да ама после неколку миења бојата опаѓа и се затемнува.истото се случува и со сајос боите.дефинитивно најубави се игора,еволушн и кеуне али не се поевтини од 350
Не, не јас користев една година и ако не беше таа фарба незнам која ќе ја употребев Палетето е супер али многу ја гори косата. Иначе субрината е одлична
Ниедна, нема шанси со гарниер или било која друга боја која се продава по маркетиве, само фризер кој знае што прави.
никако неможам да си ја оправам косата како што ми беше , значи се немам фарбано ама имам ставано сама бланш на косата и нели ми обеле на тоа место како прамен ми беше и и ставив црвена фарба на тоа место ама ми се одми и сеа затоа што цела македонија девојчињата со степ си ја бојадисуваат косата ај и јас да пробам и пред 2 месеца ја бојадисав и уште ми стои црвена и никако неможам да ја тргнам ај ве молам ако некој знае како да ми се тргне тоа затоашто уште малку ќе биде матура и неможам ваква да идам
оди најубаво на фризер , ем фризерката ке ти каже како тоа може да се извади , а зашто едноставно не си ја офарбаш косата? можеш иста боја да ставиш како твојата боја на коса природна па да ти добие и сјај косата
може ама ме страв да не ми стане косата како сено зошто имам дугарки што ја фарбат косата и сега некако безживотна им е и поретка
напротив , само на косата ке и дадеш сјај со фарбањето , а од бланширањето косата станува ко сено можеш да си земеш некоја фарба без амонијак тие се послаби за тоа црвеното прашај фризер таа најдобро ке знае што да правиш
Девојки.. едно прашање Косава ми е средно густа, и по должина до под градите. Прашањето ми е дали за фарбање ми требаат 2 или 3 фарби? Кога ми беше пократна употребував 2 фарби, страв ми е сега да не не ми стигне.. да си земам 3 за секој случај?
па ако ти е многу густа косата би требало 3 фарби а ако не ти е тогаш 2 ти се доволно зошто јас ја фарбав со 2
Како што ти препорача koritsaki, обиди се со фарба која е без амонијак. Или колор шампон (што е варијација на фарба без амонијак, но со помалку „штетни хемикалии“). А од едно фарбање косата не може да ти стане сено. Доколку се фарбаш повеќекратно и тоа не го правиш на правилен начин и со фарба која не ти одговара, веќе тогаш има големи шанси да ти стане како сено. Премногу хемикалии на едно место. Две треба да ти се сосема доволни. Како што напишала и heart.stealer. Фарбата во едно пакување е предвидена за просечна коса која се смета до (околу) рамената. Доколку претераш може да имаш и несакани последици бидејќи е предвидено колку „хемија“ може да претрпи организмот. Откако ќе комбинираш две, правиш двојна реакција. Можеш да замислиш што би можело да се случи со три. Сепак, твој е изборот. За секој случај земи си и трета и доколку е неопходно, потоа раствори ја и неа. P.S. Користам „хемија“ или „штетни хемикалии“ за да не мора да ги разглобувам состојките на фарбите и да ја правам „голема“
Здраво феминки, не знам дали има ваква тема ако има слободно избришете ја Имам 15 години и од септември ке бидам прва год средно, имам кафена боја на коса, и сакам да ја исфарбам во посветла нијанса. Меѓутоа не сум сигурна дали е време тоа да го направам? Вие што мислите? Да се фарбам ли?
Си ја уништов косата, ве молам помогнете ми. Значи зедов посветла фарба сега, и сеа само коренот ми е светол другиот дел од косата ми е темен. Ако се исфарбам пак ќе си ја уништам скроз косата. Значи не можам да си ја гледам.
Девојки, низ форумов и веројатно низ темава кружеше еден многу едноставен и практичен совет кој помага да се заштити косата од горењето при бојадисување, а со тоа и да се избегне ефектот "слама". Премачкување со чичково масло неколку часа пред бојадисување и нанесување на бојата врз него. Инаку за оправање на бојата најубаво на фризер...
spored mene sslobodnoo jas na 14 godini ja farbav i ja osvetluvav.. edno vreme kraevite mi bea ccrveni,ednash zeleni i potoa plavi.. taka samo napred.
Како сакаш , јас тогаш прв пат се исфарбав и не се покајав , косата кога ми е фарбана има убав сјај Инаку би ти препорачала да одиш на фризер како за прв пат бидејкии сакаш да ја осветлиш , ако ставиш плава на пример ке добиеш портокалова боја Така да најубаво на фризер тие ке ти одредат каква нијанса ке ти одговара