1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Бракот и другарствата

Дискусија во 'Брак' започната од Theodora, 25 јануари 2011.

  1. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.899
    Пол:
    Женски
    Tvojata najverna drugarka spored mene e malku taka iskompleksirana I pati odnkompleks za vnimanie spored ova shto go kazuvash.
    Da sum na tvoe mesto za da I ja zatnam ustata kje I se priklucam na igrata pr. ako bara vozenje na motor jas kje predlozam trojcata da se vozime-pointeresno kje bide :wasntme: , ako mu zvoni da dojde jas koga I da kje treba da iskacam so nea bez da ja prasham kje go nosam I mazot , demek sto ako sme se dogovorile samo nie, kje iskoristam prevoz so motor :!: I zaedno kje dojdeme.
    Prikluci I se na igrata, imitiraj ja...pr. ako pri razgovor se ligavi I pravi nekoi pokreti, pravi gi I ti...bidi I ti interesnata :P znam glupavo e, ama ili toa ili pa kje mora ada ja prifatish takva kakva sto e, da i' se potsmevash na postapkite I glupostite shto gi pravi I da si srkash od kafeto so merak, ignoriraj ja...moze I namerno taka da te zakaca. :?: zashto znae deka se lutis...ete vikas I samata ti rekla da ne se plashish deka kje ti go prezeme mazot. Namerno te bocka, znae deka se lutish I te provocira.

    Ili pa prekini go prijatelstvoto so nea.
     
    На Silver.E му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.676
    Од 9 до 17 (во најдобар случај) сум на работа. Додека се вратиме со сопругот дома, дошло 17:30. Да ручаме, да крениме нозе, да изиграм 300 игри со малата или да ја извадиме некаде за да се истрча - дошло 21 минимум. Додека да ја истуширам и средам за спиење и фатам нешто ептен ситно низ дома, дошло 22 во најмала рака. И сега? На која другарка да и` се јавам за да излезиме и со КОЈА СИЛА да излезам јас од дома?
    Ај, може ќе најдам и сила, ќе најдам и време, ќе си го жртвувам детето за да се видам со некоја другарка (зошто реално, ако е таа без деца - нема да сака да се видиме заедно со мојот „багаж“, така?), ама тоа ќе значи дека ќе си го жртвувам времето и со мажот ми, кое исто така се` помалце го имам. И кога ќе ставам на кантар, што губам, а што добивам со 2 саати оговарање на теми тотално неблиски за мене во моментов (зошто имам поинакви приоритети и обврски), нормално дека си ја бирам ФАМИЛИЈАТА.

    Да се разбериме, ги правам овие „жртви“ од време на време, ама гледам да се одма после работа за да не одам дома,да нема плачки и тегнења по мене, зошто тогаш ми е уште покриво за изборот што сум го направила. И се дружиме, со сопругот МНОГУ се дружиме навечер по кафани и седенки, ама со слични на нас (мажени, деца) зошто 1. Знаеме што ни значи слободното време, 2. Имаме мноооогу заеднички теми и 3. Никој од нив не не` бара одделно да излегуваме за да се видиме ;)

    Јас искрено, на сите другарки што си фатија дечковци после мене, им велев: Не ме гледај мене, не гледај никој, инвестирај си во врската и дечкото за да си среќна и исполнета. Никогаш не сум им замерила што не ми се јавиле, или пишале, или не ме викнале на кафе. Боже сачувај, секој си прави што сака, немам јас што да им водам евиденција, ниту да им вадам непишани правила за добро другарство.
    Негледањето не ми е едно од нив, ако се сакаме искрено, ќе се прифатиме вакви какви што сме.
     
    На Lovely93, WarriorAngel, senza.parole и 9 други им се допаѓа ова.
  3. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.963
    Пол:
    Женски
    Другарка ти е тешка attention whore, умира за внимание и тоа што тебе те напаѓа за да ја примети и да му е центар пажње на мт, не е ништо лично. Сигурно тоа им го прави на сите мажени другарки.
    Ќе си седнеш со мт ќе разговараш озбилно, ќе му кажеш дека ти пречи и дека нема да толерираш такво однесување и дека доколку му е поинтересна може да си остане со неа, а ти да си ја бараш среќата. Или пак флертувај исто така пред него со друго машко, па да го видам колку ќе му е интересно и не за лутење. :|

