Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Брак без деца

Дискусија во 'Брак' започната од femina90, 22 април 2010.

  1. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.739
    Допаѓања:
    172.847
    Пол:
    Женски
    Не е каење ако некоја не се гледа како мајка на 30 или на 40год..

    Зошто ви е толку тешко да го разберете тоа?
    Дека не секој сака да биде родител?!
    Како што некој не чувствува привлечност кон било кој пол (асексуалците) така има луѓе што не чувствуваат потреба да имаат дете.

    Боже мој...уште пореметени ги направивте! Ептен ограничени мислења од млади луѓе..
     
    На sparklie, biGirl, Mishela и 11 други им се допаѓа ова.
  2. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.652
    ^ Мене не ми е тешко да замислам некој дека не сака да биде родител, мене ми е тешко некој да замислам како родител.
     
  3. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.739
    Допаѓања:
    172.847
    Пол:
    Женски
    Кој?
     
    На Magnolija му/ѝ се допаѓа ова.
  4. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.338
    Допаѓања:
    51.770
    Пол:
    Женски
    Каењето настапува во поодминати години кога ќе размислуваш поинаку и тогаш ќе сфатиш дека времето ти одминало.
    Мислам дека сфати, ама нема врска твој личен избор.
    Ти Прашинке 3 ќе ги родиш и ќе бидеш нај современата мајка на свет.:hug:
     
    На elimkd му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.739
    Допаѓања:
    172.847
    Пол:
    Женски
    Еве јас имам жена, во блиска фамилија..
    Здрава - права е. Самата го има кажано тоа (поради притисоците и муабетите од најблиски), не сум и ги вадела зборовите од уста..
    Сите внуци во фамилија и поминаа на чување, ги лула, ги пази, ги мази. Ама како што самата има кажано 101 пат, не чувствува никаква желба и потреба да биде бремена, да го носи 9 месеци и да го исчува..

    Има 46 години сега веќе жената, мислам има доволно години за да знае што сака(ла) а што не.. :)
    И дали се кае за истото..


    Ти баба ванѓа:lol: господ да те чуе и да го исполни тоа..:hug:
     
    На monik55, Antebellum, Glasna и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.652
    Убаво прашање.
    Еден куп луѓе што ги познавам. Не можам да ти набројувам зошто, затоа што се сите сосема различни и не можам да ги дефинирам во тип, фала богу.

    Јас ве разбирам вас, ама вие мене не можете да ме разберете.
    Единствено што не ми е јасно е тоа зошто толку остро се браните кога нема потреба, дури и навредувате. Никој не ви кажал морате да бидете мајки, само како да ве навредува самиот факт дека некој не се согласува со вас. Може ли тоа да ми го објасниш?
     
  7. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.739
    Допаѓања:
    172.847
    Пол:
    Женски

    Многу погрешна перцепција имаш Магнолија :)
    Нема да се изненадам ако е така и за луѓето во твоето окружување.. за кои едноставно НЕ МОЖЕШ да ги замислиш како родители.


    И фала што ме стави во категорија на жена што НЕ САКА да има деца!
    Иако тоа НИКАДЕ не сум го напишала... ама нели ти, видовита си.. страшно добро перцепираш!


    Фала уште еднаш..

    :clap:
     
    На Gosh, monik55, Glasna и 5 други им се допаѓа ова.
  8. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.338
    Допаѓања:
    51.770
    Пол:
    Женски
    Не е предвидување, туку пожелба. :nod:
    Личност како тебе не одговара на профил на жена што не сака деца. Штета ќе биде да не создадеш три Прашинки. Ќе бидеш и праведна и фенси мама.
    Мајчинството го менува човек од срж. Ќе научиш дека мора да бидеш силна и кога најмалку мислиш дека не можеш.
    Многу време ќе треба да пишувам на таа тема.
    За пријателката - не знам што да кажам. Понекогаш од преголема гордост или оправдување на сопствените постапки некои работи не ги изустуваме, иако во себе можеби се прекоруваме. Пак ќе кажам нејзин избор.
     
    На Dust му/ѝ се допаѓа ова.
  9. NOVAVON

    NOVAVON Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 септември 2016
    Пораки:
    313
    Допаѓања:
    441
    Пол:
    Женски
    Јас познавам многу недозреани деца кои направиле свои деца.Немој да судиш без да знаеш кои се вистинските причини зошто 2ца сопружници живеат брак без деца.
     
