Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Брак без деца

Дискусија во 'Брак' започната од femina90, 22 април 2010.

  1. Mr. Right

    Mr. Right Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 септември 2015
    Пораки:
    2.510
    Допаѓања:
    71.269
    Пол:
    Машки
    Секoј некa си живее oнaкa кaкo штo му е убaвo. Нa крaјoт нa денoт вaжнo е дa бидеш среќен и зaдoвoлен oд сaмиoт себе. Јaс не сум тукa зa дa ги "усреќaм" мoите рoдители, вo oвoј случaј сo децa, aкo тoa јaс не гo сaкaм. Кaкo штo кaжa членкaтa пoгoре, не секoј гледa убaвинa вo неспиени нoќи и менувaње пелени нa секoи пет минути.

    Дa не се рaзбереме пoгрешнo, сaкaм децa и слaбoст ми се и би сaкaл дa имaм бaрем еднo пoнaтaму. Меѓутoa кoгa би бирaл пoмеѓу кaриерa и дете, тoгaш ќе oдберaм кaриерa. И не, не сум себичен aкo сaкaм дa oбезбедaм пoдoбaр живoт зa себе, пa и зa тoa дете кoгa ќе дoјде еден ден. Себичнoст е веќе дa имaш дете, a дa гледaш сaмo зa себе.
    И не мoжaм дa сфaтaм зoштo упoрнo ги кaтегoризирaте oвие луѓе кaкo себични? Зoштo упoрнo ги oсудувaте зoштo немaaт децa? Сфaтете декa кaкo штo прстите нa рaцете не се исти, тaкa е и сo луѓетo. Рaзлични луѓе - рaзлични кaрaктери. И бaрем пoчитувaјте јa нивнaтa oдлукa aкo ништo другo.

    И, дa. Пoтпoлнo се сoглaсувaм сo пoстoт нa @CameliaMiller пoгoре. Секoј сaкa дa имa дете, aмa никoј не сaкa дa пoсвoи. Милиoн пaти имaм кaжaнo декa не требa дa бидеш рoдител зa дa гo имaш тoј фaмoзен рoдителски инстикт. Истo и јaс би пoсвoил еднo дете иaкo би бил здрaвственo вo ред. Тoa е еднa oд мoјaтa желбa.
     
    На theowndemon, Victorian, jagotka123 и 7 други им се допаѓа ова.
  2. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    1.827
    Допаѓања:
    5.554
    Потполно се согласувам со овој дел, секогаш кога во разговор со пријатели или партнер, ќе спомнам дека не сакам да раѓам деца туку сакам да посвојам, добивам првртување очи и неверување во стилот што не е во ред со тебе?? Како можеш да не сакаш да имаш твои? Според мене дете си е дете, дали јас ке го родам или не, да ли ќе носи мој генетски карактеристики воопшто не ми е битно, тоа дете што ќе го посвојам ќе биде мое.
    Во поглед на брак без деца, секогаш луѓето малограѓански ќе коментираат, ќе ги нарекуваат себични или кариеристи. А никој не ги навредува оние што имаат по пет деца без да им посветат внимание, или они што имаат деца па ги занемаруваат, па децата растат во нездрави средини со семејно насилство....Се додека луѓето се премногу самобендисани и сметаат дека единствено правилно е нивното, или единствено правилно е како ќе прави пошироката народна маса не ќе можат да ги разберат останатите што не размислуваат како нив.
     
    На kjukli, Nausicaa, CameliaMiller и 4 други им се допаѓа ова.
  3. NOVAVON

    NOVAVON Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 септември 2016
    Пораки:
    313
    Допаѓања:
    441
    Пол:
    Женски
    И јас сум за посвојување дете. Не е важно кој е биолошкоит родител туку тој кој бил вистинскиот родител. Немам подршка од партнерот за ова, но мојата желба е моја наредба така да кога ќе ги исполнувам комплетно сите услови за посвојување со задоволство би си го проширила семејството. Најболно ми е кога некој си го отфрла детето,не го разбирам тој чин,сепак има секакви случаи...
     