    Тоа што ме загрижува и ми делува лигаво, искомплексирано и неизживеано од страна на мт е што тој ја поддржува во играва, наместо ко прав маж со прави м.да да каже „ај прибери ја устата малце, за жена ми збориш.“
     
    На Silver.E, lolyta777 и joelle им се допаѓа ова.
  4. MIA-SK

    MIA-SK Популарен член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2012
    Пораки:
    908
    Допаѓања:
    561
    Пол:
    Женски




    Се согласувам дека Фамилијата е најважна! НО...никако не смеат да се заборават и да се игнорираат оние лица со кои пред да го сретнеш сопругот си бил 24/7, си делел добро и зло, сте биле секогаш достапни за се.
    Пример: имам другарка што има 4 деца (2 пара близначиња).Живеат сами со сопругот, немаат помош од баби и дедовци, се сами прават. И двајцата работат, децата ги носат на многу активности,готват,чистат...се прават сами,немаат ни жена што им помага. Но,таа другарка е секогаш расположена за дружење, секогаш доаѓа на кафе,на концерти, на вечера со нас...Она најмногу ни се јавува да не чуе-без повод, секогаш е најрасположена од сите нас и спремна за дружење. Сигурна сум дека она е најуморна и има многу повеќе обврски од сите нас заедно, но никого не игнорира, не прекинува комуникација со ниедна другарка.

    Знаеш што не можам да сфатам кај оние девојки што прекинуваат секаква комуникација со другарките??? Зарем немаат потреба и желба да седнат со некоја другарка и да каже се што и лежи на душа откако е со тој дечко или маж? Животот ни носи убави, но и лоши работи, проблеми...треба да имаме некој покрај себе (освен мажот).
     
    На bibush му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.676
    Па генерално, ние сите проблеми (во брак најчесто поврзани со сопругот,финансиите и децата најмногу) ги преговараме и решаваме со сопругот, со никој друг. Другарка ми,која не е мажена и нема дете, нит ќе ме разбере, нит ќе ми даде издржан совет, само ќе ја малтретирам за џабе.

    И жена да има 2 пара близнаци, да нема помош од никој, да оди на работа, да ги носи на екстра активности (4 деца!) и секогаш да доаѓа на кафе,на вечера на концерти со вас??? Не ми се верува, некаде некој страда заради тоа. Можеби е таа, можеби се` она што ќе го пропушти додека е со вас, ќе го направи во времето кога ќе треба да се одмара, ама некој МОРА да страда во ваква ситуација. Едноставно не е можно, ете ја мојата математика погоре со 1 дете. Ако има некој со 4, ќе го замолам да ни ја пише својата :)

    И за колку пати месечно коментираме тука? Кафе, вечера, концерти?
     
    На MacenceEna, Daydream, Annath и 3 други им се допаѓа ова.
  6. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.366

    еј миа нека не те лаже другарка ти или нека кажува од кај и е куќната помошничка или од кај и е кокаинот :D
     
    На bittersweet, lolyta777 и tessie им се допаѓа ова.
  7. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.676
    2то ќе да е, со оглед на „секогаш расположена“ :D
    Ама Миа не е мажена и нема деца, па не може да сфати дека неко меџу нама није наш :)
     
    На bittersweet, tessie и joelle им се допаѓа ова.
  8. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.685
    Допаѓања:
    97.992
    Пол:
    Женски
    Одржувањето на другарствата и пријателствата во бракот според мене е многу важно.Сакам кога имам мои другарки и пријателки,кога тој има свои другари и кога имаме заеднички.Па каква е смислата на постоењето,на животот,на бракот,ако се затвориш во 4 ѕида и твојот свет се само сопругот и детето/децата?Мислам дека дружењето е важно и за одржување на здрава психа и да се постигне некоја рамнотежа.Не велам дека може секогаш да се контактира,ама ако постои желба ќе се најде начин да се реализира.Ако не денес утре,ако не оваа недела-другата.Од моја гледна точка особено се важни женските пријателства,само кога се искрени.Се останато ,немам време,не можам,обврски..кај мене не пие вода.Само криење позади завесата на демек презафатена личност.Јас не можам така да функиционирам и не сакам.Кој може,секоја чест.
     
