1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Бракот и другарствата

Дискусија во 'Брак' започната од Theodora, 25 јануари 2011.

  1. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.443
    Допаѓања:
    34.263
    Пол:
    Женски
    gocevska » Истото и ти треба да го правиш како твоите пријатели ! Да реагираш!!!
    Имаш да си кажеш и да се побуниш дека не е убаво некој да го закаЧа твоето дете! Па кој сака нека е ,има да кажам !!! Нема немо да седам и гледам како некој го бутка моето дете , а родителите како токмаци седат и не реагираат !
    Па какви пријатели се тие жити се !
    Не треба поради децата да се расправаат родителите , децата се деца нели ,ама мора јасно да се постави граница , до каде е играта !!!
    Имам во блиска околина повеке деца поголеми од моето , и порано кога идевме надвор сакаа да ја дигаат во раце , ја третираа како кукла се додека не пререков !
     
    На Hipica и imelda им се допаѓа ова.
  2. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Колку што успеав да разберам синчето ти има скоро година ипол а децата на другарите се поголеми.
    Златно непишано правило е дека поголемите деца не ги играат помалите деца а помалите деца сакаат да се играат со поголемите. Ако е некоја помала разлика во возраст до 1 год и така и така ама ако е поголема не очекувај некое поголемо дружење.
    Јас колку што се сеќавам не смеев на година ипол син ми да го оставам да се игра сам со малку поголеми деца. Посебно кога доаѓаа родендени по игротеки мене косата ми се дигаше нагоре :D . Знаев дека ке се тегне по поголемите деца а јас требав да бидам на готовс за да не се повреди тој и не очекував да тоа друго поголемо дете пази да не го повреди. Не ме сваќај погрешно дека мислам дека ти седиш пиеш кафе и одвреме на време го погледнуваш детето. На таа возраст како што кажа Битерсвит нема шанси на раат да седиш и на крај налет и кафе и пријатели и дружби и се.
    Незнам зошто си премолчила ама ние кога седнувавме и пиевме кафе сите бевме со 4 очи отворени и сите реагиравме исто за секое дете. И нема лутиш ако јас кажам нешто на детето на другарка ми или обратно. Понекогаш повеќе ќе функционира тоа, да детето го ,,скара,, некој од страна отколку родител. Ако се лути тој родител е тогаш јасна ствар - чао пријатно.
     
    На tessie, Hipica, bittersweet и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. gocevska

    gocevska Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2013
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    110
    Искрено да ви кажам дека секогаш ми се очите отворени само за него, и секогаш внимавам да не падне да не се повреди, дури некои мајки ми велеа дека не треба да се оптеретувам толку но јас не можам да седам мирна и да го оставам да си игра а јас да не го гледам што прави. Знам дека се качува на кревет и може да падне или да лапне нешто ситно во уста. Некни изреагирав , и му реков на едното дете прво со убаво нели да се разбере и на мајката и да и текне, а после кога не се разбра му реков дека кога ќе дојде кај нас моето ништо нема да му дава. А на другото што го плашеше ми туркаше и цело време му викав немој , немој он е малецок, и реков и на мајката и пак ништо. И покажав дека се изнервирав и не ни рагозварав многу со нив едвај чекав да си одиме. А маж ми на сето тоа молчеше и дури после ми се налути мене и ми рече дека не требало ништо да им викам, сепак не ги оправдува и друг пат нема да го носиме кога се повеќе деца. Јас три дена не можев да се смирам, знам дека тоа не е решение, син ми си играл со поголеми деца од него , го задеваат , му пеат и го играат а овие две невоспитани се однесуваат така секако и поради нивните родители, што кај нив ја гледам кривицата а не кај децата.
    Јас нема да дозволам моето дете утре да третира некое друго така и знам дека и таа мајка ќе ја боли и дека друг пат нема да дојдат. Работата е што со овие сме многу блиски и стално се дружиме, ама досега, сега ќе ја сменам страницата.
    поздрав
     
