Малку сум хистерична бидејќи коса ми се крева од вакви самобендисани и препотентни суштества што се беспрекорни и супериорни само во своите очи, а притоа и самобендисаноста им е ЛВЛ до немај каде... и поради таа супериорност и самобендисаност стануваат слепи за околината, нивните чувства и туѓите ставови.. ОКЕЈ? Гајле ми е дали е ОК.. Ти жено, мене ме навреди, ми допре до нерв со твојата констатација дека НИЕ (бранителите на темава) не сакаме деца и ред други глупости што испиша.. ДАЛИ ПОМИСЛИ со тоа самобендисаното главче дека со таквиот изведен ЗАКЛУЧОК без притоа да изнесеш било каков доказ дека сум го кажала тоа што ти го пиша, можеш да нанесеш болка на некого?! А? Заборавив..не размислуваш мила! Да размислуваше ќе ти станеше јасно дека сите немаат исти ставови како твоиве.. Гарант не знаеш КОЈА сум и што сум правела, дали некогаш сум протестирала за нешто од горенаведеното, ама ете ти ја пак таа глупава карактеристика - пишување без размислување..! Навредени се многу особи, ти светице, си најмалку навредена! Патем.. Повели и прочитај се уште еднаш... НАС ВАС.. Глупости.. Ти кажав, изнесе заклучок без доказ, притоа ставајќи ме во некоја категорија (вас) на луѓе кои не сакаат да бидат мајки...!
Ова за мене се работи? Не ми е јасно дека ме немаш означено. Ако се работи за мене, се извинувам, не сум имала лоша намера. Точно дека темата е непотребна во смисла дека сосема е непотребно препукнување затоа што никој на никој не наметнува мислење, ама ми беше интересна од неколку аспекти за дискусија. Тоа што бев извадена од контекст, немам коментар. @Dust нема потреба да се нервираш од мене и косата да ти се крева, што да ти кажам.
Не сакам да се мешам во туѓи животи така да нивен личен избор е тоа дали сакаат да имаат деца или не. Не ги осудувам воопшто затоа што сите луѓе не сме исти, и сите различни работи не исполнуваат. Некои едноставно сакаат да го поминат животот во патување и не се пронаоѓаат себе си во улога како родител. Знам парови кои не сакаат да имаат деца, а имаат прекрасен и исполнет брак ( децата не се мерило за успешен и убав брак). Само еднаш во животот не можев да сфатам една жена која не сака да има деца затоа што ми даде коментар дека телото ќе и се деформирало ако родела дете. Не ја осудив, ама искрено коментаров некако ми звучеше многу себично од нејзина страна.
На самиот почеток кажав дека ако навлегуваме подлабоко во темава, ќе мора да чепнеме и од психолошки, и од финансиски и од ред други аспекти зошто самата по себе е доста комплексна и буквално варира кај секој еден посебно. Мене, за разлика од тебе, ми сметаат луѓето. Асоцијална сум по природа, но и не сакам многу доближување зошто преемотивно се' доживувам. Јас мојата работа не ја сметам за кариера, но финнсиски сум независна и тоа е важно. Не е дека не раѓам ради работа, туку кај мене е најизразен психолошкиот момент. Дали сум јас способна САМА да го чувам тоа дете? Дали сум способна да му обезбедам се'? Дали е океј да расте покрај татко кој работи 12 саати на ден? (За разлика од мене, дм има свој бизнис и секако, 24/7 е таму достапен). Дали е хумано да барам од таткото да го причува за јас да одморам, кога веќе тој едвај стои на нозе? Дали сум способна да издржам детски родендени? Сакам да сфатиш дека не е себичност, туку размислувам дали сум јас доволно добра за тоа дете, а не дали детето е вредно за да се жртвувам. Утре ќе се жртвувам ако е тоа доволно, ама дали е? Не велам дека нема ликови кои на 25+ не знаат ниту за себе да се грижат, ама тие не ми се репер за ништо во животот. Трагично е да не знаеш за себе да зготвиш, испереш или исчистиш, без оглед дали си маж или жена. Со такви ликови не се дружам
Не си во заблуда, свесно зборувам и знам што зборувам. Кога сум во право, не замолчувам, кога грешам се извинувам.
