Факт е дека постојат некои кои навистина не го ценат времето кое го одвојуваш за нив. Не секогаш гледањето има можност да биде пропратено со јас и они дотерани и на кафе. Некогаш немам време да се спремам па да излезам и работата на пола да ја оставам дома, па затоа имам неколку другарки во права смисла на збор со кои можам и муабет да си правам уз кафенце и ручекот да го вардам. За разлика од една личност, значи ме утепа тој ден аман да се видиме. И` викам помини ти кај мене, јас имам нешто работа но се надевам нема да ти пречи и да работам и да си праиме муабет. И она добро. Дојде, се напи кафе, си го изеде благото, си отиде и после на сите г**на јадела како сум ја дочекала, како имплицитно сум ја пудела и сл. И тогаш и` се јавив и и` реков „Слушај сестро, јас одвоив од тоа малку време што го имав да се видиме, а ти уште гурабии си јадела. Ќе се пофалиш уште еднаш кога ќе дојдеш кај мене или кога ќе ти кажам здраво уште еднаш.“
Јас не сум некоја која можам да се пофалам со одење и идење на гости по кафе бидејки од 8 до 8 со наработа,но тоа не знали дека сум ги занемарила моите пријателки,знам да ги викнам на кафе во дукан,некогаш и да си појадеме,но верувајте имам желба понекогаш да киднам од моето секојдневие и да го променам бар за миг... да можам да си седнам ееее колку време тоа не сум го направила и да поканам некоја кај мене во недела тие знаат дека тоа ми е единствен ден кога си го посветувам за себе....Но сакам да променам нешто бидејки не сум машина,и јас сум од крв и месо....
Многу се испревртија мислењата овде... Само да резимирам што мислам јас... Секоја жена ако сака може да најде време да се искапи, да ги среди ноктите и да се издепилира (барем на видните места), да се облечи едноставно и да биде убава. Значи хигиената е пред се, да биде средена и убава. Никој не рече да е топ модел или не знам каква. И во 24 часа, секој може да најде барем само 1 час време за своите пријатели. А, вистинските пријатели ќе имаат разбирање за вас, дека не можете, дека бебето заспало, дека во кафичот му е досадно па трча...итн, и ќе ви помогнат.
Имајќи предвид дека моите мислења се повеќе пати цитирани во вашите постови, ајде накратко да ви ги дообјаснам моите ставови. 1.Фамилијата е СЕКОГАШ на прво место! Јас никаде не напишав дека треба да се остават мажот и децата за да се излегува со другарките. Под дружење со другарки (и негување на пријателства) јас подразбирам продолжување на комуникацијата со другарките и откако ќе се фати нов дечко и откако ќе се стапи во брак. Се разбира дека никој не помислува дека имаме време за секојдневно излегување (гледање на кафе по кафичи), но секогаш треба да најдеме време за:слушање по телефон, доаѓање/одење на гости, смс... Зарем немате потреба да се чуете/видите со некој со кој сте биле 24/7 пред да го запознаете сопругот?!? Што, сега се омаживте, па не ве занима повеќе животот на другарките?!? 2.Секоја жена и по стапување во брак треба да внимава на својот изглед. Никоја од вас не може да ме убеди дека нема време месечно еднаш да оди на фризер за да се офарба/ишиша, да оди на депилација, педикир, маникир. На прашањето „што да му правам на детето за да одам на фризер“ одговорот е многу едноставен-сопругот нека го чува! 3.Не разбирам зошто мажените девојки ги прекинуваат контактите со другарките кои се сингл??? Не е фер, сите во некоја фаза од животот сме биле сингл, па тие што сега се сингл а тогаш имале дечко, биле тука за нас. Не е оправдување „немаме заеднички теми за разговор, имаме различни интереси и сл.“, тоа се за мене само глупави изговори! Повторно ќе кажам: изговорите од типот “немам време, имам многу обврски“ е само одлика на максимално себични луѓе!
