^^Мене ми се топ, 10 нијанси имам земено, само по нив посегнувам кога се шминкам, nudes нијансите за преку ден се совршенство, а темните за ноќни излегувања. Најквалитетни дрогериски кармини за мене се, немам потреба ни да ги поправам, како ќе го ставам, не мрда карминот додека не избришам шминка.
https://forum.femina.mk/threads/alverde-козметика.25189/page-34 Разгледај и во темава, можеби има искуства за кармините на alverde
Јас ја земав таа нијанса Pioneer и не знаев како да ја нанесам. Бавно се сушат лепливи густи кармини, ваљда треба еден саат со отворена уста да седиш за да се исуши оти ако ја затвориш се расипува нанесеното затоа што лепат, не знам дали нанесувам карамела или кармин оти некој таков мирис имаат. И обичните кармини течни кармини што се потешки од soft matte на Golden Rose се каде подобри од тие на Maybelline.
Ново откритие ми се кармините на S-he и Catrice, имаат средна трајност, а боите им се баш како што сакам, јас сум си по розе, циклама, лила бои, такви најмногу користам а овде некако боите најмногу ми се допаѓаат, плус не се мат и не ја сушат устата, нешто што најмногу ме нервира. И цената е прикладна некаде околу 300 ден се.
@Dream-Girl кои нијанси од кармините на maybelline ги имаш. Сакам да пробам,сега ќе има попуст од утре кај нас па да искористам.
@Dream-Girl , Дримче, која бројка од maybelline ќе ми ја препорачаш, сакам месо боја, кафенишкаво нешто, розеникаво малце тај стил која бројка е?
Немам таква нијанса од тие кармини, црвени и розеви темни само, претежно и такви си носам. На интернет види swatches, која највеќе ќе ти се свиѓа. Ама кај нас и ги нема сите нијанси секогаш, по неколку само на рафтови имам гледано, најдобро во живо види која ќе ти се допадне.
Ау не, јака боја е, на мене дури ептен јака црвена, цигла боја кармин личи. Еве нешто на интернет што најдов како изгледа бојата приближно.
На ГР од нјуд колекцијата кармините провери ги, мислам имаат вакви нијанси. А и од velver matte колекцијата што се класичните кармини сигурно има ваква нијанса.