некоја светла боја што ке те отвори и ке ти ги истакне плавите очи, јас мислам некоја посветла од лешник сепак ти си знаеш
Нема теоретски шанси од црна потоа пак да ја добиеш истата нијанса. Јас се имам зезнато така. Подобро не експерементирај.
Сакам да прашам ако некој знае дали има влијание фарбата врз опаѓањето на косата,сакам да се фарам,инаку редовно се фарбам,меѓутоа овој период многу ми паѓа,па се плашам да не ми паѓа повеќе од фарбата,и да ми препорачате некоја марка
Па различно влијание има врз секоја коса. Ама фарбањето секако дека и штети на косата на било кој начин. А сега за опаѓање конкретно не знам. Јас се имам фарбано многу пати ама сега решив да си ја оставам природната кафеава коса. И мислев дека не се оштетува колку и пати да ја фарбам ама некако почнав да приметувам последици. Како наектрализирана ми е секогаш кога ќе ја измијам. И последниот период ми паѓа многу ама тоа велат до период било. Ама којзнае можеби е од фарбањето.
ако на 2 недели или месец се фарбаш цела коса, ќе ти паѓа и тоа како и плус е овој период август ноември сите имаме проблеми со опаѓањето на косата и плус ако користиш светли нијанси тие мора да бидат појаки од останатите зошто мора да го осветли влакното и ако не користиш нега на косата сигурно ќе ти паѓа ќе ти се изретчи цела коса и понекогаш е убаво и природни маски да се прават за косата или на пример третман некој на косата за витаминизирање
Се фарбам еднаш во месецот со кафеава нијанса,чоколадна,значи не многу често,ама сепак редовно,веројатно е до периодот тоа што ми паѓа повеќе,пијам едни апчиња биотин,ама треба време за да има резултати,ќе се фарбам овие денови па ќе видиме,ќе пишам дали паѓа повеќе или исто,фала ви за советите.
Се фарбам иста боја како природната и да не се исфарбам не ми се познава, а се фарбам зошто имам по некое бело влакно и ме нервира. Да немав бели влакна никогаш не би се фарбала.
Се фарбам црвена долго време и сега сакам да променам со тоа што врвовите сакам да ги направам црни. Имате некоја предлог идеја за таа промена, дали ќе може сама да си ја направам или да идам на фризер, пошо јас и онака сама си се фарбам
Па убаво би изгледало,само не знам дали ќе можеш тоа сама да го направиш.Најубаво на фризер да одиш,не би требало многу пари да ти земат за тоа.Инаку вака тешко да го погодиш секој прамен исто.
http://www.alfaparf.com/index.php?method=section&id=94 Јас колку што знам овие Alfaparf Milano се италијански. Ги има во VERO и по парфимерииве.
Секаде каде што продаваат бои за коса, маркети, дрогерии, парфимерии...имаш таква нијанса од различни прозиводители и по различни цени. Треба само да ја погодиш, а зависи и од твојата основна боја на косата.
Поточно тоа ми беше и прашањето Пр од кои производителни дека еднаш гледав во тинекс и не најдов ваква нијанса
Реков ќе се откажам од фарбањето. Ама ми здосадува моменталната боја на косата. Сакам да ја сменам. Ми беше костенлива, па ја сменив накај лешник, пак ја затемнив за да стигнам до мојата природна темно кафена. Сега сакав да извадам прамени со бланш, кога една другарка гледам и таа се бланширала/шатирала. Да направам така ќе рече еве ја по мене (а си нема врска, ми текна на тоа уште одамна, ама ете гледате некад како излага да се бланширав уште тогаш ќе бев пред неа). Предлогче некое да направам промена? Инаку долга ми е косата можда накај 50цм степенаста, брановидна.
Види во големите Веро маркети, Рамстор, ДМ, Космо..сега барем има многу продавници во кои има голем избор на бои. Не знам точно кој производител ја има нијансата што ја бараш, ама скоро сите производители имаат ваква црвена нијанса во своите палети и најдобро е на лице место да си видиш.
првин види како ќе ја шатира другарка ти ако ја шатира со плави прамени ти можеш да измешаш една фарба и да искомбинираш 2 бланша карамел и медова боја на пример а основата нека ти биде лешник ова ти го кажав за пример можеш и други бои да си искомбинираш јас мислам дека ќе испаднеш и поубава од другарка ти еве ти примери можеш и вака и основата да ти биде плава со такви прамени