blabla000 нема шанси да ти се офарба плава косата од смеѓа и најсветлата плава да ја ставиш ке добиеш морков боја , оди си најубаво на фризер нека ти ја направат косата да не се мачиш дома и на крај краева ако не ти стои ке си се префарбаш пак смеѓа и готово
Е јас колку се нервирам што си ја бојадисав косата не можам да ви опишам . Златна боја на коса си имав светло смеѓа и се офарбав црна. И сега ми опаѓа црното ама до пола коса, а најинтересно е што и од врвовите ми е опадната бојата и црното на сред глава ми стои буквално, не сакам да се погледнам во огледало . Се фарбав пред некој ден со гарниер ама не ми покри ич, црното уште си стои. Дајте ве молам некој совет не можам ваква да се гледам веќе.
Сакаш да си ја вратиш твојата боа на коса како што разбрав? Искрено еве и јас бев црнокоса и тешко е црното да се извади. Јас дури на фризер отидов да ме избланшира да ми ја извади црната боја од косата па да се исфарбам црвенокоса и на средината од косата не се извади ни со бланш значи мнооогу тешко само шишање му е мајката и по толку напор да бидам црвенокоса се откажав бидејк ии бев шарена со црното на среде коса и се офарбав темно кафена...
Деколорант срцка, иди Космо, Дм или било кај, ќе најдеш. Лесна процедура, брз ефект и најбитно далеку е од бланш и не оштетува, проверено. А после си раат Е сега минус му е шо е малце скапичко (мислам дека беше околу 700 ама не ме фаќај за збор не сум сиг.) плус јас ова го гледав одамна сега мислам дека има и поефтини... Ако стварно не можеш да ја чекаш да ти порасне мислам дека ова е лекот
деколорантите се околу 700-800 денари не сум сретнала поевтини кога имаш мака и ова нема да ти биде скапо добар совет од MилоMало и јас сум за
Косата ми е смега плава нема да ми стои знам а бела ама не баш многу светла бела ке ми стои ли дајте предлог ??...... Иначе имам другарка плава е фарбана ке и стои ли на нејзе белааа ?? heart.stealer -како сликата што ти е на фемина таква боја??
Луѓе, може ли едно малце смотано прашање? Се фарбав вчера, со Палете Делукс 800 (прекрасна фарба, косата ми изгледа супер и мирисот после фарбањето е совршен). Проблемот е што денес имам некои обврски и треба да излезам, ама малку челото ми е офарбано, па ме интересира дали има некоја финта да ја избришам. Инаку, темелно се миев, ама ете, останало.
многу е тешко да кажеме на слепо кога не знаеме каков тен имате, веѓи, очи неможам да ти одговорам туку така еве на пр за тебе бидејќи имаш смеѓа коса може ќе ти стои плава или бела сеа нез кои од овие две ќе ти стои поубаво зошто понекогаш има кај некои што им стои повеќе плаво од бело или обратно така да незнам да ти протолкувам пробај види со некои програми како TAAZ на пример таму имаш шминка фризура боја па ќе си видиш како најубава ти стои поз...
Може да пробаш и со медицински алкохол тој ќе ти помогне или како што погоре ти одговори феминката со пепел од цигара на памукце натопено во вода и малку повеќе триење... се надевам дека ќе успееш...
Женски вака сега. Сакам да си направам омбре, тоест не сакам јас да си направам, него фризерка да ми направи Може тука да ми препорачате некој со искуство и цена, или пак ако има некој што веќе има омбре направено од страна на некој салон, слободно да ми пише лп! Готово, му ја мислам веќе цел месец, сакам бе :geek:
Или со многу мрсна крема. Стави на местото, истриј го со памук и на крај отсрани го. И нареден пат пред фарбање, нанеси на челото и местата кои имаат најмногу шанси да бидат исфарбани и нема да имаш потреба од многу мака за да ја отстраниш вишокот од фарба
Јас за прв пат ја бојадисав косата скоро. И тоа пола-пола, така наречена омбре. Ама косава ми стана ужас. Незнам дали јас лошо ја третирам или не сум навикната дека прв пат ми е фарбана. Дај препорачајте некој добар регенератор да ја средам и омекнам малце, многу ми е дива и почна да ми се плетка, дури и да неможам да ја расчешлам ... И, се мислам да ја офарбам цела од корен мед боја некоја, дали ако и удрам фарба на цела коса ќе ми остане доле пак посветла? Не ми се смејте, немам искуство со фарбиве ама ич
^ Зависи од тоа каква фарба си користела и колку време си ја држела, а во поглед на косата, каква ти е од секој аспект? Дали сама или на фризер ја имаш средувано? Речиси секој регенератор е добар и ја измазнува косата. И маслата за коса во овој случај ти се добро решение. Обиди се повторно на дел од косата (нормално, после одредено време) и ако ти се случи повторно не би било добро да ја фарбаш.
Ја фарбав на фризер. Косата од секогаш ми била цврста и јака. Сега незнам стварно што и бидна. Пробав со секој вид на регенератор, од најефтин до најскап и буквално ништо ко да не ставам на косата. Пак ми е таква сува и ми се плетка. Единствено немам пробано некои маски што се за фарбана коса, ако има некој искуство нека ми препорача некоја. Регенератор што сум го користела пред да се фарбам и имал одлични ефекти, сега воопшто како и да не делува. Имам капки и од Авон, за сува коса, против пукање на врвовите и од Орифлејм таа против горење. Значи што све не пробав и нема чаре.
Сакам да прашам нешто ... Се фарбав со syoss фарбата, и демек темно плава накај смеѓа ќе беше,но испадна портокалова и сега се фарбав со гарниер кафена како претходно но има пак некој портокалов или црвенкаст сјај и многу се нервирам сакам чисто кафена без никаков сјај. Како да ја добиам таа боја ? А и друго, дали можам да ја отстранам фарбата од косата пошо гледав во космото тука во кавадарци дека имаше Remover на фарба, но го затворија ... Дали можам да отидам на фризер и да ми ја отстранат бојата од косата?