@JollyGirl штом е тоа најинтимна работа меѓу партнерите, нема причина за да ти поставуваш прашања. И да, одлуката дали една личност или пар ќе нема деца не треба никого да го интересира. Па ни тебе. Не мора ниту финансии да се во прашање, ниту здравствен проблем. Едноставно таква одлука донеле возрасни и зрели личности. Јас потполно можам да разберам зошто некоја жена, маж или пар, не би сакале да имаат потомство. Едноставно некои луѓе не се пронаоѓаат во улогата на родител. Тие личности среќата и задоволството ги наоѓаат во сосема поразлични работи. А оваа одлука всушност и нема потреба да се дискутира. Нивна е и целосно интимна работа. Колку само користољубиво звучи тоа - па нема кој да те гледа. Ти толкава обврска ли чувствуваш кон своите родители? Како кон банка: си зел кредит, мора да го вратиш, и тоа со камата. Таа релација родители-деца се темели на љубов и почит, а не чувство дека должиш некому. И да, луѓето прават како што сакаат и како што им одговара. Почнувајќи од изборот на кафе, па се до изборот на работа, партнер и одлука за потомство.
vo sustina , loso e da se mesas , sudis i osuduvas nekogo sto ne misli kako tebe , tocno e deka sekoj ima pravo na izbor dali ke ima deca ili ne , ama i sekoj ima pravo na svoe mislenje i ima pravo da go iznese javno bez nikoj da go sudi i osuduva jas mislam deka vo brakot treba da ima deca , ako e mozno, no ako nekoj ne saka deca , neka ne saka... toa e negov izbor i tocka
Каков научен заклучок, алал вера. Како ќе се одлучи на посвојување пар кој нема здравствени проблеми поврзани со репродукција, туку едноставно сметаат дека од било кои само ним познати причини не сакаат дете/деца? Како овие случаи ќе ЗАВРШАТ на крај со посвојување?
Мислев на тие што им завршил репродуктивниот период. За тие што сеуште се репродуктивни а немаат деца, е за нив навистина немам коментар.Имам прашувано пријател кој веќе трета година е во брак, и неговиот одговор бил секогаш ист - едноставно е така, ми вика.
Toa ne e normalno prasanje. Toa ne e tvoja rabota. Ako ima deca i gi spome ok, ako ne toa ne se prasuva ma kolku si bliska, a uste pomalku kako i zasto.
А јас се замешав во нечиј конкретен брак? Не, туку си го кажав мислењето општо за темава. Јас не треба да се мешам пошто е најинтимна работа, а овие 13 стр што се испишале? Сами од себе се напишале? Секој си дал свое мислење. Ако според мене нема смисла и логика да немаат деца, а се здрави, финаниски средени, се сакаат, тоа не значи дека јас ќе застанам и ќе солам памет некому... Едноставно го кажав мислењето. Ако стварно сакаш некој, тогаш природно и инстинктивно ти се јавува желба да имаш дете со него. Дури и кај животните е така... И никаде не спомнав материјални нешта... Реков да има да те бара некој во смисла, да има некој од срце да се грижи за тебе... Ако ти се јави да знаеш дека стварно му е грижа за тебе. На кој друг би му било гајле, освен на тој што си му дал живот?
@JollyGirl , те молам не споредувај со животните. Кај нив е чиста репродукција и ништо повеќе, едноставно потреба да се парат и толку. Всушност исто како и со нас, само што ние свесно оставаме потомство, затоа што сакаме а они зашто мораат, немаат свест како човекот за да разграничат дали треба или не треба да раѓаат. Споредуваш љубов помеѓу двајца луѓе и животни. Да, мачкиве мои се у февруарри се заљубуваат. Си нема врска едно со друго. На крај пак се сведува на истото, сите не води нагонот само што некој е доволно свесен да размисли дали сака да има дете или не, не е секој способен да стане родител и јас го почитувам тоа.
јас искрено не познавам брачни партнери што не сакаат да имаат дечиња, не велам дека нема, сигурно има, еве и тука пошто е форум и не се знаеме, не прочитав некој да е во брак и да не сака бебенце, знам многу што немаат и се обидуваат Но да прашувам што чекаат, време им е... никогаш не би повредила со такви прашања нити е моја работа
Не ги разбирам оние што велат децата го држат бракот,имам тетка која никогаш не роди па ни посвој дете но има преубав живот со сопругот а што дека некој и по три ке родат ама не се срекни.Инаку најглупаво прашање што ми го поставуваа додека родам беше ајде што чекате,значи никој нема такво право па дури ни мајка да речи ајде што чекате,сепак тоа е одлука на партнерите и ако не сакат да имаат деца од било кој причини нема потреба да се осудуваат.
Епа сите парови не завршуваат со посвојување на дете. Не сака секој да има нечие дете и тој да го гледа. Зависи од паровите, од карактерите. Некои парови можат да се ``соочат`` со тоа дека не можат да имаат деца и едноставно продолжуваат со животот како пар - одат и шетаат, си имаат квалитетен живот како пар. Некои парови едноставно не сакаат да имаат деца. Некои поднесуваат документи за посвојување. Сепак, по новиот закон, МОРА да се има потврда дека заради здравствени причини не можи парот да има деца. И мора да се во законски брак. А јас мислам дека оние парови кои не можат да се `` соочат`` дека немаат деца - веќе почнуваат да имаат проблеми во бракот и некои такви бракови се распаѓаат. Сепак, за се во врска со посвојување или не, зависи и од едниот и од другиот што се во брак. А заради тоа и многу парови одложуваат брак и прво пробуваат да имаат деца, па ако не можат да имаат - се разделуваат. Во оваа категорија мислам дека спаѓаат и паровите кои ``само живеат заедно``. Полесно би им било ако се разделат без голема фрка и галама.