Не, туку во повеќето случаи сингл другарките се тие кои се себични и не сакаат да се прилагодат на твојот нов начин на живот и те оговараат, вака било така било. Да се вистински другарки не би се ни бунеле туку би им било доволно на еден телефон/преку скајп да се слушнат со тебе додека не си послободна. Имам јас 2-3 такви ВИСТИНСКИ другарки и знам што зборувам. И да, баш детето на мм изморен од работа би му го тутнала за да удоволам на моите хировити другарки, иначе еј, не треба ни да ме погледнат у живот.
Искрено, ретки се оние со кои сум била 24/7 пред да го запознаам сопругот, фактички, со ниедна другарка не сум поминувала толку многу време. Да, сме се гледале секој ден, ама да висиме нонстоп заедно, не. Што сепак не значи дека не сме блиски. Телефонот и скајпот се секогаш тука, никој не рече дека не се слуша со пријателите секојдневно. Јас на пример, не љубам многу телефони, па еднаш неделно да се чујам со најблиските пријатели ми е сосема доволно - за да си кажеме се што имаме да си кажеме и евентуално да се договориме за дружба. Секој наоѓа време тоа да го направи, јас тоа го правам кога малиот спие, оти не секогаш сум во можност да му го оставам детето на сопругот, бидејќи често службено патува, не со денови и недели, ами со месеци. И ако се договорам за дружба, најчесто го носам со мене, оти нема кој да ми го чува, и најчесто другарките ми го занимаваат додека правиме муабет и пиеме кафе. А некогаш, малиот нема трпение да седи со нас, па морам јас да трчам по него - тогаш подобра опција ми е да ми дојдат дома другарките, па да можам раат да се видам со нив. Ама, како што кажав, не е секогаш изводливо. Најчесто сингл девојките се оние кои ги откачуваат мажените другарки. Барем моето искуство е такво. Сите оние другарки со кои се дружев додека уште не бев мажена, а уште се сингл, веќе не ми ни креваат на телефон кога ќе ги побарам барем да ги слушнам, а не дај Боже да договориме за излегување. Јас пак уште и упорна сум, им ѕвонам, драги ми се, но како тргнало, ми се чини дека нема повеќе да ги барам. Ако тоа значи дека сум себична, добро, нека биде. Ама, од друга страна, имам сингл другарка (најдобра другарка од основно училиште) со која се немам видено со години, ама се слушаме барем еднаш месечно. Не можеме да се видиме оти не живееме во ист град, ама таа има повеќе обврски од мене и не можам да ја форсирам да одвојува време да се видиме на кафе, иако би сакала, повеќе од се на светов. Едноставно, има товар со кој ретко кој човек може да се носи, и многу и се восхитувам. А да и се лутам што не сме се виделе - е тоа нема да го дочека. Не сум до толку саможивна и луда да се лутам што не можела да одвои време за мене, кога го нема, а замисли, сингл е. Уште еднаш ќе повторам, без предрасуди - никому не сте му во кожата!
