Не постои црвена боја која нема брзо да го изгуби сјајот. Пигментот на оваа боја е многу специфичен, па затоа и бледнее побрзо. Имам пробано секаква црвена фарба. Последно нешто што пробав е пола Evolution и пола SYOSS измешав и се исфарбав. Убава е нијансата, но како што кажав трае доволно задоволувачки, онолку колку е што потребно до следно фарбање .. П.С. Кажете ми каде можам да најдам црна к'на и колку пари е?
ова сакав да и го кажам на омниа ванитас дека не е се до квалитетот на фарбата туку како ќе ти ја прифати косата фарбата а за ретчењето 2 3 влакна дали ми паѓаат на секое миење од палете а додека ја користев Aура пола коса ми ја снема а јас се чудев што ми е се додека не сменив фарба а за некој Aурата е совршена а за мене е катастрофална, ова сакам да го кажам дека јас сум од таа што палете не е толку лоша и имам пријателки што се задоволни од палете и си се фарбаат само со нив и ништо не им е имам братучедка што се фарба 4 години со палете и ништо не мењава па еве косата и е прекрасна ,јас имам позитивно искуство со фарбиве додека пак некои имаат лошо но тоа не е дека ако имате лошо искуство дека се лоши фарбиве туку косата е таа што диригира што ќе прифати што не мислам општо све скалп ,коса итн
ако сакаш квалитетна к'на на природна база ти е 800 ден во LUSH а ако сакаш поевтина на пазарче 30 или 40 ден беше кесенце јас сакам да пробам со к'на да се фарбам и ја прашав фризерката и ми рече дека не фарба со к'на зошто тоа што ќе го употреби треба све да го фрли зошто не се вадела к'ната а мене ми е страв дома да се фарбам
se soglasuvam so tebe i jas sum veke 15godini plava makica i jas probav da se farbam temno kafena i nikako ama bas nikako ne se bendisuvam samata jas sete drugi koj me poznavat rekoa deka mi stoi temno kafena ta deka crtite na liceto mi gi istaknuva ama za mene samata ne si se dopagam ......... i taka sum pak palava i mnogu mi je dobro i za to ima razni preparati za da se neguva plavata kosa i da izgleda ubava i prirodana i od togas resiv nikogas da ne ja smenam bojata za kosa ..,,
Јасно ми е се што сакате да кажете. Јас објаснив како стојат работите од многу личности. Дури премногу, меѓу кои и јас. А конкретно blond.bunny си напиша дека имала потемна нијанса на сопствената коса и дека не и фатила од тоа претходните пати. Башка, ако од претходните е фатило, а од последната ти фатила бојата, што мислиш колку повеќе хемиски реакции се предизвикуваат за да се доведе нијансата до посакуваната? Сум имала искуство со премногу фарби. И сум имала различни искуства (брзо паѓање на нијансата, различна нијанса од посакуваната) и порано и Palette беа добри, но како што кажав, последите години никој од оние кои ги знам не се задоволни од нијансите и фарбите од нив меѓу кои и јас. Значи, не е работава да ги нападнам туку да објаснам што не ми се допаѓа кај нив што и направив во претходен пост.
Јас за чудо се фарбав со Палете, зошто лонда немаше, потрошена беше црната, и морав палете црно сина, фала богу не ме пржеше скалпот, не ми ја исуши косата, добра ми се погоди. Задоволна сум
Ја испробав и новата Палете, и не сум баш задоволна... нема ни трага од тегет сјај Дефинитивно најдобра од овие што ги има кај нас по маркетиве, е Сајос...има најголем тегет сјај
Досеа најдобра према мене кога се работи за црна и варијации од црна Сијос исто, све друго е само добра реклама а квалитет никаков
Палете имаат нови фарби ? Мене веќе ми е страв да се фарбам со нив , последен пат кога се фарбав со таа палете делукс ме пржеше премногу што не ми се случува со др. фарби. Сега наредна опција ми е да ја пробам Лонда здравје кога ке дојдам МК овде ја немаме
Па како тебе никоја фарба не ти фаќа тегет сјај Се согласувам за сајос, ама грдо е што трае првите 2 миења и толку, барем кај мене толку траеше:/ Инаку видов и гарниер имаат една фарба со тегет сјај, па валда ќе ја пробам наредно.
