WOW! Не сакам да бидам мрчатор, но јас со еден пар близнаци не можам во вц да отидам и тоа со помош од две баби, а не пак да помислам да излезам. Еве вчера баш разговаравме со пријателкиве(кои имаат по едно дете) како сме дозволиле 7 месеци да не се видиме. Едноставно, немам време, а и тоа малку време што го имам сакам да го поминам со мм. Тоа е мојот избор- како што кажа Моира- СЕМЕЈСТВОТО! А ако ми се налутат пријателките, значи не ми се вистински пријателки - бидејќи ќе знаеле низ каков период поминуваме и сл. А и сега увидов кои ми се вистински пријателки, они лажните сами се тргнаа. И мене сите ми се лутат и ми коментираат- Е да бе само ти деца имаш и немаш време. Со добра организација се се може! Е да се може но мене ми треба цел ден организирање една баба. друга баба, па успивање па плачки, па спремање со брзина на светлината и откако ќе седнам на кафе 100 пати ќе ми се јават едно плачело многу, друго качило Т итн итн ...
има на светов СУПЕР МАЈКИ што без помош можат се да постигнат, децата средени, дома се средено и + тие дотерани еве ти ги излезени. ние.... загрев ние ништо не можиме да постигниме. и па ќе слушаш или ќе читаш како не си во ред нешто, што не можиш да се видиш со другарките ( а само ти знаеш колку тоа ти недостига), ама си седиш дома со децата оти немаш време.
Реално, познавам многу мајки кои се чисти флегми. Немам време за ова, немам време за она. Така е кога водат нездрав живот, па немаат енергија за ништо. А, и сами не знаат да си го организираат времето. Ова го кажувам, зошто има мајки кои знаат и на фризер да појдат, да се средат, облечат, издепилираат и да прошетаат низ град, па и на плажа.. Е, сега зависи и какви се децата, ако ги земаш. Ако се мирни и разбрани, ќе можеш да раат да прошеташ и на кафе да седниш со другарките.
Силвер имаш деца? Ако немаш, сакаш да се смениме 24ч? Пред да осудиш некого прво пробај 24ч да одиш во нејзините чевли! Од 24ч спијам само 2, некогаш 3 часа останати 21/22ч сум турбо- плачење, нишкање, едно се покакало, друго бљуцнало, само што си го пресоблекол се излигавило ко бернардинец и ајде јово на ново, борба за јадење, борба за спиење, занимавање, држење во раце, пеење, играње, попладневна шетња ... Ова за децава мирни и разбрани ваљда се мисли за деца од 10години? Јас не сум видела такво дете помало од 10 години - мирно, разбрано за да мама може да иде на фризер, маникир, педикир! Јас сепак мислам дека живееме во филм, т.е дека америчките шит филмови го испраа мозокот на многу млади девојки. Девојки, мојот живот не е ни Сексот и градот, ни било која друга тин серија во која главните ликови се семоќни. Не носам Маноло Бланик и Џими Чу, а ни Прада, не земам толку плата и не можам да си допуштам СПА уживање .... Ова е сепак Мк ... Ќе седам дома со моите палавковци кои ми го исполнуваат секојдневието до максимум и ќе уживам во букетот нарциси од пазар кој ми го купил мм!
Ве читам сите одпогоре и морам да ви кажам дека сега после 10 години раѓање и растење деца ве свакам и ве подржувам сите вас малди мајки Од моето досегашно искуство сакам да ви кажам и да ве окуражам малку дека тој период од неколку години додека се родат и израснат децата е истовремено најубав и најнапорен период Барем замене беше таков .Кога беа помали моите деца немав време за ништо друго освен за фамилијата и куката ,бидејки одев на работа и имав деца од 4,8 год и 8 месечно бебе кое беше по8 часа во јасли во градинка па после работа беше како пијавица закачено за мене Али тој период помина и сега се големки 10 и 6 години па тек последнава година осетив олеснување и конечно време за мене и моите пријателки и другарки И предходно се дружевме али ретко на неколку месеци ке се видевме еднаш и тоа ако они дојдеа кај мене дома Муабетот ми беше дека младите мајки ги свакам и подржувам свакам дека им фали дружба и време само за себе али тој период е таков кај што тоа го нема или е ептен малку така да навикнете се на тој режим и од кога ке пораснам малку ке имате време и за дружба и за себе
Фала ти на поддршката Инаку има секакви семејства, некои дечиња имаат и баби и дедовци кои се заинтересирани за да ги чуваат а некои не. Немој да мислите дека намерно некоја млада мајка ги избегнуа другарките, сигурно секоја жена сака да излезе а некој да и ги заврши сите работи кои се очекуваат од неа. А за госпоѓиците паметњакович на форумов, омажете се, родете деца па вратете се на темава да кажете како сами се чуваат и растат децата ваши и како ручекот се спрема сам, за вас и сопругот плус кашички за децата како одите на работа и чистите, а во меѓувреме и играте со децата.