    На Summerlover и Someonespecial им се допаѓа ова.
  10. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.857
    Допаѓања:
    267.191
    Јас прифаќам дека твојот живот нема смисла без деца, и го почитувам твоето мислење за твојот живот и твоите одлуки. Но, да ми кажеш дека сум себична зошто немам деца, без оглед на моите причини за истото, не спаѓа во “право на лично мислење“. Немој одма да креваш раце, ти не мислиш, ти осудуваш. А, тоа пак ќе ти повторам, зборува за тебе, не за мене.

    На пример, пошто јас вака сакам некогаш еден ден во иднината да бидам мајка, не ми е дефинирано кога, не можеш да ме разбираш. Значи јас сум од оние кои сепак сакаат да прокреираат, да мењаат пелени и да чистат повраќаници. Од тие сум.
    Ама не мислам дека се помалку способни или вредни оние кои се сигурни во својот избор дека не сакаат деца, никогаш.

    И знаеш, не станува збор кој е “попосебен“. Не се ни мајките нешто посебни зошто се мајки, ни па тие кои не раѓаат. Ама да расчистиме нешто, прво, секој од нас е различен и посебен од некој друг, не постојат две исти личности на светов.

    Некои луѓе сакаат да прокреираат на 17 години и тоа го прават, другите на 22, трети на 25-26, четврти подоцна, петти како мене кои не знаат што точно сакаат и одлагаат се додека не дознаат со сигурност, шести знаат дека не сакаат итн.

    Сите овие се ЕДНАКВО способни и битни, ако ги проценуваме според нивната желба за прокреирање.

    И мене ме навредува едно нешто, а тоа е дрскоста да се замешаш воопшто да имаш мислење за туѓа одлука. Јас, лично, во мојов живот, носам одлуки за себе, кои се различни од оние на некој друг, не е нужно да се согласуваме меѓу себе, ама е ниско да се осудуваме. Тука е навредата, без оглед дали е во прашање бебе, шминка, штикли, работно место, партнер, сексуална ориентација итн.

    Наше е да имаме мислење за организацијата на нашиот живот, се понатаму е дрскост.
     
    Последна измена: 26 декември 2016
    На Mishela, Rebecca_R, SV1911 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. ЕденЧлен

    ЕденЧлен Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 октомври 2016
    Пораки:
    4.556
    Допаѓања:
    78.313
    Пол:
    Машки
    Недај боже Господ да даде живот без деца,Господ да ви дава здрави и живи дечиња.
     
    На SummerGirl, КикиМаус, elimkd и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.652
    @CameliaMiller веќе имам дискутирано со тебе на оваа тема неколку пати и го знам твоето мислење. И супер што се најде да ми рециплираш и одговориш ко што треба, а не како останатите кои не знаат толку да дискутираат па драматизираат наместо тоа. Ноу офенс, ама...

    Не знам зошто мислиш дека се мешам во туѓи одлуки, речиси сите другарки не можат да се замислат со дете па јас ниту им солам памет ниту им наметнувам мислење, за мене се исто прекрасни и исто ги сакам. Ниту пак е наметнато некаде со закон дека мора сите жени да раѓаат дете па така силно и остро да се бранат некои овде. Е сега, некои околини се отровни и не можеш да поминеш една слава без да те прашаат што и како во животот, ќе се мажиш ли, ќе имаш ли деца што е толку безобразно и ја разбирам оваа фустрација. Среќа јас не сум израснала во ваква околина и затоа ги немам овие притисоци.

    Ме интересира едно, тоа што другите не сакаа или не успеаа да ми го одговорат, зошто мислите дека желбата да се има деца и застарена и пештерска? Каков фактор е за некои жени да се претстават како модерни ако пример не се пронаоѓаат во улога на родител?
     
    На kalinaka, kjukli и LivingGlam им се допаѓа ова.
  13. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.857
    Допаѓања:
    267.191
    Ова последново веќе бара и подлабока дискусија и поопширни тези од сакам/не сакам.
    Самата желба да се има деца не може да биде стара или пештерска, инстиктот да се има деца постои од кога постојат видовите, во спротивно одамна би исчезнале. Која е па смислата на опстанокот, е нешто што ниту јас не го знам и немам мислење за истото. Како и да е, репродукцијата нема врска со модерно/старомодно, но, со годините и еманципацијата, се менува.

