Можеш да ставиш кна, мене првин ми беше со фарба косата ама ја изгорев многу и почнав да ставам кна само да знаеш на кна не фаќа после фарба...
Не мислам да правам некоја драстична промена на бојата, од темнокостенлива на црна а и има можи 2 и пол месеци од ко ми е фарбана
Чудно ми е како некои имаат храброст да ја исфарбат пример во жар црвена. Ја не би можела. Може убаво да ми стои, ама ќе си пукнам од мака каејќи се да не сум утнала.
^Пинкфоревер ако сакаш да видиш како ќе ти соти црвена можеш да пробаш со колор шампон ако има во таква боја и после неколку миења мислам дека се измива. Ем за тоа време ќе видиш како ти стои, ем според коментарите што ќе ги добиеш за новиот лук ќе видиш дали ти одговара или не .
Луѓе јас отепав од барање Палете ххл ама неможев да најдам, со сета надеж отидов и во ТУШ ама и таму немаше Па така си купив фарба за коса од Субрина и плус бланш. Убави ли се црвените фарби на Субрина? Некој што користел ако може инфо
Пинкфоревер јас не би ти препорачала уште од сега да испробуваш фарби и такви глупоси . Ќе дое време и за тоа .
Откако знам за себе сум се фарбала црвено,само која и да е фарба, црвената боја останува до второто миење,после губи сјај и бојата добива сосема друг изглед.Најубава беше огнено-црвена од Палете,ама мислам дека и неможеш да најдеш зашто ги повлекоа од пазарот.Субрина не е лоша,иако најзадоволна сум со Еволушн,поиздржлива е од другите.
Луѓе да ви се пофалам, конечно станав црвена и убаво се познава! Ама заради тоа што ставив и бланш. Кога ќе се сликам ќе прикачам слика да видите, само малку посветло ми излезе на корените од бланшот
Не знам зошто Дарки ама јас можам да те замислам со црвена Најозбилно Како и да е чекам слика да ставиш да си ја потврдам мојата замисла
здраво девојки јас ја фарбам косата плава веке многу години ама за жал мене пигментот ми е темен така да секое мое фарбање не е светло бело туку жолто ми фака косата ве молам кажете некој совет што фарба да користам или што да ставам на косата сакам посветла боја не сакам жолта
Marilyn на лореал фарби има во Солун по 13 евра се, имало и во Космо(макар јас што не сум била) биле по 450 денари. ти што направи со игората?
Засега ништо, чекам месечниве хормони да се вратат во нормала Инаку за Лореалов, ја барав во Космо, ама од оваа серија немаа Фала сепак
Морам да си се пофалам со мојата тазе фарбана и нова боб-фризурка. Обожавам да си експериментирам со косата иако моите другарки па и дома вриштат кога ќе слушнат дека сакам да сменам нешто.Што да правам таква сум си,едноставно кога ќе се погледнам во огледало си мислам дека сум досадна веќе со иста фризура и боја...(ма да често ја мењам и пак неможам да и најдам нзс)...Досега уште што не шлакнав на косичево,среќа што уште не паднала хихих.Само можам да кажам дека плава е голема обавеза и јака им душа на тие што ја одржаваат...ем си ја испогореф косава ем си изнададов пари за фарби (уште какви не пробав,пак на жуто си маваше) ...башка подраснал коренот па ајде одма фарбај се ...одма превзедов мерки и оп одма на црно(тегет) ...шлаааккк... и ова да напоменам и сите должини ги испробав,кратка,долга,степен,рамна,средна....најдрастична промена ми беше од долга црна до половина на кратка кец и плава ... хухух сега сум бордо-црвена и со популарното боб-фризурче
И ти испадна посветла???и јас сакам да ја извадам црнава,купив деколоратор,ама со 75 мил пишува дека треба хидроген.
Планирам да се фарбам за првпат,.... мојата коса е некојаси нормална, кафена боја... не ми е нешто посебно,... е сега, сакам нешто како чоколадна кафена слично како типкава на сликата тоа што ме премислува е дека сум матурантка годинава,... па дали ќе ми стои убаво,... ако не ми стои дали ќе ми падне до матурска,... па ако не ми падне за на табло како ќе изгледам... претпоставка моја од се што гледам е дека најверојатно би ми паднала.... на крај краева, не одам од црна на русокоса,... туку само мала промена што мислите вие ?!