А што не земете да им ги организирате животите на мажените другарки онака како вие сакате, да не мора после да им се лутите и вртите грб? Барем по ваш терк да живеат
Njaprvo da se izivinam za latinicata Dodeka ne bev mazena i jas razmisluvav kako nekoi licnosti ovde pa opsto i kako site nemazeni devojcinja ( da ne me svatite pogresno ) , se dodeka ne se omaziv i svativ ustvari kolku plitko i sebicno sum razmisluvala , zosto ? Nie sme 4 drugarki uste od detstvoto dve ni se omazija vo ista godina , ednata rodi istata godina a drugata narednata . Ostanavme jas i 4tata drugarka singl setavme luduvuvame kako i site i se ljutevme zosto nemozat so nas i tie.Se slucuvase bremenata da izleze so nas ednas , dvapati preku sila vo mesecot ( ne deka ne sakase tuku nemozese od meskoto ) a drugata retko ( bidejki i pred toa ne bese nekoj si fan na izleguvanje bez decko i segasen maz ). Na mnogu pati znaevme da prereceme zosto ne ste so nas i sekako pocnuvaa so muabetite (kako i site vo brak i so bebinja , imame obvrski dojdete vie itn itn da ne se povtoruvame ) Nam ne ni bese interesno da odime i da sedime tamu bidejki kafeto go pievme od nogo sto se vika....niednas ne ni zamerija za glupavoto odnesuvanje i razmisluvanje sto sme go imale samo ni velea ke vidite i vie kako e pa ke se osuduvame togas ....JAs odev pocesto bidejki sum mnogu deckar pa kolku tolku mozebi i pomagav so nekolku minutno drzenje na bebceto kolku da si goltne kafe na mira ....drugata ne odese ama bas ic..kako i da e ...Dojde red se omaziv i jas ( kolku li samo kazuvav deka nema da bidam kako niv no neznaev deka bas toa ke stanam ) , na prvoto otkazuvanje na kafe izlazak so slobodnata mi drugarka se naljuti i pocna so muabeti , eve sega site ste mazeni imate mazi jas ne vi trebam ...Togas se prisetiv sto pravav jas na drugite dve drugarki i se osetiv epten glupo a i ponizeno I nie sakame eve ke zboram za mene licno premnogu sakam da izlezam na kafe so drugarkite mi (iako e sega neizvodilivo jas tuka oni vo Mk ) pa i da bea tuka ednostavno se smenija mnogu raboti . Eve svez primer ....si otidovme pred nekoja nedela za Mk i se druzevme nie 3te bez slobodnata drugarka ne deka ne ja vikavme nego sekogas ni sleduvase istiot odgovor vie si imate edni temi za mazi i deca a jas nemam sto da vi pravam drustvo vo muabetot....Ne se naljutivme si ja prfativme vistinata.Edna vecer izlegovme vo disko (znaci bezdeca i bez tie temi ) pak nesakase .....trebase na kolena da klekneme za da se druzi so nas ....Se dodeka ne sme vo necija koza nemozeme da sudime .Site sakaat slobodnoto vreme da go pominat vo svoe sreduvanje i doteruvanje ama komu kolku mu dozvoluvaat moznostite.eve jas na primer sto se vika nemozam da se izbanjam ko covek se sum so pena vrz mene ....nema koj da mi ja gleda malata toa e .Kao demek eve sega sum kaj majka mi (da mi pomogne malku demek) no mlata ako vidi deka me nema vo nejzina blizina place se trga od race od majka mi ....... Sudev i jas od nadvor gledano no koga me snajde istoto si kutam ko papuda sega I kako sto kazaa mnogu pred mene sekoja majka prvo ke si izbere da se vidi so mazot i i so bebeto (mozebi i ke iskoristi dodeka tato go gleda bebceto mama da se sredi malku ili po doma da sredi ) Ne me svakajte pogreska pisuvam samo moi zivotni primeri i iskustva Vistinskite prijateli ke te svatat (iako jas eden period ne sum bila vistinski prijatel valjda ) nema da ti se ljutat ako nemozes nesto da ostvaris koga treba... Se druzevme i ke se druzime sekogas koga ke imame vreme ( i koga ke ni potporasnat malku malite palavkovci ). Samo da nadopolnam : i jas kako slobodno devojce se sreduvav i bev po saloni i po kafici den i nok (sega nemozam da se poznaam koga se gledam vo ogledalo ). Mozebi da ima koj da mi ja gleda malku malata i jas ke si sedam so maskata na lice i so nozete vo voda a na racete lak i dolgi nokti ama se bilo vo zivotot mozebi
