1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Бракот и другарствата

Дискусија во 'Брак' започната од Theodora, 25 јануари 2011.

  1. Unfaithful18

    Unfaithful18 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    2.382
    Допаѓања:
    1.114
    Пол:
    Женски
    Мислам дека во повеќето случаи кога омажената си ги запоставува другарките, најголемата улога ја одиграл сопругот. Од моето друштво се омажи само една другарка. И тоа онаа со која од мали нозе сме другарки, буквално по цел ден сме биле заедно. Заедно јадевме, игравме, спиевме, кога ќе станев сабајле прво трчев кај неа на кафе, или таа кај мене. Кога си го фати за дечко сегашниот маж, почна да не одбегнува, да не не дружи толку често, ама сепак беше искрена и ни кажуваше дека тој не и дозволува. Беше толку љубоморен што за да дојде кај мене дома на кафе (живееме на две мин.) мораше од него да бара дозвола. Веќе не излегуваше со нас, кафе во кафич имаме испиено два-три пати ама само со него на соседната маса. Кога почна да прави муабет за мажење, почнав да ја советувам како што доликува за најдобра другарка. Да почека уште малку, да не избрзува, и кажав дека воопшто не ми се допаѓа неговата љубомора... Таа иако свесна дека сум во потполно право, го бранеше дека е љубоморен бидејќи ја сака, дека самиот тој и ветил дека кога ќе се земат, ќе се смени. А откако се зедоа, не само што не се смени, туку уште толку и’ ги стегна уздите. Сега ја нема да се јави и по месец дена, ако и ѕвониш не крева, со изговор подоцна, дека го имала забутано телефонот во фиока |( Се гледаме само во негово присуство. А до вчера и добро и лошо делевме. Не ја пушта едно кафе заедно на раат да испиеме. Скраја да е, утре јас да земам ваков маж...
    Инаку, сметам дека секој секогаш, ако сака, може да одвои време за кафе со пријателите. Не се изговор ниту маж, ниту дете, ниту домашни обврски.
     
  2. SuNsHiNe989

    SuNsHiNe989 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2012
    Пораки:
    258
    Допаѓања:
    201
    Па можам да кажам дека во 99% од собиранките и кафињата присуствуам, тој 1% е кога сум излезена со сопругот или син ми е нешто болен. Значи секогаш најдувам време за нив , ни идат кај нас на гости одиме во парк да го прошетаме малиот значи што и да порават јас сум тука. Преку еден - два викенди излегуваме во дискотека онака како во старите добри времиња само што сега останувам со нив колку што си сакам. Затоа што порано моите не ме пуштаа до доцна да излегувам па сега си начекав .... :D е многу си ги сакам и никогаш нема да си ди запоставам.
     
    На Unfaithful18 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.798
    Вака:

    Моја многу добра другарка се разведе. Од целата ситуација мажот излезе повреден. (долга приказна).
    Ние многу се дружевме и имавме, многу убаво сме поминувале заедно.

    Сега, не знам што да правам со другарството на нејзиниот бивши? Ми недостига дружењето, советите, муабетите, ама некако ми е незгодно да се дружам сега со него поради нејзе, да не се налути или да сфати погрешно. А, жени како жени, сега мора сите да сме против бившиот и да го мразиме. :^)

    Што би направиле вие? Како да постапам?
     
  4. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    ^ Ти како најдобра или добра другарка треба да и ја дадеш подршката на другарка ти за да го надмине овој период т.е разводот. Потоа со оладена глава таа, а и ти, ќе видиш како ќе реагира односно дали ќе и смета ако ти и понатаму продолжиш да се дружиш со бившиот и маж.
    Ако него си го запознала поред неа, тогаш јас не би се опуштала во дружба со кафе со него. Се разбира дека нема да поминувам покрај него како пред ,,турски гробишта,, :) би го поздравила, ама ете на атер на најдобрата ми другарка не би сакала да ја повредам. Луѓето се себични и љубоморни и некои знаци погрешно ќе ги протолкуваат односно така како што на нив им одговара - сепак оваа е Балкан и така функционираат работите, а дополнително трошење на енергија и докажувања мислам дека нема потреба а и излишни се. Клучна работа е колку ти е блиска другарката.

