Тешко е да се изгледа дури и едно дете кај нас со нестабилна работа и мали плати. Сепак, кога гледам што се случува околу мене можеби четвртина од родителите не се способни на мачка да чуваат, а не дете. И не е само за пари, туку тука мислам и на насилство, малтретирање на деца, како што пиша мажот ја тепа мајката, детето го тераат од мало да работи, да се мачи буквално.
Затоа, бидејќи не мора да значи, напишав скоро сите. Не гледам што има спорно тука. Повеќето луѓе, уште кога се самите деца, велат дека ќе имаат свои деца и фрапирани се од детето што ќе каже дека не сака (ако сретнат такво). Не дека на таа возраст имаат родителски инстинкт, туку така се насочени од општеството - дека еден ден ќе треба да основаат свое семејство со деца, како што тие се деца во некое семејство, и тоа е за нив закон во животот кој го земаат здраво за готово. Понатаму, да разграничиме, не значи дека ако јас не сакам да имам деца, немам родителски инстинкт, или дека не знам како со деца, или дека не би ги сакала моите деца ако ги имам, или дека хејтам рандом деца... само ЗНАМ дека родителство не е она што би ме исполнило, може единствено да ме спречи да постигнам многу работи. За бракот немам романтични сфаќања и не би имала проблем да го склопам еднаш, два пати или повеќе. Пожелно да биде без деца. Раѓање надвор од брак - не доаѓа предвид. Толку.
Koga e budala,ondak neka go bere i sramot i kotekot,izgleda se omazila za da jade kotek,samo Se prashuvam kako ne I paga zal za tolku malecko choveche da pretrpuva tolkavi shokovi...sve krepi zemjava
Тоа е нормално, па и на 30 години едно мислиш, на 40 друго, 50 трето. Океј е. Не сме непроменливи, и не е грев да се промени став, желба во рок од 6 месеци, а не па во рок од цела деценија. Не е важно кој кога ќе има дете, дали на 21 или 41. Или никогаш. Кој кога е спремен и ако е спремен.
Едноставно не секој се раѓа за да биде родител и не секој може да се оствари во таа улога колку и да сака па затоа одбира да нема деца. Има луѓе кои најголемо достигнување во животот им е да станат родители, додека некои ги исполнуваат други работи како на промер патувања, кариера и слично и тоа треба да биде прифатено. Не знам зошто во нашата држава се е толку заостанато и одма се осудуваат оние парови кои не сакаат деца како тоа да е некоја страшна смртоносна болест. Олабајте луѓе.. И што е најтрагично најчесто осудуваат оние што пишат и бараат совети во фејсбук групи како да излечат температура на бебето со измет од врапче Значи страшно. Јас лично никогаш не сум посакувала да бидам мајка ниту сонувам за тоа еден ден како многу мои другарки што едвај чекаат да се омажат за да родат. Едноставно не се гледам себеси во таа улога. Сметам дека има многу посреќни парови кои живеат сами со миленичиња отколку такви со деца кои не се поднесуваат меѓусебе но мораат да трпат и не се разведуваат само заради децата.
За да бидиш во брак без деца, треба да имаш некој кој би сакал да биде без деца цел живот - а размисли мажите колку се себични и апсолутно сакаат деца да имаат во брак кога се. Тоа е еден голем услов - инаку нема да имаш воопшто и брак, ако дотичниот јасно на крајот се изјасни (значи и 2 минути пред одење пред олтар - макар и на шега) - ќе видиш сега како ќе биде се преубаво, а можеби и деца ќе имаме. Не ми се верува дека некој маж би сакал да живее цел живот без деца, дури и на 40 години ќе се одлучат за брак само за да имаат деца. А мажите си знаат да живеат со девојки/жени без да стапат во брак и после тоа едноставно да прекинат врската. Индивидуално е тоа. И многу е страшно влијанието на неговата околина - поточно на неговите родители (под претпоставка дека твоите родители нема да се мешаат) тие може да го убедуваат да "случајно" направи грешка во кревет со тебе, за да останиш бремена и да немаш каде освен да го родиш детето. Затоа велам - македонски маж да не сака воопшто деца во неговиот живот, тоа тешко.
Познавам неколкумина. Всушност, тие не можат да најдат жена која нема да сака да има деца, на која ќе ѝ биде доволен нивниот живот таков каков што е. Генерално малку се луѓето кои не сакаат да прокреираат, не само кај нас, туку општо, не е случајно планетата пренаселена
епа нека си најдат девојки со кои ќе живеат....не мора да ставаш етикета брак, додека им е ќеив нека живеат со неа. такви парови има и тоа многу....ништо страшно. и да, повеќето луѓе сакаат деца, а не прокреираат. да оставиш некој после тебе, тоа е циклусот на животот. кажи му го тој збор на парови кои не можат да имаат деца, и ќе изедеш ќотек. прокреирање, колку модерен збор....
Знаете она кога ќе се појави наезда на одреден вид на животно некаде, па почнува да се нарушува балансот во природата во тој предел, што мора да се истребат тие животни? Епа тие животни сме ние луѓето, и ја убиваме мајката Земја. Ама неее, ние сме толку посебни, секоја единка е посебна, па мора да раѓаме и раѓаме... А демек бевме најпаметни... Сеедно, Земјата ќе си постои, ама ние самите себе ќе се истребиме од пренаселеност, глад и жед... За брак без деца, потребен е компромис меѓу партнерите, и и двајцата да не сакаат да имаат деца. И мене повеќе од тоа не ме интересира, нит е моја работа.
