Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Брак без деца

Дискусија во 'Брак' започната од femina90, 22 април 2010.

  1. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.077
    Допаѓања:
    36.186
    Пол:
    Женски
    Бракот без деца нема поента. Едно е да не можеш да имаш деца од здравствени причини, а сосема друго е да не сакаш деца. Има такви што не се предодредени да бидат родители. Не е секој за да да биде родител. Ако не сакав да имам деца, немаше ни да се мажам.
     
  2. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.864
    Допаѓања:
    28.437
    Јас многу сакам деца (отсекогаш сум сакала) и мм исто. За првото чекавме година и половина.
    Во разговор со него еднаш му реков дека и да немаме деца јас ќе останам со него секогаш. И бев спремна на тоа.
    Ама ете, Господ нѐ дари со две (сега за сега). :)
     
    На H.VAGA, CameliaMiller, joy1 и 10 други им се допаѓа ова.
  3. muchacha_a

    muchacha_a Популарен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2015
    Пораки:
    1.236
    Допаѓања:
    14.580
    Пол:
    Женски
    И јас многу сакам деца.Отсекогаш сум размислувала колку сакам да имам,засега имаме едно,и мм многу сака да имаме повеќе деца,и ќе имаме здравје.Јас имам брат и тоа само еден и со него не се сложуваме мн убаво,а колку би сакала да имам сестра,но мајка ми не ми родила,епа затоа јас ќе си родам повеќе деца и да си имаат и браќа и сестри.Нема поголемо богатство од децата.Тука кај нас има маж и жена,живеат сами,немаат деца немаат никого,па ни муабет не прават со никој комшии,со никој не живеат,незнам од какви причини немаат,но се гледа дека животот им е празен.Бракот е заедница,створен за уште поголема.
     
    На Tanjamm и DVAANGELA им се допаѓа ова.
  4. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    6.973
    Допаѓања:
    134.973
    Пол:
    Женски
    Мене бракот без деца не ми се уклапа у мојата претстава за брак, некако празен ми е.
     
    На zalosna и anina им се допаѓа ова.
  5. korisnichka

    korisnichka Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    607
    Допаѓања:
    1.394
    Ретки се но има бракови без деца и си опстојуваат. Ако не сака Господ да даде деца ќе си живеат без деца. Но ако можат а не сакаат само се измачуваат, освен ако не одлучиле целосно да се воздржуваат од телесни односи.
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  6. babylove90

    babylove90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2014
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    43
    Пол:
    Женски
    za mene brak bez deca e cista glupost,zboram za onie koi ne sakaat da imaat deca i za onie koi imaat zdrastveni problemi i ne se zalagaat da gi resat problemite za da mozat da imaat,t.e. da se obidat so se sto nudi denes medicinata...poznavam takov par koi zaedno se 9-10 godini i seuste ne im se napraveni site ispituvanja a gi pravat najmalce 5 godini...ne sakam da prasam od koi pricini ne ja ubrzaat rabotata ama ocigledno pricinata ne e pari zaso vo globala dobra ziveacka imaat,koga mozat da si priustat nekoi zadovolstva-mozat da dadat pari za ispituvanja...izleguva ko da ne ni sakaat...zatoa i brakot na takvite mi e apsurden...mislam zosto togas se zemaat lugjevo?neka si bidat cel zivot vo vrska
     
  7. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Добро бе, како можете толку да навлегувате во нечија интима до тој степен да знаете кој какви испитувања правел? Стварно е невкусно и недолично. Од кај знаете како им е во кожа на тие парови, можеби им е дојдено веќе преку глава од секакви тестови, можеби со секои резултати само губат надеж дека ќе добијат дете. Стварно е осетлива темава за некој некому да соли памет за испитувања.

    Што се однесува до оние парови кои не сакаат деца, верувам дека можат одлично да функционираат. Познавам еден таков пар, долги години се во брак, уште од старт одлучиле дека не сакаат да бидат родители, што не значи дека бракот им е апсурден. Зависи кој како се доживува себеси. Они на пример не се гледаат со деца, со менување пелени, одење на училишни претстави или пишување домашни. Имаат поинакви замисли за животот, ги исполнуваат други работи и реално функционираат многу подобро од некои парови со деца.
     
    На Lolo5, ocicka2014, BlackNight и 32 други им се допаѓа ова.
  8. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.864
    Допаѓања:
    28.437
    А што има врска дали се во брак или во врска? Менува ли нешто потписот во матично на нивниот живот или став?
     
