja : http://www.google.com/imgres?q=jennifer ... ,s:73,i:86
Ги користел некој фарбите на Palette Permanent Natural Color? Ме интересира дали бојата брзо се измива? Сакам со оваа да се офарбам следен пат
Поздрав Фелиција, не, не се измива брзо, доста е трајна. А дали може некој да ми каже како да ја избледам мојата темно вишна боја, сакам посветла, побледа, но да биде без бланшеви и слично.
Спојлер Ми швркна денес една идеја дека сакам ваква коса. Одамна меркам, ми изгледа многу убаво, вчера и во Гли Рејчел носеше иста ваква... Мислам и дека ќе ми стои. Пробувал некој, колку време треба да се постигне овој изглед (од прва мајка или повеќе пати), дали се шета како недефинирана во меѓувреме, и колку отприлика би чинело? Напоменувам дека имам косиште, ако се фарбам користам две, две и пол фарби.
дечки сеа имам добиено и онака си имам проблеми со жутилото па ми е страв да не ми фати баш нај нај што викате вие подобро е да почекам или да се исфарбам??