Децата се плод на љубовта,и ако тој не сака да има дете со мене ,би размислила Ако има љубов-зошто не и дете?Да му пружите од вашата љубов,да го негувате и заедно растете,да ги делите со него сите радости и маки да си дочекате внуче,еве дедо ми вели-внучињата се подраги и од децата Но,ако од било кои причини партнерот НЕ МОЖЕ да има дете,не подржувам негово отфрлање Денес медицината е толку напредна,и со доволно љубов и разбирање и стрпление се се може...дури и ако пак не успеат,опција-посвојување,или едноставно да се помират со тоа.... Денес живееме во модерно време кога градиме кариера ,па потоа деца,но никако неможам да разберам некој што ќе се одлучи да нема деца ќе заврши кариерата,и после осамени биле-има и такви што знам и се каат -мај опинион
се наежувам од самата помисла на брак без деца, не можам да замислам , колку и да го сакам колку и да ме сака мислам дека без деца животот не би бил живот. А како тоа некои не сакаат деца , не можам да разберам. Нашата љубов колку и да е голема еден ден се ке се претвори во навика и ќе ни се потребни деца, да дадат смисла не сето тоа. Чувствувам по малку тишина и болка сега од кога сум две години во брак без деца, сонувам за нив, желбата и сонот се секогаш за бебушкото мое мало што ќе го имам, ууу не можам повеќе да пишувам многу ми е болна темава не ни сакам да замислам брак без деца едноставно и јас ќе се срушам
Немој да се нервираш,знааеш дека стресот не е добар и немој да си под притиок за дете така ќе е потешко...верувам дека ќе си имаш детенца и ти посакувам се најубаво со нив,твојот сон ќе се оствари имај верба
за среќа моето срцуле сака деца . секогаш кога правиме посериозни муабети за иднинаа ги спомнува малите хехехе се надеваме на близнаци (бидејќи во неговата фамилија се 9 пара близнаци) а за тоа брак без деца мислам хело??? тогаш зошто ти е брак? можеш комотно да се .... со кого сакаш, да правиш што сакаш секако ќе нема на кого да му даваш пример такви особи се за жалење детето е најсвето нешто што може да постои на планетата милиони луѓе во светот посакуваат да имаат деца а не можат (од причини) а некој од бес ц ц ц
Брак без детца?Мислам дека тоа не би било брак.Децата се несто свето и плод на лубов помегу мажот и жената.Па така не би замислила брак без дете.Јас има веке и тоа е несто најубавото во мојот живот.Најубавото несто во животот кое ке одтане дел одмене после моето постоенје. Еве еден пример ке ви расказам; една жена(која мие блиска роднина) несакала да има деца,неколку пати останувала бремена но арбортирала.Потоа отисла и си ја оперирала матката за да немозе да има деца.Понекое време маси поЧинал и останува сама.Кога ги гледала незините брака и сестри како имат деца и како го поминувале времето со нив тогас сватила дека направила голема греска во животот.Сега се кае но сега веке ее касно богата е многу,но се и е џабе. ДЕЦАТА СЕ НАЈГОЛЕМОТО БОГАТСТВО НА СВЕТОТ.
Кога се земавме со сопругот пред 10 години, не сакав одма деца, да сме се сределе прво. После три години кога се решивме да имаме деца, неможевме. Три години, три спонтани па четвртата бременост беше успешна. И петата веднаш после тоа. Убаво ми било во првиот период кога сме биле без деца, сме шетале, сме уживале на еден начин и на сите им препорачувам да си дадат простор да застанат на нозе. Е после си доаѓа период кога сакаш да се скрасиш и мајчинскиот инстинкт си проработува Сега имам две кои ми се качуваат на глава (и буквално ) и незнам каков смисол би имал мојот живот без нив. Според мојот гинеколог, нормално е да се даде простор од година дена за забременување без било какви лекарства. Доколку и после една година парот неможе да зачне, се прават испитувања. Пријателка роди бебенце после 20 години. Исто како и lalezzz која тврди дека се е ок а после 10 години нема дечиња, женава докторите во нашиот град ја уверуваа дека се е ок, има редовни овулации, спермограмот ок, само и даваа екстра хорморни за стимулација. Благодарение нанапредокот во медицината, кога се направија испитувања на микроскопско ниво во приватниве болници, се утврди дека жената си има овулации и јајце клетки секој месец, ама шупливи, ко јајце без жолтка, и уствари таа беше стерилна. Си најдоа донаторка на јајце клетки, истите беа оплодени и вратени кај неа, си го износи детето и сега си имаат жива и здрава керкичка. Во една прилика Опра ме изнервира многу кога истресе дека таа немала време за деца и дека никој немало да и ја земе слободата, таа имала кучиња. Тибам милијардите и умот кој ти дозволува да успоредуваш дете со џукели (извинување до животните).