Јас имав 2 најдобри другарки значи дружење секојдневно излегување само спиењето не двоеше што се вика.Едната се омажи пред 2 години има и детенце и живее сама со мажот и, ама се гледаме многу често се слушаме скоро секој ден ако се деси 2 дена да не и се јавам она одма се јавува па што ме нема па ова па она а искрено не и вртам зошто се си мислам има обврски да не и се натрупувам пак сум со осет.Она секоја вечер го шета малото а бидејки блиску живееме ми се јавува и знам да отидам со неа седнуваме и на кафе малото и е мирно а и јас како што сум мераклика за деца повеќе него му обрнувам внимание него на неа исто и дома кога ке и отидам тогаш сум како мало дете .На мажот и нејзин таква му е работата не е често дома па знае да каже оди прави и друштво седи кај нас а и ми се јавуваат некогаш кога се заедно па ме викаат дојди на кафе, кога треба помош за дома секогаш и помагам со задоволство го чувам малото и се.Муабетот ми е не осеќам некоја разлика од пред да се омажи и сега.Додека со другата она уште пред да прави свадба седеше кај дечкото ама се гледавме секој втор ден а се слушавме секој ден и сега пред 3 месеци правеше свадба и ја снема.И се јавив неколку пати поштено ме откачи првиот пат имала работа, вториот пат не знам таму што и третиот пат си седела со мажот и не можела да збори.Ок си реков ке се јави ама ја нема, и ја сретнав на фб и пишав зошто ја снема мислам дека дури ме нападна па она била мажена имала обврски не може она да виси на телефон не е како што мислам јас и само и реков ок.После се тоа пак не и се лутам разбирам не е исто, ама за 2 реда муабет мислам дека имаше време.После свадбата не знам ни што прави ни како и е.Пак ке кажам не и се лутам само ми е криво со некој што си од дете што сте растеле заедно сте спиеле заедно сте се дружеле до пред мажење вака да го снема не е убаво.Значи што и да е работата можеше да праша добра ли си што има ново и толку.Не е сигурно до толку зафатена деца сеуште нема.Навистина не ја разборам..
Според реченицава изгледа дека никогаш не си била во ситуација кога навистина си немала време да помислиш на себе, а камоли на некој друг. Еве пр. јас немам сеуште дете, ама тоа не значи дека главава не ми чури од обврски. Во последнава година ми се случи една преселба, татко ми тешко се повреди, па повеќето работи јас требаше да му ги обавувам а притоа секоја недела на контроли...и така 3 месеци.Задушници, помени.. Покрај тоа и домашни обврски, работа, трчкарање по општини за да ни дадат дозвола за да кренеме спрат и поткровје, па пролетта почна да се гради и сеуште трае изградбата....мајстори кои јас лично ги надгледував додека мм беше на работа, а често и патува. Па искривени ѕидови, па рушење, расправии .... Па сега проблем со финесите, па и финансиите. Кога ќе се приберам дома пуштам машина за перење, пијам кафе на раат и се опуштам. И сега го правам тоа Во меѓувреме гости гастрбајтери кои беа кај нас на спиење (во моменталниве 40 квадрати)...Па јас си имав и проблеми со осмицата...па отечена цела...И уште мал милион работи Сум одвоила многу малку време за другарките, а богами и мм на неговите другари, зашто премногу ни е драгоцено времето поминато заедно за опуштање. Оние кои се прави другари знаат дека и на двајцата ни е напорно и не напињаат, туку они се јавуваат да видат до кај сме, дали ни треба нешто и муабетот завршува со....ај кога ќе се ослободите па да се видиме...На ниту еден од нив не сме заборавиле роденден, крштевки, мекици....ама ете се случува да не се слушнеме и по 2-3 месеци и тоа не значи крај на пријателството. Зборувам за вистински пријатели, а оние другите кои ти наоѓаат замерка за тоа како си го трошиш сопственото време...е тие се ставени на игнор...бидејќи тие се тие што се себични
ПАК ќе кажам: дружење со другарките не подразбира нон-стоп одење по кафиња и по дискотеки, туку задржување на комуникацијата - телефон, смс, одење по гости...од време на време! Јас не ги разбирам оние што откако ќе се омажат СКРОЗ ПРЕКИНУВААТ СЕКАКВА КОМУНИКАЦИЈА со СИТЕ сопствени ДРУГАРКИ! Фамилијата е над се, односно како што јас викам, моите приоритети се:сопруг,деца; родители,браќа,сестри; па пријатели. И НИКОЈ, ама никој не може да ме убеди дека немате 1-2 часа во неделата за да се чуете/видите со другарка. Пријателите (барем мене ми) се потребни - во добро и во зло - така ме научило досегашното искуство.