    Порано, ако гледаме наназад, природно било да раѓа секоја жена (во денешна смисла - девојче) кое е способно да раѓа, односно има циклус. Па бидејќи природно девојчињата својот прв циклус го добиваат околу 12 годишна возраст, најчесто тогаш и ги мажеле и тогаш и раѓале. Во денешна смисла, ова се смета за злоупотреба на дете.

    Второ, модерниот момент е нешто сосема друго, а не самото имање или немање деца. Иако жените добија “рамноправност“ многу пред ние да се родиме, во реалноста, во секојдневниот живот, во семејството и на крајот, во доживувањето на жените на самите себе, сеуште, до ден денес, пречесто се далеку од “рамноправни“ од мажите. Живееме во земја, ако не и свет, во кој ако си млада, штотуку влезена во брак жена, шансите да го добиеш работното место за кое си еднакво квалификувана колку и другиот кандидат кој е маж, ти се помали во споредба со неговите. Затоа што се препоставува дека си ти жена, ќе раѓаш, ќе отсуствуваш. Не е тоа пишано правило, не е тоа гласно кажано. Ама така е.

    Кога веќе ќе родиш дете, ти и твојот партнер ќе бидете отруени ако 50/50 ги делите обврските околу домот и децата. „Каква мајка е оваа!“ (домаќинка, сопруга, жена....).

    Затоа ти велам, не е толку црно/бело - сакам или не сакам. Многу жени сакаат да имаат деца, но треба да се откажат од својата работа и да станат зависни од сопрузите. Затоа што или ќе ги отпуштат, или работните часови се ненормални и нема шанси да имаш семејство со истите.

    Не велам дека кај секого, кај секоја жена е тоа така, но кај оние кои си ставаат сопирачки во раѓањето, најчесто е.

    И постојат и оние кои просто не сакаат. Дека се вечни деца не би се согласила, зборувам за жени кои се независни, сами за себе се грижат. Да бидеме на чисто, и кај животните среќаваме мајка да не ги сака потомците кои штотуку ги родила. Ние како свесни суштества, не ги раѓаме па да ги отфрлиме - свесно не раѓаме.

    Не секоја е создадена да биде мајка, не секој е создаден да биде татко. И многу повеќе ги почитувам оние кои се на чисто со себе, него оние кои по секоја цена раѓаат, и очекуваат цел свет да се грижи за нив, а bottom line, носејќи ја одлуката да родиш дете, ја носиш и одговорноста да бидеш способна да го чуваш, макар била и сама на светот.
    На мекици сме утре, кај пријателка на мајка ми.. 42 години има, прво и е :) Лани се омажи и така :)
     
    Последна измена: 26 декември 2016
    На Glasna, Rebecca_R, kjukli и 4 други им се допаѓа ова.
  14. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.739
    Допаѓања:
    172.847
    Пол:
    Женски
    @CameliaMiller Џабе се обидуваш да објасниш на личност која гледа само црно и бело.

    Иста таа личност без трошка срам ми кажа дека јас НЕ САКАМ да имам деца..и нема никаква доблест во неа..
    А јас никаде не сум го пишала дека не сакам деца..еве ако најде некаде, ќе застанам на сред плоштад да ме каменуваат..

    Ако се залагаш за правата на хомосексуалците - геј си.
    Ако се залагаш за правата на сексуалните работнички - курва си.
    Ако се ги поддржуваш тие што сметаат дека не се пронаоѓаат во улогата на родител - НЕ САКАШ да имаш деца..
    Така функционираат ограничените мозоци за кои правилно е само нивното - а се останато е погрешно.

    Без притоа да размислат дека како што има луѓе што не јадат луто, има и луѓе што не се гледаат како родител... И пред да речете дека бизарна е споредбата, јас зборувам за моментот дека секоја постапка е ствар на ИЗБОР и нема погрешно или правилно.


    Желбата да имаш деца сигурна сум дека не е застарена и пештерска...
    Ама фактот на неприфаќање на спротивното е ептен застарен и пештерски..
     