    На kjukli, theowndemon, Victorian и 6 други им се допаѓа ова.
  4. anaja1

    anaja1 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2013
    Пораки:
    2.628
    Допаѓања:
    7.468
    Пол:
    Женски
    Само да кажам,многу е тешко да се посвои дете:(
     
  5. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.106
    Допаѓања:
    163.636
    Пол:
    Женски
    Пред година-две памтам се отвори слична тема за дискусија, само што беше повеќе за женскиот пол и предодреденоста за мајчинство. Од тогаш ставот ми е ист - луѓето што се реализирале како родители не ги сметам по дифолт за подобри, почувствителни и емпатични личности, уште помалку пак паровите што одлучиле да си постават други приоритети - за себични личности кои ги немаат горенаведените вредности.
    Имањето деца е личен избор и одлука, as simple as that.
     
    На mssuniquee, YoungandBeautiful, theowndemon и 10 други им се допаѓа ова.
  6. Mr. Right

    Mr. Right Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 септември 2015
    Пораки:
    2.510
    Допаѓања:
    71.269
    Пол:
    Машки
    Апсолутно е така. Не е важно кој го родил тоа дете, туку кој го извел на вистинскиот пат, го облекувал, го едуцирал, од своја уста вадел за тоа дете да има повеќе.

    А за тоа дека другите ќе превртувале очи, ќе превртуваат и понатаму. Тука кај нас сите си го пикаат носот кај што не треба. Најдебилно ми е кога ќе слушнам луѓе дека ако посвоиш дете еден ден ќе дознае и ќе те напушти. Напротив, токму тоа дете ќе ти биде благодарно за сè што имаш направено за него отколку биолошко дете кои се расправаат со родителите по дома за нов мобилен. Еве, ќе тргнам од себеси. Не се сеќавам кога последен пат сум и заблагодарил на мајка ми за нешто. И дека оние кои што се веќе родители по дифолт не значи дека се добри родители. Има разлика од родител до родител. За жал, за огормна жал има родители кои ги убиваат своите деца. И после тие биле добри, а овие не чинат.
     
    На kjukli, Wahnsinn, Victorian и 3 други им се допаѓа ова.
  7. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.857
    Допаѓања:
    267.192
    Кога би било толку тешко да родиш дете, колку и да посвоиш, родители ќе бидат само оние кои навистина заслужуваат да бидат родители. Искрено ни кутре не би дала секому, а не пак дете.

    А коментари секогаш ќе има. Ако немаш деца - зошто немаш, ако имаш едно - кога второ, ако имаш две женски - ајде сега едно машко и обратно, ако родиш 3+ - аман што направи.
    Родителството го гледаат низ розова призма, а лажат тие што викаат дека е баш розово. Ама како и се друго, родителството е компромис, и дефинитивно СЕКОЈ ЕДЕН, маж или жена, треба многу сериозно да размисли дали е способен за такви компромиси пред да донесе на свет беспомошно човечко суштество чиј живот потполно зависи од него.

    Реков веќе, склоноста на давање лично мислење за туѓа одлука е е една од најлошите особини на еден човек.
     
    На Gosh, kjukli, theowndemon и 10 други им се допаѓа ова.
  8. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.192
    Пол:
    Женски
    Ах, вие несебичните души што сакате по секоја цена да се продолжи вашиот род племенит, што ли ќе се случи со планетата Земја да не ги оставате вашите драгоцени потомци? Да не сонцето ќе престане да грее, или тревата нема да расне,птиците нема да пеат, или астероид ќе удри, така нешто, ли? Како и да е, многу сме ви благодарни што ни го одржувате видот чоечки, и Госпо ви праќа благодарници од небото.
     