  4. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.017
    Пол:
    Женски
    Не можам да ти опишам колку се согласувам со твоето мислење. Јас сеуште не сум мажена но имам озбилна врска и секако многу размислувам на таа тема и дефинитивно немам што да додадам на твојот пост, бидејќи личи како јас да сум го напишала. :D Искрено, мојата најдобра другарка нема дечко и јас уште сега немам што да си кажам со неа, а камо ли да сум мажена и со дете. Ова ми е сега тазе во меморија бидејќи синоќа бев излезена на пијачка со неа, одамна немавме седнато да си помуабетиме, а буквално не ми текнуваше да почнам некоја тема, а немав ни желба затоа што имам сфатено дека не ме разбира воопшто. Не е таа крива, едноставно имаме различни работи во глава. Додека јас сакам максимално моето слободно време да го потрошам со дечко ми и веќе сум до тој степен што повеќе може да ми го задржи вниманието некое бебе што ќе го видам, отколку згоден дечко, или повеќе ме интересира планирање на заедничкиот живот со дечко ми, отколку што се случило синоќа во Колосеум и кој пеел, таа пак почна да ми раскажува за дечковци и навраќа спомени од бивши и тоа што не вредат, почнав се повеќе сфаќам дека воопшто не ја разбирам и не ме интересира ништо од тоа што ми збори, едноставно чекав да помине времето затоа што излегов повеќе од атер, немав ни желба и преморена бев. Другарите на дечко ми не ми се допаѓаат баш, но се собираме барем еднаш во 2 месеци на некој роденден, слава, или чисто онака да излеземе во друштво. За тоа и не мора да ми се по кеиф, не ги гледам јас секој ден. А исто така, има дечко ми двајца колеги од работа кои имаат девојки со кои иако не излегуваме баш често, ни одговара дружбата за кога ќе почувствуваме желба за тоа. И воопшто не патам од тоа зошто да се дружиме само со негово друштво, кога мене така ми одговара. Немам другарки од детство кои испаднале доволно ок за да ги задржам, а јас сум тип на човек што не може да се дружи ради реда, сакам искреност и разбирање 100 посто да има. Ми одговара вака, и онака не сакам да правам жртви за другарки и да двојам време, кога дури и вака ми се преисполнети деновите. А да се надоврзам на некои коментари што ги прочитав погоре, воопшто не почитувам другарки кои се лутат ако не им посветуваш внимание колку порано. Јас повеќе сметам дека не е нормално да се однесуваш исто отколку да се смениш. И дечко ми е таков што тој смета дека треба и по гости и секаде да одиме или заедно, или ниеден од нас. Така научил од неговите веројатно бидејќи тие така прават, а мене па баш ми годи затоа што и јас не сум тип кој што сака да скита, а не па без мажот. :^) И да напоменам дека со една другарка од детството прекинав контакт бидејќи беше страшно љубоморна на дечко ми, сакаше редовно да излегуваме а ако не беше така се лутеше, се чувствував буквално како да имам уште еден дечко. Дечко ми ништо не ми бранеше, дури се изненади што така без причина се оддалечив од неа, ама мене душава веќе не ми трпеше прво поради тоа што мразам такви карактери, постигнуваат контра ефект кај мене бидејќи највеќе што мразам нешто е да осетам посесивност или љубоморни сцени од страна на другарка, а второ затоа што па и не ми одговараше да излегувам толку често со неа колку што таа посакуваше, бидејќи освен мене немаше ни другарки, ни дечко.

    Секогаш, ама буквално секогаш ќе ми биде мажот и домот на прво место, се друго не само што е споредно, туку можам и воопшто да го немам. Семејството е се, од другарки ни сум видела фајде, а и ретко можеш да видиш. Јас си ставам се на срце, не сакам сега да правам жртви а утре да се чудам и чувствувам искористено кога таа ќе фати дечко па ќе ја снема, како многу исто погоренаведени примери.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Anne15

    Anne15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 февруари 2012
    Пораки:
    762
    Допаѓања:
    244
    Пол:
    Машки
    Иако не сум мажена,но ги гледам другите кои се во брак или само што стапија во брак другарствата ги напуштаат.Како да ви кажам,зафатени сте и со текот на времето губите контакт. :worried:
    Според мене тоа е лошо.Секогаш треба да имаш некој покрај тебе со кој ќе испиеш бар некое кафе и ќе си размениш по некој муабет. :call: Не значи дека ако имаш маж/жена си завршил работа и толку не ти треба никој покрај тебе.Ова почесто се случува кај женските особи,тие ги губат познанствата поради мажите,иако мажите сеуште комуницираат и си ги одржуваат другарствата.
    Јас оправдрувам да се има пријатели,но до одредени граници.Пријатели со кој ќе си имате иди ми-дојди ми :lol: и разговори до одредени граници.Мене не ми се допаѓа излегувањето по ноќни клубови одвоено,до ниедно време. :shake: Т.е сеуште да се живее оној живот пред брак. :fubar:
     
