И јас истото го посакував,ама сватив дека не може освен со потемна да започнеш потоа секое наредно фарбање да си ставаш посветли нијанси а сепак ќе си имаш црвен отсјај
VivaLaMuerte домашно приготвени маски за коса на база на рицинус. Не си ги фрлај парите за отстранувач. Веќе кога си се намачила да ја направиш црвена, сигурно не ти станала толку досадна да мора веднаш да ја отстраниш. И можеш да ја покриеш но пак ќе има црвен сјај. И наназад напишав процес за покривање. Нема да успееш ако почнеш со посветла туку со потемна боја. Со оваа ќе добиеш портокалово (ама од она, недефинирано портокалово). Со потемното ќе ја имаш таа боја но ќе има црвен отсјај, што пак не е толку лоша опција.
епа и јас да пишам за мене нешто во оваа тема денеска конечно се решив после толку мислења двоуменња за промена на бојата решив и си купив pallete deluxe ве послушав вас и ја земав зошто нели убаво факала и тегет сјај има а да ве прашам додека барав слика да постирам ја начекав оваа слика на гугл ја има кај нас?
супер избор си направила , да знаеш дека навистина дава убав теѓет сјај и бојата не избледува толку брзо пиши ни за резултатот
девојки значи фарбана сум плава ама пред некои си две три недели имав ставено црвен екотон и сега имам некој црвен отсај,ме интересира дали ке ми фати плавото?
Не сум забележала. Иако, да знаев дека токму таква ќе испаднеше како на сликата, веднаш би се фарбала. Сега за сега повторно сум во потрага по ваква фарба. Најдов на едно место од нестандардните бои, за беља ја немаше токму таа боја. Појасни за каква плава пишуваш. Плава - жолто. или плава - сино (небо, тегет). Не може да ти помогнеме без да опишеш повеќе.
Пишав во др тема ама ај и тука се фарбав неколку месеци темно смеѓа малку посветла од мојата природна боја после тоа незнам кој ѓавол ме тераше да се шатирам или пак фризерката не сум ја погодила сега сум никаква со некои жолти или незз какви прамени,откако се шатирав февруари ништо др не сум правела само се шишав 2 пати демек да ми излезе тоа изгореното шатирано и прашањето ми беше каква боја ке добијам ако се исфарбам со некоја медова светла нијанса или пред тоа да ставам нешто за вадење боја ?
kala21 не си ги фрлај парите за вадење фарба. Секако е скапо средството за вадење. Башка, не верувам дека се работи за изгорена коса (бидејќи не напиша дека прамените се оштетени туку дека имаат чудна боја). Не знам каква нијанса на прамени си сакала да имаш, то уште веднаш да нагласам дека од темна нијанса, веднаш не се преминува на светла туку постепено се осветлува. А доколку наеднаш се направи промената, ќе добиеш добар ефект во првите неколку дена (и тоа е премногу), а понатаму ќе станеш портокалова (или некоја неодредено жолта нијанса). Препорака е постепено да ја осветлуваш. Со оглед на тоа дека е темно смеѓа, со едно или 2 нијансирања би ја постигнала нијансата која ја сакаш.
Со оваа се фарбав,планирав шатираните прамени да ми бидат кафеаво чоколадни ама жолти ми се и неможам веќе да се гледам ,инаку мн ми беше изгорена од бланшот затоа во рок од 2 месеци 2 пати се шишав и откако се шатирав страв ми е да ставам фарба
Лошо. Значи не е бојата во прашање туку со бланш е правена, што значи дека е оштетена. Добро е што не била целата коса во прашање. Почекај некое време. Во меѓувреме ти препорачувам да користиш маски за коса направени во домашни услови за да си ги вратиш изгубените делови од косата. За да не ја оштетуваш, колор шампон е добра опција. Не ја оштетува премногу косата, а сепак нема да ги имаш тие прамени на тебе. Или евентуално искористи го само на тие прамени, а останатиот дел остави го извесно време. Врз оваа нијанса мислам дека не можеш да добиеш мед - боја. Како што напишав, со осветлување на 2 пати со по две посветли нијанси (не знам колку ќе ме сфатиш, но ако е потребно повторно ќе напишам попрецизно) би добила таква нијанса. Но сега за сега не би ти препорачала фарбање. Сепак е многу краток периодот од бланширањето иако се работи само за прамени.
А каква боја да биде колор шампонот и од каде да го земам,инаку пишав тука претходно користев маслиново а сега кокосово масло,па едно време ја миев со шампон коприва во кој ставив пантенол и рицинус,па пак друг со ампули б6 и б12 и веќе 1 месец пијам таблети пивски квасец.
девојки дали денес да се фарбам со црна фарба или да чекам зошто веќе 4ти ден имам а 6 дена ми трае или нема врска може да покрие и црната иако имам ?
подобро почекај , бидејки еднаш и јас така за време на мензис се зезнав викам ај црна е ке ми фати но не било така некои делови се офарбаа некои не... пс-значи се реши да се фарбаш црна
Врз мојата светло црвена фарбана коса ја ставив оваа и добив потемно црвена Како и да е фарбата многу лесно се нанесува, многу убаво мириса и ја прави косата многу мека. Само што не фати А на коренот, темно кафен, фати потполно исто како на сликата
Сега видов дека си пишала. Не ја знам твојата нијанса на коса за да можам да ти препорачам со која нијанса можеш да започнеш. А и не дека има многу избор на колор шампони па ќе треба да внимаваш кога ќе купуваш бидејќи секогаш не излегува онака како што пишува туку потемно.
Читав во темата за колор шампони ќе побарам во ДМ па што биде нека биде ,по катастрофална боја од оваа што ми е сега не верувам дека ќе излезе,иако ме заинтресираа и палетте пените за фарбање,ама тие веројатно содржат повеќе хидроген од шампоните.Сепак ти благодарам
да се решив да ти кажам искрено, и црна не ми стои толку лоша и полесна е за одржавање сеа кога ќе ми текне дека можам по 4 месеци да се фарбам можам да замислам колку ќе ми порасне косата како луда кај и да е до гз ќе стигне
Па така е , црната е најлесна за одржување , и јас бев 5 год црнокоса се фарбав во триста бои и на крај пак така си се враќам здравје летово и јас ке се вратам пак на црна
јас не сум ги сретнала, инаку да ви кажам вчера се исфарбав и убаво ми фати бојата само сеа сум си чудна ќе ми треба време да се навикнам вчера косата ја миев саат време да ми падне вишокот фарба и никако неможеше и се сетив дека ќе ми остава црно на перницата и си се чудев колку косата ми се изретчила од фарбањето сеа ми е поретка а имав густа коса и од страв се префарбав инаку немаше да ја мењавам бојата