Jas sekako ako ne bev bremena togash nemashe da se mazham, taka ispadna situacijata. I ushte stradame zaa taa nesakana slucna no sepak... Kako sto kazhav razgovaravme i mislam deka reshime nekoj del od problemot... Vsushnost toa ne e problem no.. zoshto taka da bide! Sega ostavam vo racete na gospod ko ke saka toj togash.. Nie pak ke bidime srekni.. )) :/ [mod-kirilica:1gtb57li][/mod-kirilica:1gtb57li]
мое лично мислење е дека бракот без деца е празен,не сум за влегување во брак и одма затруднување треба малку да се спознаат партнерите како им оди во бракот,да се навикнат комплетно еден на друг 24/7,но па и брак со години а абер се нема од желба/план за детенце
Секое дете заслужува да има родител, но не секој родител заслужува да има деца, така што брак без деца некогаш е паметен чекор. Да се има деца по секоја цена е апсурдно и безмислено, сите мислите на раѓање деца, како никој не помисли на обезбедување услови за тоа дете, а не да живеете со свекрвите под ист покрив и после да се жалите, е тоа не се услови.
Не дај боже се се случува...Тоа е празен живот но сепак има и други решенија Им давам огромна подршка на оние кои што немаат деца, од здратвени причина нека прават се што можат...Ако не постои друго решение нека си посинат ако се во можност сепак животот е еден мораме да бараме спас некаде
Здраво на сите еве можеби не е содветно за мојот проблем да пишувам овде ,но на некој начин сакам да пишувам за нашата проблематика .Со мојот сопруг сме во брак 10 години и со предходни анализи и испитувања направени на двајцата испадна дека кај мене е се во ред,а кај сопругот дека е 100% стерилен .Дека како мал прележал заушки ,но за жал биле фатални за неговите тестиси да неможат да имаат проток на сперма.И со долго разговарање со сопругот одлучивме дека без разлика на неговата дијагноза сакаме деца прашавме за посвојување ,кога прашавме тоа беше пред 5 години јас имав 25 години ,а сопругот 24 години и бевме во центарот за социјални работи во нашиот град и ни кажаа дека не ги исполнуваме условите за посвојување бидејќи немаме доболен простор за живеење .И почнавме со собирање на докумети за ваучер за ин витро и во 2012 правев ин витро со донор на сперма ,со претходно разговарање со доктор за нашата проблематика ни кажа дека само со донор на сперма може да имаме деца .Како што секогаш вели мојот сопруг не ми смета воопшто што ќе биде детето со донор на сперма од друг маж јас ќе бидам таткото и тоа ќе биде наше дете .Еве сега собрирам документи за ваучер за 2 ин витро и верувајте едвај чекам да започнам со постапката .И верувајте дека неможам да го замислам нашиот живот без дете дали ќе посвоиме или ќе имаме со донор на сперма со ин витро важно ми е да го остворам нашиот сон да бидеме родители.Иако нашиот брак некогаш беше на работ на развод од страна на сопругот кој сакаше да се разведеме и на моменти на слабости ми велел - Еве те ослобдувам од мене барем ти да бидеш среќна , бидејќи заслужуваш со друг да имаш дете ,а не со мене кој сум неплоден .И јас секогаш му велев јас сум до тебе до крајот на нашиот живот и ќе ја исполниме нашата најголема желба дали со посвојување или со ин витро со донор ќе успееме .Затоа сакав да ја напишам нашата приказна да дадам потик на некој кој можеби го има истиот проблем како нас дека со заедничка сила и љубов од двајцата партнери дека се ќе се среди .