Јас пишувам на форумов само кога сум на работа и немам работни задачи, фала што помисливте на мојата организација на време, ама не ми помогнавте баш, зошто не можам да излезам од работа за да се дружам со другарките Ако не дај Боже почине мажот ми, другарките сигурно долгорочно нема да се првите кои ќе се до мене, од искуство (татко починат) кажувам. Денес секој си има свој живот, свои проблеми, свој пат кој го следи. Сите вие што коментирате против „зафатените мајки“ (освен луничка) сте немажени и без деца. Луничка сосема ја разбирам, нејзините деца се малтене полнолетни, таа нема обврски кон нив, и кога прави ретроспектива на животот, можеби сфаќа дека ако се дружела порано повеќе со другарките, сега, кога има време, ќе ги имала на располагање. Можеби Да, можеби Не, не можеш да знаеш животот како ќе те преврти, се` е „шта би било кад би било“. Ние што велиме дека немаме време имаме мали деца или бебиња, работиме (и на работа, а некои и по цел ден дома) и одвојуваме време за секој член од најблиската фамилија. „Како што се негува бракот, така треба да се негуваат другарствата“??? Па како да го негувам и едното и другото, кога според вас, меѓусебно се исклучуваат??? Дали вие, при здрав разум, мислите дека јас пре би инвестирала во „негување на другарство“ (не знам што негување барате, и тел повик е доволен, а некогаш само и смс) отколку во негување на бракот? Себични сме? Па и СМЕ, зошто мојот живот е ќерка ми, која има само 2.5 години, и за која сум целиот нејзин свет и универзум, па на крај памет не ми паѓа да ја трампам само за да докажам дека сум „добра другарка“ МИА, јас имам 3 другарки за кои слободно можам да кажам дека ќе дојдат КОГА И ДА ИМ СЕ ЈАВАМ, за било што, во било кое време, а со кои некогаш не се слушнам и по 1-2 месеца. Знаеш зошто? Зошто ги разбирам (едната е разведена со 2 деца, другата сега фати дечко, 3та е со дечко одамна), зошто ме разбираат, и зошто не си висиме на врат за кафиња и вечери за да докажиме дека сме тука една за друга. Како и да е, не можам да разберам како некој, КОЈ НЕ Е СТИГНАТ ДО КОМЕНТИРАНАВА ФАЗА, се дрзнува да си ги оговара „другарките“, не знаејќи ниту 50% од тоа што им се случува дома. Сполај ви на такви другарки Јас никогаш не би свртела грб на некого кој е во невоља, или има потреба од мене, макар и се не-виделе 5 години. А ти?
Значи постојат нијанси во секоја фамилија и ситуација и да се генерализира вака ми е несфатливо. Од која колку помош има околу домот, до табиетот на домашните и сл. Заслужила да ја откачат? Ма ајде не сме средно па да се муртиме зашто Станка била со Петкана на кафе а мене не ми се јавила и затоа ќе и` ја дадеме the ultimate punishment. Ако се вистински другари/ки, ќе ја разберат и ќе бидат трпеливи. Се менува биоритамот, навиките, приоритетите. Со другарките сме биле 24/7 но со семејството делиме еден дом, не може сеа мажот да го отпуваме со писменце „све обврските ги завршив, идам на кафе со другарките“. Да го праша бе како му поминал работниот ден, едно кафе да се напие со него, со човекот со кој држат еден дом. Не зборам за со деца бидејќи немам, но дури тогаш жените во поголем број на случаи немаат време да се испрдат слободно а не па нешто друго. Ако е себично да ги игнорираш пријателките ради сопругот, тогаш да се понашаш со мажот како со цимер со кој повремено имаш односи за да у друштвото те окарактеризираат како несебична кон другарките мажена жена (значи мажот, човекот кој гради дом со тебе, носи леб дома и слично) ми е едноставно безмилосно. А да, исто сум слушала грозни муабети на мои сингл другарки кои си ги оговараат нивните мажени другарки со деца кои едвај нашле време за нив за тоа колку се досадни и зборат за деца, за домашни обврски, за мажот. Аууу, уште темата на муабет не им чини на милите другарки. Ма да чујам ја такво нешто, има истите да ги отерам у п.м. и веќе нема ни здраво да им кажам и тоа не затоа што немам време туку од причина која со задоволство ќе им ја кажам ако ме прашаат.