    На Trendafilka, baby-star, SuperGirl24 и 5 други им се допаѓа ова.
  9. MIA-SK

    MIA-SK Популарен член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2012
    Пораки:
    908
    Допаѓања:
    561
    Пол:
    Женски

    Јас не зборувам за секојдневно излегување со другарките-тоа е сосема невозможно и нелогично, но барем 1 неделно, мислам дека секоја од нас може да одвои саат-два.
    Јас тука зборувам и ужасно ме нервира ПРЕКИН на секаков вид на комуникација со другарките откако ќе се фати дечко или ќе се стапи во брак. А тоа не подразбира само одење на кафе-сами ние 2, туку слушање по телефон, заедничко дружење-во парови, комбинирање на активности на пр.одење во Зоолошка со децата или на Водно/парк и разговор со другарка во исто време...
    Сметам дека на секоја од нас и е потребен разговор со другарка, кој не мора да биде во живо! Јас на пример додека готвам или пеглам, се јавувам на другарка, ја ставам на спикер и готвам/пеглам во исто време.

    Оправдувањето од типот “немам време, имам многу обврски“ е само одлика на максимално себични луѓе кои константно се жалат, но ако тебе ти е полесно да го даваш ова оправдување со цел да го прикриеш немањето желба за дружење со другарките со кои си била 24/7 пред да се омажиш, ОК-тоа е твој избор и твое право...твој си е животот!
     
  10. MIA-SK

    MIA-SK Популарен член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2012
    Пораки:
    908
    Допаѓања:
    561
    Пол:
    Женски

    Многу ме занима КАКО дојде до оваа констатација дека не сум мажена и дека немам деца?!?!
    Чудно ти е што постојат луѓе кои имаат сопствена фамилија и имаат време, желба и потреба за одржување на контакти со другарките?!? Епа постојат! :!:
     
  11. MIA-SK

    MIA-SK Популарен член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2012
    Пораки:
    908
    Допаѓања:
    561
    Пол:
    Женски
    Се согласувам 100%!
     
    На Glasna му/ѝ се допаѓа ова.
  12. bibush

    bibush Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2010
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    28
    Додека бев во врска си излегував сама со другарка, не којзнае какво излегување до рано сабајле, ама на кафенце, вечера да, и тоа од време на време. Но не бевме многу долго во врска па веројатно немаше време да го сфати тоа како мој начин на живот од кој не планирам да се откажам. Инаку имавме многу кавги и плачки на оваа тема, се додека не откачив еден ден, се убив од плачење и викање и му објаснив фино лепо дека мојот живот ќе го живеам јас како што сакам, и тоа не е на штета на бракот. Му објаснив кои се моите сфаќања за бракот и како планирам да биде и мојот и неговиот и заедничкиот начин на живот (ова изгледа требаше порано да го направам, пред да се вериме) и ставивме крај на темата и си излегов со другарка на кафе и си ја имам слободата тоа да го правам и понатака, секако исто важи и за него. Поздрав девојки, и ви благодарам за мислењата.
     
    На BellaS и irena.1 им се допаѓа ова.
  13. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.676
    Миа, ова се ТВОИ видувања и не значи дека сите твои другарки и познанички треба да ги следат зошто ти веруваш во нив,тоа е едноставно НЕРЕАЛНО. Мојот живот е перфектен ваков каков што е, зошто сама си го избрав и го живеам на начин најдобар за мене и мојата фамилија :) Не и` одговара на некоја моја „другарка“ зошто по правило не сум се гледала 1 неделно со неа? Слободно нека ме отпише од именик, услуга ќе ми направи.

    И да разјасниме - јас не се ПРАВДАМ, на никого,ниту очекувам некој мене да ми се правда за СВОЈОТ живот. Мислам, трагикомично ми е да мислам дека другарка ми не ме сака оти не ме бара 1 неделно, макар и на тел, и да мислам дека се фолира со нејзините „оправдувања“. Ама знаеш што? Тие што најмногу викаат за овој проблем, кога ќе дојде време први ќе го направат ;)

    Не, не ми е воопшто чудно тоа, јас не ги коментирам луѓето, ама чуден е примерот што го наведе - 2 пара близнаци (4 деца), без помош од страна, на сите дополнителни активности и прва е за со вас секогаш?! Ај важи :)

    И не знам зошто, се извинувам ако грешам, ама јас од твоите постови не добив впечаток дека си мажена со деца.
    Мажена си, имаш деца? Ги оставаш за да се видиш со другарките минимум 1 неделно?
     
