Ne gi osuduvam voopsto kako sto minuvaat godinite pocnav i jas da bidam kako niv 12 god se borime za dete i si mislam oti donekade imaat pravo sto nesakaat deca ne e sekoj za roditel
Da ama jas mislam deka ovie predizvici mi se dovolni za eden zivot me iscedija premnogu za da prifakam novi ponatamu osobeno tolku golemi predizvici
Не викам дека не е така, но 22 се толку малку. Секој период од животното доба има свои приоритети. До пубертет воспитанието, после барањето на љубовта, после растење деца, после чување внуци. Се се тоа работи кои ги носиме во гените, но кај некого се поизразени, кај некого потиснати. Здравје, ќе си видиш сама, само моја перцепција, јас до 30 не помислував на деца, па кога ќе се навратам наназад, тоа е тоа, само сум бил зелен.
Sakas da kazes deka sum zelena sto ne sakam da imam deca sto si imam za sebe opravdan stav zasto ne sakam NIKOGAS da gi imaam ?
Mlada ne mlada toa e i na 30 i na 60 ke go imam istoto mislenje.Ke go smenam mislenjeto koga kravite ke pocnat da letaat
Moe mislenje e deka brak bez deca ne ide, se razbira ako e vo moznost majkata da rodi, ako e se vo red so nea i soprugot. Nemam nisto protiv za nikoe mislenje sto e vo pravec deka nekoj ne e za cuvanje deca, ama spored mene smislata na zivotot e bas vo ostavanje potomok.Mislam deka taa radost e najgolemata na svetot, za toa se zivee. Od druga strana za majkite koi nemozat da imaat bebenca ili imaaat nekoi problemi so soprugot, jas sum za posvojuvanje. Kraj kraeva jas bi bila poveke za deca bez maz, otkolku so maz bez deca. Pozz
Јас пак не мислам дека бездетниот живот е безвреден, бесмислен или утнат. Напротив, се си има свој опортунитет и најважно е личното задоволство и среќа. Има многу квалитетни бракови без деца, каде сопружниците се максимално посветени еден на друг без притоа да си префрлаат меѓусебно како би било кога би имале деца. На крајот некој навистина се ежи од детски плач, пелени, бљуцки, детски болести, дтски градинки и игротеки, муабети за бебиња и пелени и си сака слободно да излезе кога ќе му текне, да оди на одмор каде сака, кога сака, и не сака обврска како дете. Мене ова воопшто не ми е чудно, ниту пак овие ги сметам за чудни луѓе. Барем знаат што сакаат, а што не, и живеат според тоа.
Само да се надоврзам, ако некој не сака да има деца, не значи дека не го бива за родител Тоа е една погрешна предрасуда. Исто и овие што се удираат во гради колку сакаат деца, тоа не е никаква гаранција дека сите тие знаат да бидат родители.
Многу погрешно, многу! Барем според мене. Прво се бара маж, сродна душа, некој кој што вреди да биде татко на моите деца. Јас сакам да имам деца ама не по секоја цена. Не знам што ми носи животот, но мене приоритет ми е да го поминам со некој што ке го сакам и со кој би ги надминала сите животни препреки. Кога ке најдам таков маж, тогаш ке размислувам за деца, и со задоволство ке ги родам, доколку не најдам не би имала дете само колку да го имам. Затоа што само сакате деца, затоа има и разводи, затоа има татковци кои што секогаш биле се само татковци и столбови на куќата не, не би го осудила детето на такво нешто. Сакам да имам среќно семејство, доколку нешто се изјалови со тек на годините ке го прифатам тоа, ама дете без маж никогаш не ми било приоритет.
Јас потполно се согласувам со тебе. Кога човек ќе остари без деца, внуци која е среќата. Од никој не би добиле толку искрена љубов како од дете. Неможам да се замислам сама со маж ми цел живот, не дека нема да го сакам и почитувам но не е тоа тоа без деца. Тие се богатство кое не споредуваат со ништо.
Доволно прошетав за да запознаам луѓе од различни поднебја и култури. А запознав возрасни, трето доба парови, кои имаа деца, но живееа на 3-4000 км едни од други, па освен еднаш во 2-3 години не се гледаа. Внуците на фб ги гледаа. И баш уживаа во животот, шетаа, патуваа, итн. Запознав и парови без деца, кои исто имаа своја смисла на животот. Можеби тебе ти е смислата потомството, но тоа не е правило.
Mene mi trebase toa da go svatam 12 godini i sega vaka ni e najdobro zivotot ima i drugi ubavini osven decata i potomstvoto toa deneska go svativ oti ne mi trebaat deca ednostavno jas veke ne sum za deca bolna sum nastinata i dojde komsikata so nejzinoto vnuce edvaj ja izdrzav taa galama i sega potpolno gi razbiram tie sto nejkat deca ne sakat obvrski
Така е има многу луѓе што имаат деца вниуци но не ги гледаат често, но сепак имаат.И ние нема це живот со нашите деца да се гледаме секој ден тие ќе имаат свои деца. Има и парови без деца кои имаат смисла на животот без деца.Тие имаат можда прекрасна кариера, богати, шетаат насекаде, прават јако. Еден ден кога ќе остарат ќе заминат во пензија, ќе останат во своите домови сами, ќе се собираат за празници со пријателите. Дај боже да им дари господ дечиња на тие што ги посакуваат највеќе а неможат, но ете некои можат но не сакаат. Курва судбина.
