1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Бојкот на претседателски избори 2019

Дискусија во 'Политика и настани' започната од iki26, 8 февруари 2019.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.025
    Допаѓања:
    198.984
    Пол:
    Женски
    Со бојкотот на референдумот дојде државата до ова дереџе. Ако излезевте сите и ако кажевте јасно и гласно НЕ, тогаш верувам дека ќе се почитуваше волјата на народот. Ама пропадна референдумот и пројде промената на името само затоа што народот се однесуваше како да му е сеедно со бојкотирање на нешто на кое што требаше јасно и гласно да се изјаснат. Тоа и сакаа да го постигнат. Со бојкотирање на референдум и избори давате зелено светло друг да решава во ваше име. Ама вжештени глави не гледаат подалеку од носот.

    Ќе те замолам да не ме цитираш, не сакам да навлегувам во политички дискусии. Само сакав да си кажам мислење.
     
    На theowndemon, referentka, Kitten и 6 други им се допаѓа ова.
  2. shz

    shz Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    5.945
    Допаѓања:
    50.029
    Пол:
    Женски
    Не гласам и не гледам некоја причина зошто да гласам бидејќи ништо нема да се смени.
    Јас не верувам во тие нивни промени бидејќи знам дека се сите исти.
    Од оваа држава ништо нема да биде, па кој сака претседател нека биде.
    Кој сака нека победи, сеедно ми е.
     
    На carangigia му/ѝ се допаѓа ова.
  3. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    4.882
    Допаѓања:
    52.864
    Пол:
    Машки
    Кој и да победи ништо нема да се промени,и така претседателот е само фигура за сликање и ништо повеќе.
     
    На Someonespecial, iki26 и shz им се допаѓа ова.
  4. iki26

    iki26 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2012
    Пораки:
    3.483
    Допаѓања:
    17.463
    Секој нека си одлучи по свое видување дали ќе гласа или не.
    Јас се одлучив да не гласам.
     
  5. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Да те потсетам само. По свое видување не значи како ќе пише некој на ФБ - така.
     
    На Stressed Out и Someonespecial им се допаѓа ова.
  6. iki26

    iki26 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2012
    Пораки:
    3.483
    Допаѓања:
    17.463
    Секој полнолетен САМ си одлучува за себе.
    Ниту ве убедувам и терам на нешто.
    Кажувам јас (а и гледам голем број на граѓани)што ќе прават на ПИ.
     
  7. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Значи сепак од некаде собираш мислења. Еве јас појма немам кој како ќе гласа, не дејствувам организирано и го сметам правото на глас за сопствен избор. Немам право да се мешам во туѓиот, ниту пак ме интересира.
     
    На theowndemon и Feminka22 им се допаѓа ова.
  8. iki26

    iki26 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2012
    Пораки:
    3.483
    Допаѓања:
    17.463
    Хахахха да не се правиме на "Тошо" мислам.
    Еве јас те известувам ако немаш инфо дека многу ѓраѓани ќе бојкотираат ПИ.
    Барем сега на ФБ,а и ван ФБ се може да се види и дознае(политика,забава,култура..)
    Многу луѓе пишуваат и постираат (како јас тука за бојкот)кој е за некаква си определба(партија), кој против.... не мора нешто активен да си па да не знаеш.
     
  9. iki26

    iki26 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2012
    Пораки:
    3.483
    Допаѓања:
    17.463
    ПРЕВЗЕМЕНО:

    НЕ МОЖАТ ДА НИ ГО СМЕНАТ ИМЕТО.

    Да можеа, да ја имаа таа моќ, досега 1000х ќе го сменеа.
    Немаше да нé прашуваат, да нé инволвираат, да ни плеткаат прикаски, да лобираат, да глуматаат, да манипулираат, да инвестираат огромни средства во анти-македонски проекти и театри, доколку ја имаа таа моќ. Досега да можеа 1000х ќе си ја исполнеа таа желба сами, без нас, без да мора ни два посто да нé фермаат.
    Но не можат да си ја исполнат таа проклета желбичка и тоа ги јаде живи ама јебига, ја немаат таа моќ.

    ЕДИНСТВЕН кој може да го смени името, Е МАКЕДОНЕЦОТ.
    На неговиот потпис чекаат.
    ТОЈ е суверенот на неговата држава.


    Чекаат да се потпише, дека пристапил на актот на основање на нова држава. Единствено тој ја имаа таа моќ, не премиер, не министер, не претседател, не некој странски педер во скапо одело, брбушки што јаде пред камери.
    Да ја запечати промената на името може да го направи само поединецот, Суверенот.

