Мислам дека тоа ти е опцијата. Го имам пишувано ова многу пати со фарбањето на темна коса во плава (руса), но изгледа нема да пречи ако повторно и повторно го напишам Ќе си се цитирам бидејќи не можам да го пишувам секогаш од ново и посебно за секого (или да го ставам во потпис шега) Затоа тебе ти излегла целата шарена. За неколку дена и портокалова ќе бидеш. Можеш да ставиш некоја нијанса на посветло кафеава но како за почеток не повеќе од 2 нијанси посветла од твојата нијанса на боја на косата. После ова, постепено осветлувај ја со 2 нијанси посветла на секое фарбање.
Не , не сте ме разбрале , значи јас се фарбам секој месец , еднаш месечно И не од сите фарби ме пече кожата, досега од палете и субрина, сум се фарбала и со сајос, лореал, колестон, гарниер но не ми се јавило црвенило и нешто слично од нив. Како и да е , можеби треба да пробам некој колор шампон , а само ми е страв да не паѓа брзо бојата па да треба почесто да се фарбам
јас 100 пати ја сменив бојата на косата нормална ми е кафеава (ни темно ни светло ) , а се фарбам од 16 год , прво плава , црна ( 3 години бев црнокоса) па од кога забременив не се фарбав 1ипол година , потоа пак плава се фарбав , па црна , па црвена (за црвената бев на фризер ) , и еве сега темно кафеава. Ми викаат дека најубаво црна ми стои и летово планирам да се вратам пак црнокоса и веке никогаш да не ја сменам Кога се фарбав црнокоса бидејки и најдолго бев , само од Палете Делукс имав проблеми бидејки ми правеше проблеми на кожата и затоа се фарбав со други фарби.
Женски, а зошто вие што се фарбате потемни не се фарбате со кна? Не ја оштетува косата, а пак покрива бели влакна, ако ви е за тоа.
How do you keep up with your hair? (не дека јас сум поразлична со промените) Се збунив читајќи само Туку мислев за последниот пат. Мислам дека колор шампонот ти е добра опција. Не ја оштетува толку косата колку фарбата, а ќе фати со оглед на тоа дека ти е средно кафеава нијансата на твојата природна коса, па за потемна нема да имаш проблем. Башка ништо не губиш ако се обидеш. P.S. Можеби така ми се причинило со фарбањето. Брзо ми поминале месециве на форумов изгледа
P.S. Можеби така ми се причинило со фарбањето. Брзо ми поминале месециве на форумов изгледа [/quote] остај , знам дека одвреме навреме претерувам со ова менување на бои , таман сум рекла готово крај црна се фарбам и толку - ете пак нешто друго ке ми текне. Но веќе се испробав - црвена , плава и видов дека ништо не ми стои па крај треба да се стави црна ми е нај а и од што последен пат ја бланширав за да бидам црвенокоса- ја изгорев толку многу што морав од долга коса да ја ишишам боб и се уште имам метил како и да е , не е лошо да се проба и колор шампон
Девојки ај вие кои се фарбате кафени да ми препорачате марка на боја за коса од која сте задоволни. Не сум се фарбала до сега, имам светло кафена коса ама почнаа да ми се познаваат белите влакна. Еве ваква некоја боја на коса сакам : Spoiler
за чешање не сум приметила , но кога ке стаса за фарбање почува многу често да ми се мрси , и по миење не изгледа косата убаво , нема никаков сјај
јас сабајле додека патував со возот ми текна кога ќе се вратам дома ќе се фарбам и така бидна, си купив две фарби аура и си се исфарбав сама па ќе видиме што ќе бидне
Исто и мене, значи и да сакаш да престанеш да се фарбаш не можеш, бидејќи уште повеќе ќе почне да ти се мрси косата.
^ Можеш, ама треба да си многу упорна и трпелива. Да се скрати косата кратко, до раменици да речеме или боб фризурче, и да се почека 6 до 12 месеци за да израсне природната боја. Јас намерно се исфарбав кафеава, сакам да видам колку долго можам да издржам неисфарбана. Оваа е многу блиску до мојата природна боја. А природната си ја немам видено од 14 години. Барем да издржам до мај без фарба... И чисто ме интересира - дали косата е можно да расте побрзо без фарбање? За поквалитетно - нормално дека расте поквалитетно.
И јас се исфарбав кафена, многу е блиску до мојата природна боја, и не морам точно на 1 месец да се фарбам, како што беше со црвената. Единствена причина зошто се фарбам е бидејќи премногу ме чеша косата и многу ми се мрси. Иначе ќе издржев и подолго од 2 месеци без да ја исфарбам косата. Кога ќе почнеш нема назад.
(колку одлуки за промени сум направила додека сум се враќала од некаде... пуста досада ) Каква ти беше и каква се исфарба?
Кога те читав како јас да си се слушам сменав од црна до плава, па црвена, па сега два месеци сум кафеава dark brown - syoss, и така мислам да си останам, боичката е супер трајна, косата не ми е оштетена, и има сјај, а заради плавата боја морав да ја скратам -боб со напред врвовите подолги. сега се решив ке ја растам, малку промена
оваа кафеавата ми е моменталната боја. а ја имам испробано и другата за пофалба е кој сака да експериментира ја препорачувам, наместо класично црвена.
природна ми е костенлива се фарбав неколку пати црна па од кога ми падна бојата ставив па кафена и ми фати онака отсјај имаше кафен и сега кога ја исфарбав па уште малце ми е осветлена ама не е тоа тоа ,има во едни каталогчиња нешто како деколорант па се мислам да ставам од него па да се префарбам па во нешто посветло оти инаку мислам дека нема да ја добијам посакуваната нијанса, ама ќе ја добијам
ја има ли некој пробано аура велвет тон фарба и како е задоволен? јас земав ама незнам дали е добра да не ми ја изпржи косата поздрав
Некој искуство со фарбата на Палете - Dark Mahogany R2? Страв ми е да не испадне накај црвено па затоа прашувам