Женцки вака, конечно си ја најдов идеалната нијанса на црвена, онаа фамозна што ја барам со години, арно ама.....фарбата е со поминат рок на траење Сепак, јас не сум јас ако не одам со глава во ѕид и ги зедов последните 2 фарби...зедов хидроген посебно, као барем тој да не е со поминат рок... Е сеа прашањето ми е, ако се фарбам со фарбава, што може да ми се деси? Има шанси да не фати бојата? Нешто друго? Ах јас ли... Благодарам за секој одговор, многу би ми значело. Поздрав.
Фала, ама бидна, кај јас ќе чекам со таква нијанса Со нов хидроген, косава никогаш немала поубава боја. Значи тоа со рокот .... не знам што да кажам. Инаку рокот до 2008 Арно ама, косава ми е лудница, најзадоволна до сега, а се фарбав со се живо и диво, од Кенне, еволушн, гарниер...најзадоволна бев од субрината, се` до вчера А фарбата некој тотален анонимус, венера, верона, нешо сл, бр.7. И самата сум изненадена што се` малите градови можат да понудат И така. Фала за одговорот.
Вчера заборавив да напишам нешто за фарбите на Субрина. Последен пат се фарбав со оваа фарба и едно гоолемо НЕ за неа , незнам дали и некоја др имала проблем , но мене луѓе главата ми ја испржи , буквално , значи како и палетето што нагласив истото и оваа , ми ја упропасти кожата на главата Крај веќе за Палете и Субрина!
^ Имаш осетлива кожа Од Subrina немав слушнато дека има незадовони се до сега. Да не имаш и онака проблем со кожата или да имаш црвенило низ скалпот? __________________________________________________________________________________ Инаку, не верувам дека тоа е датумот да истекување туку датум на производство. Не верувам дека некој би нудел фарба со толку истечен рок
Изгледа имам осетлива кожа , но некои други фарби не ме пржеле. Како и да е има многу фарби барем сега па ке пробам ке видам која највеќе ми одговара и не ми прави проблем
Koritsaki, мојт еден совет? Одмори ја малце главата, напати имам чуство дека секој ден се фарбаш, остави ја месец-месец и пол без фарбање, без хидрогени, природно нека се одмори, вака ко што тераш ќе си направиш поголем проблем, ќе станеш алергична на фарби, е после нема чаре немој, да ми замериш, само се обидувам да помогнам
А не само kate21 туку и јас некако забележав дека се фарбаш многу пати за мал временски период. Не е добро ниту за косата, ниту за скалпот, а уште помалку за твоето здравје со сите тие хемикалии. Издржувај барем еден месец. И сега за сега послушај ја kate21 и одмори го скалпот и косата од фарбање. И двете ти мислиме добро Се имаш обидено со колор шампон? Тоа е добла алтернатива. И со оглед на тоа дека имаш проблем со осетлива кожа, секогаш прави го оној тест за осетливост кој го пишува на секоја фарба. Можеби е и некоја алергиска реакција. Испробај ја фарбата на еден дел на кожата (најчесто тоа е осетливиот дел веднаш зад увото). Остави ја припреманата смеса која се состои од екстра мала количина да отстои 72 часа (нормално дека откако ќе ја нанесеш ќе почекаш 45мин до еден час и ќе го измиеш) и доколку ти се појави црвенило, фарбата не е за тебе.
Си направив глупост со косата Од темно кафена сакав руса, ја шатирав и ми фати колку толку, и после фарба и само кај коренот и кај шатираното а долу црно и шатирано и ептем е глупо и некоја помош што да прам ? (само не пак темно кафеава да ставам)