    Неговото присуство треба да се евидентира, во сериозен официјален државнички документ, на кој што црно на бело со име и презиме ќе остане документирано и забележано, дека тој, едниот и единствен Суверен на оваа држава Македонија, лично се појавил на аудиенција на „неговиот двор“ - или - со демократски речник кажано: се појавил во неговата изборна единица.

    Ова се законите на државното уредување.
    Ете, ТОЛКУ е голема моќта на суверенот.

    ПС: Манипулаторот СЕКОГАШ работи со привид. Со лага. Тој не ги лови своите жртви со вистина, тој ги лови, прикажувајќи им лажна „фактичка“ ситуација, прикажувајќи им илузија, привид, и само така се случува измама во спротивно би се нарекло вистина. Манипулаторот ја злоупотребува добронамерноста на луѓето, нивната надеж, нивните сетила, очите, ушите, нивната доверба во „здравиот разум“ дека тоа што го гледаме и што го слушаме е вистина. И не, тоа не му се случува на таму некој глупчо надвор, напротив, секој може да ѝ потклекне на манипулаццијата, дури и оние луѓе кои што за себе мислат дека такво нешто не може да им се случи. Доволно е манипулаторот да биде доволно добар мајстор на својата покварена игра и затоа... Згази го. Со тоа што ќе ја препознаеш неговата игра.

    Затоа што сите тие огромни финансиски средства потрошени за печатарската боја со која во последните недели е испишувано СЕВЕРНА по разноразни хартии, сите табли закачени по ѕидовите од киднапираните институции на оваа држава, на кои што е напишано СЕВЕРНА, се ИНВЕСТИЦИЈА во кроењето на оваа илузија. Сите „надворешни“ играчи - политичари, лобисти, новинарски куќи, медиуми, се ДЕЛ од оваа игра и илузија. Таа е скроена, токму ЗА ДА да поверуваме дека е готово, дека е „свршен чин“, дека битката е изгубена. Или, за да се понадеваме дека сепак барем малку постои трошка надеж, дека „разрешница“ можат да бидат некакви си „претседателски избори“. ... Лага. Привид. Совршена илузија, од сите страни емитувана за со полна пареа да ја впиваме со нашите сетила.

    Целта е, да ја прифатиш лагата како вистина. И да се помириш дека е готово. И кога ќе се освестиш, да биде доцна.
    Ништо не можат, ако ти не им дадеш дозвола.
    Ти си Суверенот.

    Оваа држава постои, затоа што ти и јас и милиони други сме клетките на организмот наречен Македонска Нација. А без Македонска Нација, нема Македонска Држава. Толку си голем, толку си моќен, на твоите плешки со самото твое постоење ја држиш оваа држава. Се бориме долго. Не им дозволувај да потклекнеш.
    ЗАТОА БОЈКОТ!!
     
  10. Grumercy

    Grumercy Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2017
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    37
    Како уживам кога гледам како плачат од БОТ клубот на ДПМНЕ на тредов, ќеиф.
     
  11. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.400
    Допаѓања:
    35.974
    Види, ние постарите и на СФР Југославија имавме државјанство, па го сменивме па никому ништо. Колку сте патетични со овие наклапања- светски закон? Кој е тој светски закон, знаеш што зборуваш или само да се тропа нешто? Светски закон:D. Го боли светот за тебе и твојот пасош:hai:
     
    На Stressed Out, DAngel и lovestoneddd им се допаѓа ова.
  12. iki26

    iki26 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2012
    Пораки:
    3.483
    Допаѓања:
    17.463
    Па во бивша Југославија постоеше Република Македонија,постоеше етничка заедница Македонци,постоеше Македонски јазик....
    Што остана од ова сега? Комплетно нова држава(сменета/испревртена историја,двојазична држава(15% малцинство),може и да нема етнички македонци(сакаат да ја тргнат графата за етничка припадност кога ќе има попис)...на иста територија така?
     
  13. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.400
    Допаѓања:
    35.974
    Да де, ама бевме "Социјалистичка", ти текнува, не само РМ. Зборче од кое сега би се грозел.
    Пола од тие што врескаат се со бугарски пасоши, а пола ова им е единствена шанса да "удрат" за "тимот". Ти во кои спаѓаш? Дури дигате прашина, пред нос ви побегнаа со украдени пари или вртат бизниси со тие со кои демек се мразат, а уствари пара буши где бургија нече. И Велес не е Титов одамна, ама не беше проблемот во името, да беше , ќе се решеа проблемите..капираш?
     
