Може некој не се пронаоѓа во улогата на родител. Секој има право да си одлучи за својот живот. Останатите не треба воопшто да ги засега. Знам пар кои се одлучија да немаат деца и замисли имаат прекрасен и исполнет брак.
Да баш тоа, некои партнери ги исполнува можноста целосно да бидат посветени еден на друг, да излегуваат, да шетаат, навечер мирно да спијат без да ги буди плачот на детето, да имаат време за што ќе посакаат, време за работа, време за забава...Не е единствена цел во животот дете и само дете за некого. Цел во животот е и научно достигнување на пример, цел во животот е и врвен успех во некоја област...Секој си има различни цели. За некого детето не е пречка да си ги оствари но за некого можеби е. Колку што има луѓе толку има и различни карактери и размислувања. Секој треба да го почитува изборот на останатите. Ако некој постапува поразлично не значи дека нема цели и дека тоа што го прави не е во ред.
Epten se isti davachkite I za shkoluvanje I za nadograduvanje,pa I za zimuvanje,pa I letuvanje,pa za garderobi eheee pa zamisli kucheto da ti se padne poliglot nekoj pa da morash da plakash kursevi...
nemam kuce no ne veruvam deka trosocite se isti.Pocnuvajki od kashi peleni igracki tocaci knigi obleka hrana opsto studii iskacanja rodendeni diplomski maturski apsolventski vs. kuce 2 pati vo god veterinarni pregledi nekolku vakcini dodeka e mal hrana imas golemi kesi 300 den za 2 3 dena mislam 1 vid na hrana e nema da mu gostvis ili hamburgeri od 7ca da ti bara nema studii nema diplomski apsolventski maturi iskacanja obleka pa i rodendeni sig u kafici nema da mu slavis taka da ne veruvam deka ist e trosokot.
Никого не осудувам ама како што кажа анонимус тие луѓе едноставно неможам да ги сфатам можеш да шеташ и со дете ако ти е за шетање да отидеш на кафе на одмор и ред други работи. Ако се сака се се може
Тоа ли е цел проблем... Па тогаш чувајте си ги парите за во гробишта.... И така кучето ќе умре за помалку од 10 години и наместо да оставите наследство да има кој да се сеќава на вас вие ги зборете како парите не се трошеле еднакво за дете и за куче, како вие да не сте трошеле па се плашите вашите деца доколку ги посакувате дека многу ќе ве исцедат.. Сетете се дека и вие сте биле дете и ако вас ви допуштале од дома да ги цицате за се и сешто не значи дека секој е таков, тоа е како ќе се воспита за се' па и за финансиската состојба..
Molim te ne tuku tresi zeleni,oti ne veruvam mnogu mnogu da si upaten/a nit dete nit kuche kako se gleda ok???Da znaeshe ne ke gi sporeduvashe na isti level? Se znae koj ima pogolema prednost I kade se pogolemi dozivotnite grizi i davachki!!! Imam I dete I kuche I tochno znam kako se izdrzuvaat dvete !!!!
ti spomna deka se isti davackite zatoa svrtev na finansiska pespektuva da ti dokazam deka finansiite za kuce i dete ne se ni PRIBLIZNO isti a sto se tice finansii i dete togas eba mu go zivotot i na deteto i mojot so so 200 evra ke treba da go rastam nit skolo nit rodenden nit drigari nit svadba nisto nema da vidi .Finansiite ne se edinstvena precka zaso nekoj ne saka da ima deca za nekoj prioritet ke bide mazot deckoto kareirata patuvanjata ili moze onaka od cista mira ne saka deca.
А ова што е, ако не осуда? Ти може да кажеш за тебе дека брак без деца е незамислив и дека сакаш да имаш деца. А веќе кога кажуваш дека луѓето што не сакале да имаат деца се себични, осудуваш, и тоа како. Бидејќи никој не е должен да се правда за одлуките што ги носи за својот живот.
Nemam dete, no kuce mnogu dobro znam kako se gleda... No tie obicno sto ne sakaat deca a imaat kucinja frlaat po eden kup pari za niv i toa ne se gluposti draga
А што, тебе да ти ги дадат парите? Или да родат дете што не го сакаат, и да го фрлат со парите на буниште. Ај иди раѓај или посвојувај, не арчи пари и време на интернет.
Шо се испровоциравте, па нели на форумов секој има право да каже свој став. Ме нападнавте како да сум убила човек...Бог да чува.
Не би рекла дека шетањето со дете и без дете е исто. Кога одам на пример на некоја туристичка дестинација ми се случува и по 15 часа на ден без прекин да шетам и истражувам. Дали е можно по мене да влечкам бебе или мало дете толку време? Или ако излезам навечер по кафани и дискотеки со партнерот и заглавам до 4 секако дека нема и детето да го земам. Што се однесува до одморите, не знам баш дали со дете би можела мирно и опуштено да се сончаш и пливаш или четири очи треба да отвориш да не се изгуби некаде низ гужвата или да забега некаде во длабоко и нешто да ми се случи. Одговорноста кон детето е огромна. Шетање со и без дете може да биде исто само ако некој пар има намера да го тутне на баби и дедовци да го чуваат и растат какви што примери за жал познавам многу. А сите тие кои самостојно си ги растат децата без таква помош многу добро знаат од што се морале да се одкажат. Секој не е подготвен за таква жртва.
