Женски имам едно прашање , дали некоја од вас знае како да се блаширам дома? Имам прашак (бланш) кој го купив од еден супермаркет но сега треба да земам и хидроген. Сакам да се фарбам црвена , а сега косава ми е црна фарбана. Па колку време да го држам бланшот и колку хидроген да ставам ( и колку јак ) ? Се уште размислувам дали да одам на фризер или не , но би сакала да знам како се прави бланшот
ЈАс до сега ниту сум се шатирала а камоли фарбала.Голем сум поборник на фарбањето на косата,практично ја горам ,а не сакам пред време да си ја остарам косата.Можеби звучи смешно тоа,но со честото фарбање на косата и сите третмани што им ги правиме од фенирање,пеглање и слично косата само ја старееме и пред време може да ја изгубиме и побелиме.Така да се додека немам голема причина да ја фарбам јас ќе си ја зачувам мојата природна костенлива боја на косата .
ке ја направиш портокалова не си играј дома ти кажувам од лично искуство јас дури користев кене фарба и ја зезнав оди на фризер тие подобро знаат како да работат од црна да ја направат црвена а инаку бланжот се раствора со хидрогенот јас земав хидроген 9 и еден италијански бланж а го држев пола саат а се нанесува од врвовите кон коренот инаку треба постојано да надгледува некој дали се осветлува и колку се осветлува мене за пола саат ми бесе од црно фарбана црвенишкава ко лисица ама ко ја ставив црвената испадна портокалова затоа оди на фризер за подобар совет позз
Јас еднаш во животов сум се бланширала и тоа дома. Бев црвена, а сакав пак да си бидам русокоса. Купив бланш (прашокот) и го растворив со 9% хидриген, немав некоја определена мерка туку така од око ставав додека се раствори прашокот т.е. да стане приближно течен како фарба кога раствораш. Ќе видиш како ти осветлува косата, мене ми стануваше портокалова, па жолта (буквално жолта како сонце бев во главата) и тогаш ја измив. Околу 20-30 мин. стоев, ме чешаше многу и тек наредниот ден се исфарбав. Цел ден се криев, никој да не ме види каква сум, како авет бев.....бууу
еве поточно овој бланш и хидроген го имам дома. Бланшот - прашокот е 15 гр. а хидрогенот 70 мл. па прашакото како малку ке ми е ми изгледа зашто косава ми е малку под рамената.. како и да е ке размислам добро па ке видам или на фризер ке одам или дома
Последно се фарбав во фризерски салон кај што користат фарби Genius и ги раствораат со 6% млечен хидроген. Преубава е фарбата, веднаш фаќа и не паѓа брзо, мислам не бледее. А не сум видела некаде по маркетиве таква фарба. Да не знае некој случајно од кај може да ја најдам?
Јас морам да ги пофалам фарбите на Aura Explicit-Forever Blonde. Поубава фарба досега не сум користела.Значи имав темно кафеава фарбана коса и веднаш ми осветле косата со оваа фарба,а притоа добив прекрасна боја и мека коса,не како слама кога се фарбав со Палете. Ја препорачувам
Женски,фарбана сум темно кафена,ама сакам да добијам медова боја на коса.Има ли некоја од вас некој предлог за фарба и бројче? (само да не е палете)
пробај со некоја нијанса како блонд за да ти осветли,можеш да земеш од Субрина шарм-honey или од Аура-honey blonde или Ash blonde,би требало да ја добиеш посакуваната нијанса. Јас од овие две фарби сум најзадоволна досега,а Палете и Гарниер воопшто не ги сакам.
Девојки ....јас мислам дека бланшот воопшто не е препорачлив за косата ! Што ние се опседнуваме толку од корен до доле да биде иста ??? Јас бев години и години плава ....што дека се бланширав ? Пак за некој ден ќе подникне црно..пак фарбање ...пак иста процедура...од долга густа плава коса , ми стана како метличе на крај мн. морав да ја скратам и ретчам. И на крај ...ми немаше спас ...морав да ја потемнам ! Отидов на фризер , ми ставија чоколадна боја.На мојата бело-плава ми фати црна ! Иако сите ме бендисуваа јас се разочарав.Со тек на миењето осветлуваше.За 2 недели ставив махагони црвена.И таа падна.Сега ми е светла кафена.Сакам повторно да ја вратам русокоса , ама повеќе бланш ...никако ! можеби осветлува ама косата станува сува , ретка , се оштетува многу.Сега во дилема сум само со која фарба да пробам ама сигурна сум дека ќе фати од прво фарбање бидејќи ми е прилично светла.Јас 2 пати ќе ја исфарбам цела , еднаш почеток декември и еднаш пред нова година 2 дена.После само коренот , и не се замарам повеќе да била целата иста ...Што дека е ако е испооштетена целата ??
сосема си во право. вчера баш разговарав со една девојка која работи како козметичарка но се разбира и од фризерај , јас пишав на форумот дека планирам да се бланширам зашто косава ми е црна фарбана , а сакам црвена да се фарбам , и таа ми рече никако бланширање не ти препорачувам косата ем ке ти се оштети , ем пак нема да ја добиеш нијансата што ја сакаш косата ке ти стане на едно место портокалова , на едно кафеава , на друго црвенкаста , шарена. И мислам дека има право па ми рече да ставам црвена боја на косата без никакво бланширање и дека ке фати прво малку па третиот пат ке добијам убава боја. Затоа трпение , спасение А ти штом сакаш да си ја вратиш во плава , прво нека помине некое време , нека падне бојата па стави од најсветлата фарба.. Јас верувај лани запнав да ја правам косава сивкасто плава имам и овде пишувано и се исфарбав може 14 пати за да ја добијам посакуваната плава и потоа ми се здосади и се вратив на црна. Јас би ти ја препорачала оваа фарба Спојлер Ама да знаеш дека содржи малку бланш , затоа и се вика Сајос Лајтенерс
јас не ја препорачувам убаво фаќа боја ама мене ми падна цела коса од нејзе а 3 пати ја користев само мене не ми ја прима косата јака ми е
а мене ме интересира сакам ваква пермамент шо пише зашо си ја пуштам мојата боја на коса и повеке од пола е више моја боја и доле имам светло така мед некоја нијанса пошо бев плава.Исеа сакам горе црна од оваа лореалот да пробам ама да ми падне пак да си биде после мојата страв мие да не не ми падне скроз црното ај совет еден плс
^ Боја што се одмива треба да е НОТ перманент (not permanent)затоа што перманент значи трајна/постојана боја за коса. Можеш тоа да го пробаш со колор шампон,тој се измива.Сепак јас да сум на твое место не би ставила црна како за проба,бидејќи е многу тешко да си ја вратиш твојата после,па макар и со колор шампон. Ризик е.
Дали ако пред фарбањето, ја намачкам косата со рицино масло, ке смени нешто во бојата или помалку ќе ми трае?
Не знам како би влијаело рицино масло на бојата, но многу феминки (вклучувајќи ме и мене) пред фарбање за заштита на косата од бојата ставаат чичково масло 1-2 часа пред фарбање. Не влијае негативно на бојата и трајноста, а влијае позитивно на косата зошто така не се оштетува и е многу убава и сјајна.