    На WarriorAngel, MacenceEna, tessie и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. cecilia

    cecilia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    1.195
    Искрено ќе ти кажам НЕМАМ време за ништо одкако се породив не за другарки туку ни за себе. Ако верува не сум шишана 6 ипол месеци и одење на депилација ми е мислена именка. И јас порано киснев на кафиња кај другарки и еднаш во месецот најмалку одев во салон па педикири маникири се по ред и пропис ама сега навистина неможам. Излегуваме во парови со детето зошто немам кој да ми го чува а на непозната бебиситерка не ми се остава. Не сум себична едноставно немам време.
    Ова ме потсети на сексот и градот епизодата кога Миранда немаше време за ништо и кога Саманта ја испрати на фризер а она го чуваше малиот.
    Ете тоа е другарка а не некоја што ќе ти мрчи демек си себична зошто не си и се јавила или не си одвојувала време за неа.
     
    На MacenceEna му/ѝ се допаѓа ова.
  15. ell

    ell Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    352
    Допаѓања:
    606
    Секој со своето, ама недај боже да дојде до криза во бракот, развод или уште полошо смрт на партнерот...ете од немање време ке испадне дека сите „другарки„ ви го свртеле грбот.

    Не ми се дискутира и објаснува на широко на темава. Имам одамна изграден став за тоа.. Само што од лично искуство и искуство на најблиски, се има време за се, се друго е само себично оправдување. Буквално! ;)

    И џабе е убедување. Некои девојки дечко ко ќе фатат исчезнуваат од реалниот свет а камоли фамилија кога ќе имаат.

    Муабетот ми е, времето кое го поминувате на форумов објаснувајќи дека немате време за ништо, може да го поминете со некоја драга другарка која била дел од вашиот живот пред да имате маж и дете. 2 саати не прават разлика. :)
     
    На baby-star и Glasna им се допаѓа ова.
  16. MIA-SK

    MIA-SK Популарен член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2012
    Пораки:
    908
    Допаѓања:
    561
    Пол:
    Женски
    Сосема се согласувам со тебе!
    Ќе наведам само еден пример-другарка на сестра ми кога си фати дечко (за озбилно) тотално ги откачи сите другарки, сосема ја прекина комуникацијата со сите другарки, се дружеа само со неговите другари. Целиот нејзин свет се вртеше само околу нејзиниот маж. Се земаа,имаат и бебенце. После 2 години во брак тој си фати швалерка и се разведоа! Таа со бебето отиде под кирија,едвај крај со крај сврзуваат. Но (иако заслужи), другарките не и свртеа грб, туку ја има нивната помош и поддршка. Сега има време за другарките... Затоа, не бидете себични, не ги уништувајте пријателствата од минатото затоа што не знаеме животот што ни носи, секој брак оди нагоре-надоле, ништо не е совршено во животот, како што треба континуирано да се негува бракот, треба да се негуваат и пријателствата! :!:
     
    На Glasna му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.469
    Пол:
    Женски
    Ехее полека малце. До кои црни сценарија сте стигнале. Ако брачниот партнер не дај боже почине сигурно дека нема утеха во другарките да барам, барем јас. Фала богу имам родители и сестра.

    Не знам како гледате вие на другарството ама како раснеме сите си се носиме со своите проблеми и сите полека, полека си влечат на своја страна. Вие зборите како средношколци да сме, па ќе се дружиме, излегуваме, пијанки ќе си правиме како ветре развигорче. Абре ви зборат жениве дека време да се избањаат немаат, а вие сте се запнале другарството па другарството. Разбирам јас од време на време да се излезе, ете еднаш во месецот, да се видиш со некоја стварно блиска другарка што ти е драга ама цело време излегувања и незнам ти што едноставно е невозможно.

