Не знам дали е амерички живот, ама дефинитивно вакви размислувања се стереотипни и со предрасуди. Како жена во брак со дете, пре поддржувам заедници каде што има разбирање и согласување и е по желба на двајцата партнери, отколку дисхармоничен несакан брак и несакани деца. Ама исправно за комшиите, нели?
Wow единствено бизарно нешто е твојот прост коментар, како не ти е срам да наречиш некого бизарно+створење само заради тоа што не го живее животот според твоите конзервативни размислувања.
Епа ајде тие што не сакаат или не можат да имаат да се убијат, за да не би биде на вас без везе што тие живеат живот без деца. Сите тргнале да кажуваат на другите што им е најдобро, вие совршени животи да не имате?
пред да ме цитираш требаше да ги прочиташ моите коментари. Во првиот пишав зошто да се во брак ако не сакаат да станат родители?!? нека си останат дечко и девојка. Која е смислата да се во брак а да немаат деца? Освен евентуално ако поради здравствени причини не се во можност да имаат деца. Значи не правам муабет за здавствени причини туку за бес.
Нема што ти воопшто да бираш, да ти текнува некаква етикета и да ги нарекуваш некако тие луѓе. Немаш такво право да се мешаш и да осудуваш некого за личен избор. Нареден пат не се ни мачи да мислиш
Во моментов не ни зборувам за тоа , општо како можеш воопшто да наречеш нормален човек бизарно створење Е тоа е што ме изваде мене од контакт Бизарно би било некој ко тебе да труе детски ум со вакви грозни размислувања.
Да стапиш во брак, значи дека вие двајца на овој свет си креирате мало мало парченце приватност, едно облаче каде што се што е добро и лошо го споделувате заедно...се до стари години, кога ќе си се придржувате еден со друг додека одите по улица.. Да стапиш во брак, значи дека сакаш да се будиш наутро до тој човек, да дишеш и живееш како едно, да ја споделиш среќата, тагата, болката... Тоа значи дека вие двајца еден на друг сте си доволни... Децата доаѓаат како благослов на таа љубов... Ако вие двајца не сте си доволни еден на друг, ниедно дете нема да ви го задржи бракот стабилен.. Затоа стремете се кон љубов, разбирање, спокој .... а децата сметајте ги за плод на таа љубов Ако смислата на животот во брак е детето, тогаш можеш да останеш трудна од било кого...што ќе ти е сопруг?! Можеш тоа и со дечко ти... Зошто да не стапи некој во брак, ако сака животот да го сподели со другата личност? Зошто дечко и девојка да останат?
извини ако сум те навредила јас само си го кажав мислењето. Иако можеби не на начин на кои сакате да прочитате.
Ете eдна од нив е што можеби сакаат материјално да се обезбедат и доколку му се случи нешто на едниот, другиот да биде наследник...Ова само како пример го наведувам, може да има многу други причини. На крајот на краиштата може сакаат да си ја официјализираат врската и да бидат маж и жена а тоа не значи дека мора деца да имаат.
Ги препрочитав комемтарите од последните страни од каде што почнавте да ме наѓате. Коментарите беа за темата децата дали го разградуваат бракот али ми ја префрлија овде. Во дел од коментарите прочитав као да сакате да кажете дека башка љубов башка деца битно е да се решат имотно правни прашања. Зарем тоа е приоритет?
Па да во основа тоа е. Има и уште неколку фини работи кои доаѓаат со тоа. На пример еден од партнерите е болен другиот се смета како фамилија и смее да го посетува и да прима информации. Дали е сето ова доволно за глупости од типот свадби па разводи потоа? Не би рекла. Љубовта е многу повеќе од лист хартија. Добар родител не значи секогаш човек кој го има тој лист.
Брак без деца, од две причини....Некој не може, некој не сака. Крај. Нема што на комшијата да му е гајле зошто некој нема деца. Пред се, кога се стапува во брак, се стапува заради партнерот, заради љубов, или од некоја друга причина, која исто така другите не треба да ги интересира. Децата се производ на бракот или на врската. Децата се јаготката на шлагот, ако двајцата партенри воопшто сакаат јаготки. ЗНАЧИ, најпрво треба да се стапи во брак поради мажот/жената која си ја сакаме, а децата ќе си дојдат, исто така ако сакаме двајцата. Ама некој да го нарекува тоа ,,бизарност,,....треба самиот да е бизарен. Истово го мислам и за деца, добиени вон брак. Затоа што се тоа две делливи категории. Треба да сакаш ,,брак,, за да си во брак. Треба да сакаш дете, за да имаш дете. Не мора да се поврзани овие две работи. Уствари не да не мора, туку ама баш ич не е неопходно.
Зошто па да не стапуваат во брак? Не е услов имање деца за стапување во брак. Ја кога се омажив, не бев сигурна дали ќе сакам деца, ама 100% бев сигурна дека сакам да бидам со маж ми. Да живеам со него и да делам се' со него, и физички и емотивно.
Зошто бизарни? Какви се овие етикети? Ова не е “свое мислење“ - туку чисто етикетирање и навредување.
Далеку си од глупавиот наслов на темата. Децата се терминатор на бракот..бљак..поглупаво мислење немав чуено до сега