Девојки, едно прашање, чисто онака информативно, и онака е индивидуално На колку време ја фарбате косата? Еве конкретно оние што се плавуши? Мојава коса, да не ја подречам, последниве година дена ми расте доста побрзо него порано, еве ме се фарбав кај 20ти декември, и имам два и кусур цм потеран корен, и плус ме нервира што кога ќе стаса до оваа фаза ми се мрси повеќе, одназад кога ќе ја фатам во репче ми е ептен изразена и неубава, не стои никако, ела направи фризура да те видам Досега најчесто ја фарбав на месец дена, плус минус зависно од менструалниот циклус, ми се случило и понабрзо, макар еднаш или двапати ради ете некоја побитна прослава, а сум ја оставила и подолго од месец и пол, и верувајте невозможна беше, ама на лето и онака ја миев секој ден Е сега знам дека секоја коса е различна, различно расте, ама што знам, оваа мојава еве не можам ни да ја трпам повеќе нефарбана, сакам утре или другиден пак да ја фарбам, е сега добро, не ставам секое фарбање преку цела коса, само коренот и расчешлувам наодле колку за нијансата да се изедначи И? Како се справувате вие со грдиов подраснат потемен дел?
Пробај патецот да го местиш цик-цак, или пак, имам забележано една другарка не ја фарбаше косата може 2 месеци, а ептен пораснат корен имаше, и ја местеше така што напред ќе ја истапираше, за волумен не баш вака буквално, али напред беше полна со волумен, и горе на темето, така што прамените однапред ги покриваа врвовите, а за да ги скрие корените напред носеше некое впечатливо венче. Така додека ја носеше (многу често ја носеше) не се забележуваше, а еднаш кога ја имаше сосем нормална, пуштена ептен се познаваше. Така да можеш да пробаш вака нешто Се надевам помогнав
Јас се фарбам на 5 максимуууум на 6 недели... од време на време кога ќе ме спотера нешто знам да го пуштам малку коренот, да го прескокнам при неколку фарбање. Мене ми е тоа скроз fashionable, малку потемен корен и мојата џинџер коса... на нет од прилика нешто што најдов би било вака http://ecx.images-amazon.com/images/I/4 ... SY300_.jpg јас лично би го носела и на други бои на коса, чисто за промена ! http://4.bp.blogspot.com/-5y7QI0RdbuQ/T ... +vogue.jpg
Прво каква боја на коса имаш ? И каква сакаш да ти дојде , поточно каква боја да биде долниот дел ?? Незнам што ќе ти е бланш, ако више сакаш тоа долниот дел да ти е бел тоаш океј, али за бланш нема потреба.
Farbanjeto e najgolemo maltretiranje, ne znam so koj um se nafativ veke necela godina ne mozam raat da bidam. Taa krava sto me ubedi ne treba muabet da i pravam veke. A najlosi farbi od forsiranite po moe iskustvo se Palette, dva pati i nikogas veke
Имам темна коса, омбре се прави во принцип со бланш на ваква. Како и да е, моето прашање не беше дали ќе ми се фати фарбата или бланшот, туку предлог за добар и за цена затоа што јас не можам да излезам од дома. Понатака јас ќе му ја мислам што ќе користам, дали ќе се правам дома сама или сепак на фризер. Битно ми е да ги имам сите опции пред себе.
Имам темна кафеава коса, а најмногу сакам руса, плава коса како Емилија Атијас и Мариа Еугениа Суарез
До сега не сум ја фарбала косата, ама ете ме фати мерак сакам да се фарбам, ама незнам каква фарба да купам, која е најдобра, имам ваква боја на коса и сакам да ја фарбам малку потемна. Која фарба би ми ја препорачале
Имам ставено црн колор шампон на косата пред една недела и сега сакам да се офарбам црна само незнам дали да почекам да ми падне скроз колор шампонот или сега да ја исфарбам вие што мислите? И btw ако може да ми препорачате добра црна фарба се мислам за syoss 1-1 еве оваа http://www.syoss.com.hr/syoss/hr/hr/home/boje-za-kosu/klasicne-boje/black0/crna.html
Јас косата не ја фарбам,ама летово сакав да испробам како ќе ми стои плав прамен на смеѓа коса.И офарбав еден прамен,ама после неколку месеци од како почна косата да ми расте почна бојата од праменот да се спушта надоле од коренот и секога смешно изгледа.Јас ти препорачувам да не ја фарбаш косата,поради неколку причини: -може да не ти стои убаво -да зажалиш -мојата ситуација -да ти се уништи косата(но тоа обично се случува од неквалитетни фарби и ако долго си ја оставила фарбата на коса) Затоа ти препорачувам,ако ептен нема некоја потреба да ја изфарбаш косата,немој,бидејќи може да зажалиш подоцна.
Веќе подолго време пробувам да ја добијам бојата како од сликата, но без успех. Ќе може некој да ми посочи некоја фарба? http://2.bp.blogspot.com/-cbjn9kO3Ox4/T0aMQnuR3OI/AAAAAAAAF_c/_CJbmwXK3l4/s1600/long-red-hair.jpg
мошне тешка нијанса си одбрала еден совет отиди си на фризер од еднаш ќе ти ја направат така бојата ,парите што ќе ги дадеш во домашни услови ќе ги дадеш само еднаш на фризер со брзо и едноставно и помалце оштетена коса сепак ти си знаеш
Па можеш да ја исфарбаш косата црна и сега иако имаш колор шампон А колор шампонот паѓа многу побрзо од фарбата така да ти како си сакаш Јас сум долгогодишна црнокоса и од Сајос фарбите сум задоволна , но мене лично ме пржеше коата од фарбата дали е до хидоргенот незнам , Гарниер од најновите ми е најпогодена , само што немаат они теѓет-црна , незнам каква ти сакаш да ставиш. Од Палете не сум задоволна бидејки многу ја суши косата. Можеш да пробаш или Гарниер или Сајос
сакам плава коса, сакаам плаваа косааа, сакам плааааааавааааа коса и незнам дали да ја исфарбаам видете колку добро стои и кажете ми дали може да се постигне одма ваква боја на коса само со 1 фарбање иначе имам кафеава ни светло ни темно нешто измеѓу доста се
епа женска за да ја постигнеш оваа нијанса ќе треба да употребиш бланшеви триста тракатанци на фризер а за да експриментираш дома не би ти препорачала, доказ имаш во темиве како повеќето девојки експриментирале и резултатот не бил добар а и од фризер зависи, треба да си одиш кај некој што се разбира, мора да бидеш задоволна од резултатот кога ќе се видиш