Абе некако се вртиме во круг цело време! Да не цитирам многу има, во глобала нема човек кој не сака да се дружи со пријателите! Но ќе се дружам кога ќе можам, а не при сила или дека другарките ми се налутиле, па ај сега ќе одам да се видам. Еве свеж пример од вчера - Две недели се организираме како да одиме со мм на роденден кај пријател и ајде со добра логистика до вчера се беше договорено-средено. Вчера ми се јавува мајка ми дека ја фатил стомачен вирус и дека жената се исцедила, свеки има проблем со притисокот и завчера и вчера и беше 200, па искрено не сум луда со таков притисок уште две бебиња да чува. И кога се јавивме да откажеме, пријателов се налути и во лутина ни рече- Ај за едно 10 години побарајте ме! Кога ќе ви пораснат децата и ќе имате време за приајтели! Малку се налутив ама мм настојуваше и отидовме со децава. Леле жени 100 пати се покајав!!! Нит седнавме, нит пак се видовме со пријателиве нит ништо. И на пат за накај дома со мм се погледнавме и се разбравме со поглед- Излагања со деца НЕ! А ете не секогаш има кој да ги чува. Во животот има време за се. До пред да имам деца ехе и јас со другарките шетав и по кафиња и по ручеци, вечери но сега предимство има моето семејство, а другарка ми ако сака да ме види ќе дојде кај мене па ако треба и сама ќе си свари кафе и ќе се видиме ... Здравје боже, баш се надевам дека ќе бидеме сеуште на форумов кога сите немажени девојки(кои коментираа на темава дека не им е сфатливо како може да се нема време) ќе се омажат, ќе родат дечиња и тогаш ќе правиме муабет, дали било така лесно и да си среден, налицкан и да излагаш со друштво и деца да чуваш. дома да средиш и да не си го запоставиш мажот!
Додека нема деца во бракот има повеќе време за пријателите. Се разбира, доколку не работиш од утро до вечер, да немаш време да се видиш ни со маж ти, па и тоа слободно време што некогаш го имате да го поминувате заедно. Сум била и во таква ситуација. А пријателите, ако се вистински пријатели ќе разберат. Мене не ми е јасно како може некој толку да не те разбере во каква ситуација си. Па јас кога ќе имам бебе знам дека ќе ми се промени животот, дека времето веќе нема да биде тоа што го имам сега. Ама знам и дека моите пријателки би ме разбрале, исто како што ме разбраа во периодот кога стврно немав време за ништо. Ама пак се слушавме речиси секој ден. Исто и јас нив би ги разбрала, а не веднаш да се лутиме.
Другарките ако созреваат со ист интензитет како и вие што созревате тогаш тие другарства и ќе опстанат, ако тие остануваат на ниво на парти гирлс а вие сте еволвирале на ниво на сопруга и мајка тогаш тие другарства не опстојуваат. Бракот не носи само нови обврски туку со бракот и се проширува и семејството, како дечко и девојка можеби и не сте оделе по гости кај родители, браќа, сестри ама во брак како што сакаме да се гледаме со нашите роднини така и сопругот сака да се гледа со неговите. Кај мене од старт се прошири семејството за плус 4 пара (родителите, 3 браќа со семејства) секој посебно живее и на секој од нив треба да се посвети внимание, време за се ако има на продажба кажете каде да си купам. За фарбање, депилирање итн си кратам од спиењето, место да спијам 4-5 часа ќе спијам 3-4 тој ден и тоа секогаш во сред ноќ го правам инаку немам време. Малиов додека не ми прооди и додека јас не тргнав на работа наоѓав време повремено да излезам на кафе ама од кога прооде нема шанси да седи мирен а јас да си пијам кафе, има малиов вишок на енергија па налет такво кафе каде постојано ќе трчам по него. Вратата дома ми е постојано отворена за сите пријатели кој сака да се видиме ќе дојде и нема во несвест да паѓа ако јас покрај кафето обавувам и некоја друга работа. И јас кога сум била сингл а другарките мажени со деца претежно дома кај нив сум одела, ќе помогнам нешто ако имаат работа, не сум вртела никогаш очи на муабетите за пелени, каки итн и сега ја очекувам и ја добивам истата подршка и разбирање од нив.