Дојдев на гласање ама видов темава пак се активирала па да наминам чисто заради чувство на... одговорност. Ако ми верувате, ама навистина колку сум била грешка А арно ми викаа сите, доказ Цецо, доказ, со сите добронамерни совети и со виртуелните шамари и клоци за да ме освестат, чекај, ќе видиш, сега така викаш, млада си, ќе ти чукне и тебе саатот , јас не па не, како магаре на мост. Ама знаете како викаат, младост - лудост, па мислиме се што лета се јаде, па бркаме авантури и се такмичиме со „децата„ додека ни клекне газот, р'мбаме и се лажеме дека градиме кариери, фрламе на гучи мучи штотизнам тракатанци, шетаме газици, пиеме текила до сабајле во два, па не стануваме до попладне во два, еее ама до кога? Така е тоа. За се има и време и место. И крај. Да не должам, еве јас се предомислив, тоа е, ми чукна биолошкиот саат, стана посилно од мене, со последниот воз поработив на случајот (со маж ми ), останав бремена и со толкаво нетрпение сега чекам да видам што се сум пропуштила сиве овие години . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . Спојлер Ама реков ако ми верувате...лажам, до сабајле во 4 пиеме текила!
Мене ме интересира тие што се во брак и не сакаат воопшто деца, се договараат ли со брачниот партнер, па се приджуваат кон договореното? Како, се обврзувате или?! (Не станува збор за оние кои мислат дека е рано за деца.) Мажите можат да прават деца и после 50 години од животот. Ако им проработи чувството за татковство и оставање потомство - што е и нормално тоа да се случи, тогаш повеќето од нив ќе си пробат на друго место и веројатно со некоја помлада. Можеби и вонбрачно ќе си одгледуваат некое детенце.
Не знам од каде ти се податоците и немам показател за нивната релевантност, ама знам дека многу од оние што имале деца во брак, си пробуваат на друго место, честопати со помлада. Па и вонбрачни деца одгледуваат.
Се случува, и тоа често Никој не те тера да се повторуваш, само преиспитајте се пред да пишете било што. Колку ли деца има на овој свет одгледани единствено од мајка, бидејќи таткото ги напуштил... Дете ли е гаранција за опстанок на брак?
^Тоа е веќе друга тема. Многу жени едноставно не сакаат деца, во ред имаат право на тоа. Но што доколку мажот се предомисли во поодминати години, што тогаш? Тоа ми беше муабетот. Има брак и сега сака семејство.
Нормално е на 23 години да немам мајчински инстинкти ? Кога се развиваат и даваат желба за да сакаш дете. Јас доцна влегов во пубертет, па се нешто каснам со работите. Инаку кој што сака нека си прави. Ако жената не сака да роди не треба да биде осудувана. Едноставно не сака.
Нека си ја бара таквата среќа? Тој е свесен дека жената која е со него не сака да има деца, и тој не сакал да има деца и одбрал да биде со неа нели? Негово е правото да се предомисли, и комплетно нејзино е правото да не се предомисли. Мислам... еден куп проблеми може да излезат во брак и ова е уште еден од нив. Или го решаваш или се разделуваш. Навистина мислам дека не е некоја научна фантастика.
Pricinata poradi koja ne sakam da imam deca e toa sto ne se gledam sebesi kako majka cel zivot sum bila odgovorna i na svoi 22 godini go nosam cel tovar od familijata na grb imam pomala sestra za koja denje i nokje se grizam i ja kontroliram imam bolna majka za koja se grizam i mislam deka ovie maki mi se dovolni za 1 zivot.Imam rodnina sto rodi bliznaci i gledam niz sto pominuva nespienje,cistenje nemanje vreme da se istusira ni 5 min naporni se decata za cuvanje golema odgivornost se i kako mali deca i kako vozrasni sekogas ke treba da gi mislis kaj se,sto pravat da im se treses koga ke nastinat za mene seto toa e premnogu i voopstvo ne mislam deka ke se kaam na stari godini sto sum nemala potomstvo i sama da ostanam ama onaka skroz sama mislam deka ke uzivam vo mirot i tisinata
Смислата на животот е да се продолжи. Секој вид тежнее да опстане. Маките што сега ги имаш на 22 се забораваат понатаму. Секоја доба си носи свои предизвици. Нормално, твое право.