Бојадисување на косата

Дискусија во 'Коса' започната од magic, 23 декември 2009.

  1. OmniaVanitas

    OmniaVanitas Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2012
    Пораки:
    1.460
    Допаѓања:
    1.483
    Како што напишав, обиди се со масло за коса. Како што опиша, на косата и треба мрснина, а тоа нема да го постигнеш само со регенератор. Маслиновото масло е добар избор. Рицинусот ја подобрува структурата на косата и од таму и тоа е добро. Во твојот случај прво маслиново, па ако не успее обиди се со некое друго (иако не верувам дека нема да успее).

    За ова имам објаснето претходно. Нијансата на твојата природн коса сигурно била темна и за да го постигнеш ефектот на руса коса, голема грешка е да се фарбаш директно со нијансата која ја посакуваш. Во тој случај структурата на влакното добива шок и не може да се адаптира добро кон толку светла нијанса.
    Затоа, нареден пат консултирај се со фризер пред да ја направиш истата грешка.
    За сега, исфарбај се со нијанса на светло кафеава боја за да не одиш портокалова.
    Откако ќе помне одреден период, постепено за нијанса/две осветлувај ја косата (внимавај на временскиот интервал за да не си ја прегориш косата од фарбње). То тек на време, во зависнот од тоа која почетна нијанса ја имаш, ќе ја добиеш посакуваната. :)
     
  2. MejkApGirl

    MejkApGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2011
    Пораки:
    335
    Допаѓања:
    58
    Пред месец дена се фарбав со Лонда тегет црна, и уште ми стои тегет сјајот, стварно се воодушевувам, можеби и шампонот и регенераторот на Лореал за обоена коса дава некоја потпора.
    Инаку сметам дека, Лонда дава убав сјај над некоја друга фарба претходно користена на косата.
    На пример пред лонда користев сајос, но бидејќи веднаш му падна тегет сјајот, над неа се исфарбав со Лонда и сега е многу подобро.
    Дефинитивно ќе продолжам да ја користам :)
     
  3. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    19.000
    Допаѓања:
    108.575
    Пол:
    Женски

    Јас чекав ти да пишеш за Лонда фарбата па да ја пробам ако си задоволна. Тогаш штом си задоволна, да ја барам кога ке дојдам МК :)

    [​IMG]

    оваа ли е таа ?
     
    На MejkApGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  4. heart.stealer

    heart.stealer Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2012
    Пораки:
    1.016
    Допаѓања:
    278
    можеш ли да ставиш слика како ти е испаната и дали ќе има поубав тегет сјај од плаво на црно или нема врска ? сакам да имам потегет сјај од онаа фарба што ја има ставено коритсаки
     
  5. homealone

    homealone Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    1.286
    Допаѓања:
    361
    Пол:
    Женски
    И јас се фарбам тегет и ги користам ове две фарби и мн сум задоволна поготово на светлина мн се познава дека е тегет
     

    Прикачени фајлови:

    • фарба.jpeg
      фарба.jpeg
      Големина на фајлот:
      7,1 KB
      Прегледи:
      290
    • index.jpeg
      index.jpeg
      Големина на фајлот:
      6,8 KB
      Прегледи:
      290
  6. OmniaVanitas

    OmniaVanitas Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2012
    Пораки:
    1.460
    Допаѓања:
    1.483
    И тоа како. Нормално дека на плаво (ако зборуваме за руса, а не сина :D ) ќе испадне со потгет. Иако можеш да ја измешаш со светла нијанса за да добиеш посветла нијанса на тегет но не е којзнае колку препорачливо од ризикот каква би излегла. Или да се обидеш на едно праменче пред целата коса да си ја упропастиш.


    Нема да погрешите со Londa. Ги имам користено и од сите (а ги испробав речиси сите марки/фирми и како и да се) и останав најзадоволна. Испаѓа како на сликичката ( :D ) што не е мерило но сепак очекуваш да ти биде како на пакувањето, стои и не се измива толку брзо како останатите фарби.
     
