А мене друго не ми е јасно,ајде да не биде вреѓам ама објаснете ми, ако е битна љубовта да сте заедно со саканиот незнам што, зашто по неколку обиди да имаат деца се откажуваат и бараат нов партнер? Нели биле заљубени среќни се најубаво им било.....
Од кај ти е информацијава дека баш заради тоа се разделиле? Тогаш и јас да те прашам тебе, зошто партнери кои имаат деца се разделуваат? Не сакам лошо да се изразам ама те молам, престани со глупиве теории. Оставете ги луѓето да го живеат својот живот како што сакаат.
ехе колку случаи има каде брачни парови се развеле поради немање деца. и назад низ комекоментари во темава има пишувано. нешто не штима. Или од себичност. Или се немало пари за ова има милијарда причини на кои можеме да дискутираме. За тоа има друга тема. Оставни се луѓето да живеат. Никој никому во ништо не им се смеша овде само дискутираме.
Не си за разбирање, затоа. А бабата такоЃе. Што сакате правете си со своите животи, дрско, безобразно, малодушно и сељачко е да им кажувате на другите како да живеат.
Посети ја темата Вештачко оплодување, да видиш колку парови се борат ЗАЕДНО со години за да добијат дете и не се разделуваат. Оние кои се разделуваат на првата препрека, не ни биле во љубов.
Не за џабе рекле, ситиот не го верува гладниот! Луѓе водат борба за дете по 20 години, па не се разделуваат. На некои господ им дава предвреме, па не опстојуваат заедно.
Затоа што сме настроени веднаш да ги осудуваме луѓето, а не да ги разбираме. Или, ако не можеме да ги разбериме, барем да не ги коментираме негативно.
Во крвта на народот е да осудува и да го пика носот по туѓи дворови. Колку осудувања сум слушнала за некои што одлучиле да имаат само едно дете, камоли за оние кои воопшто не сакаат да имаат деца. Заостаната нација сме!
Ужасно е колку младиве на форумов се преполенти со стереотипи,предрасуди,триста чуда...а мора бракот со децата да е во нераскинлива врска???
Бракот е институција сама по себе. Двајца се сакаат и се зимаат затоа што еден на друг си одговараат и сакаат да си го поминат животот заедно. Ете ти проста дефиниција. Не знам што ви е проблемот со вакви мислења. Со вакви размислувања многу неизживеани и неспремни добиле деца и на крајот децата го извлекуваат подебелиот крај. А тоа зошто браковите без деца се распаѓаат понекогаш зависи од многу фактори и многу е наивно и да не кажам просто ТИ или било кој под дифолт да заклучи дека е заради тоа што се нема деца. Тоа бабите на времето така размислувале ама зарем не научивте ништо помладиве генерации?
Секој за себе си знае како му е најдобро. Мразам луѓе што на секое прашуваат "кога дете?" Зар не мислат дека можеби не сакаат или не можат да имаат дете!? Али неукост сеуште постои кај нас мкд. (неукост е уствари и мал збор) Според мене ако и двата не сакаат деца да имаат нивно право, не ги прави тоа помалку луѓе од оние кои имаат деца а се понашаат како да немаат. Така да подобро од почеток договор дека не се за деца отколу цел живот да правиш нешто што не сакаш ( или па не си способен). Лично јас не осудувам. Исто според мене нема врска ако немаш деца кога-тогаш ќе се разделиш. Љубовта, почитта е битна.. Ако го нема тоа залудно е да имаш и 3-4 деца!
Децата го зцврстуваат добриот брак, а лошиот го расклатуваат уште толку. Луѓето се во заблуда дека имањето деца ќе ги зближи со партнерот.
Секој си има свои причини. Некои на бракот гледаат како на заедница која мора да биде семејство, сопружници и деца, да се создаде потомство, некои само сакаат да се покрај саканата личност и да делат сѐ, да бидат заедно во сѐ, а некои влегуваат во брак поради сосема различни причини, договори и материјални придобивки, свашта има... Секој со своето, и немам такво мислење за да кажам еве бракот треба да биде ова и точка. Брачните партнери треба самите да одлучат што ќе биде. Можам само конкретно за мене да си кажам. Јас сакам деца, не од таа причина дека наводно мора да се ,,продолжи лозата'', туку затоа што детето е плод на љубовта, затоа што ги зближува партнерите, затоа што е голема среќа да се донесе нов живот, кој ќе се опсипува со љубов и нежност, ќе биде радост на семејството. Е сега, многу парови не можат да добијат дете. Во таков случај, јас лично не би ни помислила на развод. Мислам дека двајцата сопружници се доволни еден на друг. Не навлегувам затоа што ова веќе е друга тема, која патем и сум ја дискутирала на форумот. Значи, ништо погрешно во бракот без деца.
