Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Бојкот против високите цени

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од maaraa96, 21 јануари 2025.

  1. Alizée10

    Alizée10 Активен член

    Се зачлени на:
    29 февруари 2024
    Пораки:
    316
    Допаѓања:
    375
    Пол:
    Женски
    Јас отсега па, натаму последните три дена во неделата не влегувам во самопослуга. И во четврток бидејќи во нашиот град е пазарен ден. Значи ќе пазарувам само три дена во неделата: понеделник, вторник и среда. Кога навистина ќе размислам попрактично е.
     
  2. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.359
    Допаѓања:
    126.233
    Пол:
    Женски
    Морале божем вчера немало ден за купување, па морале денес. |(
    Него за скопскиве пензионери...Не им се даваат пари за билети за некој подалечен маркет или пазар, па оп хоп во петок на пазарење. :rofl:
    Бумери не идат против системот јер се учени да молчат и проголтуваат. :swear:
     
  3. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.524
    Допаѓања:
    39.289
    Пол:
    Машки
    Од овие шо се имаат појавено денес по маркети гарантирам дека 80% биле да проверат ситуација :D И така сигурно меѓусебно се имаат разминувано и тужено :D

    Од моја околина не знам некој да не бојкотираше. Од 7 до 77.
     
    На mal.ecka, Amelia, snegulkata и 3 други им се допаѓа ова.
  4. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.550
    Допаѓања:
    12.780
    Пол:
    Женски
    Женава на каса што работи во маалски маркет вика вчера гужва, не можевме да постигнеме, денес никој нема, утре пак гужва и така..
     
    На mal.ecka и Mumoftwo30 им се допаѓа ова.
  5. Букерко

    Букерко Активен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2023
    Пораки:
    78
    Допаѓања:
    185
    Пол:
    Машки
    Ја гледам оправданоста од тивкиот бојкот, но не ја гледам логиката зад истиот. Ако ден претходно земам намирници за деновите кои следуваат, која е поентата на бојкотот кога намирниците за тој конкретен ден сум ги земал претходно од истиот маркет? Ден порано или ден подоцна, истите ќе влезат во позитивниот биланс на маркетот.

    Имам друг проблем со големите ланци на маркети, кои не може законски да се реши затоа што имаме пазарна економија, а тоа е нападот на малиот бизнис и зелените пазари. Вистина е дека креираат повеќе работни места и придонесуваат со поголем прилив во државниот буџет, но невозможно е да се држи чекор со машинерија која на купувачот му нуди буквално се на едно место. Дури и препродажбата на контретните добра, што најчесто значи и повисока цена, како овошјето и зеленчукот и месото, ги става по подобра позиција од зелените пазари, месарите и маалските продавнички.

    Цените се до небо, посебно по Ковид пандемијата, иако се знаеше дека привременото стопирање на економските текови ќе резултира со економска стагнација и висока инфлација, дополнително на тоа се вештачки се одржуваа економските текови од буџетските средства креирајќи буџетски дупки и истите беа крпени со позајмици од државата и странство. Понатаму, платата, со посебен акцент на минималната плата, за краток временски период, вештачки многукратно се зголеми. Од каде финансии за одржување на овие буџетски трошоци (мислам на платите во државниот и јавниот сектор)? Одржувањето на стабилноста на цените е монетарна политика, со фрлањето пари во економијата, парите започнаа да ја губат својата вредност. Ги игнориравме економските показатели и сега живееме во пост-пандемиски свет каде не ни се допаѓа сликата која самите си ја креиравме.

    Технички гледано, сите стапки на расходите се зголемени. Се зголеми и цената на нафтата односно енергетските суровини. Струјата, за година-дена, се зголеми за 3 пати. Општите животни трошоци се зголемени. Кога ќе се зголеми одреден интерен трошок, загубата на дотогаш изгубениот доход (односно да остане речиси идентична планираната стапка на профит) се надоместува од услугата, суровината, полупроизводот и/или производот кој се дава/продава.

    И да, остварениот профит, големите маркети, најчесто го реинвестураат во отворање на нови маркети. Кипер маркетите започнаа да никнуваат како печурки, што некогаш беше случај за Стокомак и КАМ. Со реинвестураната добивка, не плаќаат данок на добивка, но дополнително ќе вработат 10-тина граѓани, што на долг рок има позитивни импликации по државата. Дали решението е инкорпорирање на регулаторни тела, било секторски, на гранка или за контретни производи, кои ќе одредуваат маргини, а просторот во тие маргини ќе креира одредена конкурентност кај самите маркети (како што имаше за лебот)? Регулатнорно тело има кај електричната енергија, која не го сопре зголемувањето на цената во неколку наврати, беше амортизатор, ама струјата се зголеми.
     
    На Billy Idol, Medea., TamaraSJ и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.383
    Допаѓања:
    17.588
    Пол:
    Женски
    Многу убаво објаснето. Планирав да напишам нешто слично, да не се повторувам.
    Претходниот ден пазаруваат како во карантин кога бевме, чекавме апокалипса а од утре ќе бојкотираат, нема поента. Дури смешно е, патетично.
    Ние сме толку "заплеткани" и нема способна власт да не отплетка.
     