    На Lolo5, CameliaMiller, Kaetana и 2 други им се допаѓа ова.
  9. vichy

    vichy Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    727
    Допаѓања:
    1.163
    Пол:
    Женски
    И дали 100% си сигурна дека еден од нив нема дијабетес и мора секојдневно да боцка инсулин и нема можност да раѓа? Јас познавам и случај на жена со скршена кичма при скијање што едвај преживеа и беше советувана да не пробува бременост дека нема да издржи товар. И ради таквите што мислст ко тебе не сакаше да се омажи со дечкото и знаеш што тој ја ожени и и објасни дека поважен му е среќен живот минат со неа без деца отколку со некоја друга несреќен со деца. Но ете и да немаат здравствен проблем ниво е правото дали сакаат или не сакаат да имаат деца. Иако навистина празно е без деца,некогаш нема можност за деца или решиле да бидат среќни во брак еден со друг без деца.
     
    На Lolo5, CameliaMiller, Dust и 3 други им се допаѓа ова.
  10. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.963
    Допаѓања:
    219.396
    Пол:
    Женски
    Дека ги оговараш позади грб и ги нарекуваш глупи ти фали уште да одиш и да ги прашаш лично што тие прават по ѓаволите та немаат деца сеуште како јаготка врз шлагот за да нели малограѓанштинава твоја и неосетноста ти бидат коплетни до крај.

    Добро бе жено што ти менува во твојот живот тој дотичен брачен пар што прави, дали ќе има деца или нема да има и како живее?!
    Па уште и забелешки и наоѓаш како чекале и што чекале да се испитуваат?!

    Не се пикај во туѓи животи и не бери го туѓото гајле.. гледај ти да успееш во твојот живот, наместо да губиш време да се замараш со комшијата како живеел потруди се ти да си го подобриш својот живот и да си ги решиш твоите проблеми. Како за пример почни да учиш што значат поимите осет и усул!
     
    На Lolo5, CameliaMiller, elimkd и 15 други им се допаѓа ова.
  11. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.779
    Допаѓања:
    324.979
    Пол:
    Женски
    А као да нема стотици апсурдни бракови и со деца?

    Според тебе детето е гаранција за добар,успешен и забавен брак?

    Се што се контрира со тоа е глупо,апсурдно,празно?
     
    На SexiLy, Lolo5, BlackNight и 18 други им се допаѓа ова.
  12. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.463
    Допаѓања:
    48.522
    Пол:
    Женски
    Бракот е чекор во животот во кој сфаќаш дека таа личност сакаш да е првата која ќе ја видиш наутро и последната која ќе ја видиш навечер. Личност со која сакаш да го поминуваш секојдневието а не по неколку саати во денот на пијачка во град или додека се стискаш во твојата или неговата тинејџерска соба во домот на родителите пазејки се да не ве чујат додека се кошкате во кревет па срам да ве јаде. Личност со која ќе сакате да остарите и која ќе биде со вас кога сите други ќе ги нема. Личност која ќе ви биде потпора во животот и ќе биде вашето сигурно место кога работите ќе тргнат во надолна линија. Врските, дечковците/девојките се заменливи , бракот и спругот се единствени(во повеќето случаи). Влагам во брак зошто без таа и само таа личност неможам да издржам да бидам разделена ни минута, затоа што знам дека како него нема друг а што е најбитно не ни сакам да најдам друг, затоа што гледањето на неколку саати во денот повеќе не се доволни . Влагам во брак затоа што за мене тој е вистинскиот а не затоа што ми треба некој да ме оплоди и дете да ми напраи. Некому партнерот му е доволен во животот , некому детето му го прави комплетен животот. Не знам зашто толку се напињате околу тие парови кои што не сакаат да имаат деца, тие не се напињаат и не ве оговараат зад грб како вие имате деца или дали имате едно две или десет. Крај краева за дете не мораш да бидеш во брак, впрочем не мораш ни во врска да бидеш со чудава на медицинава. Успехот е кога ќе најдеш кој кој ги прифаќа твоите најмрачни демони и сака да го помине остатокот од животот со тебе знаејките колку оштетена личност си. (А длабоко во себе сите помалку или повеќе на некој начин сме оштетени)
     