Нема врска дали имате деца или не...поважно е тоа како вие се согласувате. Многу почесто сум била сведок на ситуации каде после доаѓањето на децата, бракот почнува да се разнишува (првиот летен одмор со сопругот и детето е најдобар тест за тоа дали ќе успее бракот или не). Инаку јас и маж ми се одлучивме да немаме деца затоа што моментално се бориме да створиме подобри услови за нас (немаме голема поддршка од родителите така да буквално почнавме од нула) а кога ќе створиме услови јас најверојатно ќе биде преризично да имам деца. И двајцата сме согласни на темава а и роднините не ни се некои заостанати па да мрчат за среќа. И во брак, не брзајте со децата, изнауживајте се 1-2 години, потоа доаѓаат вистинските (сепак слатки ) обврски. Децата се дар од Господ, ама не го држат бракот. Верувајте!
Да дефинитивно не го држат бракот,примери има милион... но што ако подоцна се осетиш осамен,недај боже почине едниот од сопружниците и останеш сам мислам дека би се каеле на ваквата одлука,и би сакале да го вратите времето и да имате детенце дар од љубовта на вашиот живот,дете за кое ќе живеете и понатаму да би имал смисла вашиот живот... ова tessie не се однесува на тебе онака само размислувам,а и еве ви еден пример--- на мајка ми прва братучедка-докторка инаку,цел живот градеше кариера со сопругот пари -колку сакаш,ординација нејзина-кожен лекар е,а маж и -бизнис приватен...таа не сакала деца иако маж и сакал,ама попуштил оти беше предобар,пред 3 год почина од рак,меѓутоа со тетка ми-така си ја викам---оти сме блиски кога ќе заправиме муабет ми вели-ти и сестра ти сте мои деца,иако немам мајчински инстинкт пошто не сум раѓала,и не ми фалат деца си го сакам животот каков ми бил-без деца и сега продолжува пак со работата,но до кога,дали ќе се запраша,има 55год,за 10 г ќе се пензионира и пак сама,место да чека внуци и да се радува...иако ммнооогу ја сакам,не го оправдувам нејзиниот став и не ми е сфатлив...
Имаш право апсолутно, децата се повеќе од важни во животот на еден човек, не само на пар, тоа е далеку од оспорено. И јас и маж ми лично ептен ги сакаме и умееме со деца и можеби е и неправедно што баш со нас така си поигра животот, но свесни сме за реалноста во која живееме и сме задоволни со тоа што ние се изборивме и покрај сите интриги и грозни сценарија кои ни ги приредија некои луѓе да опстанеме заедно и бракот да ни е поцврст од било кога. Свесни сме дека човек не може да има се во животот. Доколку имаат услови душо, дефинитивно! Но, доколку се некои како нас, сосема сами што се борат за да створат подобро утре и уште сме на почетокот, ќе биде нефер и кон самото дете да го осудиш на таков живот. Некој ќе рече парите не се битни, ама факт е дека за едни памперси 50 евра минимум ќе давате месечно...а за друго башка, а секој сака на детето да му пружи удобен живот.
како и секоја девојка на светов сакам дечиња(што е нормално) и навистина не ги разбирам оние луге што немаат финансиски и секако здраствени проблеми, а не сакаат да имаат потомство
Не е интересно...на крај краева за кого ќе се бориш во животот (освен мажот ) и на кого ќе оставиш тоа што ќе го направиш во животот. Да не дочекаш свои внуци па и паравнуци ако може да се радуваш на нивната среќа. Мислам дека е должност на секое живо суштество да остави потомок после себе. Во исклучителни ситуации ако двајцата партнера неможат да имаат стварно деца, неможат да посвојат, згрижат некое др. дете или едноставно не сакаат е тоа е веќе виша сила или што би рекла јас - фалинка некоја.
