Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Брак без деца

Дискусија во 'Брак' започната од femina90, 22 април 2010.

  1. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.908
    @anaja1 Аа па тие највеќе ги сакаат :малкуцрнхумор: Ако си родител, не значи автоматски дека си добар и нормален човек.
     
    На Lolo5, zhap4e, SV1911 и 7 други им се допаѓа ова.
  2. anaja1

    anaja1 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2013
    Пораки:
    2.631
    Допаѓања:
    7.468
    Пол:
    Женски
    Уште еден доказ дека Господ незнае кај дава деца...за жал:(
     
  3. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.908
    @anaja1 Секој има право на избор и одлука.
     
    На Lolo5, imelda, CameliaMiller и 2 други им се допаѓа ова.
  4. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.124
    Допаѓања:
    20.285
    Пол:
    Женски
    Со таков став тешко и тие што чекаат дека ќе добијат. Со негативност, оцрнување на други луѓе и огорченост во срцето се прави голем стрес кој влијае врз целокупното здравје и плодноста. Жал ми е, ама мораш малку поведро и попозитивно кон луѓето, и мислам ако веќе си верник, и веќе го спомнуваш Господ... која си ти да му судиш на Господ кај дава и што дава?
    И јас си почекав за бебе, си се помачивме малку, ама никогаш не осудив никого, ниту пак со омраза или гнев зборував по темиве, па фала му на Господ, еве знаеше кај да даде, и кај нас даде. Ама со тој став, не е убаво. Освен осуда и омраза, во постовиве твои не гледам ништо друго. Дете така не се чека.
     
    На Lolo5, SV1911, MilaP и 13 други им се допаѓа ова.
  5. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.810
    Допаѓања:
    39.603
    Пол:
    Женски
    Постојат парови кои се одлучиле да немат деца . И тоа е во ред .
    Уште на почеток би требало да се разрешат тие работи околу семејството и сл. добивање деца.
    Ако само еден од партнерите не сака деца тешко е дека таа врска ќе успее . Секој сака да си се оствари на некое поле , некој да изгради кариера , некој да стане родител итн итн.
    Ние (јас и мм) знаевме дека сакаме деца . Сакаме големо семејство .
    ММ сака 3то дете , јас сум нееодлучна . Амаза било што и да е разговараме отворено.
     
    На Lolo5, zalosna, zhap4e и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. anaja1

    anaja1 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2013
    Пораки:
    2.631
    Допаѓања:
    7.468
    Пол:
    Женски
    Се надевам дека и јас имам право да си го кажам моето мислење,и покрај тоа што сум обвинета дека сум негативна и дека ги оцрнувам другите луѓе:(
     
  7. butterflysk

    butterflysk Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2013
    Пораки:
    1.923
    Допаѓања:
    3.855
    се согласувам до некаде со тебе но сепак не мораше да бидеш толку груба, дека така нема ни да добие дете. и јас додека се борев за дете често пати ми идеа такви мисли и прашања, па ете пак го добив, нормално е, можеби и ти си се помачила ама може таа зад себе има безброј неуспешни обиди на ивф што не е исто и сосема ја разбирам очајна е а очајот води кон секакви мисли. и според мене ништо злобно не кажа како да не се запрашаш зашто наркомани пијаници и секакви будали кои не си ги ни сакаат ни чуваат асално децата имаат а ти немаш. сепак темава не е за ова и мислам анаја помеша малку.
     
  8. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.124
    Допаѓања:
    20.285
    Пол:
    Женски
    Не е злобно, реално е.... и не е позлобно од тоа да оди на една тема каде луѓето си кажуваат зошто не сакаат деца, и да им се истуриш и извреѓаш и да ги наречеш педофили.
    Инаку знам како е да се сака дете а да не може да се добие... убаво знам... ме знаат убаво од темата Поддршка за оние кои сакаат да забременат. Мојот совет за неа беше дека со такви мисли многу потешко ќе стигне до целта, поради стресовите кои си ги создава.
     
    На SV1911, imelda, CameliaMiller и 2 други им се допаѓа ова.
  9. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.074
    Допаѓања:
    77.010
    Пол:
    Женски
    А и темава е за оние кои можат да имаат деца ама од X причини во брак се решиле да немаат деца а не е за оние кои од здравствени причини сакаат ама неможат да имаат деца.И затоа не треба да се збори дека темава не е фер за тие што сакаат деца ама немаат и да си редат на срце и да се гневни па да кажуваат господ кај треба да дава а кај не треба.
     
    На zalosna, SexiLy, imelda и 8 други им се допаѓа ова.
  10. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.861
    Допаѓања:
    267.196
    Извини, ама нарекување некого ненормален, не е мислење, туку навреда.
    Нормалното за тебе, за некој друг е ненормално.

    Имам колешка која исклучиво со инвитро можела да забремени, таа не сакала така, за неа “бог одлучил да не раѓа“ - нејзини зборови.
    Скоро деценија се обидувале со сопругот да посвојат, и ете пред 2-3 години конечно и тоа биднало.
    Нормална е што не се ни обидела никако поинаку, освен природно да добие дете?

    Секој си знае што е нормално за себе, не е во ред некому да кажеш вакво нешто, без оглед на ситуацијата.
     
