Јас искрено заборавив да ви се пофалам, ама се офарбав портокалова како Хурем и зашто имам среден тен, не сум ни бела ни црна ми стои супер, а и другите тоа викаат!
јас сакам да ја ја направам плава користев palette A10 и никако да успеам да ја направам плава се ми излева светла портокалова сега ја купив оваа оваа фарба и ке ве известам до утре каква ми излезе
Добри се кене, ги фалат доста и мислам дека ги бива кога се работи за појака коса, а дека се оштетува тоа е неминовно. Ме интересира за трајноста, дали сјајот и бојата што е добиена се задржува подолго време или... Јас последно користев Aura Forever Blonde, благодарение на вашите предлози кои редовно ги читам, и можам да кажам дека сум презадоволна од тоа како ми излезе бојата, а комбинирав 11A со 11B. Рано ми е да кажам за трајноста засега бидејќи е од скоро, но наредно фарбање ќе ми биде само на коренот па затоа ме интересираше и за кене 11 15 или да цепам пак со аура Срц морам да те прашам, со кој хидроген ја комбинираше, 9 или 12 ?
која фарба би одговарала на оваа боја сакам да ја добијам баш оваа од природна боја има ли шанси позз
Имам прочитано дека за боја на фарба да фати повеќе на сиво да се раствори со 3% хидроген. Колку е точна информацијава?
овие се слични фарби на таа од сликата инаку дали исто ке ти фати зависи од влакното на косата и од твојата боја на коса
Епаа со 9ка, ама ќе земиш од хидирогенот од кене, ќе те прашаат тие таму и ќе му кажиш хидроген од кене 9%.. ИНАКУ за трајноста воопшто да не се двоумиш и за сјајот, резултатот е прекрасееееен, навистина. Ќе претерам со фалбиве, ама навистина фарбата е одлична.. Инаку јас имам слаба коса, ама со редовно негување нема да ти изгледа косата мн оштетана.Користам капки од авон, шампон за негување на влакното, и редовно ја пеглам или ја виткам со витлери од орифлем и тие, нормално, не ја оштетуваат косата. Најдобро е да ја фарбаш 3 месеци цела коса и после да почниш само коренот на секои 20 дена, потоа, по 3 месеци повторно фарбај ја цела, заради тоа што нема потреба да го оштетуваш постојано влаконото до врвот, а коренот постојано се обновува и не е толку страшно
Таа форевер блонд ја земав 130 денари, а мислам дека за нијанса беа поефтини во Зегин.. Бев и таму ама немаа моментално избор па од друго место купив п.с Благодарам за одговорот погоре, нареден пат идеме со кене + 9че
Мојата коса е смеѓа, сега со плави прамени, зато шо пред 4 месеци ја шатирав. Но сега сакам да ја исфарбам целосно плава, ама се плашам од резултатот. Дали промената ке биде драстична, дали ке ми стои..еден куп прашања ми се вртат по главата. Ке ве замолам да ми кажете ако некоја пробала која фарба да ја купам, како за прв пат? плис тел ми грлс
jas dolgo vreme ne bev ja farbala mojata kosa, no pocna da mi belee a imam 34 god, pasi rekov stavam farba nema da odam so sarena kosa. Poicnav da koristam Garnier i sum zadovolna. veke 4 pat se farbam
денес се исфарбав за прв пат, по препорака земав syoss.... сакав потемна нијанса од мојата темно кафена коса.земав dark brown и океј ми испадна, само има некој црвенкаст сјај
имам црна коса.. сакам да ја осветлам.. како лешник боја сакам .. се распрашав ми рекоја да оставам бојата сама да излезе (да си ја вратам мојата боја) па потоа да ја фарбам... но не ми се чека некој совет??
За од црна да ја направиш лешник,ќе треба да ја осветлиш или со бланш или со плава фарба. Инаку вака на црно влакно да ставиш лешник нијанса нема да ти фати.Знам од искуство.
земи си од палете делуџ некоја крем нијанса така направи другарка ми и и испадна лешник ама на фарбана коса тешко ќе ти фати и тоа црна мој совет почекај зошто кога ќе ја ставиш нема да имаш никаква промена само некој кафеавкаст сјај
Женски, ви препорачувам од искуство на другарки мој, со палете не се зафркнувајте, ја сушат косата БЕСКРАЈНО. Доколку некоја сака од црна да ја осветли на лешник, пробувајте со подобри фарби, ама дефинитивно немој да ставиш плава фарба на црна коса, за да добијаш добијаш лешник, во тој случај ќе добијаш портокалова коса :\
не те разбрав уаво каква е уствари твојата коса???ако е твојата посветла а си фарбана црна има во космо отстранувачи на боја,ке ја вратис твојата и после фарбај ја како сакаш
мојата коса е темно кафеава ... како чоколадо се исфарбав црна е сега сакам да ја осветлам.. фала девојки
Некој да сподели искуство со фарбите на Garnier Colour Sensation ????? Природно сум темно кафеава, па се офарбав црвена сега сум кафеава со црвен сјај и сакам да ја пробам Icy Chestnut --- > http://www.garnier.rs/img/_sr/_ww/our_p ... 5-pack.png