    На Gosh, Rebecca_R, CameliaMiller и 6 други им се допаѓа ова.
  15. КикиМаус

    КикиМаус Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2016
    Пораки:
    2.142
    Допаѓања:
    17.723
    Сакав да напишам еден убав и долг пост на темава, но откако ги прочитав последните 4-5 страни се грозив од одредени постави напишани од жени... Брак без деца немал смисла, така ли?
    А Вие кои сеуште не сте родиле сте се запрашале што ако Не дај Боже не можете да родите кога ќе сакате?
    Што тогаш?
    Сеуште ќе го имате тоа мислење дека брак не е брак без деца?
    На никого не го посакувам тоа, но ограниченоста на многумина од Вас ми ствара револт во моментов додека пишувам и само едно ќе Ви кажам...
    Не осудувајте парови кои немаат деца ниту пак луѓе кои викаат дека не сакаат да имаат, не секој Ве смета за блиски за да Ви ја каже вистинската причина за тоа.
    Ова е многу осетлива тема на која навистина треба два пати да размислите пред нешто да кажете и да бирате зборови за истото.
    Никогаш не знаеме што нас не очекува во иднина, затоа не осудувајте зошто многу повеќе ќе Ве боли во иднина ако се најдете во истата ситуација.
    Пак ќе кажам, не дај Боже, на никој не му го посакувам тоа.
     
    Последна измена: 26 декември 2016
    На SummerGirl, biGirl, Rebecca_R и 5 други им се допаѓа ова.
  16. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.652
    @CameliaMiller се согласувам со тебе во многу нешта и веќе влегуваме во друга тема ако не се лажам, кариера или семејство. Моето прашање за егзистенција е решено, сама си водам свој креативен бизнис кој супер ми оди, ме прави среќна тоа што можам креативно да се изразувам и да бидам солидно платена за тоа, но не можам да кажам дека ова ми е цел живот. Ми треба многу повеќе и јас сум од тој тип на луѓе кој можат да бидат направени среќни само од други луѓе. Ти можеш да ме направиш среќна, случаен дедо кој на улица ќе ми се насмевне, дечко ми, другарка ми итн итн. Истите тие луѓе можат да ме направат и тажна, но не и мојата професија, не може многу да ми влијае. Ова да ти објаснам јас зошто сакам деца, како што ти ми објасни зошто уште не си се одлучила.

    Е сега, немале сите среќа како мене и сосема го разбирам твојот пасус кога од жената се очекува да биде се'. Мислам дека сите тоа го имаме почуствувано на своја кожа, на овој или оној начин. Но детето е нешто што е поврзано со тебе, што може еден ден да те направи најсреќно на цел свет иако знаеме дека во даден момент ќе ти го скрши и срцето. Затоа не можам да гледам на него како на жртва.

    Кај нас можеш да бидеш и отупштен ако чекаш дете, сосема ми е јасно тоа. Затоа и овде излегува друго прашање кое што ти го постави, колку изборот на сопруг влијае на желбата за дете. Не би сакала да бидам во брак со некој што не сака деца, многу јасно, затоа што јас сакам. Не велам одма денес, но кога ќе дојде време. И не би сакала да планирам иднина со некој што ќе ми ги натрупа сите ствари и ќе ми биде уште едно дете.

    Се надевам дека покрив колку што можам, се навраќав неколку пати да те прочитам затоа што мислењето ти е опширно.
     
    На kjukli и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  17. NOVAVON

    NOVAVON Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 септември 2016
    Пораки:
    313
    Допаѓања:
    441
    Пол:
    Женски
    Вистинската среќа произлегува од самиот поединец. Другите луѓе можат мигновено да те орасположат или онерасположат. Среќата која потекнува од нечие однесување-маж.другар/другарка, од нечие присуство-дете пр.раѓам дете за да ме усреќи,за да си го зачувам бракот со патнерот е нереална среќа бидејќи не се базира на цврсти темели и по извесно време пминува па нечие однесување на колешката,на мажот на другарката е траен извор на несреќа вклучувајќи го и детето,па тоа станува и жртва а потоа и рдителот негова жртва. Професијата нема примарна улога да усреќува или онесреќува некого туку егзистенцијална е нејзината улога. А детето т.е неговото имање пред се е личен избор а не средство за усреќување нечиј живот. Барем јас така размислувам. Значи кога прво имам професија кој ми ги задоволува егзистенцијалните потреби и ми гарантира дека со таа професија-плата ќе ги задоволува и потребите на дете кое ќе дојде како плод на најчиста љубов и почит со партнерот и ако здравствено можеме да го направиме со партнерот би го посакала и родила тоа дете заради личен избор а не да ме усреќува или унесреќува.
    Имање/немање дете е само личен избор нит пештерски,модерни и незнам ти какви крикови на женскиот род.
     
