1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Бојкот на претседателски избори 2019

Дискусија во 'Политика и настани' започната од iki26, 8 февруари 2019.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. iki26

    iki26 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2012
    Пораки:
    3.483
    Допаѓања:
    17.463
    Помеѓу разните опции на граѓаните да гласаат за кандидат од која било партија,една актуелна опција е и БОЈКОТ на истите председателски избори.

    Сигурно полована па и повеќе гласачи независни,неутрални,неопределени и поддржувачи на одредени партии во Македонија се запрашале ДАЛИ би излегле на гласање , и ЗА КОГО, би гласале на председателските избори.

    Иако званично сеуште не се претставени официјалните кандидати за председател на РМ(неуставно РСМ),голем број на граѓани (пред се незадоволни од моменталната ситуација во МК, незадоволството од владеењето на актуелната власт,тековниот избор на кандидати..) се одлучуваат на бојкот на истите.

    1. Во првиот круг победува oној кандидат што ќе освои повеќе од половина од вкупниот број запишани избирачи, односно кандидатот што ќе добие повеќе од 903.000 гласови.

    Според досегашниве избори невозможно било кој претседателски кандидат да постигне таков резултат.

    2. Доколку ниеден кандидат не освои повеќе од 903.000 гласови во првиот круг, се организира втор круг после 15 дена. Во вториот круг одат двајца кандидати што освоиле најмногу гласови во првиот круг.

    3. На гласањето во вториот круг победува оној од двајцата кандидати што ќе освои повеќе гласови но само доколку излезат да гласаат 40% од вкупниот број од запишаните избирачи (односно 723.000 гласачи).

    4. Доколку во вториот круг нема цензус од 40% од вкупниот број запишани гласачи, тогаш за 40 денови се организираат нови претседателски избори.

    5. Во тие 40 денови, Претседателот на Собранието -- Талат Џафери(нелегитивниот) -- станува вршител на должност (в.д.) Претседател на Република Македонија.
    Неговите ингеренции и ограничувања за тие 40 денови се многу ограничени.

    1.Прво,не може да го потпише законот за јазици и уставните амандмани бидејќи се дадени на суд. Додека тој заседава(судот), Џафери не може ништо. И да направи такво нешто,тоа е спротивно од устав и е незаконски.

    2.Второ, законот за јазици и Преспанскиот договор веќе (нелегитимно,без потпис од Иванов) ги објави во службен весник, и не може назад да ги врати и поништи.

    Тука би навела неколку причини зошто голем дел на граѓани се за БОЈКОТ на истиве избори:
    Не излегуваме на избори се додека политичката елита не го прекини процесот за преименување на државата, се додека оди против народната волја искажана со пропаднатиот референдум!
    ПРЕВЗЕМЕНО:
    Гласот на престојните избори, распишани од оваа влада, можи да води само кон целта кон која се оркестрирани - зацврстување на процесот кон разнебитувањето на оваа држава преку стимулирање на криминалот и корупцијата во корист на политичката гарнитура, на товарот на обичниот граѓанин.

    Волјата на главната „опозиција“ да биди дел од оваа парада е уште еден показател дека живееме во еднопартиски систем каде гласот на народот е само средство за поткрепа на политичката елита.

    Не даваме легитимитет и не го даваме нашиот глас!
    Оваа е држава на граѓаните и нивните интереси ќе бидат прво место!
    Крај на партиското едноумие!

    Извините на долгиот пост!
     
    На Tekkyi, kukla21 и makedon81 им се допаѓа ова.
  2. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.143
    Допаѓања:
    76.552
    Пол:
    Женски
    Не сум за бојкот. Се виде колку беше ефективен бојкотот на референдумот, пак си го истераа нивното.
    Само со излегување на избори можеме да допринесеме за некаква промена. Тоа што на некого не му се гласа за никој, не мора, кога не му се допаѓаат опциите, разбирливо. Секој ќе си одлучи што е најдобро, а јас сакам промена и ќе гласам.
     
    На Juicy, dfsa, Јаневски и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Grumercy

    Grumercy Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2017
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    37
    Нормално , промена....

    После оваа креатурава наречена Фикус , да дојде вистински претседател на државата.
    Со интегритет а не лингур уценуван од мафијашката фамилија (читај чудовиштето од Будимпешта).
     