    Јас еве лично не сум во брак, ама пред една година работев (каде што имав 2 дена слободни во месецот), истовремено студирав и одржував врска која сеуште опстојува, а немаше да опстои ако јас тогаш не се свртев малце кон таа истата врска. И да, за волја на вистината луѓе немав време за себе и за своите лични потреби и тоа не знаете како сум трчала на сите страни. Абе немав време да се избањам, срам ми е да помислам на тој период, се бањав во 3 ноќе. Ни маски, ни пилинзи, ни маникири, ни педикири, абре еден лак обичен немав време да ставам на ноктиве, а не па цели третмани. И тоа време што го одвојував за да се видам со дечко ми тоа значеше дека нема спиење за мене. Жива ненаспана бев. А не па тие жени што се во брак и со дечиња. Можам да замислам, уствари не можам. И тогаш само една другарка ме сфаќаше со која и ден денеска се дружам, а сите други ми се лигавеа дека не сум имала време за нив и не разбираа. Едноставно не разбираат дека стануваш во 6 сабајле и дека додека они сите се тегачат до 12 па и 1 попладне ти работиш. Затоа целосно ги сфаќам членкиве што кажале дека немаат време, не сте свесни колку проклето ги сфаќам. Еве ќе речете јас не сум мажена ама еве дома имам пример на жена која трча на сите страни и пак нема време за себе, мајка ми. И да и' спомнеш да излезат некаде и со татко ми вели какво излегување нема шанси, а не па сама, гледа само кревет да фати откако ќе среди се. Со сестра и' нема да се види ако не работеа на исто работно место. Цел божји ден е натака, навака, и физички и психички.

    Не знам како вие гледате на ова, не дека треба да се запустуваме и дека ако сме фатиле дечко или ете некоја се омажила дека цел свет треба околу другата личност да се врти. Ама кога се нема, се нема време. Плус па и со дечиња. И не знам која е таа мајка што го остава своето дете дома и повеќе да сака да оди со пријателките да оговара отколку да си поигра со детето. Ајде во врска со тоа не можам многу, многу да зборам зашто немам деца ама за конкретно немањето време, многу добро ми е познато.

    Ако некоја постојано си излегува и си наоѓа простор во денот, според мене или не работи, дома е па си има време за се по малце, или не ја интересираат деца па ги тупнува на свекрви мајки, или нема никаков брак со маж и', он си шета она си шета и таква заедница си имаат, само дома да не се. Или па ако е се ок и има време тогаш е супер жена, што се сомневам дека некоја може на таков начин да функционира. Други објаснувања немам.

    Јас лично, како сакате сфатете ама и порано кога немав време и сега, повеќе сум си сакала и сакам да си седнам опуштено со дечко ми, да си отидеме на вечера, со јадење и вино, да изгледаме некој филм итн. отколку да одам да слушам оговарања. И ете баш тогаш во тој период не сум згрешила што сум постапувала така, односно што дечко ми ми бил приоритет. Истите тие другарки после си го покажаа лицето. Така што реков само со една другарка функционирам како што треба и секогаш имала разбирање за мене, како и јас за неа. Со неа си се гледам кога имам време и она кога има време нормално.

    Се менуваат работите, други приоритети доаѓаат во животот. Не може на една мајка и жена со кариера и супер брак да и бидат во предност другарките. Мислам тоа е реалноста. Како може на мајка ми да и' биде приоритет да отиде да се види со пријателки отколку да поразговара за некој проблем со мене и сестра ми? Штознам јас така ги сфаќам работите.
     
    На Edie.S и MacenceEna им се допаѓа ова.
  18. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.431
    Допаѓања:
    47.652
    Пол:
    Женски
    Според горе кажаното испага дека кога една жена ке влезе во брак или во врска светот нејзин треба да се врти околу мажот и децата. После сите се чудат кога некоја 30 годишна девојка ке каже нејкам да се мажам сакам да си поживеам уште мале.
    Факт е дека сите сме во трка со времето,повекето одат на работа ,кога ке дојдат дома готват перат,пеглаат дете гледаат помагаат во домашна пишување и сл.
    Зарем ке смени нешто ако за викендите што на повекето им се слободни одвоите 1 саат за да се видите со некој друг освен мажот и детето?!? Ете нека биде наутро додека спие малото или и да не спие зарем мажот не може да го почува на саат време ?!?
    Многу е дрско и нефер да се заборават сите луге кои биле тука за нас пред да навлеземе во врската или во бракот. Сите оние кои ни биле рамо за плачење кога ни било најтешко,сите оние кои се радувале со нас на нашите успеси,сите оние безрезервно ги слушале по 100 пати истите муабети во 3 саат сабајле само затоа што ни требало некој за муабет да не сослуша. Колку во ова испревтено секојдневие да не постојат вистински вредности и вистинско пријателство сите ние имаме по 1 или 2ца за кои можеме да кажеме дека ни се вистински другари/ки.
    Зошто одма по влегувањето во една врска или брак по дифолт семејството и пријателителите на вашиот сопатник да станат личности со кои секогаш ке се гледате пошто ете тие му се на Петко пријатели и за нив се има време ,а вашите да останат во заборав. Свесна сум дека тие што имаат деца бараат некој со деца што ке биде на иста бранова должина како нив ,но зарем тие што по некоја случајност се немажени/неженети имаат лепра па треба да се прекине комуникацијата со нив.
    Па ако треба една вечер ке жртвувам секс со Петко ама ке излезам со другарка да ја видам да ја прашам што прави како е . Нит мене ке ми падне чинот нит па на Петко.Утре ке имам време за секс и нежности со него. Ако не легнам денес во 10,утре кога ке се вратам од работа ке поспијам саат поише.
    Да не се лажеме децата додека се мали поголем дел од денот во спиење го поминуваат отколку во игра со вас.Нема да се скрати квалитетното поминато време со детето ако на саат време се тргнете од него.
    Тоа е само изговор.