Јас мислам дека секој човек си има право на избор. И не гледам ништо лошо, ниту погрешно ако некој не сака да се оствари како родител, навистина негово право. А реалноста е и дека не секој е створен за да биде родител, некого го исполнуваат други работи. И не, таквите луѓе се далеку од себични. @anonymous16 споредбата со дете и куче искрено се надевам дека е зафраканција, зошто според мене нема логика да споредуваш дете со куче. Треба да разбереме дека не секоја жена/девојка чуствува мајчински инстинкт. Да, некои си се доволни еден со друг на партнерот и тоа е тоа. Нема тоа никаква врска со давачките или да го гледаме од финансиски аспект. И не се станува родител само со раѓање на тоа дете, далеку од тоа дека секој кој родител дете е вистински родител, напротив ама тоа е друга тема. Тебе можеби ти е цел да бидеш мајка, некому животот да си го посвети на себе пример да патува низ светот и тоа е тоа не се погрешни, ниту едното ниту другото, секој си одлучува за себе. На крајот од постот си пишала дека не осудуваш никого ама на почетокот од твојот пост викаш "Луѓето кои сакаат брак без деца или воопшто во животот не сакаат да имаат деца за мене се себични личности кои сакаат цел живот на самите себе да си го посветат", не знам колку си свесна ама ти со оваа реченица веќе ги осуди.
„Кој што сака нека си праи, ама луѓето што се во брак и не планираат деца се себични суштества за кои немам коментар. Али сепак не ги осудувам јас, ама ич!“ Ах, логикава... вришти! Абе секој (брачен) пар ќе си прави што сака (секако со меѓусебен двостран договор и разбирање) и точка, на кој јазик треба да ви се објасни? И да чекаат одреден број години со цел да развијат кариера и подобри финансиски можности што ги гледаат како подготвеност за дете, и да ги посветат тие неколку години на шетање и уживање, и да одлучат воопшто дека не се подготвени за деца и дека цел живот и брак ќе го посветат на други нешта, и мини зоолошка да си направат дома со кучиња/мачиња - тоа е нивна и само нивна работа! Толку ли е тешко да се разбере?
Imam dve prijatelki koi se na vozrast 65-75 godinj koi se imaa odlucheno da se posvetat na sebe si i da nemaat deca. Gi poznavam 30 godini vo site periodi vo zivotot. No kako sto stareat i se cuvstvuvaat nemokni se poveke se kaat zosto ne ischuvale dete, bezrazlika dali e rodeno ili posvoeno. Sekoj si ima pravo kako da go zivee zivotot no pred da odluchite napravete edna analiza na povozrasnite koi imale odluka slichna na vashata zasto voglavno se se povtoruva i se e isto kaj lugjeto. Zasto odlukite vo mladost mozat da se rezultat na nesto sto vleceme od detstvoto svesno ili nesvesno i sekogash ne e se crno ili belo, zivotot ima mnogu nijansi .
Секој нека си прави како сака. Јас ги поддржувам и оние кои не сакаат да имаат деца секако!! Животот не се децата за сите, од секое "правило" има исклучок. За некој животот е кариера, за некој шетање без обврски, за некој деца.. итн. Секој човек е различен и си има различни приоритети во животот. Зошто да се себични луѓето кои одлучиле да немаат деца? Немале на кого да го остават наследството и некој да ги спомнува кога ќе умреле? Тоа ли е суштината? А ако го препуштат својот имот после смртта на пр. На некои центри за сирачиња или слично, тоа значи дека пак биле себични и не-луѓе или? Колку значи само осуда постои меѓу луѓето.. И дека животот е ист со дете и без дете, да не се лажеме.. Животот ти се менува за 100 степени, ама ај.. Ако си сакал се ќе си правел како претходно. Ма немој. Како што кажа членката погоре, оди на плажа со деца и сончај се и уживај исто како без деца да си.. е не , не е истото уживање извинете. Се во животот си има своја тежина и убавина. Секој со своето.
Па нивната психологија и дотаму оди - јас ќе бидам и невработен, ама дете да имам, жена ми ќе работи. Ама тоа не ми беше поентата во целото мислење. Сакав да истакнам дека поприлично себично мажите мислат - а посебно за темата раѓање деца и слично. Жената што ќе ја земат за жена - веднаш мора да роди дете. И тоа што побрзо остани бремена - толку подобро. Тие не раѓаат, не се грижат за бебе кое те буди секој сат навечер. А и понатаму во животот, гледањето деца е работа на жената. И затоа сакаат деца. А има жени кои не можат да се замислат да: бидат бремени, родат, и потоа да се посветат комплетно на бебето (и останати домашни обврски) следните 2-3 години. Или својот живот го замислуваат поинаку. Е, таквите - велам и тврдам, тешко дека ќе се омажат. Можеби ќе живеат со некој и тоа со години, ама само заради тоа што на крајот нема да сакаат да имаат дете - можно е и тој некој да ги остави.
Затоа што САКАМ да ги давам на куче, а не на дете. Сама заработувам, мои пари се, на што ми е ќеиф на тоа ќе ги трошам. Ах, а ако раѓате деца за да има кој да ве гледа на стари години, од тоа па посебично не постои.