    Последна измена: 24 декември 2016
    На Gosh, theowndemon, Dust и 4 други им се допаѓа ова.
  9. christinnn

    christinnn Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2014
    Пораки:
    2.739
    Допаѓања:
    21.378
    Пол:
    Женски
    Може што сака да работи, не навлегувам во то, а и впрочем каде прочита дека ги посочив луѓето без деца како мрзливи луѓе кои лежат по цел ден? Баш поради тоа што се окупирани со работа, со нивните потреби во моите очи се себични луѓе.Тие нека волонтираат каде сакаат.
    Имам пример за наставничка во основно која држи и приватни часови и е поддриректор во тоа школо.Се омажи на 30 и некоја, и ете уште нема деца бидејки нели, приоритет работа, секој викенд Солун, по два летни одмори и обавезно еден зимски.А да, без ајфон никаде.
    Да напоменам, за себични ги сметам оние кои имаат средства да изгледаат најмалку 5 деца, а не сакаат ни едно, а не себични оние кои немаат средства и се трудат колку толку да обезбедат за во иднина кога ќе имаат дете, па макар и едно, тоа да не живее мизерен живот.
    За оние кои немаат кров над глава а прават по 4,5,6 деца немам коментар.Се имам изјаснато во таа тема за тоа веќе еднаш.
     
  10. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.857
    Допаѓања:
    267.192
    Твоето мислење е погрешно, и повеќе зборува за тебе како личност, него за луѓето кои ги осудуваш.
     
    На SV1911, Bender Rodriguez, Nausicaa и 2 други им се допаѓа ова.
  11. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.908
    Битно да го роди и со Уставот да и доделат Нобелова награда, бидејќи родила, а нема врска како ќе го чува, дали го сака, шу е битно? :^) Битно Божјото чедо ќе биде означено како несебично и остварено, и ќе му биде врачен ореол од Сваровски :angel:, по мерка :!:
    Темата бе :rofl:
    :d::drunk:
     
    На Gosh, Mishela, kalinaka и 7 други им се допаѓа ова.
  12. christinnn

    christinnn Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2014
    Пораки:
    2.739
    Допаѓања:
    21.378
    Пол:
    Женски
    Мислам дека е редно време да прифатиш дека постојат личности кои делат спротивни статови и мислења од твоите.За останатото не коментирам, не ни личи да почниме да се враѓаме.
     
  13. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.652
    Каква гордост земате во тоа што не сакате да бидете мајки како да сте смислиле нешто револуционерно. Еднаш Лилит има напишано дека некои девојки никогаш нема да станат жени и тоа секогаш ќе го паметам и си го помислувам во дадени моменти.

    Не сакам да имам брак без деца.
     
  14. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.908
    @Magnolija Не е гордост, туку едноставно избор за кој личноста се одлучила, туку смешно е оние кои поинаку се одлучиле, да ги напаѓаат и омаловажуваат првите. И јас го паметам нејзиниот пост. Мислиш дека беше навистина толку брилијантен, да се означи жената како неостварена само затоа што не родила дете?
    Ондак, стварно сме неостварени сите бидејќи со гласни жици, не сме се одлучиле за оперски пејачи.
    Стварно е пештерско размислувањето да се земе за право туѓите одлуки да бидат предмет на дискусија и оценување на постапката. Ако сакаш деца, сакај, кој не сака, не сака и што? :^)
    :d::drunk:
     
    На biGirl, Mishela, SV1911 и 13 други им се допаѓа ова.
  15. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.652
    ^ Ве молам, веќе очигледни работи како прашање на избор да не се споменува. Досадно е, се повторува по сто пати, сите знаеме дека е прашање на избор и убаво е што е така.

    И инаку тој пост на Лилит воопшто не беше поврзан со темата за која ти мислиш. Беше за нешто сосема друго, мислам дека за некоја јавна фаца. Јас го поврзав со оваа тема. Значи, не памтиш :D

    Тоа што одлучувате да не бидете мајки не ве прави посебни. Знам дека сите сакате да бидете посебни и да изгледате како некои активисти на женски права, но не ве прави.

    Никој не ве тера да имате деца ако не сакате, замислете како би му било на тоа дете ако почуствува дека тоа за вас е најголема жртва во вашиот живот.

    Јас немам пештерски размислувања, никогаш не сум имала, досега не сум сретнала поголема навреда за мене.