    На De-lovely, Lovely93 и mal.ecka им се допаѓа ова.
  6. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.873
    Допаѓања:
    11.269
    Пол:
    Женски

    Аман бе Ловли на 20 години немаш другарки :^)
    Не ја гледај Моира , таа е мајка и возрасна жена сигурна сум дека кога била 20 тите години си имала време за пријателки ..
    Јас ги разбирам мажените жени и мајки едноставно се нема време за се . И секогаш на прво место е фамилијата .И тоа е нормално

    Ама 20 годиншна клинка да се однесува како женче :^)
    Јас сум 24 години во сериозна врска па си имам време за моите другарки и не не ми се досадни , и оние кои се сингл секогаш имаат да кажат нешто интересно :D
    И секако дека не е исто како кога сме биле сите сингл , ама сепак се има време да се дружиш и со нив.
    Искрено не ми е јасно -немате работа , деца, маж а немате време да се дружите со вашите другарки ?
    Е така мојата другарка немаше време за никој , освен за дечко и, и кога раскина 3 годишна врска погоди кој беше тука за неа ..
    Барем додека сте млади имајте друг живот освен момакот и неговите другари .
    За твое добро одржувај си контакт со другарките , запознавај нови , млада си дружи се ..
    Не мислам да скиташ во доцните часови , ама секогаш се има време за еден добар муабет со женско друштво .
     
    На baby-star, andromedae, SexiLy и 7 други им се допаѓа ова.
  7. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.345
    Истото ќе го речев за Ловели, од каде толкава сериозност на толку млади години, помала си од мене точно 3, а додека читав мислев дека си некоја 30годишна.
    Не смееш на овие години да ги запоставиш другарките, какви и да се, на крајот на краиштата најди какви што ти одговараат, светот не се врти само околу тебе и дечко ти(и неговото друштво), ќе изгубиш и поштовање во негови очи со тек на време, а и со кого ќе се дружиш ако еден ден не бидете заедно?! Со неговото друштво?
     
  8. darcy

    darcy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    5.892
    Јас имам над 30, и ниту помислувам ниту сакам да кренам раце од дружење со другарките - и слободните, и мажените. Од постот на Ловли се ужаснав и во него не видов знак на сериозност, туку претерана зависност од дечкото и неговото друштво. Многу ме занима колку тоа различни муабети се прават со девојките на другарите во однос на сопствените другарки. Јас сум мажена, но дури и со мажените пријателки не сакаме да седиме и да разговараме само за куќа, маж, деца.
     
    На ell, Glasna и femina90 им се допаѓа ова.
  9. elanor

    elanor Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    519
    Допаѓања:
    1.031
    Пол:
    Женски
    Јас пак мислам дека повеќе е до карактерот отколку до зафатеноста.
    Затоа што имам примери на другарки кои дечко кога ќе си фателе у земја пропаѓале. А од друга страна имам другарки кои и кога се омажиле и деца кога добиле сеуште имало дружба. Е да, нема да скитате секој викенд по дискотеки до 4 сабајле, туку најчесто вие ќе одите кај другарката по дома, ама што е тоа важно. Мене најбитно ми е да се видам со другарката, ич не ми е гајле ако сркаме кафе кај неа у кујна :D додека готви ручек. И да, муабетите ќе се променат - ред муабет за мажот нејзин, свекрвата, ред за мојот дечко, ред детето да ги изрецитира песничките :D