најверната другарка моја живеј во зградата на мајками, и многу пати кога одам кај мајками и таа иди, со еден удар две муви кога и да му речам јави се, не чекај јас да ти се јавам ми вели ,,имаш обврски кога можиш јави се,, последно беше дојдена кај мене цел ден си седевме (иако сум во заедница тој ден бев сама, и и реков иди оти крај на светот ќе биди) и го ранев син ми и 100 го пресоблеков и го капев се дури беше таа тука, и накрајот отдов да се искапам(и средам)и таа го чуваше. и еден месец да се намаме слушнато, ко ќе се слушниме никогаш ми нема речено кај си досега шо те нема. имав и други демек што ми беа другарки, ни се јавиле ни па јас му сум се јавила.
Јас сум била сингл другарка, но никогаш себична. Секогаш бев тука за најверната другарка, додека беше трудна со неа одев по прегледи, по бутици за алишта за бебето, по колички, по што не ! Со неа читав статии и од 3 саати во денот, 2-30 саати слушав приказни за породување. Дури и јас барав текстови, туѓи искуства, бев тука за муабет. Кога и да излезевме, дури и да ми се шеташе кога сакаше да седниме седнувавме, нон стоп трчавме да бараме вц, зошто неа на 5мин. и се одеше во вц. Никогаш не и завртив грб, секогаш бев тука за неа. Кога дојде денот да се породи, маж и прво мене ми се јави и јас и бев десна рака заедно со маж и за се што и треба. Откако дојде дома, (девојчево нема ни мајка ни свекрва, починати се), јас од на работа за време пауза нејзе и се јавував и по продавници трчав да и земам што и е потрено (зошто маж и како маж не се снаоѓаше најдобро). Од работа секогаш одев да ја посетам (наместо да бркам дечковци за да не сум сингл, не ? ), и го чував бебето за да се искапи, ќе и направев кифли, колачи за во фрижидер да си има за гости.. Откако потпорасна малото, почнавме и да шетаме (а, зошто да не прошета 1-2 час, кога и дома и се здосадува), секогаш и го придржувам за по бутици да си проба нешто, на козметичар не оди,се депилира дома, на кафе заедно го чуваме, имам разбирање дека бебе е, си плачи, не седи в место и слично. Сека веќе е момченце и уште се дружиме. Дали после се ова јас можам да бидам наречена себична другарка, која ако имам проблем, или општо имам потреба од другарка ми, да не добијам 1 час од неа во денот? Среќа што другарка ми не е таква како повеќето себични жени, кои откако ќе се породат за се се вадат на бебето. Таа е секогаш тука за мене, и јас за неа, засега...и ништо не може да не раздели, нема оправдание на овој свет за да немаме време една за друга. Сега и јас сум во врска и знам и верувам дека и таа ќе е тука за мене.