    На Stressed Out му/ѝ се допаѓа ова.
  4. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.587
    Пол:
    Женски
    Пак ве лажат со бојкот ?
     
    На staycalm, theowndemon, CameliaMiller и 6 други им се допаѓа ова.
  5. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.063
    Пол:
    Женски
    Не гласам!
     
    На Luminary му/ѝ се допаѓа ова.
  6. iki26

    iki26 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2012
    Пораки:
    3.483
    Допаѓања:
    17.463
    Јас лично сум за Бојкот
     
    На zuto му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.783
    Допаѓања:
    4.398
    Пол:
    Машки
    Тие што нема да гласаат, всушност ќе го поддржат новиот замислен закон - претседателот да го бира собранието, а со тоа претседателот ќе стане само марионета во рацете на извршната власт. Затоа ќе излезам и ќе гласам особено во вториот круг, па макар и да ги заокружам и двајцата.
     
  8. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Абе @iki26 мислењето што си го преземала носи наслов "Бојкот на сите избори организирани од комуњари". Уште сакаш да се правиш дека не си од ВМРО? И стварно, што ќе добиете со бојкот? Ако нема цензус на претседателски, Талат ќе ја превземе функцијата по службена должност. После пак ќе ломотите :D
    Јас не гласам на избори од кога ми ја наполнија главата 2014 со пропаганди за ВМРО. Ама, вакви организирани бојкоти ми се нон сенс. Дали ќе гласаш или не ти е сопствено право и одлука, ама не можеш да кажеш дека трезвено си одлучил да не гласаш, ако се придружиш на новонастанато стадо овци.
     
    На staycalm, Stressed Out, karmenka21 и 9 други им се допаѓа ова.
  9. iki26

    iki26 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2012
    Пораки:
    3.483
    Допаѓања:
    17.463
    Кажи ми како може да сум за ВМРО, а лично кажав дека сум за Бојкот? ВМРО си тера председателска кампања, и ќе излезе на избори.

    Секое излегување на било какви избори според мене значи валидизација на сите НЕУСТАВНИ И НЕЗАКОНСКИ измени.
    После прогласувањето на нелигитимните и самоуништувачки одлуки од страна на СДС докажана е целосната узурпација и кредибилитет на политичкиот систем.
    И како во овие услови на некоја си ‘двојазична Република Северна Македонија' да учествувам во избори распишани од оваа влада?
    Сите знаеме дека Таљо е
    нелегитимен претседател на собрание(избран ко на училишен класен час),
    СДС не ја почитува волјата на народот изразена на референдумот на 30 септември,
    Насилна е промената на уставот со посредство на сите странски амбасадори (знаеме со какви уцени,амнестии,финти...го стори тоа СДС)

    Добро штом ти ја сметаш Северна за држава.
    Јас лично не ја сметам.

    Секогаш Македонија
     
    На zuto и orevokrsacka им се допаѓа ова.
  10. corto.maltese

    corto.maltese Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2013
    Пораки:
    475
    Допаѓања:
    1.029
    Пол:
    Машки
    А што ти менува или ти е страшното во тоа Џафери ја врши претседателската функција?
    Според одвивањето на моменталнава политичко, економска и секаква ситуација и развојот на истите тие ситуации во блиска иднина, не постои и нема да постои разлика дали „татко“ на РСМ е Талат Џафери, Нипл Димитров, ПРада или Ајро(Н) Опинок. Со било кој од овие на претседателска позиција, на по старо Македонецот, по ново граѓанинот на Република Северна Македонија или како и да беше, резервирано му е местото на дното од ова општество.
     
    На zuto, baba Rada и orevokrsacka им се допаѓа ова.
  11. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Ве изиграа. Која волја? Волјата на сите кои се во странство и не гласаа од икс причини?
    Знаеш колку е лесно да се направи "успешен бојкот" кога пола население не може да гласа?
    Не бојкотиравте вие ништо, си ве завртена како што им одговараше на сите. Ве искористија, ве изиграа. Бојкотирајте пак, пак нека ве газат. Ќе го бира после собранието претседателот и ќе си ставаат партиски марионети и послушници, а вие пак ќе останете со прстот во уста.
    Оти како овци трчате. Еден да се фрли, сите по него.
    animals-lemming-second_thoughts-suicides-jump-jumper-wpa0649_low.jpg
     
