Излегува исто како на пакувањето но има мал проблем - премногу брзо паѓа бојата. Сепак на твојата нијанса би имало добар резултат, а за трајност, не ти гарантирам Или евентуално За разлика од Rubella fashion color, оваа е многу трајна, но зависи дали ја има нијансата која ја посакуваш. Башка што добро фаќа.
супер фарби ти одбрала OmniaVanitas и како што ќе ти пага бојата ќе ти се одразуваат сетлите нијанси и ќе ти испадне како шатирана бледо малце исто како на сликата што си ја одбрала ,ама тоа по 2, 3 месеци ако не ја фарбаш на секое фарбање цела, туку неизмерно да прескокнуваш месеци еднаш цела еднаш само коренот или ако планираш само коренот да го исфарбаш и да не се фарбаш веќе со тек на миење кога ќе излегува бојата убава ќе ти биде баш како што кажав како шатирана
За природна боја на плава коса најдобри се боите на Еволутион. Јас мешам пепеласти нијанси со бежови бои или лешник.
И јас сакам ваква Некој што имал успешна мисија , да каже која фарба , колку фарби треба за долга коса до половина Никогаш се немам фарбано , па сакам да си пробам а оваа боја одамна ми прави кеф
мими зависи каква боја на коса имаш ако ти е темно кафеава-црна колку и фарби да ставиш нема да ти фати , подобро е да одиш на фризер (бидејки и прв пат се фарбаш ) а бидејки имаш долга коса 2 фарби ке ти требаат
Си земав колор шампон утре ке го ставам А интенсе си земав боја темно кафеава планирам да ја офарбам после една недела,паа фала ви за советите и гудбај на црвената коса
Одлично. Сега останува дамо делот: со среќа И јас сакав црвена додека секој околу мене (па дури и од машкиот пол ) не се офарба со црвена боја. Одмори ја малку косата и после одредено време пак можеш да бидеш црвена. Чекаме резултати
Отприлика како на сликата е мојата боја на коса . Сакав по дома експерименти да правам па со надеж дека ќе можам сама ,бидејки би било за нијанса- две посветла од мојата , па сакав препорака за фарба . Ама изгледа фризерката не ми бега
Прееска во Тинекс видов пена за фарбање на коса..и на неа пишуваше трајна боја!!! па планирам да ја пробам деновиве
Имам смеѓа коса. На времето ја носев сина, па портокалова, па бела, виолетова, црна, па пак бела и ми беше премногу оштетена. Сега веќе две години ја носам црна, и користев строго Garnier. Не постои фарба која не ја суши и уништува косата. Последни два месеци ставам и носам црна хена од Еagle's и сум презадоволна затоа што не ја оштетува косата а помага и го забрзува растот, а и не се одмива како поголемиот дел од фарбите. Се раствора во мала количина топла вода и става на косата како и секоја фарба. Се држи 2 часа, а може и подолго, не е проблематично затоа што само ја храни, а не оштетува. + ефтина е, не е скапа. Има црна, кафеава и црвена.
Па за оштетување незнам што да ти кажам, фарба си е фарба , битно мене не ме пржеше кожата на главата како од обичната палете. Инаку (за палете зборам) бојата не е како другите фарби нели во туба , во една кесичка е како прашок , сите работи се kako прашак освен хидрогенот.Сите работи се ставаат во чашката се затвотра капачето и се мути околу 40 пати , се си пишува на кутијата. Потоа е баш како пена и се нанесува со раце , ниту четка е потребна ни ништо. И преубаво мириса составот (на овошја) Инаку Колестон нема во мк така јас знам , а Палете може да побарате мислам во парфимерииве Космо итн..Инаку јас ја земав од Грција околу 7 евра беше http://www.youtube.com/watch?v=EpfYlyPefNw
Трендафилке јас видов во оној што е кај Американ колеџ, за цената мислам дека беа окулу 310 или така нешто (не сум сигурна за ценава така да не ме држи за збор ).
Видов во супер Тинекс кај Годел беше 250ден. и многу ме заинтересира пошто на нејзе пишуваше ТРАЈНА боја