1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Бојкот на претседателски избори 2019

Дискусија во 'Политика и настани' започната од iki26, 8 февруари 2019.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. monibejbi

    monibejbi Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2010
    Пораки:
    1.837
    Допаѓања:
    2.073
    Уште колку кризи требадаимаме.Па доста ни се више да сеофајдиме од нив малце.
     
  2. iki26

    iki26 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2012
    Пораки:
    3.483
    Допаѓања:
    17.463
    Нема врска со никакви спинови ова. Исто нели пред 3 год. не беше возможно ниту замисливо цело ова циркузантско сценарио( распродажба на РМ) што го направи Заеб во МК,па ете се деси.
    Времето ќе покаже!
    Затоа пак ќе кажам:
    Подобро 1,5 година нелегален(лесно ништовен) и ограничен Таљат, отколку 5 + години легален (Пендароски) претседател.
    А јасно ко ден е,ако не успее бојкотот,Пендароски ќе победи на ПИ
     
  3. didi1982

    didi1982 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    271
    Допаѓања:
    4.115
    БоаВиста, прости што во вака ситни саати ти се обраќам, не ми се ни коментира, бидејќи се едни исти се контраат во темиве за политика, до степен на апсурд (простете и вие, но сметам не вреди расправа со вжештени глави). Но, да кажеш дека Пендаровски ќе победи со толкава убеденост и сигурност, после целата политичка криза, скандали за непотизам, уцени од ДУИ и пред се рушење на уставен поредок и устав е исто така нонсенс. Јас искрено се прашувам, дали остана некој, кој би го гласал?

    Само кај нас е лошо да си националист, па и треба да се срамиш од тоа. Искрено да ти кажам, на запад, не се замараат со тоа, се додека не им се загрозени нивните интереси. Да видиш како во Германија после мигрантската криза, сите некако станаа националисти (а беше срамно, нели ради историски факти). За тоа зборува процентот на пораст на АФД, спрема падот на Меркелка.

    Во правна држава, бојкотот на референдумот, т.е. излезеност од 36% (со полнење кутии де, се стигна до бројкава), значи дека истиот пропаднал, а не да се преработуваат сценарија како истиот да се направи успешен и најстрашно, легитимен. И на крај, да не "силуваат" при здрав разум. Ако во 2004, територијалната поделба помина на штета на македонците по мешаните општини, бидеjќи, нели, некои прашања не заслужуваат одговор, аналогно и по примерот на истиот, ни ова не заслужуваше! И народот реши да прави ајвар! Тогаш барем, референдумското прашање, за кое излезеноста била цели 26,58%, беше јасно и недвосмислено, во согласно со Уставот на Република Македонија! А као се гласаше за Европска, не за Северна Македонија?!

    Јас лично сметам дека треба да се гласа на претседателските избори, и лично ќе се закренам во Македонија (да, за мене Северна не постои, ниту пак се идентификувам со истата) да гласам. За право и правда на Македонија!

    Уште ова да додадам, јасно и гласно е кажано од ЕУ, нема покана, додека не спроведете реформи. Промената на името е тотално небитна бљувотина во процесов. Јас до сега, реформи против корупција не согледав, напротив, се тоне се повеќе и повеќе. Или реформи се вакцини со изминат рок и сомнителен квалитет? Како еден од примерите... Ги има многу...
     
    Последна измена: 2 март 2019
    На ocicka2014 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.650
    Пол:
    Женски
    Не те разбирам што е нон сенс. Реално е дека ќе биде, имајќи ја во предвид моменталната ситуација. Реков дека ќе бидат најпредвидливи избори досега и стојам зад тоа. Опозицијата во моментот е многу слаба за да се спротивстави. И не викам дека тоа е добро, зашто по правило опозицијата треба да биде коректив на власта, изборите треба да бидат неизвесни, ама ситуацијата е таква во моментот.
     
    На WildMk, JuLleE и boomsleng им се допаѓа ова.
  5. didi1982

    didi1982 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    271
    Допаѓања:
    4.115
    Па нон сенс е електоратот на опозицијата, па и тој на позицијата после се, да гласа за ваков кандидат! Се слагаме за ова, мислам!

    Онаму каде не се слагам дека реалноста дефинира победа на Пендаровски (секако,ако не се наместат и "наполнат" изборите). Вмро-вската опозицијата е слаба, тука се слагам, ама под опозиција подразбирам и политички непределени (за ниедно од двете зла), а не има многу. Оние кои веруваме во право и правна држава.
     
    На ocicka2014 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.650
    Пол:
    Женски
    Па кога ќе земеш во предвид и дека речиси сите останати политички партии застанаа зад него, вклучувајќи ги и албанските, веќе и повеќе од реално е. Кога пишувам реално, мислам на извесно и предвидливо. Од друга страна Вмро и покрај тоа што само по себе е слабо, во моментот е и поделено на дел за Силјановска и дел за бојкот. Што знам може грешам, ама вака отстрана гледајќи ги работите, ми мириса на сигурна победа на Пендаровски.
     