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.
  7. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    19.000
    Допаѓања:
    108.575
    Пол:
    Женски

    и јас сум ги пробала овие , од сајосот сум садоволна само зашто убаво се познава тегетот но навистина брзо паѓа бојата , а палете многу ми ја изгоре кожата на главата последните два пати и сега сакам Лонда да ја пробам :)
     
    На homealone му/ѝ се допаѓа ова.
  8. MejkApGirl

    MejkApGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2011
    Пораки:
    335
    Допаѓања:
    58
    Kortsaki, да таа Лонда.
    heart.stealer ,кога се фарбаш од плава - црна, повеќе ќе мава накај сина, тврдам, зошто мојата коса е посветла од таа на мајка ми, нејзината е природна црна и се фарба тегет црна, и тегет сјајот воопшто не е видлив, сосем малку, а кај мене е супер.
    Инаку за Палете, не се осмелувам некако да ја пробам, ми се чини пресилна фарба, и ми е страв да не ми опадне косата повеќе од неа.
    Можеби кај некој е супер, но јас немам храброст да ја пробам. Ќе си останам на Сајос и Лонда.
    За некој ден повторно ќе се фарбам (коренот ми е видлив) и ќе постирам во темата Вашата коса преку слики како изгледа :)
     
    На heart.stealer и koritsaki им се допаѓа ова.
  9. Felicia

    Felicia Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2012
    Пораки:
    145
    Допаѓања:
    56
    Како ви излегува тегет сјај од Лонда?? :devil: Кај мене немаше ни Т од тегет сјај.
    После 3-4 недели од фарбањето со Лонда воопшто не сум задоволна, уште од втората недела почна да се измива бојата на кафеаво! Тоа не ми се случувало со некои други фарби како Сајос на пример и Палете кога ја користев пред доста години.

    Палете имаат нова формула (со течен кератин, поинтензивни и до 50% траат повеќе боите) ми изгледаат многу привлечно :D
    [​IMG]
    А јас жива не сум ако не испробам, така да деновиве планирам да се фарбам со оваа.
    Ќе се сликам пред и потоа па ќе видиме како ќе се покаже.
     
  10. OmniaVanitas

    OmniaVanitas Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2012
    Пораки:
    1.460
    Допаѓања:
    1.483
    Имам многу пишувано за квалитетот на Palette. Ниту се трајни, ниту се квалитетни. Можебо порано линијата на Pаlettе било поим за фарба, но одамна не е така. Се имам и јас фарбано со фарба од нив (одамна) и морам од ново да напоменам дека квалитетот тогашен со сегашните - паа, нема споредба. Од крајност во крајност.
     
  11. loki.c9

    loki.c9 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2012
    Пораки:
    478
    Допаѓања:
    201
    од црна како да добијам кафеава? фала
     
  12. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    19.000
    Допаѓања:
    108.575
    Пол:
    Женски

    само на фризер :) немој да се обидуваш дома да ставаш бланш или деколорант бидејки само ке си ја уништиш косата оди на фризер тие ке знаат да ти ја направат како што сакаш :)
     
    На loki.c9 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. heart.stealer

    heart.stealer Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2012
    Пораки:
    1.016
    Допаѓања:
    278
    не мора да значи дека не се квалитетни палете фарбите секоја фарба си има своја приказна како и секоја коса, на некои му годи гарниер, на некој палете, на некој лонда ,не треба така да ги прoценуваме фарбите додека не се проба неможе да знаеме која фарба ни годи која не, еве на коритсаки е осетлива на скалпот од палетето а пак мене баш ми годи таа фарба а ниту пак ми ја гори косата а и немам некои реакции и највеке ми трае бојата од палете и кога бев црна и сеа кога сум плава затоа не мора да значи ,секој ќе си увиди што косата сака што не сака :)
     
