Синусна брадикардија е состојба на бавна работа на срцето под 50/мин. Најчесто се среќава кај спортисти, кај млади луѓе, но може да се јави и кај лица што имаат изразена нервна напнатост, како и кај луѓе што имаат болест на срцето. Брадикардиите може да се појават во присуство или отсуство на органски промени на срцето и тие може да упатуваат на основната болест. Може да се појават и кај системски болести, кои доведуваат до промени на коронарната циркулација и спроводниот систем: коронарна артериска болест и артериосклероза, артериска хипертензија, болест на штитната жлезда, како и под дејство на лекови како што се дигиталис и бета-блокатори. Кај постари луѓе брадикардијата е предизвикана од артериосклероза и дегенеративни промени на спроводниот систем на срцето. Знаци кои укажуваат на брадикардија се чувство на измореност, вртоглавица, темнеење пред очи, мал крвен притисок, отоци по рацете и нозете. Кај мене приметив пад на притисокот во однос на нормалниот па така и решив да одам на лекар за да видам што е причинител. Така вчера бев на ЕКГ и ми дијагностицираа брадикардија. Не сум спортист ниту пак имам некоја срцева болест... останува да се појавила од нервна напнатост... Има ли некој од вас со ваква дијагноза на работата на срцето? Ми рекоа дека сега за сега нема потреба од терапија кај мене ќе видиме понатаму како ќе биде. Ми рекоа да бидам малку порелаксирана во секојдневието.
симптомите кои си ги навела ги поседувам ама не сум била на преглед за да видам што и како е. инаку ептен сум нервозна и напната... така да моите дома сметаат дека ми е од тоа (а и од тоа ми е) и дека само смиреноста ќе ми помогне. сепак млади сме за да пиеме постојана терапија...
mislenje .. bradikardija i sum na srce me interesira .. mi otkrija bradikardija i sum na srce doktorot mi rece sve e vo red ... jas nemam nikakvi problemi ama ne interesira dali treba da pijam nesto za srce ili ne ... poz
devojki sakam da prasam nesto, jas ednas stanav prepotena od spienje i edvaj mi cukase srceto se izmaciv dur go razrabotam za da si cuka kako treba...a nonstop cuvstvuvam zamor temnina pred oci i sl. Napnata sum pocesto radi karanici so deckoto... dali mislite deka e bradikardija? ne sum bila na lekar...sto znam...