^ За тегет не знам, ама имав претходно пишано дека последен пат кога се фарбав црвена (одеше повеќе кон циклама) беше пред година и пол и уште не можам ниту да ја покријам, ниту да ја извадам бојата. Како за беља се офарбав само за да поминам Нова година за да не сум шарена на сликите. А сакав да ја извадам фарбата... и „ја извадив“, еве ја, уште ми е црвена на делови Истиот сјај го имаше постојано (и уште го има иако тоа понекогаш зависи и од влакното од косата) и се надевам дека и тебе ќе ти се погоди. Што значи, еднаш фарбање и раат си подолго време. Не верувам дека ќе е поразлично и со оваа нијанса
Благодарам што ми пиша, видов дека се многу евтини фарбиве па ме интересираше и дали се добри но штом тебе ти се погодила , не излегува лесно како што викаш се надевам дека и црната ке е добра ке пробам и ке пишам
Леле значи ако пратиш маж да купи нешто секогаш ке те за**е Го пратив мм да купи фарба за коса боја црно-теѓет а тој ми купил црна како и да е ја земнал оваа фарба и сега сакам да прашам дали ако ја исфарбам косава црна а потоа другиот месец црно-теѓет ке ми фати т.е. ке се познава ли синиот сјај???
сакам да прашам кој број е хидрогенот во фарбите на гарниер? зашо нема шанса да е 12%.купив бела фарба а бев шатирана да ми испадне у коренот посветла тоа портокалова ми испадна.и сега сум пред матура сакам да сум она скрос плавуша да ми биде,што мислите која фарба е најдобра а воедно кје ми фати убаво?
па се знае маж ако го пратиш до продавница за женски работи тој ќе ти земе све само тоа што треба не и јас еднаш го пратив мм до продавница и знев дека ќе ми утне и од тогаш никогаш повеќе ,само за јадење ги бива да купат а вака козметика нешто нема шанси да погодат
паа, јас не би пратила никој друг да одбере нешто за мене. Знам дека кога ќе направам нешто, јас ќе сум одговорна за тоа, а не некој друг па нема да имам причина да „расипувам“ нечиј туѓ ден А да ја смениш фарбата? Од каде и да е купена, доколку чуваш црно на бело, да објасниш дека е купена погрешна нијанса и само да ја смениш во нијансите? Не би ти препорачала да експериментираш, онака, колку да ја потрошиш фарбата...
вчера приквечер бев во супермаркетот и ми кажаа дека можам да сменам нијанса , но немаше од ниедна марка црно-теѓет моментално јас гледав од палете но се потрошила и +парите нејкеа да ми ги вратат и сега незнам што да правам , дали да ја поклонам на некој не ми се ризикува да се исфарбам
да ти кажам паметно ти е тоа! јас имав специфично костенлива и убава боја, ама пустото да се исфарбам и се зезнав и сега веќе еднаш ако се офарбаш мора да не речам редовно...
Ти препорачувам да не ја искористиш. Си поминала толку време за да ја добиеш оваа нијанса па сега за една фарба ќе си го расипуваш меракот.
OmniaVanitas гледам дека имаш добро познавање со фарбиве,па би те замолила за еден совет.Природната боја на коса ми е костенлива,сакав да ја осветлам да добијам медова боја и се фарбав со Палете лајт блонд(згрешив).Коренот ми доби една чудна нијанса на златно-жолта и воопшто не ми се допаѓа Освен целосно фарбање со потемна фарба друго што може да се направи?
Minnie287 си се цитирав и искористив мое мислење за да не пишувам од почеток. Иако овде се работи за осветлување, а не за руса коса. За неколку дена целата коса може да добие портокалова боја. За друга опција: можеш да размислиш за колор шампон но овојпат нијанса до две посветла од твојата природна боја на коса. Бидејќи не ја знам твојата нијанса (освен од опишување), не можам да ти посочам каква нијанса од колор шампон да земеш. Повторно искористив мое мислење кое е слично. Наместо фарбање, можеш да користиш колор шампон кој е без амонијак и оштетувањето на косата ќе биде значително помало во споредба со фарбите.
^Ти благодарам Омниа.Во право си,денес гледам коренот си добил портокалова боја.. Според тебе сега која е најдобра боја на колор шампон да ја ставам да се покрие бидејќи деновиве немам време за на фризер.Ти благодарам однапред.
Не пиша каква боја на коса имаш сега Ако ти е кафеава тешко да добиеш ваква боја и со најсветлата фарба на светот (со едно фарбање)
Пишав дека не ги знам нијансите на твојата природна боја и бојата која ја имаш сега за да можам да ти посочам кон конкретна нијанса на колор шампон. Можеш да се обидеш со нијанса која ќе биде на средина од твојата природна и бојата со која се имаш фарбано. Или две нијанси посветла од твојата природна боја на коса. Вака „на слепо“ толку можам да ти помогнам. Не мора да се од тебе, но ако сакаш, можеш да ставиш слики од интернет од коси кои ја имаат нијансата која ја имаш ти за да можам попрецизно да ти посочам
За плави фарби користете само СУбрина 30/3 или 30/30 врска неам како идеше со тројкиве ) ... 100 и 20-30 денари е... не ја оштетува косата