1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Бракот и другарствата

Дискусија во 'Брак' започната од Theodora, 25 јануари 2011.

  1. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.086
    Допаѓања:
    11.244
    Не ни биле вистински пријатели. Една од пријателките, иако е мажена, сепак има време секогаш за мене. Имав случај со една, откако се омажи ја сретнав во град, само што не избега, го забрза одењето и ми рече брзала многу. Само да се откачи. Откако ќе се омажат, не сакаат никој да им ги знае проблемите. Мислам тоа е или пак глумат лудило демек ете се омажиле.
     
  2. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    3.858
    Допаѓања:
    21.138
    Пол:
    Женски
    Се дружиме со сите, колку можеме. Во години сме кога сите имаат обврски и оние кои не се во врска, па е малце потешко да најдеш време кое би одговарало на сите.
    Но, дружење и посветување време не е само испиено кафе.
    Ако те нема со месеци да се јавиш и прашаш некој како е, џабе е тоа 1-2 кафиња од време на време за кои ќе се снајдеш и ќе одвоиш време.
    Но, бракот на секој му е различен.
    Јас имам и такви на кои старите им диригират што и како да прават. Па искрено повеќе се лутам што друг им забранува да се видиме, одошто тој/таа ги нема.
    Е сеа нашето друштво е такво, што секој со секого се знае и дружи од предходно(бевме другари 4 години), па со сите се гледаме заедно, групно.
    Во секој случај, никогаш не постоеле забрани и правила.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  3. ocicka2014

    ocicka2014 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2014
    Пораки:
    4.072
    Допаѓања:
    13.176
    Пол:
    Женски
    Јас имам случај од кога се омажив другарка не ми дојде воопшто дома.
    Со изговори триста, па кога ќе ја викнев на кафе дома одма ама ај да испаднеме во кафич ќе пиеме.
    Една година ме маткаше се гледавме само во град и нормално ја откачив.
    Има и обратни ситуации. А предходно многу живеевме.

    Уште не разбрав што и беше незгодно дома да ми дојде кај сопругот и зошто не сакаше.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  4. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.806
    Допаѓања:
    25.082
    Пол:
    Женски
    Со другарките од средно се немам видено и чуено веќе 5 години . Кога забременив на неполни 18 , сите се тргнаа од мене , а јас не се трудев да им правам муабет . Што им згрешив за така да се оттргнат ? Да не им испоубив се дома ? Да не им украдов нешто вредно ? Дечковците не им ги зедов , си имав мој дечко . Ете затоа , и нааоцијални мрежи ќе ги имам , ама едно здраво нема да им пишам . Нц . За 5 години од матура со класот на маж ми ќе одам . Со нив сум повеќе во комтакт иако цел клас се машки , отколку со мојте девојки . Инаку , имам една другарка , од деца се неразделни . Си пишуваме , се слушаме , кога обврските дозволуваат одиме и на кафе . За скоро и е роденден , па ќе се видиме и ќе прославиме во наш стил :D и спремам изненадување :D .
     
    На kalinaka му/ѝ се допаѓа ова.
  5. kolovoz

    kolovoz Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2011
    Пораки:
    1.648
    Допаѓања:
    6.152
    Еве јас сум од тие што им е незгодно, наводно. Не ја сфаќам потребата од одење по дома. Сакам да шетам, да излегувам надвор, да си седнам на кафе без да се малтретирам, ниту да те малтретирам по дома. Зошто мора да биде дома? Дополнително, кога ве викат на кафе, сфатете, не ве канат заедно со сопругот. Не мора секаде заедно да се појавувате, не сте поврзани со папочна врвца.
     
    На WildMk, Animali, Quincy и 9 други им се допаѓа ова.
  6. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    4.882
    Допаѓања:
    52.864
    Пол:
    Машки
    Со првиов дел не се сложувам со тебе, зошто да е незгодно? Али тоа е твое мислење океј.
    А со вториов дел апсолутно си у право(y)
     
    На oblace1 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. kolovoz

    kolovoz Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2011
    Пораки:
    1.648
    Допаѓања:
    6.152
    Затоа реков наводно. Не дека ми е незгодно, туку едноставно не сакам да им одам по дома на луѓето, без разлика биле или не биле во брак. Не, за кафе по дома.
     
    На WildMk, Animali, cresa-jagoda и 5 други им се допаѓа ова.
  8. ocicka2014

    ocicka2014 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2014
    Пораки:
    4.072
    Допаѓања:
    13.176
    Пол:
    Женски
    Ти не разбираш дека еднаш не дојде?
    Другарки бевме, зошто не сака да види каде сум се омажила и каде живеам? Јас не ја викав секој пат да иде кај мене, еднаш да дојдеше барем не знам како не и е кеиф, нема од што незгодно да и биде сигурно нема да ја седнам со свекор и маж на маса па и да ги запознае што има лошо во тоа?