Били, извини шо ти го шетам мислењево низ форумов, ама нејќам оф топик да се оди и нејќам на Реин работа да и` отварам. Ова што го наведе е всушност, според мене, крајно поразително за една нација. Вака жени се ладат и од брак и од деца и од се`. Добро, дали сериозно? Маживе ништо да не направат, да останат неспособни да се поврзат интелектуално, духовно, емотивно, физички со жена, ама сите одговорности околу потомството жена на свој грб да ги земе при здрави прави партнери, оти „мамеее, ама мене ми е страв од тоа сакање, моногамија, одговорност, шо е то, ќе боле ли многу?“ Жената при здрав прав партнер да си се третира како експеримент во лабораторија сосе детето нејзино. И мислам дека мораш да си во брак за да ти дозволат вештачко оплодување. Ве молам поправете ме ако погрешно знам. Мојата желба за потомство ако еден ден се засили доволно ќе ја базирам единствено на со-родителство во успешна заедница во којашто сум сакана, почитувана, безбедна и во компатибилност со партнерот. Значи не е по секоја цена, туку со партнер со којшто ќе бидам во емоционална, телесна, интелектуална хармонија. Ако има здравствен проблем, а сме компатибилни, ин витро може зашто да не. Ама со партнер којшто го сакам и со кого што си одговарам и на коешто дете ќе му бидеме за пример како треба да функционира една здрава заедница. Ве молам, мажи, личности коишто еден ПМС не осетиле во животот, ве молам немојте да кажувате жено ти сама напрај си го роди си го, љубов, партнерство и чуда батали. Скроз сама глеај дете. Тоа е исто ко јас ко дете да ги терам родителите да ми купат скапа играчка а не сум осетила на своја кожа одрекувања и маки за да дојдам до една плата. Мислите тоа вештачко оплодување играчка е? Мислите нема жената тегоби? Лесно е да се гледа дете без партнер? Малку проучете ги работите коишто не можете да ги доживеете на своја кожа, а сте спремни да ги препорачувате по секоја цена. И мислам дека муабетов шо ќе си го праиме а нема врска со различни ставови на партнери околу прашање за родителство треба да си го продолжиме тука.
Ова ко опција ти е овозможено доколку не најдеш партнер во твојот живот, не ја најдеш љубовта во својот живот, а сакаш потомство и дете, можеш да пристапиш кон оваа опција. Во Македонија може ова да се направи и има доста самохрани мајки кои имаат дете на овој начин. Не би да навлегувам колку е истото добро или лошо кон детето да расте со еден родител, наспроти дете со двајца. Дали ти или било кој друг сака да пристапи или не кон оваа опција, повторно не навлегувам. Личен став и избор си е. Инаку потполно се сложувам со тебе дека детето треба да биде плод на љубов помеѓу два партнера, без разлика дали истото е добиено по природен пат, ин витро или посвоено. И јас иако имам желба да имам дете, а и да си го продолжам своето генетско наследство, не би го направил тоа по секоја цена. Ако најдам партнерка со која ќе ја овековечиме нашата љубов со брак и не можеме да добиеме потомство ниту по природен, а подоцна ниту по вештачки пат, би сакал да посвоиме дете на кое ќе му ја дадеме сета љубов. Но, исто така би сакал, доколку сум способен да имам свое генетско потомство да ја донирам мојата семена течност која ќе усреќи некој пар кои не можат да имаат или жена која сака да има свое дете, но не и партнер. За жал, оваа опција колку што јас знам, сеуште не е достапна во Македонија. За сега.
бери му памет ај. ами еве јас имам деца свои а па ако сакам да посвојам плус? Луда сум? Или што? Посвојувањето го сметам како згрижување на мало детенце оставено и отфрлено од родителите кое бара сака има потреба о заслужува љубов и топол дом. За мене посвојувањето е една работа неќењето да се има сопствени деса друга а неможноста за се има деца сосема трета работа.
Посвојувањето не се смета како згрижување, туку е одделна постапка со различна процедура. Едно е да посвоиш, а друго е да згрижиш. Информирај се малку повеќе.