    Секогаш сум имала време за другарките. Секогаш. Инаку сум студирала (редовен студент со секој ден предавања), работев втора смена, имав дечко, со кој живеев што значи чистев, перев, пеглав, готвев (дечкото имаше малку специфична професија и не можеше баш секогаш да ми помага), и редовно излегував - кога со другарки, кога со дечкото. И успеав да дипломирам како првенец на генерација.
    Затоа за мене се ова само оправдувања. Знам ќе рече некој дека не се важи ова затоа што сум немала деца, ама и јас не викам да се излегува со истиот интензитет како кога сме имале 21/22 години. Јас без деца сум, па не ми се излегува секој ден. Никој не вика да се кисне заедно со другарките како порано. Иако јас никогаш не сум била од оние што по 24 саати киснеле со другарки. Ни како тинејџер. Ама па ни два саати неделно да не може да се одвои за другарка, тоа ми е малку чудно. Значи не два саати за секоја, туку два саати од вкупно 168 часови колку што содржи една недела за да се испие едно кафе со другарка (една или неколку наеднаш ако има можност).
    А забележувам дека кај некои не е времето проблем, затоа што кажуваат дека излегуваат, ама со други луѓе најчесто парови или другари на мажот. Значи се има време, ама се нема желба. Желба да се седи со таа и таа личност. Довчерашна другарка. Некоја со која сте делеле арно и лошо, која 100 саати ја слушала истата приказна за тој сељакот што ви раскинал и сл. Ова ми доаѓа како ние жените другарките да ни се како чекална на аеродром, добра е и ни користи дури да дојде летот. После тоа, чао срцка, ќе те барам кога децава ќе тргнат во школо.

    А мене другарка да ми рече - што добивам со 2 саати оговарање на теми тотално неблиски за мене во моментов - тогаш таа не ја сметам за блиска другарка. Како може нешто што на другарка ти и е важно тебе да не ти е важно? Како може нешто што му се случува во животот на некој што го сакаме да не ни е важно? На ист начин и твоите разговори на нејзе ќе и бидат битни. Затоа што те сака, ти е другарка и и е важно што ти се случува во твојот живот. Па не можеме сите исти животи да имаме. Ама во тоа е убавината. Во споделувањето. Нормално е дека семејството ќе го заземе првото место, ама пак два пати годишно да се сетиш на некој со кого си делеле се, или уште полошо да колуташ со очи на сред муабет од што ти е досадно (нели небитни се муабетите на сингл другарката), тоа не е вистинско другарство.
    И да бидеме реални, мажот не седи цело време по дома. Си има он дружба со другарите - фудбал, кладилница, кафанче, теретана и сл. И таа што сака, ете и шанса за дружба со другарките.

    Имам другарки, со некои сум и преку 25 години другарка. Некои се омажија, некои имаат деца, некои се уште сингл. СЕКОГАШ имаме теми за разговор.
    Мерак ми било, и уште ми е, да ми зборуваат за бременост, за бепчето, јадење, цицање, воспитување. Па ќе си читнам на интернет, ќе ја прашам мајка ми и ќе знам и ќе си муабетам. Некогаш ќе прочитам нешто па јас ќе им кажам нешто ново за децата, иако сеуште немам свои. Од друга страна, тие ќе ме сослушаат кога ќе им раскажувам случки, се радуваат со мене, плачат со мене, исто како заедно да сме биле излезени.
    Разлики во темите за разговор може да се осетат кога некоја ќе се омажи и ќе роди на помлада возраст, 18 на пр. Е да , тогаш навистина на сингл другарките паметот им е во други работи. Еве тргам од себе на што сум мислела и што ми било приоритет мене на 18 години :lol:
    Ама за повозрасни мислам дека е повеќе до карактерот - и на двете другарки.

    п.с. На темава ќе пишам повторно откако ќе добијам деца. Живо ме интересира дали тогаш ќе го сменам мислењето :D
     
    На baby-star, ell и mimiiiii им се допаѓа ова.
  10. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.469
    Пол:
    Женски
    И би додала дека е до тоа дали сакаш или не сакаш. Ако сакаш ќе се најде начин, ако не сакаш изговор.

    Ама па и друга страна има приказната. Ти може ќе сакаш ама другарките нема да сакаат. Може баш таа една што се омажила и што има деца и што би требало да е најзафатена да најде време, а другарките нејзини што се сингл или сеуште немажени да не сакаат да ги слушаат муабетите за нејзината свекрва или за тоа кој прашок го користи (не дека мажените само тој муабет го прават туку одма се прави овој муабет од страна на другите луѓе). Сакам да кажам дека вистинското пријателство треба да биде обострано. Колку што зафатениот треба да најде минимално време, толку треба другата страна да има разбирање и да го цени тоа време одвоено само за неа. Инаку имам кажано, мажените со дечиња воопшто не ги осудувам, тие девојки, жени си имаат сосема други приотитети во животот. Не може на мајка да и' биде поголем приоритет другарките отколку своето дете. И тука нема што да се дискутира.

    А за девојките кои не се мажени, а имаат сериозни врски е подруга ситуација. И тие можат колку, толку да најдат време, зависно од тоа кои обрвски ги имаат.