Како што беше кажано претходно, никому не можеш да му судиш додека не стапнеш во неговите чевли. Вистинските пријатели ќе ве разберат ако не можете да се гледате често и секогаш ќе бидат тука за дружење, макар тоа било еднаш месечно или еднаш годишно. Јас лично, си ги одржувам контактите со блиските, иако не се гледаме често. И никој од пријателите не ми пререкол за тоа што не одвојувам време за дружење како што тоа го правев порано, напротив. Освен тоа, факт е дека како старееме ги менуваме приоритетите, посебно кога веќе сме оформиле семејство. Секогаш сум за дружба со пријателки, повремено, но квалитетно, за полнење батерии. Ама, не на сметка на заедничкото време со сопругот и синот. Тоа време не го давам за ништо.
Токму така. Откако се породив, поретко контактирам со другарките. Повеќе време поминувам со син ми. Тие имаат разбирање за мене. Иако ретко се гледам со нив, не заборавам да им се јавам на телефон или да им пишам на Фејсбук.
Си земам за слобода да го искоментирам овој дел од постот.Никогаш,ама никогаш не сум се ставила во дилема,дали ќе одам на кафе со пријателката или со маж ми и децата ќе поминам квалитетно попладне.Или детето ми е болно, со температура јас да се шлаам со другарка.Тоа не. Ова со смрт на партнерот,ми предизвикува морници низ грбов, и за тоа кој ќе биде до тебе мислам е непримерно за сооднос.Темава ја сфатив како дружење во нормални услови,значи,без болести,обрвски и сл.И не зборувам за секојдневно гледање туку повремено но константно.Е сега бидејќи сум ја поминала малата фаза,немојте да мислите дека исчезнувањето на обврските се менува со годините.И да ,кога се навраќам сум требала поинаку да играм,не во смисла да ги имам на располагање сега,туку од едноставна причина што сакам да имам квалитетни луѓе околу мене.Значи не зборувам за пиење на кафе и лаење за теми во кои не се наоѓам,и дружење со личности со кои немам два заеднички муабети. Но како што велат,јас го знам малиот период,вие не го знаете големиот. Се во свое време.И се се менува.
Хмм... Интересното е што баш тие што викале дека е невозможно да се нема време и дека никогаш они нема другарка да остават за дечко/маж, се првите што најпрво тоа го прават откако ќе стапат во врска/брак. Стануваат такви какви што викале дека никогаш нема да бидат. Ама трагичното е што тогаш мислат дека сите треба нив да ги сфатат, тогаш е оправдано таквото однесување. Тоа е до карактерот. Сум имала околу мене такви луѓе. Не го ценат времето на останатите, не ги ценат нештата што тие останати луѓе околу нив ги сакаат, туку само своите потреби им се битни и дури и да поминуваат низ истото никогаш нема да признаат дека е така и секогаш за себе ќе имаат некое оправдување, што не важи и за другите. Чудно... Како и да е сфатив дека таквите не се вистински другари. Неможат да бидат. Им недостасува разбирањето во нив, нешто што е најбитно за едно другарство, а тие го немаат.
Ќе ја земам за пример една од најверните другарки која веќе има бебе. Кога ќе го заспие бебето не гледа да средува само во станот, туку гледа да се среди и себе си, ќе се издепилира, си става маска на косата лицето, се тушира.. За убав изглед треба малку труд, не мора многу. Иначе јас имам големо разбирање за неа, но и ја имам свој живот и таа има големо разбирање за мене. За што и да ја побарам таа е тука за мене, за едно кафе муабет, ќе се снајди, ќе дојди. Додека сме на кафе и јас и го држам бебето, по бутици таа на раат си пробува гардероба, јас и го чувам малечкото... Значи сепак се работи за обострана помош и дружење.