    И не реков дека со маж ми сум со папочна врвца врзана, не сум испаднала со маж ми, а да сум со другарка и него ќе му биде досадно нејзе уште подосадно и незгодно едноставно нема да имаме теми на разговор заеднички.
    Не ми е јасно од каде во мојот пост заклучи дека одам на кафе со мажот и другарката па што ме цитираше?
     
    На Yowannty, oblace1 и Dust им се допаѓа ова.
  9. kolovoz

    kolovoz Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2011
    Пораки:
    1.648
    Допаѓања:
    6.152
    Не те цитирав за дали одиш на кафе со маж ти или не. Тоа го кажав затоа што повеќето го прават. И се однесува на нив. Тебе не те познавам и затоа неможам да кажам каква си.
    За првиот дел од постот не ја сфаќам потребата да види другарка ти каде живееш. Ако тебе ти одговара местото во кое што живееш и те прави среќна, што има јас да гледам или да се замарам.
    Во глобала има два вида девојки кои сакаат да им одиш по дома. Првиот тип сакаат да се пофалат колку им е средено. Овие никогаш не ги разбрав. Од една страна не сакаат луѓето да ги оговараат а од друга се желни да бидат топ тема во град.
    Другиот тип на девојки те канат само за поклонот. Нивната цел е да добијат нешто.
    Останатите... Не се замараат. Би седеле секаде со тебе. Важно е друштвото. Дали си им бил на гости, дали си им однел нешто, им е најмалку важно. Важно е да се јавуваш за на кафе.
     
    На FVP, Animali и m.i.g им се допаѓа ова.
  10. ocicka2014

    ocicka2014 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2014
    Пораки:
    4.072
    Допаѓања:
    13.176
    Пол:
    Женски
    За што да ми носи поклон?
    Не сум купила стан или куќа па да ја канам на стан.
    За средено баш напротив не ни беше ама ич средено, стари работи ова беше пред да реновираме. Ама ич не ми е битно што би помислила.

    Еве јас сакам да знае каде живеам другарки сме што е тоа толку чудно не разбирам?
    Ако сака да пие кафе само колку да биде видена дека е испадната или да види некој, испаѓа дека моето друштво не и е доволно. Такви луѓе не ми требаат во животот.
     
    На Yowannty, oblace1, Dust и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.708
    Пол:
    Женски
    Каде пиевте кафе претходно? Дали пред брак постојано одевте една кај друга дома или и тогаш пиевте кафе во кафич?

    Еве и мене најзгодно ми е да пијам кафе низ центар. Едноставно е - седиш 45 минутки или 1 час и 45 минути без да чувствуваш дека пречиш некому. Кога си на гости, можеби сакаш и повеќе да останеш, ама од култура стануваш по одредено време, па ако домаќинот ептен инсистира тогаш остануваш уште малку. Кога си ти домаќинот, не можеш да кажеш ај сега оди си, а можеби веќе не ти е до гости.
    Муабетот - 'ке седнуваме на уште едно кафе или имаш обврски' е најбезболен. А сум пиела и по 3 кафиња кога ке ни појде муабетот.
     
    На Animali, Nausicaa, cresa-jagoda и 4 други им се допаѓа ова.
  12. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.700
    Допаѓања:
    13.142
    I jas se iznasmeav za ova so poklonot. Pa i da donese edno kafe. Sigurno ne ja vikas kolku da donese nesto tuku da se vidite ubabo,da muabetite.
     
    На Dust и ocicka2014 им се допаѓа ова.
  13. ocicka2014

    ocicka2014 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2014
    Пораки:
    4.072
    Допаѓања:
    13.176
    Пол:
    Женски
    98%, бевме испаднати.
    Ама имаме пиено и дома кај мене и кај неа па дури и кога студирав во ск во станот што бев под кирија.
    Ама еве на прсти се бројат колку пати ама сепак имаше дојдено.
     
  14. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.708
    Пол:
    Женски
    Епа добро, значи не е некоја промена, и претходно сте пиеле кафе надвор и откако си се омажила ти сте продолжиле исто. Можеби и било непријатно и не сакала да се наметнува, и јас да треба да одам кај другарка која е мажена и живее со свекор и свекрва би ми било непријатно и би инсистирала да се гледаме надвор.
    А никогаш не би се налутила ако некој не сака да дојде кај мене во таква ситуација. Дури и баш океј став ми е тоа, секакви не има.
     