    На Букерко му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Iva:)

    Iva:) Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2016
    Пораки:
    306
    Допаѓања:
    581
    Пол:
    Женски
    И еве не може а да не се упропасти било која акција. Наместо за сите да важи исто сега само Тинекс ќе блокирале оние што се со најмал профит и што е наш газда. Ништо косовските Китго и Кипер, ниту Веро и Рамстор со 5 до 6 пати поголем профит од Тинекс. Толку од мојот бојкот, се повлекувам, ова е игра на некои маркети и поедини газди. Како сака нека биде со цените, ќе си пазарам во Тинекс и Стокомак како и до сега.
     
  8. ocicka2014

    ocicka2014 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2014
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    13.531
    Пол:
    Женски
    Тинекс, рамстпр, веро и жито имаат најголеми профити.
     
    На christinnn му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Iva:)

    Iva:) Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2016
    Пораки:
    306
    Допаѓања:
    581
    Пол:
    Женски
    За кои податоци зборуваш да видиме? Ова се официјални за 2023 год.затоа и искоментирав.
    1. Веро заработил над 10 милиони евра,
    2. Кам маркет 7,3 милиони евра,
    3. Кипер заработил 5,5 милиони евра, 4. Стокомак 4 милиони евра,
    5. Вива-Фреш (Кит-Го) 5 милиони евра,
    6. Рамстор 2,5 милиони евра,
    7. Тинекс 1,4 милиони.
     
  10. ocicka2014

    ocicka2014 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2014
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    13.531
    Пол:
    Женски
    За 2024 податоци, ги имаше некој објавено на фб.
     
  11. V.odolija

    V.odolija Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 октомври 2014
    Пораки:
    1.219
    Допаѓања:
    21.539
    Еве ја цената на Гранд кафе. До пред некое време беше од 109 ден во Стокомак, 115 во Кам , 119 или нешто повеќе во другите маркети.
    Првата слика е од Кам. Втората од локален маркет со повеќе продавници низ градот.
    Не е нормално ова што се случува
    20250201_132031.jpg FB_IMG_1738412401266.jpg
     
    На kokodaki и eliesaab им се допаѓа ова.
  12. V.odolija

    V.odolija Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 октомври 2014
    Пораки:
    1.219
    Допаѓања:
    21.539
    Може да се направи една тема каде ќе се споредуваат цени на производите во различни маркети , со цел да се информираме меѓусебно за одреден производ каде има најниска цена.
     
  13. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.683
    Допаѓања:
    79.788
    Пол:
    Женски
    Има

    https://forum.femina.mk/threads/Споредба-на-цени-во-маркети.35403/
     
    На V.odolija му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.130
    Допаѓања:
    180.891
    Тоа со кафето е ради:
    - светски берзи
    - климатски промени
    - Трамп на власт
    ....
    Секој ден има нешто ама главно бизнисот мора да расте.
    Има тема https://forum.femina.mk/threads/Споредба-на-цени-во-маркети.35403/
     
    На theowndemon и V.odolija им се допаѓа ова.
  15. Компир Манџа

    Компир Манџа Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    3.431
    Допаѓања:
    5.016
    Пол:
    Машки
    Машала. Ова ко за инат ни го прават.

    Затоа купувајте само тоа што ви е потребно. Не полнете торби/ќеси.

    Ќе им дојде паметот еден ден.
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.524
    Допаѓања:
    39.289
    Пол:
    Машки
    ПАД ОД 46% НА ПРОМЕТОТ ВЧЕРА!!!

    Браво :sun:

    „Според споредбената анализа на податоците, во петок, 31.01.2025 година во однос на петок, 24.01.2025 година, во осумте поголеми ланци на маркети е забележан пад на вкупниот промет за 46.59%. Во петок, 31.01.2025 година, во однос на четврток, 30.01.2025 година, во осумте поголеми ланци на маркети е забележан пад на вкупниот промет за 46.29%“, се вели во соопштението од УЈП.
     
    На Biljarkata, theowndemon, christinnn и 4 други им се допаѓа ова.
  17. Sofronko

    Sofronko Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 август 2017
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    990
    Пол:
    Женски
  18. kokodaki

    kokodaki Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    214
    Допаѓања:
    424
    Во врска со ова со кафето е глобален тренд. Уште паметам претходната година се зборуваше. Колку што знам цените на какаото , чоколадото и кафето уште повеќе ќе растат, цените ќе се до плафон.
    На пример да дадам најлепше желје, тие малите, црна чоколада.
    Беа 19 ден, па 20, па 25, сега се 33.
    Гледам некои чоколадни понуди што ги имало сега и за нова година во однос за претходната година, некои поскапи се дури за 50-60 денари.
     
  19. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.061
    Допаѓања:
    134.676
    Денот беше погрешен 31 јануари, кога пензионерите зимаат пензија после најдолгиот месец. Сиромаштијата нема пари да купи прашок за перење кога сака, ниту брашно, ниту сјај... Чекаат први за се. Ама сега, следен петок, пак. Не 46, 100 проценти да не се оди, посебно Веро со тоа цените луди. Се налапа пари. Грчка фирма. А ние уште полуди што влегуваме.
     
    На jacqueline.s, Biljarkata, theowndemon и 2 други им се допаѓа ова.
  20. V.odolija

    V.odolija Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 октомври 2014
    Пораки:
    1.219
    Допаѓања:
    21.539
    Да , навистина и цената на Најљепше жеље многу се покачи. Мислам дека чоколадите од 100 грама достигнаа цена од над 70 ден. а до лани не беа повеќе од 50.