    Баш потсети на темата...иако имам пишувано...
    Овој викенд бевме на гости кај едни блиски пријатели (се немавме видено некој си мал период месец-два). Социјализацијата си го прави своето, дефинитивно. Цела вечер тупеа како пошле во 1 одд. и како малиот пошол на фудбал. Не само што мажот ми не гледа фудбал, јас пак ич и појма немаме од лиги како се рангирани (не сме до толку топуци де, ама...), после неколку часовен семинар излеговме мртви уморни со газ преку глава. Јас разбирам да прашаш како се децата, како им оди на школо и сл. ама цела вечер да се општи за една те иста работа :worried: . Мислам дека следно видување ќе ни биде за Нова Година :angel: :) .
     
    На girl.23 и imelda им се допаѓа ова.
  5. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.798
    Да, се сложувам Славица, знам дека е така. :)
    Иначе, него го знам покрај нејзе. :$
    Ама, навистина не е човекот виновен за разводот и таа веќе има оладена глава, бидејќи таа сакаше развод и сега ужива сама, почна да излегува, запознава нови луѓе...
    Но, сепак кај нас е такво местото, се погрешно се разбира... :^)
     
    На slavica999 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.343
    Абе види сега. Многу јасно дека нема она дома да седи и да плаче дека се разведела. Ќе излегува и ќе се дружи, оти животот продолжува.
    Ама, тоа што рече сега ние сите ли други да го мразиме, она кажува дека го мрази или го напаѓа сеуште, така? Да мразиш некој е силна емоција, исто како да сакаш. Неа разводот ја боли, уште ја боли што се случило, оти ако не беше така најсеедно ќе и беше. Тој крив ли е или не за распадот на тој брак, и кој го побарал тој развод нема врска. Пораз е тоа, изгубена битка и болка е.
    Сега, она го мрази, не значи и ти дека мораш да го мразиш, ама да го дружиш додека она уште урла за него каков е и ти се доверува, тоа ќе си го сфати дека и одиш позади грб, дека ќе ја предадеш и тоа ќе ја повреди. Не е до местото дека е такво работата. Луѓе и емоции, и тоа му е исходот, без разлика каде е.

    А ти размисли си. Колку ти е добра другаркава, добра со тебе, колку ја сакаш, не дали е крива за бракот дека е распаднат, дали она повеќе ќе ти недостига од овој човек, па тогаш да решиш дали ќе ризикуваш да го продолжиш другарството со него, или да оставиш на тоа како дошол во твојот живот така и си отишол.
     
    На tessie, Li0ness и Moira им се допаѓа ова.
  7. apple12

    apple12 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.015
    Допаѓања:
    3.291
    Пол:
    Женски
    Уффффф, многу ми е мака на душичкава.
    Летово другарка ми се вери, најдобрата, значи што и да треба на неа и се јавувам исто и таа мене. Многу сме блиски. Треба да славам дипломска, сите ќе се собереме, цело друштво, само таа ќе фали. Може да дојде, слободна е, но вереникот е втора смена, не можела без него, ќе се налути, на такви работи треба заедно да идат.... Мака ми е, сите заедно, сите 8 девојчиња а таа ќе фали, личноста што ми е најзначајна од целото друшатво. Ќе седи дома САМА, додека ние се журкаме... Па што може да дојде сама и пред да дојде вереникот од работа да си отиде дома, стварно не ги разбирам овие работи. Утредента нека дојдат со вереникот Па татко ми никогаш не и правел вакви проблеми на мајка ми, па и затовците од братучетките мои. Колку пати доаѓале сами без мажи на слави, родендени, па и на свадби, па и зетовците сами доаѓале ако не биле слободни братучетките.
    Многу тежок карактер има дечково, а она предобра, за се му попушта, се е по негово. Многу ми е мака!

    ;(
     
  8. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.366
    јас иако сум пресно мажена повеќе од 3 години живеам со мм и одам на работа така што исто како во брак да сум.

    е сега во врска со другарство можам да кажам дека додека јас одев на работа и имавме мало домаќинство со мм другарките мои се уште студираа.
    јас цело време им звонев за излегувања си одевме на гости излегував сама со другарките итн мм не ми правеше воопшто проблем. иако јас бев со поголеми обврски секогаш јас се трудев да останеме во контакт. искрено едно време ми пукна филот... ама ај јас нели жртва за другарките.

    од кога се вработија и они по дипломирањето и дел фатија дечковци ни еднаш не кренаа телефон ниту пак ме/не викнале кај нив на гости. се гледаме само кога ќе се собериме за роденден (значи пак само јас го чекав и ги викнав сите) во родниот град на кафе а за излегување чат пат доаѓаат се додека не им се јават дечковите и трчаат како метак и после јас со подвиена опашка го барам кај е мм за да останам со него. тој долго време гледаше и не ми викаше ништо но еднаш му пукна филмот да ме гледа разочарана и ми кажа се што мисли. искрено по безброј разочарувања и јас не се трудам повеќе, кога се гледаме се гледаме неможам јас да давам се а тие ништо. си се дружам повеќе со една другарка и тоа е тоа. овие другиве чудни ми се трчат по своите дечкови а овие ѕвонат само кога им треба нешто али нејсе нивни живот. сега си се дружам со оние што ми одговараат и ич не му ја мислам .
     