А зошто при живеење со свекрва под ист покрив не треба да се имаат деца? Мене ова навистина не ми е јасно. Во какви се услови не не чувале нашите мајки/баби и така натаму па сме имале среќно детство. Важна е слогата, ако мајката нема проблеми со свекрвата, зошто тоа не би било здрава средина за детето? И ако сите гледаа вака на работите, пола Македонија (а може и повеќе) треба да немале/немаат деца. И конкретно на темава, бидејќи нормално не се мисли на здравствени причини, јас не можам да ги сфатам брачните парови кои не го посакуваат тоа, па јас и вака имам желба а тек да сум во брак. Точно е дека ќе настанат промени, но мора да се помине и низ тоа еднаш во животот, зашто не порано кога и да не си сакал деца ќе го смениш мислењето откако ќе ги добиеш? Сите го менуваат. Знам една девојка која не сакаше деца од страв љубовта на маж ѝ да не се намалела и пренасочела кон детето. И остана бремена и има сега синче кое го сака највеќе на целиот свет (нормално) и веројатно се прашува зашто толку не сакала деца. Тоа е различна љубов бе луѓе, децата ве зближуваат и надополнуваат, не разбирам како би наштетиле. Секој период си има своја убавина, нели и кога сте дечко и девојка и само вие сте си на прво место, ама здравје ќе дојде време кога ќе пораснат и пак ќе бидете како дечко и девојка, па и ќе ви фалат тие времиња. И јас од време на време си викам дека барем годинка би поуживала во бракот и би го „сркала медот“ еден период без деца, но знам дека јас и дечко ми не би издржале, ние само да се вериме па сигурно одма ќе се опуштиме, такви сме си. Така да, се откажав од таа замисла, нека си биде се како што сака, не се планираат такви работи, за жал има парови кои со години безуспешно се обидуваат за детенце, а и сепак одамна го имам сменето мислењето, не мислам дека помалку би уживале ако одма имаме дете, како што кажав, се си носи своја убавина и ништо не се прави со математики. Но, парови со години во брак кои сеуште се пазат како да се тинејџери во врска, не можам да сфатам. Децата се оние кои од обичен брачен пар го создаваат највредниот збор - семејство. Тие се оние кои го развеселуваат животот и ни подаруваат и нас уште еден со самото раѓање. Децата се оние за кои вреди да се живее, без детска смеа домот не е комплетен. И во иднина што, сами ќе си дремеме со мажето на старост, додека едниот не почине? За мене човек кој не сака да го доживее најубавото во животот - родителството и кој не сака потомство е човек кој не ги цени вистинските вредности во животот. Но за крај ќе кажам дека сепак тоа е само мое размислување и не сум тип на човек кој си ја зема за право дрскоста да осудува некого, не сите имаме поставено исти цели, идеали и желби во животот.
Децата не се за секого. Познавам и почитувам парови кои без здравствена причина решиле да немаат деца. Едноставно не им се поклопуваат со плановите, и таквото решение јас лично го одобрувам и поддржувам. Пелени, непреспиени ноќи и училишни приредби, одвојување значителен дел од буџетот за одгледување деца не е за секој. Која е поентата да се промениш себеси како личност само заради нормите кои ги наметнува општеството како општоприфатени за брачните парови ? Особено тука, на Балканот. Можеби тоа не е за нив, за вас како и да е. Едноставно не се гледате себеси како родител и тоа е во ред. Јас лично себеси се гледам како мајка. Не би можела да останам во брак/ врска со некој кој не го дели моето мислење.
Јас ги разбирам оние кои не сакаат деца, поточно умеам да почитувам ичие туѓо мислење. Немам никакви предрасуди за луѓе кои се одлучиле на ваков живот и чекор, нивно лично право и желба е тоа. Не секого може да се справи со мајчинство, не секој има желба да се отствари на такво поле, децата се обврска и животна реализација, децата си бараат, не секој се гледа и е спремен да се справи со таков чекор, и тука нема простор за осуда и мудрување, не знаеме на човек како му е во душата, какви маки има, какви желби и гледишта поседува, какви критериуми бара итн до недоглед. Темава е комплексна и пред се индивидуална, секој со својот живот, јас се гледам и мечтаам за деца и мајчинство, но може некој едноставно сето тоа не го гледа со исти очи и не го вкусува со иста уста.