    На Nausicaa, cresa-jagoda, Waka-waka и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Forca

    Forca Популарен член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2016
    Пораки:
    702
    Допаѓања:
    1.943
    Пол:
    Машки
    Дали е до воспитувањето или друго ли е, незнам, но и мене ми е непријатно кога моја другарка ќе ме викне на кафе кај нејзе дома, а таа омажена, секогаш прашувам дали маж и' е дома, и ако е тогаш ќе одам на кафе, или ќе и кажам да пиеме кафе надвор но да го земе и мажот и', веројатно кај нас машките поинаку е... :)
     
  16. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.582
    Допаѓања:
    171.565
    Пол:
    Женски
    Глупости..сериозно за вакви работи дискутирате?
    Па не се дружат вашите мажи со мажите на вашите другарки? Се знаат ли воопшто?
    Има ли нешто поубаво од собрани дома на купче 2-3 пара и си прават муабет, мезат, гледаат филм или едноставно си тепаат време...?! Ако не ти се спрема има готови јадења...купи салати од веро, скара на кило и сокови и винце и уживајте..

    Не сакала другарка да и иде дома?! Па одма ја бришам од другарки. Утре ако немам пари за да излезам по кафичи на кафе, дали тоа значи дека нема да се видиме со месеци? Само затоа што не сака дома да ми дојде?

    Мене ми е ептен глупо некој да одбие да ми дојде дома. Еве не сум во брак ама живееме заедно.. треба за секоја дружба во кафич или кафана да излегуваме?
    Богами како што е ладно тука, тоа значи дека од ноември до март нема да се дружам со никого:rofl: пошо по кафани и кафичи не можам да се влечам по мразовите..

    А другиот муабет дека поклон чекала:rofl: смешки..
    Јас кога одам кај другарки дома на кафе (а и тие кај мене) секогаш си носиме по нешто. Најчесто нешто благичко.. од домаќинката кафето, сокот и што и да извади од мене благо.. Да не осеќа терет дека се мора да обезбеди.
    Со последни пари сме купувале сок и грицки со другарки и сме седеле кај некоја дома. Зошто бракот би го изменило тоа воопшто? И зошто да ми е срам од мажот и?
    Најсериозно, луѓе млади сте..имате широки видици и либерални сте по милион прашања а од друга страна срам ви е кај другарката дома да одите ако маж и е дома(facepalm) секоја чест..
     
    На Yowannty, TutiFuti, Gosh и 15 други им се допаѓа ова.
  17. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.708
    Пол:
    Женски
    Ако немаш задни намери, тогаш зошто би ти било глупо?
     
  18. kolovoz

    kolovoz Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2011
    Пораки:
    1.648
    Допаѓања:
    6.152
    Го изврти целиот муабет.
    1. Другарка и не е мажена. А по муабетот нема ни дечко. Или има, ама ете по некоја причина не се дружат како парови или не и е сериозна врската.
    2. Ако имаш за правење благичко имаш и за кафе. Всушност за кафето таму каде што си сигурно ти требаат околу 100ден ако не и помалку а за благцето минимум 250.
    3. Кога викам на кафе секогаш плаќам кафе. Всушност исто пари трошам и дома и надвор.

    На крај, другарките сам си ги бираш. Ако не ти одговараат и ако не можеш да ги разбереш, нема потреба да ги дружиш.
     
    На cresa-jagoda и Animali им се допаѓа ова.
  19. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.582
    Допаѓања:
    171.565
    Пол:
    Женски
    Па никаде не ја цитирав баш неа.. гледаш некаде цитат?! Општо кажав дека за мене е низок удар некоја да не сака да ми дојде на гости затоа што сум во куќа на маж ми што сега на мене ми е ДОМ.
    И јас не сум мажена па одам кај другарки по дома. И што сега?

    Кафе не пијам ама еспресо тука е 30ден, капучино 60..
    Дома кафето ми е уште поскапо затоа што за дечко ми користам високо квалитетно кафе поради желудникот..

    Секој сам си плаќа. Фала Богу заработуваме сите..
    Не е битно колку пари трошиме, битно е што не правиме чест на другарките со тоа избегнување

    @ocicka2014 ако добро видов никаде не пиша дали другарка и е мажена, дали има или нема дечко..
    И тоа воопшто не е битно.. да не сакаш да одиш на гости кај другарка само затоа што се омажила во друга куќа е НЕПРИФАТЛИВО за мене како одговор. Испод чест да не и е?
    Шифт дилит...да те нема од животов мој..
     
    На Yowannty, Dalia93 и ocicka2014 им се допаѓа ова.
  20. kolovoz

    kolovoz Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2011
    Пораки:
    1.648
    Допаѓања:
    6.152
    Твои зборови не мои. Ти потенцираш пар/пареви ... Колку ограничено размислување за некој кој вели дека го прошетал светот.
    Велиш не е битно колку трошиме а контрираш со:
    Го рече девојката која побара да се спремаат скари по дома.
    Среди си ги мислите. Не си концизна.