    На WildMk, JuLleE, lovestoneddd и 2 други им се допаѓа ова.
  7. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Мене би ми било чудно Силјановска да победи. А ако победи мислам дека би имале Ѓорѓе 2, дека во ништо, ама во ништо не би се разликувала, само може погласна би била.
    И двајцата од Сорос ќе се борат против Сорос, и двајцата настапуваат како "непрартиски" кандидати под крилата на ВМРО, а Силјановска ќути кога ја нарекуваат "првиот женски кандидат за претседател" и веќе дозволува лажење и спинување во нејзино име.
    Женско претседател би била чекор напред, ама јас Силјановска никогаш, ама никогаш не би ја гласала.
     
    На cresa-jagoda, oblace1 и JuLleE им се допаѓа ова.
  8. didi1982

    didi1982 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    271
    Допаѓања:
    4.115
    Во ред е @DAngel, секој има право на свое мислење, меѓутоа ноторниов лажов шири пропаганда дека сите партии застанале зад Пендаровски, (а притоа чекаа до последен момент, се караа и расправаа со ДИУ за т.н консензуален кандидат, што и да им значи тоа) и уште згора, луѓе веруваат. Затоа ти гласај си за кого сакаш и спиј си мирно, поддржувајќи непотизам, корупција,скандали со фондови, тендери, катастрофа од здравство, академија и се останато. И да не се вадиме на ВЕМЕРо, бидејќи тоа е вечен изговор, беа тие до пред 2 години, затоа ги сменивме, де, а овие треба да почнат да работат нешто освен вработување на партиски кадри(истото за кое Вемеро не е веќе на власт, со се останатите работи).

    Што се однесува до Силјановска, ја доби мојата почит кога (мислам во Само вистина беше) кажа дека нема да игра валкана кампања, за што доби многу симпатии. Додека штабот од спротивниве, наместо да се грижи за својот двор, почна да спинува со фотографии од Колинда, толку ниско боли глава.
     
  9. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Па валкана игра е уште тоа што вика дека прв женски кандидат за претседател. Валканата игра и е веќе почната, тоа што таа вика дека нема да игра валкано е веќе одминат воз. Не ми влева доверба, тоа е мое право да го помислам за било кој кандидат, како човек.
    Никаде не реков дека ќе гласам за Пендаровски, треба уште да размислам дали тој го заслужил мојот глас. Само реков дека за Силјановска не би гласала.
    Не сум видела од фотографиите на Колинда, во хумор да ставиш некоја за да се посмееме колку се глупи?
     
    На candy.cane, oblace1 и WildMk им се допаѓа ова.
  10. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.650
    Пол:
    Женски
    И јас сметам дека Сиљановска е добар кандидат. Дури се чудев како може жена со квалитети како нејзините да прифати да биде кандидат од ДПМНЕ. И се си мислам дека нема да биде послушник, дека баш затоа ја кандидираат сега кога е извесно дека ќе изгубат, а не пред 5 години кога се знаеше дека ќе победат и кога им требаше послушник. Па да покажат пред меѓународната заедница дека демек се реформираат како партија. И дај Боже вистина да се реформираат, мада сметам дека треба да помине многу време за да се искорени од ДПМНЕ она што беше во претходните 15 години.
    Реално и Пендаровски е добар за функцијата претседател. Така да, на овие избори имаме добри кандидати, според мене.
     
    На cresa-jagoda, WildMk, JuLleE и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Ма.нев

    Ма.нев Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2019
    Пораки:
    780
    Допаѓања:
    1.224
    Пол:
    Машки
    Северна ќе биде, ама нема да ја досрушите.
    Пендаровски е човек на НАТО, зошто нрли и таму работи. НАТО е злото во светот. Нир на злото му отворивме капија и го викнавме на гости на подолг период.

    НАТО вика дека ќе не бранел доколку сме влегле таму. Но од кој ќе не брани?

    Единствена цел на НАТО и неговото доаѓање овде е да ја добие базата Криволак.

    Доколку Русија почне војна со некој, рече ќе напаѓа во Европска земја каде што е база на НАТО.
    Што мислиш ти, каде ќе нападне...?
    Сигурно нема во Германија...

    Истиот став како Пендаровски го има и гога Сорос.

    Нас ни одговара само соработка со Кина и Турција.

    Џабе фотељи, столици, врагоци, кога Гога Сорос е истиот избор како и Пендаровски.

    Тебе сигурно ти имаат ветено или чекаш да дојдеш до некој контакт и да ти ветат столче во Мепсо и ЕЛЕМ за некоја јака паричка, не гледајќи што ќе направиш со народот што е овде, роднините, децата што ќе ги имаш утре. Каква земја ќе им оставиш.
     
    На orevokrsacka му/ѝ се допаѓа ова.
  12. ocicka2014

    ocicka2014 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2014
    Пораки:
    4.072
    Допаѓања:
    13.176
    Пол:
    Женски
    Силјанивска ви е си добар квалитет ама дека е кандидирана од дпмне, нема да гласате :rofl:
    По тоа се гледа дека сте партиски оределени, и не зборувате објективно.