    На CameliaMiller и daylight им се допаѓа ова.
  12. iki26

    iki26 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2012
    Пораки:
    3.483
    Допаѓања:
    17.463
    Јасно,гласно и законски ДИК си кажа:Одлуката на референдум не е усвоена бидејќи не гласале повеќе од половината од вкупниот број запишани граѓани на ИС.
    Нешто нејасно да не имаш?
    И покрај се,Црпе и компанија тераат се незаконски.
    На референдумот граѓаните не дозволија промена на уставното име во РСМ,ниту се прифати Преспанскиот договор.

    Северџаниве(црпкиве) во влада,ВМРО и компанија, без НАРОДОТ ништо не можат да легализираат.Затоа сите се растрчани и пријавени се над 10 кандидати за председател.
    Дури и Амди кока-кола се кандидира да им прави цензус со ромите.Дај шта-даш.

    Затоа БОЈКОТ

    image-0-02-05-65d130572dee5a913645b140f71e206c59d574ed55b57dab767830fc37f5d9d6-V.jpg
    image-0-02-05-a7e51c9dff502a73b8fa9c5865f069e1fa181235feacec6251ac80df50b0ff0a-V.jpg
     
    Последна измена: 11 февруари 2019
    На zuto и orevokrsacka им се допаѓа ова.
  13. Fillia

    Fillia Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2015
    Пораки:
    444
    Допаѓања:
    1.579
    Пол:
    Женски
    Гласале ил не ...бојкортирале ил не...политичариве (читај идиоти) ќе си го истераат своето.
     
    На realGirl и iki26 им се допаѓа ова.
  14. makedon81

    makedon81 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2019
    Пораки:
    290
    Допаѓања:
    430
    Пол:
    Машки
    Најдобро е да има Заеднички избори и Претседателски и Предвремени парламентарни и што побрзо да ги снема овие предавници...!
     
  15. iki26

    iki26 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2012
    Пораки:
    3.483
    Допаѓања:
    17.463
    И јас сум за предвремени парламентарни да има,но СДС нема шанси да распише,знае дека автоматски ќе падне,и прашање е дали 30 пратеника ќе освојат.
     
    На makedon81 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. orevokrsacka

    orevokrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    2.445
    Допаѓања:
    8.466
    За претседателскиве прст не мрдам. Следно гласање ќе ми бидат парламентарни. А во меѓувреме ме спопаднал некој иредентизам, па го барам знамето од Кутлеш да ми се пафта на балкон. Барем гласно да си поќутам.
     
    На zuto, corto.maltese, iki26 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.778
    Пол:
    Машки
    Сум бојкотирал избори уште пред оваа појава да стане популарна - на времето едноставно се викаше "не излегувам на гласање". :D

    Ама не сум го правел тоа терајќи некаква агенда или умислувајќи си дека со седење дома ја спасувам иднината на државата - едноставно, срце не ми давало да заокружам некој од кандидатите. :)

    На конкретниве избори бев на мисла да гласам за Сиљановска, ама откако и она го избра полесниот пат и поднесе кандидатура у ВМРО, и тој план ми падна у вода. ;(

    Можда ќе гласам за македонскиот Трамп, Амди Бајрам, а ако не, се знае - ВОЈКОТ! :D
     
    На Doozy, Kitten, cresa-jagoda и 10 други им се допаѓа ова.
  18. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски

    Можно ли е да потонеме уште подлабоко и да дозволиме еден циркузант неписмен да биде на листа кандидати за претседател!???
    Со кој па памет него го спомнуваш...ни на шала нејќам...(facepalm)..жалосно
     
    На Juicy и makedon81 им се допаѓа ова.
  19. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.778
    Пол:
    Машки
    Еј, па кога можат Влатко Тоти и Филип Петровски, зашто не и тој? Не е дека се многу посаглам од него.

    А бе, бренд си е бренд. :D

     
    На Doozy, staycalm, Peperutce1115 и 6 други им се допаѓа ова.
  20. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.143
    Допаѓања:
    4.115
    Мислам дека бојкот нема да се дозволи... евентуално во парламент да се избира претседателот е најдобро - ионака нема некоја практична функција.
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.