    Ама, верувам дека процесот на иницијација нема да се случи, тој премин од дете во мајка, некој се грижел за вас, а сега вие ја носите истата одговорност. Тоа е прекрасно лулање. Многу слично на прашањето на идеолошкиот татко кој произведува од поп културата. Да се грижеш за нешто што не си ти, а е дел од тебе, овде лежи иницијаците. ИЗБОРОТ, кој вие толку сакате да го употребувате |-) не ве прави, за мене, лоша личност, само личност која никогаш не сака да порасне.
     
    На kjukli и Monella им се допаѓа ова.
  16. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.463
    Допаѓања:
    48.522
    Пол:
    Женски
    Нема погрешни и исправни ставови на тема која е толку лична и зависи од поединецот. Не ги сметам за себични луѓето кои сами си ја кројат својата судбина, сами си го креираат животот без да обрнуваат внимание на коментарите на комшиите и роднините. Не сте им дома не сте им во кожа ниту па во нивните глави за да знаете што ги тера да донесат определена одлука на дадена тема и животно прашање. И не, нема ништо лошо да си уживаат во животот на начин кој што за нив преставува уживање па макар тоа било купување гардероба, одење на одмор и зимување 5 пати во годината,купување скапи телефони и технологија итн итн. Не ги заработувате вие тие пари па да им ги планирате како и на кого да ги трошат.
    Дете треба да се роди само ако ти како жена сама сакаш и имаш желба за истото а не затоа што Петранка те смета за себична и неостварена ако не го сториш тоа. Имам близу 30 години и сеуште не сакам дете. Партнер кој ќе биде покрај мене во добро и во зло да, но дете сега за сега не. Можеби утре кога ќе станам од спиење ќе сфатам дека сакам дете и дека само уште тоа ми фали во животот за да ми биде комплетен а можеби таа потреба нема да ја имам ни во наредните 10 години. Не сметам дека едина цел во животот ми е да оставам потомство на светот кое после мене ќе ја продужи мојата лоза, напротив целта на моетот постоење е да го живеам животот онака како што јас лично ќе се осеќам среќно и исполнето. Еден е, немам 100 животи за да живеам по туѓи правила и замисли за тоа како една идеална личност треба да изгледа и што треба да има за да биде комплетно исполнета според стандардите на општеството.
     
    На Bender Rodriguez, Annath, CameliaMiller и 4 други им се допаѓа ова.
  17. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.908
    @Magnolija Јас зборувам за еден минат пост на членката во СДК, не за некоја јавна фаца.
    Сувишно е да коментирам, бидејќи дискусијата ти оди во некоја твоја небулозна линија и правец бидејќи мислиш некој се прави посебен оти не сака деца да има :^) Какви активистки, какви бакрачи? Тоа вие така го перцепирате, бидејќи не знаете поинаку да го сфатите.
    Тие си го тераат своето, а вие непотребно се замарате.
    Како што и мајчинството е избор, така и спротивното од тоа е. Зошто да се мислиш дека си над некој ако си одлучил нешто поразлично? Личност која не сака да порасне сте токму вие кои не прифаќате дека секој е различен и не секој е скроен да живее под ист калап.
    :d::drunk:
     
    На Mishela, SV1911, sjdgo и 7 други им се допаѓа ова.
  18. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.338
    Допаѓања:
    51.770
    Пол:
    Женски
    Не верувам дека постои жена што не сака да има деца. Можеби на млади години изгледа кул и е интересно заради прекумерните активности, обврски и желбата за излегување и дружење. Но што потоа? Не дозволувајте да се каете. На постари години ќе размислувате поинаку, а нема да сте во можност да родите.
     
    На Smilleeeeee, Monella и elimkd им се допаѓа ова.
  19. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.652
    Леле @Summerlover место да дискутираме и да ни биде интересно ти си се фатила за тој пост. Пак го повторуваш истото што го знаеме и малку си контрадикторна со тој калапот, признај дека малку, малкучу сакаш да се докажеш дека си еманципирана женска. Нема потреба де, знам дека си.

    Зошто мислиш дека некој се прави паметен и зошто ти делиш според калапи? Чувствуваш потреба да се одбраниш за нешто што не треба да се браниш. Малку внеси нешто ново во дискусијата.
     
  20. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.908