1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Бракот и другарствата

Дискусија во 'Брак' започната од Theodora, 25 јануари 2011.

  1. ocicka2014

    ocicka2014 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2014
    Пораки:
    4.072
    Допаѓања:
    13.176
    Пол:
    Женски
    Не пишав нигде дали е мажена или има дечко/маж ама членов сака да тупи малку :D
    На крај краева не е воопшто битно тоа како што кажа, дали и е испод чест не знам ама знаеш какви филмови си направив во глава се ќе си помислиш, дека со маж ми имала нешто, дека не знам ти што :tmi:
    Друго објаснување стварно немам од што толку ми е тешко да разберам таква постапка...

    Така и направив ама скроз делите и направив, останаа само меморис на социјалните мрежи со неа и ја оставив за френд на истите ама не комуницирам толку е.
    Ме сети дека сум лута и дека се одалечив и не се ни потруди да се зближи, поправи или објасни. Ништо чудно и да не е свесна зошто сум лута може па ако е член тука од мене ќе се жали како сум се омажила и сум се одалечила, дека можеби мажот не ми дава да се дружам со неа :rofl:
     
  2. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.582
    Допаѓања:
    171.565
    Пол:
    Женски

    Што го тупиш не ми е јасно? Aко го прошеташ светот сам не значи дека треба цел живот како улично куче да живееш сам.. животот носи многу поубави работи од самотија, може да пробаш други убавини од животот наместо тупење..

    ЈАС сум ПАР затоа потенцирам парови. @ocicka2014 е пар.... уште не ти е јасно зошто потенцирав парови?
    Ти ако сакаш сама да скиташ со другарки, слободно скитај си. Ние сме парови и бракот е ПАР... темава е за бракот и другарствата. Мислам ако си во брак со кучето или мачорот, ондак нема потреба да потенцирам пар..


    Никаде не побарав скари да се спремаат по дома. Кој рече скара? Реков дека може да си купи скара на кило и да уживаат по дома.. не мора да се истрчувате по кафани, зарем поудобно ви е да седите на маса како да сте на некое предавање?

    Немам потреба да си ги средам мислите. Јасни ми се мислите. Мизерни сте вие што ги потценувате другарките откако ќе стапат во брак. Не заслужувате такви другарки а и тие не заслужуваат другарки кои не ги ценат ниту нив, ниту домот во кој што се омажиле а ниту партнерот кој што го одбрале. Затоа што со одбивањето да отидеш кај некого, ти автоматски потценуваш се што може да се потцени во нејзината нова фамилија.
    Просто е, или сакаш некоја другарка со сите мани и пакети што ги носи со себе или не ја сакаш.
    Не бидете дволични створења.

    Батали ја.. гледаш не те цени, такви ни на фб не ти требаат. Само да се потсетуваш на времето кога сте биле блиски, не вреди.

    Штом не се ни потрудила да го поправи односот, не заслужува да ти е другарка ;)
     
    На Yowannty, Gosh и ocicka2014 им се допаѓа ова.
  3. Forca

    Forca Популарен член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2016
    Пораки:
    702
    Допаѓања:
    1.943
    Пол:
    Машки
    Задни намери немам спрема другарки, ниту спрема омажени, ниту спрема неомажени, ако сум сакал да бидам повеќе од другар на некоја моја другарка која е омажена, ќе сум си ја пробал среќата пред да се омажи, уште пред да била со друг во врска, глупо ми е заради сопругот нејзин, денес има многу љубоморни луѓе, и едноставно не сакам да бидам причина за нечија идна кавга. Затоа, што е сигурно, сигурно е, и башка ок е да дојдат како пар, така си правам муабет и со другарка ми и со мажот и' :D
     
    На m.i.g и Tanjamm им се допаѓа ова.
  4. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    10.631
    Допаѓања:
    170.847
    Пол:
    Женски
    Јас кај другарка ми сум била само еднаш, откако се омажи. Таа кај мене, односно сега во новиот стан ниеднаш. Се гледаме на кафе, ручек, шетаме заедно и воопшто не ми е проблем. Искрено, мене мака ми е да се затворам дома, без разлика каде, дали кај мене или кај неа. Не дека не сме се поканиле, ама кога е убаво времето, приоритет ставаме на чист воздух и сонце, отколку да седиме дома затворени. Ние две така функционираме.
     
    На cresa-jagoda, m.i.g, Sesil и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Martka

    Martka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 април 2017
    Пораки:
    1.849
    Допаѓања:
    4.820
    Пол:
    Женски
    Како мали уште во градинка не учеле дека другарството е свето,но во пракса е друго.Може да биде просто,но може и сложено.Бевме неколку другарки и се омажи едната од нас и не кани првпат во новата дома.Свекорот и свекрвата си живеат на долниот спрат,а другаркава над нив,значи одделени.И ние ок ќе дојдеме,купивме кафенце и блачко и отидовме.Седнавме горе све убаво средено,и само што седнавме,не поминаа ни 2минути,етети ги и свекорот и свекрвата плеснати до нас,и ние како на игли(испивме кафе на екс,се испогоревме,еден кекс)и велиме ние си одиме,а они"Не,не останете поседете",а ние џом да не нема.И сега кога се договараме,во предвид доаѓа само надвор.
     
  6. Annora

    Annora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    6.561
    Пол:
    Женски
    Епа тоа е проблемот, што не се поставиле граници на време и што смета дека е во ред да ги покани другарките да седат заедно со свекорот и свекрвата. И јас на ваше место не би отишла повторно.
    Во поинаква ситуација е супер да поканиш другарки и кога си во брак, бидејќи сопругот може да си излези на кафе, а вие да си поседите на раат. Имаш поголема слобода, одколку кога живееш дома со родители, брат/сестра, па некој и со баба и дедо. Полесно е кога е еден човек во прашање.
    Проблемот со другарка ви е тоа што иако знаела дека свекорот и свекрвата ќе се качат, таа сепак ве поканила, знаејќи дека ќе седите со нив. Не верувам тоа да било прв пат да се качат и си седат со нивни гости.
     
    На Martka му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.700
    Допаѓања:
    13.142
    Ние живееме во посебна куќа, ама во ист плац. И така правеше мојата свекрва. Ќе дојдат другарки, ете ти ја, мои братучетки ете ја да се поздрави демек, мајка ми и татко ми исто ќе се плесне. Ај на почетокот бев наивна и ќутев, ама после тоа кога ќе ми дојдеа гости, одма заклучував врата и еднаш свекрва ми тропала, ние гласни, не сум слушнала и си пољубила врата. Е од тогаш не дошла така. Значи директно не и кажав, ама со заклучената врата сфатила дека нема осет. Па уште без срам ми кажува дека тропала. :x
     
    На SummerGirl, Martka, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.