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.
  14. OmniaVanitas

    OmniaVanitas Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2012
    Пораки:
    1.460
    Допаѓања:
    1.483
    Не зборувам за добра или лоша, зборувам за квалитет на фарба. И не пишувам искуство само од мене туку и од оние кои користеле. Пријателка дојде само што фарбана на еден семинар од една недела за после 3-то миење на косата и покрај бланшот, да и падне целата фарба и да се познава бледило од фарбата која ја ставила. Си кажа и таа дека да имала повеќе време ќе зела некоја друга фарба, а не Palette.
    И уште една познаничка се пожали со истиот проблем.

    Друг случај, изгорена кожа.

    Трет случај изретчена коса (особено со русите нијанси).

    Не се работи само за мене, туку и за оние кои ми се пожалиле.
     
  15. littleflower

    littleflower Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2012
    Пораки:
    712
    Допаѓања:
    1.487
    Прашање до црвенокосите феминки, советувајте ме некоја квалитетна црвена фарба која не опаѓа и не го губи сјајот брзо... нијансата би сакала да е нешто вакво..
     

    Прикачени фајлови:

  16. OmniaVanitas

    OmniaVanitas Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2012
    Пораки:
    1.460
    Допаѓања:
    1.483
    Од Londa, Aroma Intense ги имаш проверено нијансите?

    Инаку тука можеш да пронајдеш повеќе соодветни одговори ;)
     
    На littleflower му/ѝ се допаѓа ова.
  17. blond.bunny

    blond.bunny Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    255
    Допаѓања:
    122
    Не е до квалитетот на фарбите секоја коса е различна, и игра улога цврстината и пигментот на влакното.Јас еве првиот пат ми ја фалеа Тinta како најквалитетна , и сите што ја имаа користено имаа боја баш како што сакав јас.Ама ете јас си излегов портокалова, Evolution исто така фалена, восхитувана па на крај светло портокалова. И се консултирав со еден така помалку познат фризер што реши да експериментира на мене со Palette и конечно платинесто плава без користење на блнаш.
    Епа сега ретчењето на косата иди со секое фарбање,но има многу препарати што за месец-два ќе ја вратат во форма.
     
    На heart.stealer му/ѝ се допаѓа ова.
  18. OmniaVanitas

    OmniaVanitas Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2012
    Пораки:
    1.460
    Допаѓања:
    1.483
    И за ова имам објаснувано и тоа во неколку наврати.
    Нијансата на твојата природна коса сигурно била темна и за да го постигнеш ефектот на руса коса, голема грешка е да се фарбаш директно со нијансата која ја посакуваш. Во тој случај структурата на влакното добива шок и не може да се адаптира добро кон толку светла нијанса.
    Затоа пред да се направи грешка е пожелно да се консултирате со фризер.

    Со поминување на одреден период, постепено за нијанса/две треба да се осветлува косата (со внимавање на временскиот интервал за да не се изгори косата од фарбње). Со тек на време, во зависнот од тоа која е почетната нијанса, ќе се добие посакуваната.
     
  19. blond.bunny

    blond.bunny Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    255
    Допаѓања:
    122
    Не беше темна, но не беше ни нијансата што ја посакував, и не ја постигнав со ниту една друга фарба освен Palette , и нормално се консултирав со фризер пред моето прво фарбање како што објаснав и кажав која фарба ми ја препорача, а од Еvolution на моја пријателка од првиото фарбање и фати платинесто плава (без бланш) а имавме прлично исти природни бои на коси.Затоа сакав да кажам дека секое влакно е различно и како што напомена различно се адаптира , затоа најдобро е да се консултира со личниот фризер пред да се проба било каква нијанса.
     
  20. OmniaVanitas

    OmniaVanitas Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2012
    Пораки:
    1.460
    Допаѓања:
    1.483
    Мислев за тоа каква ти била твојата природна боја на коса, а не онаа посакуваната?