Читам низ темава,тие што се одлучиле на брак без деца биле себични.Ама не треба да се суди зошто секој си ја знае точната причина зошто несака да има деца.Според мене посебично е да се створи дете затоа што околината збори дека тоа мора така да биде а притоа да не му се пружат љубов и услови на тоа дете.За дете е потребно двајцата да сакаат и да се спремни за тоа дете зошто е голема обврска во секоја смисла.Детето не треба само да го напраниш и облечеш туку да му пружиш и многу внимание и љубов.Јас и мм многу сакавме деца и откако се земавме после 6 месеци останав бремена и тоа никогаш не би го промениле зошто на нас тоа ни е јаготката на шлагот,комплетни сме и исполнети со малечката. А имам блиска која роди дете зашто сопругот така сакаше а и 35 наполни па за да го фатела последниот воз го роди и од прв ден таткото е и татко и мајка,детето нема осетено мајчинска љубов а мајката шета и едноставно не се замара со детето.Ете тоа е најлошата работа што може да му се случи на едно дете па затоа некаде е подобро брак без деца. Затоа не им судете на луѓето без да знаете зошто се одлучиле на таков чекор.А ако дојде до она децата да го одржуваат бракот значи дека бракот не е совршен па без деца би се распаднал.Луѓето стапуваат во брак од љубов и така треба да биде а после следи одлуката од двајцата дали сакаат да го надополнат со деца,а не да створат деца за да го одржат и задржат бракот,тогаш децата страдаат најмногу а има многу луѓе што остануваат во брак само поради децата што е најлошо нешто што може да се случи,така е според мене.
Зошто? Исто тогаш не се фер милионте теми за бебиња, ако така гледаме, наспрема оние кои имале спонтан или им починало дете. Он: мислам дека родителството е избор, а не обврска. Секој треба да размисли пред да ствара нов живот. Најважно од се е - сака ли тој/таа воопшто да има деца? Само едно мислам - овие работи треба да се дискутираат пред брак. Можеме и се да оставиме на “судбината“, ама подобра варијанта е искрен муабет со време. Никој не заслужува да му се замачкуваат очи, аха, ќе биде.
@anaja1 И сега што, некој треба да роди, затоа што некој не можел? Која е логиката? Животот не е фер, ама само во поглед на сопствениот живот, а не , нефер во споредба со животот на другите.
И јас не ја разбирам твојата логика....што значи тоа дека некој треба да роди,затоа што некој не можел?????
@anaja1 Мислиш брак без деца како на оние што така одлучиле и брак без деца, оние кои се обидуваат да имаат, а не можат. Темата не е за оние вторите, туку јасно за првите и што ги довело до таква одлука и повторно нема тука што да биде не фер
Анаја соочуство до тебе за ситуацијата, јас сум сигурна дека вие ќе се изборите за посакуваното, само труд и трпение дај боже. Но, да те демантирам дека не си во право за тоа што го пишуваш. Самер убаво ти кажа но ти не ја свати поентата на постот, значи ако некој се бори со тоа чуство и разочарување не треба да значи дека некој друг не треба да дебатира околу оваа тема. Сите знаеме дека животот не е фер нели? Секој има маки, вакви или онакви. Некој порано некој подоцна, некој со многу труд некој без труд успеваат во било која работа. Но ти немаш право да кажеш дека не е фер оваа тема, бидејки има луѓе што не сакаат да раѓаат а тоа е нивен сопствен став и желба, и тоа е сосема во ред. Затоа ќе ти кажам ако те дразни темата и те растажува што мислам дека да, не влагај во вакви теми и не пишувај. Секој има право на свој став и свое гледиште на работите, не значи дека некој треба/не треба да раѓа заради некој друг што пак ќе кажам со цело соочуство не може (во моментот).
Мислам дека не постои нормален човек,што не сака дете....можеби само педофилите,ама и на нив Господ им дава