    Одев на работа,доагав дома папсана и пак се гледав 1-2 во неделата со другарките. И тоа дечко ми е тој кој секогаш безрезервно е спремен да го жртвува своето поминато време со мене и да рече -С, слободно види се со Петкана,знам колку е битно да се гледаш со другарките.Несакам да те гушам и да те терам постојано да бидеш со мене секој ден.Утре ке се видиме јас и ти. И ради тоа многу го почитувам. Затоа што знае и е свесен дека имам и друг свет покрај него. Дека не е само тој во мојот живот.
     
    На Trendafilka, ell, baby-star и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Glasna

    Glasna Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2012
    Пораки:
    1.047
    Допаѓања:
    2.178
    Toj shto saka da se druzhi ,ke se druzhi,toj shto ne saka..sekojpat ke naoga opravduvanja ;)
    A navekje shto imam zaprimeteno kaj poveke brachni parovi(neznam mozhe nekoja nova moda e kaj tazevo roditeli..shtoznam :D ),ako imaat deca nivnite druzhenja se sveduvaat strikno samo so luge shto imaat deca :?: ....shto spored mene mi e nonsense :geek: ...ali koj kako si ljubi taka neka si pravi...
     
  20. Mravce

    Mravce Популарен член

    Се зачлени на:
    11 март 2012
    Пораки:
    611
    Допаѓања:
    787
    Јас и мм откако се веривме, па до свадбата со моите другарки бев таман си искачав се беше супер, некогаш со мм, некогаш сама, немаше никаков проблем, а и одев и на работа, со најдобрата другарка ако не секој ден секој втор ден бевме на кафе, кај неа или кај мене, дури и по два пати дневно се гледавме, мм стално се чудеше што толку оговараме :lol: . Е сега откако се земавме, по два дена после свадба дознавме дека чекаме бебе, и на почетокот ај чат пат ме викаа, едно време скроз ги снема, еднаш во месецот да речеме ќе се јавеше некој, и на крај да ви кажам искрено дека мм е музичар си искачав кај него на свирки со огромен стомак, до средина на 8ми шетав, ама претежно со негови другари и нивните девојки, моите никаде ги немаше. И како што бива се породив и на почетокот сите сакаат да знаат како си звонат ради реда изгледа, дојдоа го видоа бебето тие што го видоа и толку, никој никаде нема, а искрено и јас не ни звонам, кренав раце. Ете и мојата најдобра другарка што од бебиња бевме заедно сто пати и реков јави се да пиеме кафе и она стално па незнам кога си слободна, сто пати реков слободна сум кога и да е, ќе го причува малиот мм, не е проблем, и по два три дена звонење по ред, се нешто она имаше работа, иако не работи, се уморна и се откажав, и од тогаш поминаа скоро три месеци на две минути живееме и воопшто не ми се има ни јавено ни ништо. И на крај што испаѓа од ова како демек ние со бебе не сакаме да излеземе, сакам и јас да излезам да се издувам, ама изгледа и доста од луѓето и мислат дека ако имаш дете и готово закован си па не ни спагаш во нивните планови :D, така да сега контакт со моите многу многу немам, претежно сум со на мм, бидејќи повеќето се веќе во сериозни врски, си искачаме во парови и се знае кога си со бебе секој сака да го земе да си игра па слободно можам да се изнауживам :D :D :D