^Па јас би те советувала да почекаш да ти заврши, зошто многу е веројатно дека нема убаво да ти фати. Кај повеќето е така, а и кај мене. Сум пробала два пати до сега и само сум си ја потрошила фарбата џабе. Веќе во крајните денови, 4-5ти ден можеш да се фарбаш, барем мене тогаш ми фаќа, ама на почеток на циклус не.
девојки јас се исфарбав со АУРА 11с и да ви кажам дека убаво фати бојата само сеа не ми текнува дали убаво фати 11а или 11с како и да е тој силверот шампонот ми ја гори косата дали дека се во еден ден и фарба и шампонов незнам или фарбата може многу гори
девојки да ви кажам едно девојче ми ја препорача фарбата од палете А10 не сум ја сретнала фарбава до сеа она имаше плава коса па ја префарба во кафеава и после некое време се одлучи пак да си ја врати бојата бев скептик за бојата ама ме изненади како и испадна бела накај плава со така плав сјај незнам како да ви објаснам важно не и беше темна напротив светла ако некој ја користел фарбава да ми каже искуство која е опаковкава на фарбава или да ја барам на гугл
Јас, тотално незадоволна. Ми ја прегоре косата, беше далеку од замислата уште од самото фарбање, а со секое миење добивав ефект на Перфекс-пиленце. Се на се, сламова жолтица, која НИКОГАШ не би ја повторила, со која и да било нијанса на Палете. Прв впечаток - фатално лош. Крај. Јас сум само за Аура, макар и едно фарбање со 11А, наредно со 11С (11Ѕ), и така наизменично. Остави ја 50-тина минути, покриена со кеса. Нема ни да ти треба силвер шампонот.
ааа ја знам фарбата само не ми беше познато бројчето,тогаш мене како што ми фаќа тешко боја не сум за оваа фарба значи има од коса до коса ете нејзе и фати проба од кафеава на убава нијанса да добие
Вака една другарка сака да се фарба со к'на.И сеа сакам да прашам коллку време ќе и стои така фарбана косата? Некои и кажувале демек 3 месеци и после к'ната опаѓала...
Да ви кажам Сајос ме разочараја толку ги фалевте си земав 2 фарби и одма ми паднаа а толку убава излезе бојата и за што за да падне за 2 миења никогаш нема веќе да земам сајос
Косата ми цревена. и што ке се случи ако ја осветлам со хидроген и ја исфарбам светло кафено ?? ке бидам шарена?
ќе бидеш некоја си темно помаранџесто таква некоја нијанса шкљ како и да ти испадне мора да го имаш тој помаранџест сјај поради црвено мешано со хидроген и највеќе што сакаш да се исфарбаш со светло кафена ,прати слика каква посакувана нијанса сакаш да постигнеш ако планираш да идеш на фризер и прашуваш нема шанси да те утне фризерката сигурно и плус нешти ќе ти стави за да имаш убава боја а ако прашуваш за дома епа тешко некако да ти излезе некоја убава боја на коса а незнам може и ќе ти излезе иако јас сум скептична за ова
од АУРА фарбата ви паѓа ли косата? сега со последново фарбање што се фарбав со бојава многу ми падна косата поминаа 10 дена и еве скалпот уште ме чеша незнам дали да ја прекинам страв ми е да не останам без коса
Не се фарбам, се исфарбав еднаш и одвај дочекав додека си дојде мојата боја. И значително почна да ми паѓа косата после фарбањето. Се фарбав со Палете, ама мислам дека речиси од секоја фарба паѓа косата повеќе, сепак е хемикалија и ја штети и гори косата...
јас сепак мислам дека најмногу ми падна косата од тоа што откако ја измив фарбата нанесов силвер шампон што мислам дека тоа ми е најголема утка па ќе видиме наредното фарбање какво ќе биде
^ heart.stealer, немој да го користиш силвер шампонот веднаш после фарбање. Откако ќе се офарбаш, почни да го користиш после третото или четвртото миење на косата, кога бојата ќе почне да паѓа и избледува. Исто така, немој да го користиш на секое миење, туку најмалку преку едно. Тој шампон е концентриран, не е за постојана употреба, а и по малку се става. И совет плус -ставај го само на коренот, не на цела коса, зошто знае да ја исуши ако премногу често го употребуваш, а и не го оставај повеќе од минута, најмногу две да стои Веднаш после фарбањето, интензитетот на бојата е максимален, нема потреба тогаш да ставаш силвер шампон. И плус, бојата ја оштетува косата, а силвер шампонот дополнително ја суши. За ефект, шампонот има феноменален ефект (барем кај мене), но никако користење веднаш после фарбање. Пробај така следниот пат, после трето-четврто миење (откако си се офарбала), па види дали и тогаш толку ќе ти паѓа Едит: И плус, сега во есенскиот период е засилено опаѓањето на косата кај сите луѓе. И јас забележувам дека ми паѓа повеќе од обично, но тоа е вообичаено во овој период, не се секирај
Или до мене е или до гарниер натурал не знам се фарбав со сајос реков да сменам ја фалевте гарниер зедов како светла морков боја а ми излезе крв црвена имал некој вакво искуство ?
Ми беше портокалова ја фарбав со сајос но ми паѓаше бојата за кратко време и решив да сменам гарниер и излезе црвена
Сега најново што слушнав е фарбање со селски сапун.Има мислам само за плава коса.Ми го имаа кажувано,али си викав сигурно не испаѓа стварно плава боја.И баш пред некое време видов една жена во продавница и имаше многу убава плава боја на коса,и ја прашав со која фарба се има правено и ми кажа дека е со селски сапун и 6ка хидроген,а исто знам уште неколку девојчина со селски сапун што се фарбани и многу им се убави косите.А и не им се гори многу косата.Ако знае некој нешто повеќе околу ова нека каже