    На Lolo5, CameliaMiller, eloves и 8 други им се допаѓа ова.
  13. babylove90

    babylove90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2014
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    43
    Пол:
    Женски
    poleka malce...moze i jas malce glupo se izraziv ama pa vie kako skoknavte...znaci prvo gi zedov lugjeto kako primer i ne gi ogovaram tuku debatiram so ziv primer koj licno go znam,vtoro sme epten bliski,znaci da ne recam se si kazuvame,oni se tie koi sami si gi kazuvaat svoite problemi i da imale nekoj dodaten problem veruvam do sega ke ni kazele milion pati...baska sto ne e ogovaranje koga niti nekoj me znae mene na forumov(bidejki sum so nick) niti pa niv...a sto bi bilo koga bi zborela za brat mi?i togas bi bilo ogovaranje?mislam gluposti...se sto sakav bese da dadam primer od lugje koi gi poznavam...i fala,bidejki do sega ne nauciv sto e oset i usul-ke prasam ovde,pa moze ke naucam,pfffff...ako nemav oset,spored vasa logika valjda ke se drznev da gi prasam,no bidejki e ocigledno sto znam a sto ne,ne sum postavila nikomu prasanje za deca...i da,okolu prasanjata za deca i brak,postojat losi brakovi i so i bez deca...i decata ne se sredstvo za uspesen brak no se za dobar i zabaven zivot(pak ke kazam,ova sto go zboram ne se odnesuva na lugje koi probale se i ne uspeale,tie bar pokraj ljubovta si ja delat i bolkata,zatoa ne sakam da bidam pogresno sfatena i povtoruvam)
     
  14. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.739
    Допаѓања:
    172.848
    Пол:
    Женски
    Се изначитав апсурдни работи на темава и тоа само на последните страни..
    Темава ја памтам од времето кога ја спукавте имелда зошто не сакала деца, тоа беше пред 5+год, не знам дали сум коментирала тогаш (мислам не, бидејќи бев да речам - незрела), но сега после 5 год се чувствувам позрела за да си го искажам мислењето..

    Прво самиот воведен пост ми е апсурден - што мислиме за паровите(повеќе се цели кон жените) кои не сакаат да имаат деца, а немаат здравствен проблем?
    - За да знаеш дали некој има или нема здравствен проблем, треба да му се замешаш во интимноста.. во здравствената книшка, во креветот.. Дали има нешто пониско од мешање во туѓи штипки?!

    Друго, дури и да не е здравствен проблем во прашање, договорот за деца е исклучиво помеѓу двата партнери и никој друг.. Дали Петранка, Стојанка или некоја трета мисли поинаку, не треба да ве засега!

    Трето, прочитав дека бракот без деца било глупост! Поголема глупост од оваа изјава, не гледам...

    Додека едно не ви стане јасно, ќе живеете во своите лимитирани светови...
    - Бракот е заедница меѓу маж и жена (барем во МК) и тука престанува секој понатамошен муабет! Не е брак меѓу мажот и Петранка или Стојанка.. Сите вие што сте на оваков или онаков начин запознаени со интимните детали од еден брак, треба да си го ставите прстот на глава и да се помислите - зошто мене ме засега туѓата интимност?!

    За мене бракот е брак.. со или без деца!
    Заедница меѓу 2 лица кои тешко функционираат еден без друг.. лонче и капаче..
    Заедница меѓу двајца кои го споделуваат доброто и лошото, заедница меѓу двајца сопатници кои тргнале на ист пат со исти интереси, желби и планови за иднина.
    Децата се благослов..
    Дали без деца може да се живее? Да!
    Дали треба да раѓате само затоа што комшиите и е роднините ќе ви го сметаат бракот за глупост? - Не!
    Стапете во брак затоа што сте го нашле животниот сопатник, не затоа што треба да бидете машина за деца..
    Ако и двајцата сакаат деца, тие ќе си дојдат како плод на љубовта..
    Ако не сакаат, значи дека доволни си се еден на друг.. и друго не треба да ве занима!
     
    На Lolo5, zhap4e, cresa-jagoda и 52 други им се допаѓа ова.
  15. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.659
    Допаѓања:
    6.527
    @Dust Браво. Го кажа се' она што одамна го размислувам околу оваа тема, и на кое наидувам на осудување од блиски другарки, па дури и семејството за одлуката дека во иднина не би сакала да имам деца. Па дури и бракот како концепт, да мора да е црно на бело ми е малку смешен и непотребен, но тоа е друга тема.
    Ова е сегашно мое мислење, можеби и ќе го сменам, но и едно 10 години наназад, кога сите мои соученички се замислуваа себе си во совршената венчаница, со совршениот маж покрај нив и како буткаат две дечиња пред нив, ми беше прилично одбивна и се чудев зошто не ми е привлечна таа идеја, но денес сум сосема ок со тоа мое мислење.
    Но, да напоменам, секој има право на свој избор, и тие што би ги усреќиле дечиња, треба и да си исчуваат и да си живеат од убаво, поубаво со нив. Како што јас го почитувам нивниот избор, така треба да се почитува и мојот и било чиј друг, едноставно е.
     
    На Lolo5, BlackNight, blackwave и 8 други им се допаѓа ова.
  16. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.398
    Допаѓања:
    60.834
    Моето мислење е дека кога човек најде своја втора половина дојде време кога дури и да не сакал, ќе посака да има деца - нивните деца - како круна на таа љубов!
    Највероватно не сите, ами повеќето.