    Имам напишано еднаш во темава дека и јас пред две години бев премногу зафатена. Имам кажано дека работев премногу, имав дечко со кој сеуште сум во врска и кој исто така работеше премногу и сеуште работи, студирав како редовен студент и имав само два дена слободни во месецот. Е тогаш, од сите мои другарки само една ме разбираше со која заради сето тоа обострано разбирање и ден денеска се дружам и за неа секогаш наоѓам време зошто јас лично сакам. А другите од кои најмногу разбирање очекував мислеа дека можам со нив да лудувам по дискотеки до 4 сабајле како претходно, а после да станам во 6 за на работа. Е тоа не беше возможно, барем јас лично таков начин на живот не можев физички да издржам. И џабе беше што јас наоѓав време за да се видам со нив ете за едно кафе, ако не секој ден барем преку еден ден сигурно сум се гледала, они тоа не го ценеа и цело време ми велеа дека ги откачувам. Значи јас од втора смена на работа, со подочњаци до коленици, во 11 навечер, со сменети тој ден веќе 4 автобуси, идам, трчам, брзам во центар да се видам со нив, наместо да одам дома да се наспијам како човек или да се избањам како човек. И на сето тоа некој да ти рече "Што те снема тебе? Аааа готово не' откачи". И после може некоја од нив дошла вака по форуми и ќе збори "Еее и јас имав една другарка ама штом се вработи и дечко фати, толку, ја снема". |( Епа да ви кажам после сите нивни постапки и после нивното неценење на моето малку време кое јас специјално за нив го двоев, јас изгубив секаква желба за да се видам со некоја од нив. И да, признавам после сето тоа ЈАС бев таа што ги откачи, ЈАС бев таа што не сакав никаде да одам со нив, ЈАС бев таа што им откажував, ЈАС бев таа што наоѓав изговори зашто сфатив дека едноставно не ми се вистински другарки. А таа што имаше разбирање за мене, и тогаш кога бев најзафатена и сега кога имам време, сум СЕКОГАШ тука за неа. И можам со полна уста да ја наречам вистинска другарка.

    Така што, од лично искуство јас повеќе не верувам целосно во тоа кога некоја ќе рече дека другарката ја откачила зашто била зафатена. Зашто вистински пријател секогаш прво ќе застане до тебе кога ќе имаш некоја новонастаната ситуација и кога си тотално збунет, ќе ти помогне, ќе разговара со тебе, ќе те рабира, а не да ти дава зајадливи коментари или да збори по други дека ти глумиш само затоа што не си излегол со нив во саботата вечерта, а они прејако си поминале. А повеќето го прават тоа, знам, зашто го почувствував на своја кожа. И тука на форумов имам прочитано такви мислења, како "Фати дечко и не излегува со нас."; "Не можам да ја слушам другарка ми се едни исти муабети ми прави, како се покакало малото, кои пелени ги користат. Па јас не можам веќе тие муабети да ги слушам", итн, итн, итн... Можам и да најдам вакви постови и да ги цитирам. Е тоа е тоа што сакам да ви го доловам, а секако има и исклучоци, секоја чест за нив.
     
  11. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.017
    Пол:
    Женски
    Не сакав да кажам дека немам другарки, баш сум многу друштвена и воопшто не сум зависна од друштвото на дечко ми, всушност ретко и излегуваме со нив. Точно е дека размислувам зрело за моите години, тоа не е ништо лошо напротив, а имам и лоши искуства со другарки бидејќи јас сум несебична и лојална, што ми покажало дека треба да ги ставам на прво место оние на кои навистина им значам. Сакав да кажам само дека голема разлика има во размислувањето на сингл и девојка во врска, а не па во мажена и сингл. Не е битно тоа што не сум мажена, еден ден ќе бидам но карактерот нема да ми се смени, барем јас мислам така. Ако од мојот пост помисливте дека сум асоцијална, комплетно погрешно сте сфатиле. :) Сакам да шетам по Македонија и надвор од неа, да се дружам, да запознавам нови луѓе и да се шалам, но она што не практикувам е да бидам многу врзана спрема другарки од погоренаведената причина, а и не сум тип што сака да биде зависен од нешто, ако спрема дечкото морам, не морам и спрема другарки. Имам машки другари кои се тука за мене, а не бараат за возврат да им ги кажувам сите интимности и да се лутат кога не можам да излезам. А со таа другарката со која прекинав контакт, причината беше што се гушев од нејзината зависност од мене и токму асоцијалноста, што не ја поднесувам кај луѓето. Дефинитивно поради дечко ми не би прекинала пријателство кое вреди и ме исполнува. :x
     