    На DAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  14. iki26

    iki26 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2012
    Пораки:
    3.483
    Допаѓања:
    17.463
    И што дека бевме "Социјалистичка"? Каква врска има тоа со сегашнава ситуација?
    Мешаш баби и жаби.
    Во бивша Југославија бевме Македонци -не Титовци или словени или слично.МАКЕДОНЦИ.
    Моментално се создава "НОВА" држава во светот-некоја си С.Македонија ( најверојатно пратиш дека се трудат од петни жили се што е македонско да се искорени?)
    Има разлика така?
    Јас спаѓам во етничката група Македонка и зборувам Македонски јазик. Не гледам тука спорно нешто.
    Ти каде спаѓаш?
     
  15. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.400
    Допаѓања:
    35.974
    И јас, ама замисли пустата, предавник сум, ќе аплицирам за пасош овде кај што живеам. Да размислам зошто......ах да ми текна.....оти со македонскиот лимитирани ми се можностите. И со северно македонскиот исто. Мене таа хартија не ми зборува за идентитетот
    Не ми кажа дали ти или некој од твоите е со бугарски пасош. Јас не сум замисли, дојдов овде со македонскиот. Ама што, не им правиш муабет на тие што ке земат бугарски?
     
    На candy.cane, DAngel и lovestoneddd им се допаѓа ова.
  16. iki26

    iki26 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2012
    Пораки:
    3.483
    Допаѓања:
    17.463
    Никој не ти брани да аплицираш за било каков пасош. Никогаш не сум била против ако некој има друг пасош освен македонскиот. Тоа си е индивидуално право на секоја индивидуа. Која сум јас да им се мешам ви приватниот живот на луѓето, и да им бранам или убедувам да ваѓаат други пасоши.
    Секој е доволно зрел да одлучува за своите постапки и одлуки.
    Не,ниту јас, ниту моите блиски, и од сопругот страната немаме никакви други пасоши освен македонскиот.
     
    На Dentina му/ѝ се допаѓа ова.
  17. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.699
    Допаѓања:
    322.332
    Индивидуално право е како и изборот за кого да гласам и дали да се бојкотира.
    Ама ако имаш и македонски и бугарски пасош немаш право да изигруваш патриот:)
    А најголемите патриоти кои се најгласни се со македонско и бугарско државјанство:)
     
    На candy.cane, Animali, cresa-jagoda и 4 други им се допаѓа ова.
  18. iki26

    iki26 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2012
    Пораки:
    3.483
    Допаѓања:
    17.463
    Во прилог неколку факти околу ставот за БОЈКОТ на ПИ:

    Некои оправдано се плашат дека БОЈКОТ ќе предизвика избор на Претседател во Собрание!
    Но, нели, и сега, со 2/3 мнозинство Собранието ја има истата моќ за уцена и дисциплинирање на „непослушен“ Претседател?
    Оттука, независно од начинот на избор, надлежностите и мандатот на Претседателот, се децидно зависни од Парламентот!
     
  19. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.400
    Допаѓања:
    35.974
    Одлично, тогаш знај дека никој, ни парче хартија, ни пилитичка одлука, не брише идентитет. Идентитетот е внатре во глава. Доказ- албанците одувек имале македонско државјанство, родени во мк повеќето, официјален јазик македонски, па не се чувствувале македонци. И баш ги брига како ке се вика државата .
    Значи и Тунгузија да ја крстат, ти пак ке бидеш македонка. А пошто без државјанство не можеш да останеш, сакала неќела ќе земеш документи порано или подоцна и од северна. Признај си го тоа и полесно е .
    Ништење на етникум може само со геноцид, физичко убивање на сите припадници негови, тоа фала богу нема да се деси. Керка ми знае дека е македонка, а после на неа останува како ќе се осеќа. Кинез роден во Америка може да се осеќа и како кинез и како американец, никој нема да му скокне дека не е патриот. Побитно е како функционираш и дали придонесуваш или штетиш како единка, бар според мене. Сите знаеме дека промената на името не е фер, но светот по природа и општество:) не е фер. Значи џабе се плашиш, идентитетот е во нас внатре пред се. Надворешните симболи многу пати се менувале.
     
    На Stressed Out, candy.cane, LollySky и 4 други им се допаѓа ова.
  20. iki26

    iki26 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2012
    Пораки:
    3.483
    Допаѓања:
    17.463
    Не се сложувам со тебе,ама секој си има право на свое мислење.
    А тезата "може да се чувствуваш и осеќаш како сакаш" ми е безвредна. Јас може да се чувствувам и како Американка-ама не сум нели.
    Инаку со тоа парче хартија моментално се брише македонецот како етникум и нација. Да,се врши моментално геноцид на "модерен" начин. Со сите овие договори(бугарскиот,преспанскиот,тиранската платформа...)
    Сакале ние прузнале или не.
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.