    На Lolo5, fighter, imelda и 2 други им се допаѓа ова.
  11. anaja1

    anaja1 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2013
    Пораки:
    2.631
    Допаѓања:
    7.468
    Пол:
    Женски
    Јас само реков дека не постој нормален човек што не сака дете....мислам дека има разлика.А немој мене да ми кажуваш како е тоа кога некој сака дете,а нема.Не се однесуваше тоа за тие што сакаат
     
  12. s1a1n1d1r1a1

    s1a1n1d1r1a1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    1.685
    Допаѓања:
    14.360
    Пол:
    Женски
    Ако некој не сака деца- подобро да нема.
    Не да роди поради притисокот од средината па на крај детето да заврши со триста пореметувања и чувство на ниска вредност и друго..

    Ако некој смета дека не е предодреден да биде родител тотално океј ми е. Само ваквите работи МОРА да се договараат пред бракот бидејќи доколку едниот партнер не сака деца, а другиот сака... Многу е комплицирана ситуацијата.

    И дека темата е нефер кон тие што не можат да имат деца е тотална глупост. Ова е различна тема.
    Ко сега јас за коментирам во тема за мајки дека е нефер темата оти мојата починала.
    Животот е нефер, темата си е океј.
     
    На Lolo5, zalosna, Espadrila и 12 други им се допаѓа ова.
  13. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.349
    Кога мислев дека ги собрав сите етикетки, не знаев дека педофил ми фалело.
    Што има врска со може и не може? Темава е за сака или не сака. Сакаат не сакаат двајцата поточно. Јас можеби можам ама не сакам. Ама додека не сакам можеби и исто така и не можам. Додека не се обидам нема да знам ни дали можам. Повиновни од Грујо станавме... или Бранко, не знам. Ај јас сум крива.

    Како е дозволено вреѓање на темава до таа крајност? И се игнорира. ОК. Хистерија не е изговор кога продолжува. Огорченост не е изговор да веѓаш. Додека вреѓање е дозволено, додека на некои жени, ние кои сме го осознале нашиот избор да не бидеме мајки и сме им криви, и сме им лошата карма, во таков случај - Бог да ја благослови мајка природа.
     
    На SexiLy, Lolo5, Trnche и 15 други им се допаѓа ова.
  14. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.861
    Допаѓања:
    267.196
    Не по врат, по шија ти е разликава.
    Да, постојат нормални луѓе кои не сакаат да раѓаат деца (што не значи дека не сакаат деца, не е исто), и ете, вие во темата пробувате на сите можни начини да дојдете до дете кое ќе носи ваша ДНК (значи не посвоено), дали тоа ве прави ненормални затоа што не посвојувате? Покрај толку деца непосвоени, дали треба да има ин витро? (не го прашувам ова сериозно, чисто да видиш како боцка)

    Ова е ужасно болна тема и не сакам да ја зборувам, ама твојата болка не е по вина на никој, па ни на тие што свесно не раѓаат.
    Впрочем, самата тема е за тие што не сакаат, ако е толку болна за тебе - што е разбирливо секако, едноставно прескокни ја, и не нарекувај некого ненормален, само затоа што неговото семејство не се вклопува во твојата замисла за семејство.
     
    На Lolo5, Аliсe, Glasna и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. alisijad

    alisijad Популарен член

    Се зачлени на:
    1 март 2015
    Пораки:
    3.305
    Допаѓања:
    6.763
    Пол:
    Женски
    една женичка на една група на фб со преку 15.000 члена кој е член ја знае, летово молеше за помош и дали некој има врски со министерот спасов затоа што со години чека да посвои детенце па не знам баш дали има многу деца и дали така лесно и брзо ги даваат.
     
  16. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    Ооо, баш педофилте најмногу сакаат деца :D
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.192
    Пол:
    Женски
    I ovde istoto, sebichni bile tie shto ne sakale da imaat deca...
    Pa sebichni se i tie shto sakaat da gi imaat.
    Pravish neshto zatoa shto sakash da go pravish
    I ne pravish neshto zatoa shto ne sakash da go pravish.
    I ednoto i drugoto se rezultat na lichni pobudi.
    Zoshto nedostatokot na zhelba za deca da bide predmet na kontroverzni diskusii odnovo i odnovo, a zhelbata za deca da ne bide predmet?
    Ajde prijatno.
     
    На Lolo5, Tanjamm, Glasna и 5 други им се допаѓа ова.
  18. makgirl

    makgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2015
    Пораки:
    542
    Допаѓања:
    2.104
    Пол:
    Женски
    Секој има право на избор.А што се однесува на прашањето дали би останала би рекла НЕ пошто мислам дека живот без деца стварно нема смисла
     
    На minne992 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. MilaP

    MilaP Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2015
    Пораки:
    2.150
    Допаѓања:
    53.146
    Пол:
    Женски
    Za mene zivotot bez deca bi znacel neuspeh,no ako nekoj se odluci da nema deca i da si se posvetat sebe si koja sum jas ili vie da gi osuduvame,sekoj ima pravo da izberi sto e najdobro za nego bez da bide osuduvan.
     
    На Bozica1980, promeneta, vitamina и 4 други им се допаѓа ова.
  20. sugarlips

    sugarlips Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2014
    Пораки:
    672
    Допаѓања:
    761
    Пол:
    Женски
    Џабе бракот тогаш,не ме сфаќајте погрешно,може и така добро да функцонира се,ама мислам дека тие парови не сакаат да имаат никакви обврски,тоа ми изгледа како да се дечко и девојка,подобро да не се ни мажат/женат... што колку за друштво :)