    На despin4e05 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.873
    Допаѓања:
    11.269
    Пол:
    Женски
    ^Не добив впечаток дека си асоцијална туку дека брзаш да пораснеш . Шо би рекле старите -се во свое време . ;)
     
    На Hipster, Lovely93 и Glasna им се допаѓа ова.
  13. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Гледајте си вас да ви е убаво. :)
    Ако вреди за некоја другарка да жртвувате од времето поминато со партнерот, жртвувајте. Зошто ако не вреди утре ќе ви биде криво. ;)

    Јас трчав секаде за моите другарки. Секогаш бев тука за нив.
    Со дечко ми бев со години, ама колку и да бев уморна, да имав обврски, испити, да не бев при пари, секогаш бев тука за нив, и на мобилен да киснам со саати и со физичко присуство.
    Ама кога јас со него се скарав и сеуште сме во таа пауза :tmi: никоја од нив не беше тука до мене за муабет и за друштво. Не им беше гајле дали јас викендот навечер сакам да излезам, дали ми се оди на кафе, дали ми се прави муабет. :x
    А, јас секогаш бев тука за нив и лично со кола ги имам земано и враќано по дома на мој трошок.
    На сите забави, шетања идаа со мене и дечко ми ако немаа со кого да одат. (Не зборувам групно за сите другарки туку за секоја поединечно).
    А, тогаш само по телефон ми се јавуваа, колку од љубопитство да дознаат нешто. :^)

    И сега се каам за сите жртви и цело време изгубено на нив, во кој страдавме и јас и партнерот.
    За некои луѓе не вреди да се жртвуваш. Зошто само те користат.
    И боли кога тука ќе се најди некоја твоја другарка која ти била како сестра, а сега не ја препознаваш.

    На работа не сакам да се зближувам многу со колешките, ама таму имам две колешки со кои сме на иста бранова должина сега, па сме *ујдисани* и заедно се дружиме и од нив имам видено арно за неколку месеци колку што од другиве немам видено сите години наназад.
     
    На Daydream и Lovely93 им се допаѓа ова.
  14. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.017
    Пол:
    Женски
    Јас токму од такви работи пробувам да се заштитам, потсвесно отварам четири очи од страв да не бидам повредена, од причина што сум многу чувствителна иако вешто го кријам тоа од околината, затоа што знам какви се луѓето, сите се ситат само, ретко кој навистина сака да биде тука за тебе.
    На почетокот од врската па со дечко ми бев таква, не дозволував да ги запоставам другарките со кои сум се дружела за некој што го познавам неколку месеци и сеуште не знам дали е таков каков што изгледа.
    И Мими немој да мислиш дека се навредив, те разбирам што сакаше да кажеш и затоа сакав да ти се објаснам бидејќи напишаното често се сфаќа поинаку од реалноста. И не брзам намерно да пораснам, таков ми е карактерот, секогаш сум се двоела од врсниците со тоа што сум размислувала зрело за своите години, освен година-две кога ми беше пубертетот па не се замарав многу со ништо. Дури и мајка ми ме закача некогаш дека позрело од неа сум дискутирала. :D
     
    На Daydream му/ѝ се допаѓа ова.
  15. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.431
    Допаѓања:
    47.630
    Пол:
    Женски
    Да напоменам НЕ сум во брак. :tmi:

    Не можам да кажам дека има некоја разлика од предходно и сега во поглед на дружбите со останатите. И јас си излегувам и се гледам со другарки,и тој си излегува се гледа со другари. Не се ограничуваме на тоа да бидеме ко млад брачен пар и постојано сегде заедно да одиме.

    Се гледам и со другарки кои се во врска, и со оние кои се сингл и со негово другари кои се сингл излегуваат со нас и оние кои се во врска. Никогаш не се ограничуваме на тоа да бидеме излезени во парови,да одиме на настани во парови и сл.