Исто мислам. Не по секоја цена дете. Преку работа запознав една стара жена сега веќе пензионерка која имала несреќен прв брак, работела шивачка и сите дома, маж, свекор, свекрва и се осебиле да ги издржува. Потоа го оставила, но за да не биде сама се омажила за друг, но тој бил бетер, пиел и бил неработник. Имала две деца, трпела се и сешто и ми кажа дека кога починал живнала. Среќа ќерките богато се омажиле, па од син му на човекот откупиле дел од куќата, две соби да има кај на раат да живее. Каков е тој брак ако само те истоштува?Никаков.
Епа баш за тоа некој е повеќе за децата а не за мажот.Тој може да биде принцот од соништата 5-10-20 год незнаеме што ќе се случи во животот и дали ќе бидеме заедно со мажот, дали ќе почне да не малтретира, изневерува.Ете со љубениот си посакуваш и деца, имате но еден ден се се менува..Убав пример СРЕЌА ЌЕРКИТЕ....
Значи зборев за возрасни, во пензија парови. Сами со себе живеат. Ние само мислиме дека мораме се групно да правиме, не е секаде тоа така. Значи секој има право КАКО САКА да го живее животот. Јас не сум фан на "полна куќа" и свесно и намерно избегнувам да создавам такви настани, нема да правам свадби, ниту слава славам, а празници поминувам со најтесно семејство. Познавам луѓе кои се збираат фамилијарно за Бадник пример, ако им е убаво супер. Секој си знае за себе.
Овде не бил принц од бајките, туку жената не сакала да биде сама за празници, и првиот брак и бил лош, вториот уште полош ама не може сто пати да се мажи, посебно не во тоа време кога луѓето биле патријархални. И не, не е убав пример, не дај боже да сме и во кожаат низ што се минала. Треба ли сите да чекаме да цркне некој пијаница за да живееме од негова пензија, ако го надживееме?
Погоре прочитав доста аргументи дека во одредени случаи и покрај можноста да се има деца (двата партнери се ОК) тие се решаваат да немаат деца, што кога се гледа рационално на работите доста аргументи држат вода. Немам намера на никого да му солам памет, секој си има право на сопствен живот и право да одлучи самостојно по ова прашање. Но, има нешто необјасниво, нерационално, некоја магија која главно се јавува откако за првпат ќе си го гушнете сопственото дете. Од тогаш па до крајот на животот се ќе се смени за вас. Не се објаснува со зборови тоа чувство, никој не може да ви го долови. Нешто како кога сте заљубени, но ова е за цел живот и не бледнее. Точно, од тој момент натаму проблеми колку сакате, само грижи ќе ве мачат, никогаш повеќе нема се да биде исто бидејќи одеднаш нечии други потреби ви стануваат побитни од вашите и веројатно никогаш нема да престанете да се секирате и несвесно ќе ви бегаат мислите натаму. Веројатно и кога ќе пораснат, и кога ќе остарите, тие може да ве заборават комплетно, но вам ќе ви бидат компас, желба за живот се до крајот. Нормално, има и такви кои си ги оставаат децата или не им е грижа, но тоа е веројатно многу мал процент, повеќето го носиме тоа во нас, само кај некои е поизразено, а кај некои (вклучувајќи ме и мене) е прикриено додека не се случи. Така да, кога сега додека немате деца размислувате за тоа, аргументите ви имаат смисла бидејќи гледате рационално на работите. Но, однапред не можете да знаете што пропуштате и од каква магија свесно се одрекувате.
Како мине времето и јас се' повеќе сфаќам дека не сакам да имам деца. Сакам брак, сакам партнер, ама деца - не. Кога го сфатив тоа, огромен товар ми падна од градите, не знам зошто чувствував толкав притисок кога никогаш досега не сум се нашла во ситуација да треба да одлучувам за такво нешто. И откако го сфатив тоа, на сите партнери им го наговестувам тоа ако гледам дека врските стануваат посериозни... сметам дека не е фер некој да не се оствари како родител само заради тоа што спротивната страна не сака. Јас лично обожувам деца, особено мали деца, сакам да си играм со нив, да цртаме, да се смееме, децата многу ме сакаат и ме слушаат, знам да се симнам на нивно ниво, воопшто не се грозам од бебиња или нешто слично. Убаво ми е да си играм со нив, интересни ми се, значи јас не дека ја мразам помислата на деца... повеќе ја мразам помислата на себеси како родител. Не ме сфаќајте погрешно мајките, но мислам дека би била многу, многу несреќна да имам улога на мајка. Мислам дека никогаш нема да ме исполни мајчинството толку многу колку што би ме исполниле други работи. А и како голем слободољубец, не знам како би се снашла во улога каде што некој постојано би зависел од мене, заради тоа што не е доволно да го родиш детето и да го пораснеш... Читав многу за ова пред да ја донесам одлуката, искуства, мислења, не дека се разбудив еден ден и решив - не сакам да имам деца. Не, баш напротив, со месеци читав и многу често, ваквата одлука е донесена заради неубаво детство, тешки животни патишта во младост и така натаму. Мислам дека засега, тоа ми е најисправна одлука. Свесна сум дека староста би можела да ми биде осамена, дека луѓето си одат по свој пат, ама мислам дека е себично да родиш некој само за да не бидеш сам. А со тек на време и децата си одат по свој пат... како и да е. Најмногу од се' не сакам да се доведам во ситуација да родам живо суштество и да дојде ден кога ќе зажалам што сум го родила. Можеби еден ден ќе го сменам мислењето, отворена сум и за тоа. Можеби ќе засакам некој толку многу што ќе сакам да му родам дете, не знам што носи животот. Јас не мислам дека бракот е празен ако се немаат деца, сите сме возрасни индивидуи со сопствени желби и интереси... Се воодушевувам кога ќе сретнам жени и мајки што со мерак ја извршуваат таа улога, без да се жалат и без да кукаат, ама сепак мислам дека тоа не е за мене.