Повекето што коментирале овде не се ни мајки ни па мажени , лесно е да кажувате примери од комшилук и да зборите од памет! Ето јас сум мајка на мало дете отидена во друга држава далеку од се , од фамилја , пријатели итн . Малово го Чувам сама по цел ден , мм работи кога до 15Ч кога до 18Ч .. Пријателки си стекнав нови , се тоа од активности околу детево , курс за бремени , па гимнастики и сл. Со една се гледаме мн Често секој втор ден денски по еден саат , пиеме кафе муабетиме додека малите си играат ! Немам на кој да го оставам детево мајка , тетка , комшика некој да го приЧува на пола саат барем да одвојам време за фризер ил сл. некој спомна додека се мали децата/бебињата спијат по цел ден ? да спијат ама како .... 15 мин будни па 1 саат кенкање ! јас додека малово беше бебе , додека она спиеше ,одмарав и јас , ми требаше одмор по цели ноки станување и те како ти ја зема силата ! Додека бев во Мк кај моите убаво си го оставав детево на мајками , си се Чуваа двете додека јас си бев излезена на кафе со пријателките ! Исто и тие што ми беа порано и сега ми останаа добри пријателки ! Со разбирање дека имам мало дете ,приоритет е детето .. па средбите се водеа според детево ° Една блиска другарка се налути не сме се виделе , и еве до ден денес е лута и објаснив зошто и како и не свати Епа добро нека е ... Овде е друга приказна , денот за нас е цел посветен на детево ! верувајте навеЧер кога ја легнувам само тогаш ми останува време да се видам со мм, да разговараме , да гледаме филм итн ! Се слуЧило 3/4 пати сами да излеземе со мм , бабата и дедото да дојдат да ја Чуваат малава , или мм со пријател на кино итн. Не е да се затвориш дома без никаков контакт , ама се во свои граници
ај не ги преувеличувај работите жите се!!! на другаркати или бебето е мирно по цел ден си лежи и си игра самото, па таа чисти или шо е работата, оти не постој жена на светот, кога во станот има бомба паднато (оти кај сите е така дури се разбудени децата, шо паднало на станало, па ко ќе заспијат чистиме) или е некоја што не и е гајле дека се кинисало па си зема да си се депилира со маската на лице сред џунбус!!! и јас си земам за право да кажвам дека, само немажени и тие што немаат деца размислуваат дека има и други работи освен фамилијата, и јас бев една од нив.
Чекај сега, за домашно разубавување правиме муабет (очигледно е дека и таа немала време да оди по салони ) или за излегување надвор сама со другарките? Едното нема врска со другото. А колку првото има врска со какво бебе ќе ти се погоди - не можеш ни да претпоставиш Луничка, сосема ти го разбрав уште првиот пост, јасно ми е за што збориш, ама она кое овие немажени и без деца девојки го коментираат нема врска со реалноста. Во нивниот свет секоја околу нив мора да најди време за дружба 1 неделно, or else....Ниту знаат што му се случува на некого дома, ниту знаат какви проблеми имаат, ама затоа знаат да отворат устата и да ги навредат, а при тоа се декларираат како „другарки“. Мене ТОА ме изреволтира, инаку не ми е ич гајле дали некој во виртуелен свет ќе си мисли дека сум затуцана и без другарки и живот, јас знам што имам околу мене, секој нека си бери гајле за себе Бидејќи имаш поминато дупло (и повеќе) од нас, младите мајки, тогаш знаеш за која фаза правиме муабет, јасно ти е. Не мислам дека обврските ќе ми се намалат, напротив, ама барем детето ќе ми е посамостојно, само да се облекува, само да јади, само да заспива, зошто сега знаеш како ни е - да прдни, ќе те разбуди во најслаткиот сон за да ти кажи дека п`днало, и после ќе си заспие, а ти ќе броиш овци додека не ти ѕвони алармот за на работа Јас препрочитав, каде промашив мајка која вели дека се` ќе направи за дружба со другарките барем 1 неделно?
Jas ne znam zosto se razvila tolkava diskusija i galama. Poentata na temata e brakot i drugarstvata i ne znam zosto odma skokate koga nekoja ke napise deka i pokraj toa sto e mazena i ima deca ima vreme i moznost i da se vidi so drugarka. Tuka ne karakterizira nikoj za celodnevni druzbi so drugarki tuku ete za povremeni druzbi. Se znae deka koga ke dojde bebe,cel svet na majkata se vrti okolu nego,no ne mora da znaci deka ke bidat zanemareni i ostanatite segmenti od zivotot. Najposle sekoj neka si odlucuva sam za sebe,no nikade ne procitav deka eden sat druzba so prijatelkite go zanemaruva opsto zivotot ili prioritetite,vo ovoj slucaj brakot,a podocna i decata.
Добри, најдобри другарки во тин времето и во време кога си возрасен, во брак и со деца не е исто. Не може секоја да ти биде, а за повремено кафе пиење и дружба па не гледам потреба за редовен термин, бар јас немам. Кога ќе посакам ќе завртам некој број и кој е слободен нема да ме одбие без разлика дали ме немало со месеци наназад. И тие ѕвонат така по потреба па се разбираме, нема замерки. А блиска другарка за која ќе имам потреба редовно да ја слушам и гледам за жал немам. Да имав времето немаше да е никаков проблем, немаше да чувствувам дека од нешто се одрекувам за да поминам време со неа па било тоа и секоја недела или преку ден-два. Но да пуштам некој толку близу до мене треба да е перфектен по мои мерки, а таков не се нашол Тие што бевме, бевме добри за едно минато време, сега се сменивме и сме добри само за повремено дружење што ми е ок. А да одредам редовен термин на гледање само за колку да се рече дека ете не сум очајна домаќинка и се дружам ми нема смисла, кога немам потреба за толку. Да имам желба како што кажав, ќе си најдев време...