    На tessie, Mrs.Bass, Bozica1980 и 3 други им се допаѓа ова.
  9. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.798
    Имам едно прашање слично на темава. Молам која сака да даде совет, нека ми пише ЛП, па да и кажам околу што се работи.
     
  10. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Прв случај:
    Што кога другарка ви инсистира да се дружи освен со вас, и со мажот ви ?

    Можеби и е интересен, духовит, ама кога таа напросто ужива во негово друштво и секогаш ве бара заедно за на кафе и навечер ?


    Втор случај:
    Што кога другарка ви сака индиректно да ве понижи, искритикува пред маж ви ? Таа да се претстави во убаво светло, таа знае и умее со него, ама вие како да сте дрво за делкање, па сега ќе ве крои пред него.

    Иначе, јас сум имала како вториов случај, и касно се сетив дека таа другарка не ми е другарка, туку само искомплексирано суштество, кое наместо да си го среди својот живот, умее само да расипува туѓи.
     
  11. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.431
    Допаѓања:
    47.630
    Пол:
    Женски
    ^Во поглед на првиот случај не мора да значи дека има скриени намери према мажот на другарката. Јес да немам мажени другарки,ама со дечкото на другарка ми многу добро се слагаме ,имаме слични карактери и коа седиме заедно стално се смееме и тропаме глупости.Никогаш не сум ги викала специјално за да седам со него,почесто они мене ме викаат да дружиме дури памтам еднаш другарка ми вика -А. рече да те викам на кафе да искочиме сите да сме се посмееле со тебе.
    Башка можеби нејке да ги двои па мажот да помисли дека кој знае зошто ја вика жена му сама да искача со нејзе и дека кој знае што би праеле коа се сами. Знам мене многу пати ми се дешавало да ми каже -Па што ке праите сами,па кај ке идете,па со кој ке идете.Поготово битно со кој ке идеме да не случајно ме завлекува со други дечковци па да го изварам и сл.

    Во поглед на вториот случај таква другарка не е другарка.И со маж и со дечко и со било кој ке го праи тоа.Јас имав таков случај.Седевме еднаш со дечко ми и тако званата другарка моја почна пред него да тропа глупости за мене буквално да го натера да ми расине.Како ја не сум сакала со него да одам на одмор , како ја сум била фина додека не ме запознае после скапо ке ме плател...После таа вечер мислам дека не можев со денови да и се изначудам на муабетите и зошто така збореше.Ама ете има секакви.Затоа човек мислам дека треба 10 очи да отвара со кого дружи и со кого седи на маса.Не секој го заслужува нашето друштво и внимание .
     
  12. bibush

    bibush Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2010
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    28
    Би сакала да ве прашам за мислење. Од пред скоро време се веривме со дечкото и живееме заедно. Новиот начин на живот и за двајцата е полн со многу обврски. Јас на пример едвај стигнувам да завршам се што треба. Но понекогаш и покрај тоа што имам многу малку слободно време сакам да излезам со другарка на кафе, значи сама без вереникот и да си направам муабет. Но кога ќе спомнам излегување со другарка он коментира као дека ќе сум си го оставела јас мажот дома за некоја другарка, дека ако другарка ми сакала да се види со мене што не дојде кај нас дома со дечко и, дека како правам така ќе ми правел и тој ќе почнел да излегува... дека не било проблем на пример да идам во шопинг со снаа ми, со братучетка ми бла бла, кажува многу примери кои се као во ред, и сака да каже дека не се понаша тој љубоморно и ограничувачки спрема мене, дека имам слобода, ама конкретно излегување на кафе (преку ден) со другарка го сфаќа некако многу страшно као јас којзнае што да правам. И сега се запрашувам дали е тој во право и дали јас претерувам и треба да се навикнам на брачниот живот со повеќе ограничувања, или сум си скрос во право што сакам да испијам едно кафе на улица македонија со другарка ми.
     
  13. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    6.628
    Допаѓања:
    251.187
    Пол:
    Женски
    Ти си во право и воопшто не претеруваш. А моја претпоставка е дека на твојот вереник не му се многу по мерак твоите пријателки па затоа е таа негова реакција.
     