Прокреирање не е модерен збор, туку соодветен израз за создавање потомство. И доста стар, всушност https://en.wiktionary.org/wiki/procreation Зошто воопшто се мешаш кој со кого е во брак и зошто? Што има лошо во тоа да се во брак и да немаат деца? Мораат ли да имаат? Прокреирањето или оставањето на потомство е важно само ако човековиот вид е пред изумирање, а не е, всушност пренаселена е планетата. Така што, моментално раѓаме од ќеиф, а не од нужда, да не зборувам дека ако чисто од природни побуди раѓавме, немаше по 1-2-3 деца да имаме, туку ќе имавме онолку колку што можеме да родиме (20, 30... ) И не, нема да изедам ќотек затоа што користам соодветна терминологија. Ако некој ме нападне, тоа зборува за него, не за мене.
А зошто секогаш во вакви и слични теми се мешаат тие што не можат да имаат деца? Ете тие сакаат не можат, има и такви што можаат а не сакаат, нема баланс некој во светот па за секоја една што абортира или пар што се одлучува да немаат деца, друг пар да не може да има или има потешкотии да дојде до дете, живот е тоа, некому полесен, некому потежок. Брак е институција помеѓу две лица, никаде не пишува дека секој што стапува во брак мора да има деца, тоа е желба и договор на лицата кои стапиле во тој брак. Јас познавам неколку парови меѓу кои и тетка ми и тетин ми кој се заедно 40 години а немаат деца по своја желба, среќни се заедно, ништо не им фали и никогаш не се покајале за својата одлука.
Не ми е сфатливо како може некој да не сака деца без разлика дали тоа било маж жена. Што ни е целта во животот и за што живееме? За бар повеќето како и за мене е да остварам семејство маж деца, да им пружам достоинствен живот на истите колку што можам. Не ми е сфатливо како може некој да не сака да си го види својот син како се жени или ќерка како се мажи, да им се радуваме на внуците нема поубаво чуство од тоа за мене во животот и да знаеш дека нешто си создала да се гордееш си ги школувала изглеала воспитала итн.
Ми се гади од оние на кои прво прашање им е кога планирате деца? Демек мора секој да има дете и да се оствари како родител. Кога двајца ќе стапат во брак, веднаш од сите страни почнуваат да летаат прашањата од овој тип. Не им даваат шанса барем малку да си поуживаат сами. Веднаш мора дете! Ако за некој месец не видат стомак следува лепењето на етикети дека неможе да имаат дете, дека имаат проблем....А не дај Боже пак да слушнат дека воопшто не планираат. Веднаш целите фамилии ќе дигнат бунтови и ќе се одкажат од нив. Не знам само кога некои ќе го разберат тоа дека не се сите луѓе исти. Некој го исполнуваат поинакви нешта. Кој што сака тоа ќе си прави. Немам право да осудувам никого заради неговата одлука. Можам да се осудувам само себеси, заради моја грешка или избор а не некој друг само заради тоа што не го одбрал патот по кој тргнале повеќето. Ако двајцата партнери се сложни и договорени по тоа прашање, не гледам проблем да бидат во брак без деца.
Што е тоа тебе што те исполнува после бракот а не е дете ? Они коа се земат повеќе ги интересира мењавање лична карта на презимето, седење дома глеање филмови со мажите, шетање по дискотеки по кафиња? Се знае после бракот што следува а ако некој бракот го сфаќа како ај се земавме ние и сега сами ќе со живееме супер немора деца ќе си уживаме сами браво за таквите немам коментар.
Исто како што ти не можеш да сфатиш како некој не сака да има деца, така некој не може да сфати дека ти сакаш да имаш деца и дека тоа ти е цел во животот. И не би требало да осудуваш туѓи одлуки. Како би ти било ако некој те осуди заради тоа што си одбрала како да си го живееш животот? Не е сеедно, нели?
И кај нас е секогаш истото прашање... "ајде, до кога ќе чекате?" Глупости, мислиш ние не сме свесни дека треба и дека тие се оние на кои наше дете им е попотребно отколку нам. И секогаш ја изведувам онаа насмевка и оној извежбан одговор... "Ќе биде". Многу несовесни луѓе, сфаќам дека немаат лоши намери но во нашиот случај тоа иритира...
Не размислуваат сите исто. Секој различно си го сфаќа и животот општо и бракот. Бракот ПРЕД СЕ е заедница меѓу маж и жена, а после тоа тие како ќе си решат-така ќе си тераат. Има и такви кои се хедоснистичко-егоистички расположени (ова не е кажано во негативна конотација, да не се разбереме погрешно), и сакаат да не одгледауваат потомство. Што има лошо во тоа?!
На оваа тема поготово гледам дека има еден тон на "паметници" кои неуморно паметуваат,советуваата а при тоа и осудуваат нечии одлуки кои одстапуваат од општествениот шаблон на работите во смисла уште од основно сонуваат за 3 деца,на 22 свадба обавезно од мин 300 гости и до 25 год барем 2 деца....не завземам ничија страна кој е во право кој не,а впрочем не е ни можно тоа,секој нека си прави што сака во животот(што го исполнува)...и јас стварно не знам од каде ви е дадено правото да осудувате???
Со оглед на тоа што некои парови имаат чуваат куче наместо дете, исти се давачките можеби нема да купуваш пелени ама храна и разни глупости за нега на куче, зошто да не имаш дете.... Луѓето кои сакаат брак без деца или воопшто во животот не сакаат да имаат деца за мене се себични личности кои сакаат цел живот на самите себе да си го посветат да не споделат радост, љубов, мајчинство... да немаат давачки за своето дете, да немаат утре задутре кој да оди да ги посети.. Која е целта на овие луѓе во животот? Не ги осудувам, само го кажувам моето мислење, секој има различни ставови.