Спојлер Ти си и била вистинска пријателка и десна рака на девојката. Таа секогаш ќе дели саат време за тебе бидејќи ќе знае дека ако неможете на кафе ќе се видите кај неа дома. Ем ќе и помогнеш околу обврските е м ќе се дружите. Но има и такви другарки што под дружење смета дека треба да се излезе во кафана, дискотека, во центар на кафе и омажената да се однесува како девојка. Јас не сум мажена немам ни таква другарка, но кога би имала би сакала да и помогнам колку што можам, ако сакам да ја слушнам и видам ако таа има работа и неможе на кафе во центар можам јас кај неа дома па да и помогнам, ќе и го причувам детето ќе заврши некоја работа и ако не повеќе 15 минути ќе пиеме едно кафе кое ако треба и јас ќе го сварам. Но истото ќе го очекувам и ако јас прва се омажам, ако неможам да излезам таа нека дојде и тука ќе се дружиме. За продолжување на вистинско пријателство треба разбирање а не себичност. Една мајка никогаш нема да го остави своето дете дома ( мислам на бебе) за да пие кафе низ кафулиња, но ако има вистинска пријателка кафето ќе го пијат заедно во домашен амбиент со бебе со плачки и со пелени, а нема утре да пишува по форуми како неможела да слуша само муабети за бебиња и како неможе само пелени да гледа.
Абе не за џабе рекле дека еден муабет се прави со родител, друг со партнер, а трет со другар. Мажите меѓусебно секогаш одржуваат пријателство. Сеедно дали во брак или врска. Дали во кладилница ќе стават еднаш неделно ливче уз кафе или еднаш месечно, никогаш нема да си замеруваат зошто едниот не се јавил или зошто другиот последните два пати барал. Од друга страна ако жената има разбран маж ќе има и време за пријатели. Јас секојдневно пијам кафе со комшивка која живее над кафичот каде што работам. Жената е десетина години постара од мене со две деца али ми прирасна за срце. Да, точно е дека нема трисаатно пиење на кафе, но секој ден седнува барем на половина час да испие, да разлабави глава со трач муабет, да се изнасмееме и да си поприкажеме за салони, маникири и облека. Но, мажот е тој што ја растеретува. Ако денес таа треба да замине на зумба има кому да ги остави децата, ако тој треба да замине на состанок таа ќе ги причува. Компромис, се` е компромис.
Многу убаво напишано RainBow и сосем точно, И јас RainBow сум била и се уште сум во иста таква ситуација. Имаме и ние пријатели кои воопшто неможат да не разберат....Но бар се тешам што имам неколку пријателки кои ме сфакаат,јас ете се трудам да надополнам со тоа што ги викам на дукан покрај кафето нарачувам и храна и ете некако се навикнав...Но имаме и пријатели кои не им се допаѓа темпото на живот кој го живееме јас и мм.Тоа е нивни проблем!
Маж ми има друштво од кои некои се одамна женети некои не. Се дружиме со сите но најчесто со фамилијарните, така седенки по дома, ресторан, шетање во град. Два пара први имаа деца, кои ги сакавме и цело време си игравме со нив, се шетавме со количките во град, е сега кога дојде ред ние со маж ми да имаме дете, нив многу ретко ги има за шетање во град, за седенки кога се собираме двете поголеми деца го бркаат моето, не му ги даваат играчките, некни дури го бутнаа од креветот, а нема ни година и пол. Многу сум повредена што родителите на тие деца не ми викаа ништо, туку со нивното молчење го одобруваа таквиот начин на однесување на нивните деца. А ова моето оди по нив и ги гушка. Многу сум повредена и од самиот факт што знам дека реагираат ако нивните деца бидат на таков начин третирани, ги имам видено како се расправаат со други родители, а кога нивните го прават истото молчат. И реков на едната мајка да и рече на ќерката да не го плаши така син ми и да не го брка таа ништо не изреагира, си молчи. Еднаш мојот син ја крена раката ама ја допре не ја удри, веднаш таткото вика ,,, зошто чичо ти ја тепаш ќерка ми , замислете. Ми пукна филмот стварно и реков , се брани,, . Е сега какви се тие другарства ако ти ја крадат позитивната енергија и ако после секое дружење три дена не можам да се смирам. Дали заслужуваат да се дружам со нив?