какои да е ако се фарбас амо на фризер е сега после твојата одлука и земиси кај фризерот некое мислење и фарбајсе
На 15 год. да си ја штетиш косата ? Верувај ми, ќе си ја уништиш целата коса. Фарбите се чиста хемикалија. Знам дека си млада, сакаш да експериментираш, ама имаш многу други начини. Јас на 15 плетенки си правев.
Не знам за каде е прашањево.. Овие фарби навистина се повлечени од продажба? До кај што прашав нема или се останати само црвеникави и плави (кафена се фарбам јас, најчесто ја земам првата или третата). Ми рекоа ќе ги немало повеќе не се произведувале. Битолчанки, да има некоја видено некаде сега брзо?
Здраво. би ве замолила за ваше мислење и совет. Овоа е мојата боја на коса , сакам да ја осветлам за неколку нијанси би сакала нешто ваква боја на коса Дали ке успејам да ја добијам таа боја на коса, каква боја на фарба би ми била потребна. Ви Благодарам ...
Не непиша никаков друг податок. Каква е твојата нијанса, која е нијансата со која се изфарба, каква фарба користеше, колку време ја држеше? Објасни ја постапката за да се обидеме да ти дадеме совет. Ќе немаш никаков проблем со осветлување. Како што можам да забележам, твојата природна нијанса е светла и не е многу поразлична од онаа која си ја навела. Не можам да забележам која е твојата вистинска нијанса заради блицот од апаратот. Но ако е токму таква, можеш слободно да ја осветлиш со две нијанси посветла. Не би требало да има проблем
Јас таман ја осветлив и сега па ме фаќа иштаф за црна коса. Па што да правам највеќе си се свиѓам со црна
За сите што сакаат да ја отстранат потемната фарба и да добијат посветла боја...Од светло црвена се фарбав средна кафена но така добив само темно црвена боја. Купив деколорант околу 230ден. Ми кажа продавачот пошто тој беше 25грама да го размешам со 50гр. хидроген но не послаб од 9%. Јас си пробав на два прамени еден со 3 а друг со 9% а резултатот беше потполно ист. Затоа го помешав со 3% и повеќе од 50гр и го намачкав на цела коса освен на подраснатите корени(кај што ги имав поминато пожолтеа скроз) Чував само 20мин и измив. Оваа постапка мислам дека е попаметно да се прави на 2 пати по пола коса бидејќи последните прамени одоздола што ги поминав не излегоа исти како со предните од каде што почнав. Косата ми дојде посува но не многу. После еден ден се исфарбав со субрината помешана со втората само 1/4 И си добив ваква
По долго размислување дали да ја искористам црната Гарниер што ми ја купи мм по грешка или па да си купам црна-теѓет боја ја избрав сепак втората опција.. Си земав фарба што и пред 2 год ја користев последен пат Echo Blue-black но не бев задоволна бидејки не се познаваше многу теѓет сјајот. Сега видов смениле кутија па реков можеби смениле и квалитет Спојлер Фарбиве овде се дупло-тродупло поскапи од Мк па здравје за еден месец ке си се снабдам со фарби за преостанатите месеци Ке се фарбам на крај на мај па ке пишам за резултат.
Jas si napraviv obmre konecno nemam zolt koren i izgoreni zavrsetoci...kosata mi izgleda zdrava ...za poveke soveti za bojadisuvanje moze da procitate na ovoj srpski sajt :http://www.uelementu.com/content/saveti-za-farbanje-kose-kod-kuce , dokolku vi treba nesto da vi prevedam ili soveti kako da postignete ombre izgled ke vi pisam i kaj koj frizer bev vo Skopje . Pozdrav
Имам црна коса. Поцрна не може да биде Е сега сакам да почнам да ја осветлувам. Значи се знае дека нема веднаш русокоса да станам ама барем потемна кафена да ми фати. Која е постапката освен само со фарба оти знам дек цела нема да ми фати шарена ќе биде
штом ти е црна косата нема шанси така да ти фати од едно фарбање дури и најсветлата фарба да ја ставиш , а ако ставиш кафезва само коренот ке ти фати..а фарбана ли ти е косата црна или не? како и да е, само на фризер со деколорант или бланш може да се осветли па тогаш да ја исфарбаш ,немаш др. избор.
да знам фарбана ми е пред 2 месеци некаде ама само колку да добијам сјај. е сега викаат бланшот дека многу ја горел косата, а со деколорант немам пробано. ја оштетува косата?
Нема да ти ја оштети деколорантот, ќе биде само малце посува но тоа се средува лесно со некое масло, било какво имаш во моментот. Види пред една страна го постирав мојот резултат
бланшот многу ја гори косата а бидејки тебе косата ти е црна треба подолго време да го држиш на косата зашто црното не се вади лесно , па така да како слама буквално ке ти стане така да најубаво е с деколорант да пробаш
Или да почекаш уште малку па потоа да почнеш да ја осветлуваш. И не е точно дека деколорантот не ја оштетува косата. Ако ја остава косата сува, повеќе од очигледно е дека ја оштетува. Е сега, спомена дека за сјај ти била црната фарба, што значи дека имаш природно темна нијанса. Во овој случај деколорант нема да ти помогне и џабе ќе си ги фрлиш парите. За тие пари кои ќе ги фрлиш во домашни услови, моја препорака е да отидеш кај добар фризер/ка и да ја средиш без мака. Доколку сепак сакаш во домашни услови бидејќи и на фризер нема голема гаранција дека нема да ти ја оштетат косата, повторно ќе се обидеме да те водиме низ осветлувањето со совети
се изфарбав и неверојатна ми испадна бојата премногу убаваа како таа на сликата што ви ја пратив а се фарбав со две гарниер 8 и пола игора 11.1
епа значи вака - денеска купив фарба тегет црна за мајками и кафена за мене. се фарбав црна па после некое време ставив кафена на гарниер, па после па се фарбав со аура кафена па ја осветлив и ми испадна ко кафена ама врвовите се шарени и сега се мислам дали да се фарбам со кафена или црна, сакам па црна да ставам пошто сите ме бендисуваат со црна ама па после тешка е за вадење. што да правам со каква да се фарбам? Јас мислам да ставам сега од кафената па ако не ми се свиѓа да ставам црна ама на 25 мај сега сум на матурска па да не ми дојде многу брзо фарбање два пати во 1 месец, затоа незнам со каква да се фарбам дали црна или кафена? еве ги фарбите што ги купив, ми рекоа ако се предомислам да ја вратам ќе ми дале црна
ако косата ти е шарена и како што разбрав претходно си се фарбала црна па нели потоа кафена си ставила , подобро не се фарбај кафеава бидејки нема шанси целата коса да се прекрие т.е. пак шарена ке ти биде (заради црното - тешко се вади и прекрива) стави си црна па потоа по матурата ако сакаш да ја осветлиш само на фризери бидејки црната тешко се вади. Јас бев на фризер демек скаав црвенокоса да се правам ми ја бланшираа се изнададов пари , ми ја оштетија косата а и плус на многу делови од косава не се извади црното.. и сега пак се вратив црнокоса