  14. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.345
    Скроз си во право и по никоја цена не треба да се ограничуваш да испиеш едно кафе сама во женско друштво, исто како што и тебе не треба да ти смета он да излезе. Ако сега дозволиш да е по негово, за 5години освен маж ти и пријателите што он ти ги избрал, ќе немаш никого друг.
     
  15. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.752
    Во животот има време за све значи има време и за брак и за дом и за другарство но не е убаво да се запостават ни другарствата ни бракот нај прво треба да гледаме дома да ни е се под ред со децата со домот со мажот а потоа и да обрниме времене на другарствата
     
  16. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Ај еден мал проблем овде ќе го пишам, мислам тука е најсоодветно..

    Мојата најверна другарка е премногу либерална, откачена, но ги преминува границите по мое лично мислење.
    Многу пати знае да му се *стави* на маж ми. (Примери, јас и таа сме излезени, па му звони на мобилен за да дојдел со нас, физички со рака многу го чепка, го гњави на моторот да ја вози крукчиња, флерува со погледи, се занесува со муабети...)

    Сум и рекла неколку пати, и таа се вади со тоа дека јас сум била многу љубоморна, па од инает ми го прави тоа (Иначе вака е слободна и со сите мажи, без разлика дали се женати или не). Дури и се лути што не сум имала доверба во неа, демек нема да ти го превземам, што се плашиш..
    И пред него знае да ме напаѓа, многу си љубоморна, ова-она, па испаѓам јас лошата, а таа интересната.
    Најстрашно ми е што на маж ми му се допаѓа целава игра, па ужива во дружењето со неа.
     
  17. MIA-SK

    MIA-SK Популарен член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2012
    Пораки:
    908
    Допаѓања:
    561
    Пол:
    Женски
    Значи, да не се лажеме - доколку постои желба за дружење, секогаш се наоѓа време, ниту еден изговор не е одржлив!

    Имам и јас еден пример како не треба да се однесува никој!
    Ние сме неколку најдобри другарки од мали, некои мажени со деца, некои немажени со дечковци, некои без дечковци. Една од другарките немаше дечко долго време, но ја запознаа со еден дечко и оддеднаш скроз ја снема-прекина секаков вид на комуникација со нас! После неколку месеци не извести дека ќе се мажи,не покани на свадба,нормално сите отидовме и бевме највесели. Но, нејзиниот иден маж ние го запознавме на свадбата!!! Какво другарство е тоа?!?!?! Никого дома нема покането да и оди на гости. Сега има и бебе,никоја не е поканета на повојница. Скроз е одалечена од сите нас, а нема други другарки. Контактира само со мажот, свекор,свекрва,фамилијата на братот на мажот,нејзините родители и фамилијата на нејзината сестра. Нејзиниот маж е супер,100% сме сигурни дека не е он причината за нејзиното однесување,едноставно она не сака со нас да се дружи, никоја од нас не знае зошто!
     
  18. galijan

    galijan Популарен член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2012
    Пораки:
    138
    Допаѓања:
    260
    Bibush, твојот вереник е несигурен и љубоморен.Нема ништо лошо да излезеш понекогаш со другарка ти на кафе.Немој да си наоѓаш вина кај себе.Ќе си седнете да си разговарате и ќе му докажеш дека ти не излегуваш со другарка ти за да бркаш мажи, туку едноставно си одржуваш нормална комуникација со драгите луѓе.Отстрани го овој проблем уште сега, бидејќи недовербата е убиец на љубовта.А само да прашам, дали беше ваков и кога бевте во врска.
     
    На BellaS му/ѝ се допаѓа ова.
  19. MIA-SK

    MIA-SK Популарен член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2012
    Пораки:
    908
    Допаѓања:
    561
    Пол:
    Женски

    Извини, ама не се согласувам со твоето мислење! Се зависи од личноста и од нејзината желба да ја продолжи комуникацијата и дружењето со другарките. Факт е дека жената кога стапува во брак има многу повеќе обврски, но ако има желба и добра организација на домашните обврски, се се постигнува.

    Јас стварно не ги разбирам девојките што кога ќе си фатат дечко или ќе се омажат скроз исчезнуваат!
     
  20. BellaS

    BellaS Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2012
    Пораки:
    973
    Допаѓања:
    925
    Пол:
    Женски
    Има време за се, важна е прво љубовта и довербата меѓу партнерите и се ќе биде во ред. Доколку нешто од овие работи недостасува ќе има и проблеми нормално. Не го исклучувам фактот карактер, секој поединец си е посебна приказна но со љубов и взаемна доверба се ќе се среди ;)