Јас, пак, ја почитувам одлуката на некои парови да немаат деца. Јас имам две сонца во мојот живот и не можам (и не сакам) да замислам живот без нив. Ама исто така сметам дека секој има право на свој избор и став во животот. Ако двајцата во бракот не сакаат деца, тоа за мене е сосема ОК. Лошо е ако едниот не сака и врши притисок на другиот, па другиот (оној кој сака) страда. Инаку, јас не ги сакам тие клишеа: брак, па мора деца, и тоа две! Ако е едно, зошто едно, ако се три, „што ви текна трето“. Има многу примери кога партнерите не сакале деца, а бракот им фукнкционира(л). Симон де Бовоар и Жан Пол Сартр, Милена Дравиќ и Драган Николиќ... и многу анонимни луѓе со свои приказни. И не ми се допаѓа кога оние што имаат деца се чувствуваат супериорни во однос на оние кои немаат. Навистина е почесно доколку некој едноставно не почувствувал потреба да има деца да нема, отколку да се имаат деца заради околината, затоа што „така треба“, за да замолчат душманите и сл.
Мое мислење е дека оние коишто се одлучуваат да немаат деца во својот живот се исклучително себични луѓе коишто пред се го сакаат својот раат, односно својата слобода. Со дете до тебе ја немаш онаа слобода којашто би ја имал да си сам. Ете од моето искуство што го имав со таткото на моето дете, можам само да кажам, да знаев дека не сака да има дете, знаев дека сака да напредува во кариерата, ама едно мало невнимание се смени. Он и понатаму остана на ставот дека не сака дете. Значи тоа ретко кај кого се менува. Јас сакав дете и секој ден се радувам на својата одлучност и решителност да си ја родам мојата керка.
Ја не гледам ништо лошо во брак без деца.. Некои луѓе едноставно не сакаат деца да им се мотаат низ стан и да им досаѓаат иако кога ке се роди дете тоа е најголемата можна радост и среќа за двајцата.
секој има право да избира, додека сме млади не ни фалат толку многу, но кога ке остариме е дури тогаш ке почнеме да ја чукаме главата во зид,за тоа јас многу сакам деца, па се надевам за брзо ќе бидам член на кпубот на среќните мамички
Секој има право на избор, ама јас сметам дека брак без деца не е комплетен, не е целосен. Искрено јас не можам да си го замислам животот без мојата ќерка, еве сега оди во градинка, со душа чекам да ја земам за да почне да ми цвркута како си поминала, да ми пее како славејче, да трчка околу мене и да ми се мотка оклоу нозе...Бидејќи сега не одам на работа, наутро додека е во градинка ми е штуро без неа, едноставно ми фали...и баш би сакала да имам уште 1-2 да се врткаат, да се закачкаат, да се смеат и да кажуваат работи кои само децата знаат да ги лупнат и од срце да те изнасмеат... Пред да останам бремена, се обидувавме три -четири месеци безуспешно, така што мислев дека не можеме да имаме деца, секое доаѓање на циклусот беше проследено со реки солзи и солзи...кога дознав дека сум бремена да не видеше некој од страна ќе помислеше сме добиле бинго или лото..тоа беше викање, вриштење, смеа со солзи радосници...да, навистина беше БИНГО... Навистина децата се голема одговорност, но зошто ми е животов ако ја немам,пред се мислам на неа, таа ми е на прво место, таа да биде дотерана, модерна, да не биде валкана, гладна, жедна итн. итн. за неа живеам..таа е мојот живот...таа е моето СЕ...нема поубаво чувство од тоа да си го видиш детето како спие...мирно како бајче..просто таа глетка е незаменлива...да почувствуваш како мали раченца те гушкаат, устиња кои нежно те бакнуваат...секое зборче е како бисерче, просто те растопува...а солзичките нивни-таква рана прават, како милион ножеви директно во срцето... Е, тоа е незаменливо...кој искусил знае.. Повторно нагласувам-секој има право на избор и никого не осудувам, само го кажувам моето мислење
Леле Лолита777 не си свесна колку ме разнежни со последниов пост, чуство што неможам да го опишам со зборови. Изгледа дека во последно време размислувам за детенце и твојов пост ме стопи хехе. Да не бидам офф не ги осудувам луѓето кои се одлучуваат на таков живот, но како што и другите погоре кажаа животот без деца не би бил исполнет и комплетен.
Не само тебе и јас се стопив целата ,ми надојдоа и солзи, како ме разнежнија нејзините зборови....браво за неа
Исто и мене алал да ти е за постот Лолита Јас сум уште мала (21 год) ама мнооооогу сакам деца, и сакам да имам 2 најмалку и неможам да замислам ете како некои брачни парови кои можат да имаат деца несакаат тажно