    На Rebecca_R и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  18. christinnn

    christinnn Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2014
    Пораки:
    2.739
    Допаѓања:
    21.378
    Пол:
    Женски

    Јас на никого не му се обратив да му попувам лично што мислам за неговите одлуки. Ниту па некогаш ќе го направам тоа, бидејки како што реков, јас сум небитна за да се мешам во животот и одлуките на било кој.Овде пишав што мислам за тие луѓе, мое лично мислење кое не треба да го наметнувам на останатите, или пак да му префрлам на тие што се одлучиле за таков чекор.Анонимен е форумот, моето мислење си го задржувам за себе.А кој си ја има мувата на капата то не е ич мој проблем.
    Не знам што толку се закачи за моите коментари и ставови, ако сметаш дека одлуките твои се правилни слободно прави си што сакаш, твој живот.Не знам зошто се најде повикана, или пак со ова што постојано плукаш по оние со спротивни мислења од твоите, почиста ќе ти биде совеста. Ако јас лично сметам дека тоа што го правам е исправно, ич нема да се секирам кој што зборува и мисли.Најмалку па да се мачам да цитирам на анонимен форум.
    И пак ќе кажам, ова што упорно се наоѓаш повикана секогаш и секаде кај оние кои не се согласуваат со тебе и што упорно и упорно "се мачиш " да им наметнеш свое мислење зборува многу повеќе за тебе како личност отколку за мене. :)
     
  19. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.652
    Па фала богу! Не знам зошто некои го користат.

    Всушност, да не го тупам многу многу ама делумно се согласувам со тебе. Имам многу фројдовско размислување за темата на среќата, која според него е нешто што е миговно. Според него само човекот може да те направи да чувствуваш мачнина и анскиозност, и според него работата е најдобар извор на задоволство. Со ова се согласувам во смисла дека ми е супер кога пишувам или дизајнирам на пример, тогаш сум океј со мојот идентитет односно добивам потврда од самата себе дека сум океј со овој свет, но и од другите луѓе. Пример ќе направам некое лого или ќе напишам некој есеј и можат да кажат уааааау браво, ѕвер си и толку, па треба повторно да работиш на нешто ново за да ја добеш потврдата од себе и од другите која ти треба како бензин во овој свет. Ама, да изгледаш дете е нешто конечно.

    Затоа многу ми се допаѓа филмот, Blue is the wаrmest color, ти препорачувам да го гледаш ако веќе не си го гледала. Се работи за љубовна врска помеѓу две девојки. Едната е уметник, другата е учителка. Додека уметникот константно живее во незадоволство од себе и се бори со вкусот и невкусот на останатите, другата постојано добива љубов од дечињата. Ова е едно од моите гледања на филмот и мое размислување.

    @Dust малку си хистерична и многу си параноична. Самата си донесуваш заклучоци базирани на твоите заклучоци кој ти висат на воздух, а немаат врска со мене. Само со тебе. Гарант немаш ниту протестирано нити се имаш залагано како мене за правата на ЛГБТ заедницата затоа те молам... Немам коментар за тебе и за тие што ти ставиле лајк. Никогаш во овој форум некој нема кажано оволку гадни работи за мене (а бајаги сум влегувала во дуели) и тоа од некој со потпросечни способности за дискутирање што ме прави да се чувствувам уште понавредена.
     
  20. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.214
    Допаѓања:
    56.858
    Пол:
    Женски
    Се извинувам вака што упаѓам, ама @Dust, мислам дека непотребно се навреди. Никој не може да ти каже дека не сакаш да имаш деца. Па мислам дека таква навреда и не постои. :D Просто недоразбирање, ете така те разбрала @Magnolija и нема потреба да се пренасочуваат коментарите во таа насока.

    Друго нешто што не е во ред е да коментирате постови од некогаш и негде, без да ги тагнете форумџиките. Ај, на едната барем јузерот и’ го спомнавте без да ја тагнете. Ама тие другите алудирања со некои во некоја тема таму... мислам, недораснато.

    Камелија,
    Прво велиш
    а после
    Јас би се сложила со второво. :)

    Толку имам да кажам на темава, која ми изгледа скроз непотребна. Секој нека живее како што ќе одлучи, се’ додека е среќен со изборот.
     
    На zalosna, Annath, Bender Rodriguez и 5 други им се допаѓа ова.