    А сдсм ако толку беа сигурни дека ќе победат ќе излезеа со свој кандидат, туку знаат дека и нивните членови нема да гласаат за нив после се што "направија" и пробуваат да се вадат со албанските гласови што не верувам даа им успее бидејќи албанците се изгорени и од дуи така да ќе гласаат за сосема друг албански председател.

    Инаку убаво ви звучи тоа гласови на сдсм+дуи, наспроти тие половина на вмро. Проста математика е ама не е толку едноставно како што сакате да биде ;)
     
  13. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.650
    Пол:
    Женски
    Вас не ви одговара соработка со никој, за да можат оние што ги држевте на власт цели 12 години да испокрадат све живо и диво и да ја здуваат со милионите во џеб! И не тука сега ми држи проповеди како си загрижен што ќе оставиме утре на децата. Кај беше цели 12 години кога апашаната ја испокраде државата да мислиш што ќе остане за поколенијата? Упс, што прашувам, ваљда удобно сместен у некоја фотеља, каде единствена работна задача ти било да врбуваш гласачи за избори. И сега сигурно се дрма фотељата па удри на патриотизам :D
     
    На oblace1, monibejbi, lovestoneddd и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. ocicka2014

    ocicka2014 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2014
    Пораки:
    4.072
    Допаѓања:
    13.176
    Пол:
    Женски
    Да не се лажеме и ние што немаме државни фотелји не сме за греови ;)
    Посебно ти не знам каде рипаш кога од сликите што ги објавуваш се гледа дека живееш во луксуз, или уште ви е малку?
    Најмногу се нервирам кога луѓе пекаат дека не чинело, а имаат и повеќе од оние во фотелји што седат.
    Да, јас може работам приватно и ми пука главата ама зимам и дупло плата од оние во општина што се врткаат колку да им помине денот. Плус отупавуваш таму ништо немаш ќар да седиш цел ден и да зимаш плата.
    А непотизам има и од двете страни, значи кој и да дојде си вработува свои, уште ли не гледате дека истото се случува како и предходно?
     
  15. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Абе јас тие ги викам амбициозни и способни луѓе што си ги знаат можностите и квалитетите, па вие, како сакате.
    Седете си во фотелјите, штом е толку убаво.
     
    На BoaVista му/ѝ се допаѓа ова.
  16. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.587
    Пол:
    Женски
    Mногу ниско и типично вемеровски. :)
    Типично вемеровско е она, јас имам мене ми е добро а за останатите ме заболе увото. Таа филозофија 12 години преовладуваше и створи раздор невиден меѓу еден идентичен народ.
    Ете среќа има и реални објективни луѓе како Боа, кои ја гледаат пошироката слика, кои го земаат колективот за критика, а не за уздизање на поединци и нивниот успех. Општеството пука по сите шавови, ама што е битно кога имаме некој мал процент на луѓе кои живеат добро.
    Среќа па поминавте. Ќе се погрижиме никогаш да не се повторите и нема.
    ЗЗ
     
    На BoaVista му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Ма.нев

    Ма.нев Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2019
    Пораки:
    780
    Допаѓања:
    1.224
    Пол:
    Машки
    Бојкотирам од кога имам право на глас.
    И доживотно ќе бојкотирам!
     
  18. didi1982

    didi1982 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    271
    Допаѓања:
    4.115
    За албанскиот електорат... Да се разбереме, има меѓу нив и разбрани и паметни луѓе, не велам интелектуалци, оти тие работат за се нечиј партиски интерес. За обичниот народ зборувам, кој е свесен за целата ситуација, што впрочем се покажа и на референдумот. Во колкав процент излегоа во албанските општини? Eве ако се сеќавам добро, просек беше околу 50%. Дел што не гласаа, и дел што не живеат во Македонија. Не верувам дека бројката сега драстично би се сменила.
     
  19. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.650
    Пол:
    Женски
    Луксуз човече, они нормален живот го сметаат за луксуз. Жални ви се размислувањата. И многу ниски и јадни!
    Рипам и ќе рипам, зашто живеам во оваа држава и зашто нема да дозволам некој неписмени ликови како Латас, Миленко и остала компанија да ми го креираат мислењето или некоја апашана да ми ја води државата.
     
    На Cataleya, oblace1, pravnicka_2604 и 9 други им се допаѓа ова.
  20. Peaceful Warior

    Peaceful Warior Активен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2019
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    85
    Ne be Gruevski i vmro ne bea nacionalisti tuku aktivisti za covekovi prava, dali si svesen sto zboris kolku spomenici imaa vo Plostad i ne ti licat li tie spomenici na nacionalizam ?
    A vmro ne igrase na nacionalisticka baza neli (decata na sonceto i virginata) so povekje od 100 spomenici vo plostad sto se tie spomenici spored tebe ?
     
    На boomsleng и WildMk им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.