    Друга работа, со тек на годините, кога луѓето минуваат од една фаза во друга, се најде и период кога осетиш да сакаш нешто повеќе.
    Да се даваш некому повеќе, како повеќе љубов да имаш, потреба да се грижиш за некого или нешто.
    Првин деца, ако е се во ред здравствено, во други случаеви луѓето се посветуваат на други работи, неретко хуманитарни нешта. Едноставно е вродено во човекот да се "шири".
    Ако немаш биолошки, тогаш духовни деца.

    Во ред е и најисправно секој да си планира кога и што, без притисокот од околина, без фрустрации и исполнување на нечии туѓи очекувања.

    Човекот самиот треба да биде првин начисто самиот со себеси, другото е полесно.
     
    На Lolo5, kjukli, SV1911 и 13 други им се допаѓа ова.
  17. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.390
    Пол:
    Женски
    Најпрво, дали ќе се има деца или не си е најинтимна и најлична работа помеѓу партнерите.
    Воопшто не треба никој да го интересира, ама како што поминува времето без дечиња, притисокот од најблиските се зголемува.
    Деца кога? Трудна си? Планирате? АЈде бе што чекате...

    Ако е здравствен проблем, несредено стамбено прашање, или финансиска криза, во ред ми има логика нештово, може чекаат да се среди некој проблем па ќе си имаат и дете...но, ако се си е во ред (значи здрави, живи, плодни, вработиени, прошетани), поминале доста години и се уште не сакаат, тогаш нема логика. Зошто да немаат дечиња? ЗОшто некој не би сакал бебе дома?

    Ете ќе се вработиш, ќе имаш прекрасна кариера, најлукзни работи и што после?
    ДОма доаѓаш нема кој да те израдува...на празници сами, на родендени сами, на прошетки сами...
    А тек кога ќе станат пензионери е најтешко без деца и внуци.
    Поминале тие славни времиња, старееш, газот ти паѓа, па нема кој да те гледа, кој да те посетува, кој да ти се јавува, на кого ручек ќе спремаш...нема за кого да се бориш во животот.

    Јас не познавам (ни пријатели, ни роднини) што немаат деца од ќеиф.
    Имаме едни роднини, веќе 10тина години се во брак и уште немаат деца...не дека не сакаат туку не можат.
    Сами кажуваат дека умираат за да имаат дечиња.
    Имаат премногу пари, коли, станови, фирми, се шетаат секаде и баш пред некој ден жената викаше:
    -Џабе е ова богатство, кога го немаме најголемото и најбитното богатство...дете...

    Пак ќе кажам, кој како сака нека си прави, ама никој не може да ме убеди дека бракот без деца е поубав.
     
    На LadyC, cresa-jagoda, 123ppp и 3 други им се допаѓа ова.
  18. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.908
    Темата е како некој honestly да чека објаснување од паровите што така си одлучиле :rofl: Лајк рили? :^)
    Секој има право да живее како што сака :D
    :d::drunk:
     
    На Lolo5, zhap4e, LollySky и 13 други им се допаѓа ова.
  19. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.739
    Допаѓања:
    172.848
    Пол:
    Женски
    @JollyGirl а што ако некоја едноставно не сака да има дете?!
    Што ако не чувствува потреба од дете?
    И зошто мислиш дека сите чувствуваат потреба?
    Баш напротив, не чувствуваат сите!

    И нема потреба ние да мислиме (да се убедуваме) дали животот им е подобар без или со деца :)
     
    На Lolo5, LollySky, blackwave и 18 други им се допаѓа ова.
  20. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    17.999
    Апсурдно е да имаш потомство само затоа што роднините и комшивките после одредено време ќе ве прашуваат зошто сеуште немате дете.
    Некако општо наметнато правило е до 30 години да се скрасиш со некој и да родиш дете. Ако отстапуваш од тоа веднаш си етикетиран како нешто да ти фали што уште никој не те зима а биолошкиот час отчукува.
    Разберете, да се биде мајка не е нешто надмоќно, не е привилегија, избор е.
    Ако некоја родила дете не значи дека постигнала се во животот и си ја исполнила својата мисија на овоземскиот свет. Постои исполнет и среќен живот и без маж и без дете, доколку тоа е сопствен избор тврдам дека да. Доколку е неможност за имање деца пак постојат опции да се оствари како мајка.
    Мене ми е сосема во ред некој да не сака да има деца, подобро така отколку лош родител.
     
    На SexiLy, Lolo5, Ketchup и 17 други им се допаѓа ова.