Јас на пример себеси не се гледам како трудна, не се гледам ни како мајка нешто посебно. Сакам еден ден во иднината да имам едно дете барем, и знам дека ќе биде чувано како што треба и растено како што треба, но дека копнеам по дете или дека тоа ми е некаков сон... не баш. Јас вака чекајќи може и никогаш да не го родам, некако многу комплицирано и time consuming ми делува. Не знам дали 100% сакам таква жртва да направам, и додека не се осигурам 100%, нема ни да помислам на раѓање. Со овој мој став мојот партнер е запознаен. Друга работа, со оглед дека со партнерот сум 10 години заедно, ниту ми е здосадено од само него, ниту ми фалат деца за да бидам “исполнета“. Сосема сум задоволна од својот живот и не ми недостасува ама баш ништо. Е сега, мене ми е се најчудни па луѓево што по секоја цена раѓаат, како на пример, оние што забременуваат да се омажат. Бракот е заедница помеѓу маж и жена, а не помеѓу маж, жена, деца и свекрва. Тоа да го расчистиме. И да, јас не верувам дека било кога некогаш ќе бидам во брак, поверојатно ми е дека ќе бидам мајка на 3 деца, него дека ќе облечам венчаница некогаш, ќе ми лупаат по врата за да ме “земат“ и ќе играм оро на улица, ќе сменам презиме и ќе имам “ново семејство“. Секој со своите ставови, не раѓајте, родете 4, не се мажете, правете 2 свадби ако така ви чини, ама да нерекувате нечиј брак „апсурден“ зошто немаат деца партнерите, или да изигравате морални судии.. тоа е најниското што еден човек може да го направи према некој друг. Нема подлабоко дно.
@JollyGirl не е битно дали зборуваш за поединци или сите парови кои донеле таква одлука. Ти не кажа мислење, туку наметнуваш твој став. Тоа е исто кога некој ќе убедува некого да проба кафе. Ама може тебе ти е убаво и ти сакаш, но тоа не значи дека другата личност сака. Не сме ние животни па инстинктивно да ни се раѓа потребата деца да раѓаме. Потребата за секс е инстикнтивна, но не и оставањето потомство. Животните не можат правилно да расудуваат дали ќе остават потомство и дали сакаат да го направат тоа. Во прашање е оплодување кое се случува сосема природно.
Зошто побогу би наметнувала свој став на анонимен форум? Со која цел? Мислиш мене ми е гајле за рандом непознати луѓе дали сакале деца или не? Ти очигледно не можеш да прифатиш дека некој размислува различно од тебе. Ти знаеш што е наметнување на свој став? Да почнам да пишувам: Ајде бе луѓе, одете правете деца, ајде беее! Одете и раѓајте, а ако не ви се свиѓа детето, ќе го дадете на посвојување... Полесно здрвје... Пробајте бе зачнете си едно детенце...ПРОБАЈТЕ! Јас така наметнував став? Или ко сите овде си пишав обично мислење. Ете ги сите одат и се оплодуваат. Не сум толку моќна па да влијаам преку монито врз размислувњата на луѓето. Научи се дека не мислат сите исто и за твое добро почни да почитуваш туѓи мислења. Продолжете си со темата. Не мора да ме цитирате
Јас мислам дека инвитрото е апсурдно. Ако Бог одлучил да немам дете, тогаш не знам зошто би ги менувала неговите планови. Тотално без смисла. Кој што сака нека прави и нека фрла ненормални суми на инвитро, јас мислам дека треба сите да посвојат. Колку деца од дом ќе добијат убав живот кога би се пренамениле тие пари за нив. Ништо лично, само мое мислење. Не, не мислам вака, ама волку дебилно звучите кога изнесувате лични мислења за туѓи одлуки.
Без навреда, да немаш никаков здравствен проблем и да си потполно здрав за да можеш да имаш деца, а сепак да се одлучиш да го поминеш животот без деца, бидејки нели не сакаш, ми е одраз на себичност.Кажувам од моја перспектива, како гледам на тие луѓе.Гледаат само за себе, приоритет се само нивните желби.Им се превртува во стомакот ако треба да одвојат од платата и пред се од слободното време за потребите на детето. Ова мој став, кој како си наредил.Сепак ние од страна не сме никаков фактор и немаме никакво право да коментираме за бракот на Трајка и Трајко и нивните одлуки, кој како си одлучил така ќе си прави.
А не може истовремено да нема деца и да волонтира во Doctors without borders? Која е себичноста некој да си го посвети животот на хуманитарна работа? Немањето деца намерно не знам како го поврзувате со себичност, барем јас не познавам некој кој нема деца ама цел ден лежи во кревет и ништо не прави. Обично немаат деца затоа што имаат кариери или просто не сакаат деца, не секој гледа убавина во пелени и неспиење ноќе.
Родителите што не сакале деца биле себични, затоа што си ги исполнувале своите желби и кеифови? Наспроти родителите кои сакаат да имаат деца, кои ги раѓаат... потсетете ме зошто. Можеби затоа што им е желба и кеиф да имаат деца? Како е себичноста на едниве поинаква од себичноста на другиве? И едните и другите носат одлука која ја базираат врз сопствените желби и потреби, односно од себични причини. И океј е да се биде себичен во оваа смисла. Но, не е океј својата одлука за имање деца да се претставува како врвен алтруизам, а наспроти тоа, одлуката да се немаат деца да се претставува како себичност.