Имам средно кафена коса сакам да ја осветлам не плава темно плава некае мед боја, ама и да не ја оштетам многу има таква шанца? Немам скоро никакво искуство со фарбање и ако може некој поискусен да ми пише лп како да ја добијам оваа боја? Ваква боја нешто сакам Спојлер
Jaс мислам да ја ишатираш со медови бои во неколку нијанси а после барем еднаш до два пати да ја офарбаш.Незнам мое мислење е ова,зошто јас нијансите сум на мојата коса сум ги добивала на овој начин.Јас од темна коса си направив да имам медова боја вака постепено постепено за неколку месец. Ако се правиш во домашни услови јас знам за вака,а ако одиш на фризер ич не му ја мисли таму ќе те средат одма .
Има некаква врска ако се исфарбам , а имам добиено. Еднаш имав добиено се фарбав со Интенсе фарбите и не ми фати , се мислам дали беше до фарбата или до тоа што имам :/
Не е препорачливо да се фарба косата за време кога имаш добиено поради хормоните. Јас еднаш така пробав и воопшто не ми фати бојата
Нее нема шанси да фати , и фарба да ставиш врз црното нема да фати , а не па колор шампон. Ако сакаш да бидеш црвена , само бланширање на фризер и потоа фарбање со црвена боја
MejkApGirl не заборавај да пишеш како ти испаднала црната боја на Лонда особено тегет сјајот ,потврди дали е вистина тоа што го пишуваат за фарбите Лонда дека траел тегет сјајот и бидејќи не ми одговорија во другите теми во врска со к'ната тука ќе прашам ,дали може после некое време фарбање со к'на да се стави врз к'ната фарба црна ?
Мислиш на плава к'на или ? Мислам дека без разлика со каква к'на си се фарбала црната фарба ќе покрие Може да е проблем од црна кна да се фарбаш плава ама обратно не верувам
сакам да си ја бојадисам косата руса. Арно ама, сите ме премислуваат, велат дека многу ќе си ја оштетам косата и ред други работи. Ќе може ли во кратки црти некоја од вас да ми ги каже добрите и лошите страни на фарбањето?
Лонда дефинитивно е следна на листа, можеби не деновиве бидејќи сум зафатена, но за најмногу една недела ке се исфарбам и ќе пишам за лонда како испадна, а после одреден период ќе пишам дали се задржал тегет сјајот. Сега бидејќи само сајос сум користела, веќе два месеца, можам да кажам дека теѓет сјајот ми траеше само првите 2 недели од фарбањето и после ништо, а дека само на коренот се фарбав, сега приметувам дека врвовите ми се бледи и морам и нив да ги поминам со фарба П.С. тоа за к'ната незнам :/
Косата дефинитивно ќе ја оштетиш, после капење ќе изгледаш ужасно, како мене и како и сите други плавуши. Но за миење на косата, мора да користиш регенератор или маска за коса за да ти омекни влакното, шампон за омекнување на влакното (шаума кремовиот или црвениот за фарбана), ќе пробуваш да ја сушиш на природен начин без фен, и потоа обавезно ја пеглаш, и ставаш силиконски капки за влакното да не изгледа изгорено туку да добија малку сјај.. Има и капсули за плавуши, тие се 80 денари една, се користи таа едната на 2 пати, на пола, 2 пати во неделата. Треба да ја фарбаш цела коса додека на врвовите или средината на влаккното не ја добијаш бојата која ја сакаш, а потоа 3 месеци ја фарбаш на секои 17 или 18 дена САМО КОРЕНОТ, да не ги гориш повеќе врвовите. И ТИ ПРЕПОРАЧУВАМ КУПИ СИ КЕНЕ МОЖИШ ДА ЈА КОРИСТИШ НА 2 ПАТИ; ИМА ГОЛЕМА КОЛИЧИНА (ама сепак зависи колку ти е долга косата).. САМО СО НЕЈЗЕ ЌЕ ГО ОТСТРАНУВАШ ЖОЛАТИЛОТО ВО КОРЕНОТ И ПОРТОКАЛОВИОТ СЈАЈ. Нијанса земи 15\17 мислам беше.. И не ја бланширај оти ќе треба да ја кратиш до корен потоа.... ДРУГО?
колку е ова вистина незнам ама кој сака да проба нека си прочита http://style.mnogoo.mk/mk/articles/frizura-na-denot/rusa-kosa-bez-bojadisuvanje руса коса без бојадисување
Mоментално имам ваква боја со Palette natural colors 750, а сакам ваква да имам Има некоја феминка ваква боја на косата, да ми предложи фарба, нијанса?
Каде ги има Лонда фарбите?? Освен во Веро. Ќе ја пробам тегет-црната, ама најдов само една, ми требаат две фарби.
Да ве прашам дали е подобро да се стави фарба на мрсна коса или нема никаква врска,сум слушнала дека било подобро на мрсна коса.
Најдобро фаќа бојата на мрсна коса. Мислам дека на секоја фарба тоа го пишува. Баш прочитај во упатството.