    Имам неколку блиски личности за кои сметам дека вреди да си го жртвувам времето со партнерот за да излезам со нив. Можеби затоа што они према мене се поставиле ок,и не ме двоеле коа сум била сингл под изговор дека повеке немаат ништо заедничко со мене . Интересно ми е да дискутарим со другарка ми која е во долга врска за секојденивето и ситуации во статусот in relationship со тоа што можеби ке ме подучи нешто,ке ме сослуша ке ми ги отвори очите... Но исто така интересно ми е да ги слушам и муабетите на сингл другарка ми за тоа каде била вчера ,кој и се пуштал,каков тип сретнала пошто и јас до пред некое време бев сингл и јас истите работи ги праев и истите работи ме интересираа. Со тоа што сега сум навлезена подлабоко во врската не значи дека Господ за м*да сум го фатила и треба да ги потценам другарките кои ја немале среката да најдат личност каква што имам јас во животот. Дури понекогаш поинтересни ми се нивните муабети ,отколку оние за тоа леле дечко ми вака, леле со срцуфчето вчера бевме на вечера, леле мајка му ми напраи колачи и секој муабет што е во множината јас и срцуфчето.Па дури и тие што се ми се во врска често знаат да ми кажат С ај да искочиме сами без мажине да се идуваме малце да си напраиме женски муабети.

    Понекогаш е навистина тешко да се најде време. Мојот е на работа од сабајле од 10 до 8 навечер ,а после тоа е мртов агол и непособен за ништо. Понекогаш ми недостига да поминувам повеке време со него ,повеке да излегуваме ,повеке да се дружиме и јас и он и со други луге ама ете ситуацијата така налага. Но нешто што многу почитувам кај него е тоа што секогаш ми вика-Не ги запоставувај пријателствата што си ги имала пред да ме запознаеш мене. Секогаш имај си издувен вентил ,излези види се со луге и сл. И како што кажав се случувале дури и сексот да си го жртвуваме и да немаме по 2-3 недели затоа што обврските не ни дозволувале да се видиме или сме биле преуморни ама секогаш кога ке сме решеле да излеземе сме излегувале.Дали секој сам со свое друшво,дали јас со негово или он со мое сеедно. До сега успеавме да се зближиме премногу ,но во исто време успеавме и да си бидеме во некои сегменти независни еден од друг и да го прифатеме фактот дека во нашите животи постојат и други луге а не сме само ја и он.
     
    На ell, mimiiiii и darcy им се допаѓа ова.
  16. midnight.flower

    midnight.flower Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    541
    Допаѓања:
    1.050
    Ах, душо, јас би одвоила, ама не ретко се случува токму тие 2 часа другарката да не е слободна. Многу беше полесно кога одевме на училиште. Уште кога почнавме на факултет -патиштата ни се разделија: различно време на предавања, вежби, испити, па од гледање секој ден, почнавме два пати неделно, а потоа, со вработувањето, која од која позафатена... многу тешко да се усогласиме. Па почнуваш повеќе да се дружиш со колешки/колеги, едноставно бидејќи ви се поклопува тајмингот, а заедничка тема за разговор секогаш има.

    Ми се има случено два месеца да договарам средба со другарка до конечно таа да се реализира. Јас сум мажена (немам деца), а таа не е мажена, :!: но тоа не значи дека нема обврски. Нејзе и одговара во 14, јас тогаш сум на работа, ми одговара во 17 - таа тогаш има работни обврски, кои знаат да траат и до 19-20ч, нејзе и одговара во 20-21, јас имам семејна вечера или слично, а најчесто сум веќе уморна, и така... (Ова е само пример, бројките не се вистинските, само за илустрација ;) )

    За овој дел од постот потполно се согласувам.
     
  17. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.873
    Допаѓања:
    11.269
    Пол:
    Женски
    Ако си создаваме зид околку себе некој да не не повреди , тогаш пропуштаме многу убави работи во животот ..
    А и стратегијата за заштитување кај тебе не ми е јасна .. Не си дозволуваш да се зближуваш со луѓе од страв да не те повредат а од друга страна сето твое внимание е ориентирано кон една личност, знаеме дека врските можат да се распаднат од х причини ..
    Не дека се однесува ова за тебе ама јас лично сум видела многу девојки кои излегле од долги врски , се претопиле што се вика со дечкото немаат свои пријателки и потоа одеднаш се сосема сами немаат ни со кој да излезат на кафе има и таква темa Ем сингл ем без другарки ..

    Јас кога си фатив посериозен дечко имав 20 години ,ме понесе љубовта во првите неколку месеци и искрено малку ги запоставив другарките , мајка ми примети дека ги нема на гости и ме праша што е работата . И јас нели големата мома реков дека сега имам дечко за озбилно и немам многу време |(

    Добив вербална шлаканица од мајка ми , во смисол дека дечкото нема да ми избега ако си имам интереси и пријателки кои не се поврзани со него туку дека и повеќе ќе ме цени , за да една жена биде нечија сопруга треба прво да биде своја .

    Сакав да ти дадам совет дека е добро да си одржуваш пријателства и да отидеш на гости , кафе некогаш и без дечкото .. Врската е само една етапа од љубовта каде може да се сакате и уживате а воедно и да имате свое слободно време за вас и вашите интереси ..

    Инаку Силвер според опишаниот однос на дечко ти со тебе мене искрено би ми било жал на потрошеното време со него а не на другарувањето со различни луѓе .. Уште сте на пауза ?
    Може вака сум директна и се мешам каде што не ми е место ама тој човек не те заслужува и сигурна сум дека можеш да најдеш дечко кој ќе те цени ..
     
    На Hipster, Hipica, elanor и 2 други им се допаѓа ова.
  18. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Во договарањето со другарка не е само до нас. :)

    Колку пати јас можам да излезам, ама некоја од тие другарки со кои сакам да се видам, баш тогаш е на работа или е некаде со дечко и или со трети другарки.

    Кога и ние, ама и тие се во врска оди малку потешко договарањето.
    А, со сингл другарките се договарам многу полесно.
     
  19. elanor

    elanor Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    519
    Допаѓања:
    1.031
    Пол:
    Женски
    Миднајт срцка ама ти правиш напор и имаш желба да се видиш со другарката. Не сметаш дека тоа време, колку ретко и колку кратко да е, дека е време за џабе потрошено. Нормално е дека обврските ни го диктираат темпото и распоредот на денот. Ама ако постои желбата да се усогласат термините за да се видиш со пријателите, термин ќе се најде. Не е битно дали за 5 дена или за два месеца.

    Пријателството не се мери со тоа дали секој ден се гледаме или еднаш на два месеци. И сингл кога сме биле не сме се гледале секој ден. Секој има свој живот, работа, домашни обврски, разни хобија, други пријатели. Дружбата може да биде некогаш еднаш неделно, некогаш еднаш месечно.
    Сметам дека секој индивидуално може да си направи баланс помеѓу семејството и пријателите. Време се има.
    На крајот на краиштата не е до квантитетот на средбите, туку до квалитетот.
    А пријатели, навистина блиски пријатели, немаме 100 туку се некаде помалку од две шаки, најчесто 5-6. Се друго се познаници. А за 10-на луѓе може да се одвои време. Но прашањето е дали се има желба?

    Сепак се согласувам дека има и друга страна на приказната - пријателки кои го прекинуваат контактот. Ама ако некој љубомори зашто вие имате врска и семејство, а таа не, тогаш тоа не е вистинско пријателство и подобро е што завршило. Подобро е еден вистински пријател, отколку 10 кои никогаш не се тука кога ви требаат.
    Силвер многу ми е жал што читам како пријателките се однесуват така. Донекаде те разбирам затоа што верувам сите сме имале по некој ваков случај. Она што ме научи искуството е дека кога повеќе не си сингл, во никој случај не може дружбата да биде со ист интензитет. Едноставно тоа не е можно. Нешто ќе страда. Време нема да има никогаш доволно и оттаму нервозите. Па тие нервози ќе се префрлат и на врската. И ете проблеми. Поентата е дека дружбата не прекинува, се менува само нејзиниот интензитет.
     
    На midnight.flower и Daydream им се допаѓа ова.
  20. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.469
    Пол:
    Женски
    Многу зависи и тоа дали двете страни заедно и во исто време созреваат. Дали во чекор се пратат. Колку и да било големо другарството, колку и да траело тоа нема да може да продолжи доколку едниот отиде малку понапред од другиот или доколку отскокне интелектуално. И тука настануваат тие проблеми со "немање заедничка тема за разговор". Доколку едната веќе е колку толку остварена личност со работа, сериозна врска, сериозни планови итн, а другата сеуште размислува која дискотека ќе ја посети, џабе е се. Гледиштата на животот стануваат различни. Таа посозреаната страна секогаш ќе има некој муабет кој ќе биде досаден за другата. Нема повеќе надополнување и не можат да се вклопат.
     
    На Lovely93 и elanor им се допаѓа ова.